Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Општина Кочани доби уште еден независен кандидат за градоначалник. После Венко Крстевски, актуелен в.д. на таа функција, кандидатура поднесе и Зоран Тодоров, чие име беше спомнувано како можен кандидат за градоначалник на една од двете најголеми партии во државата. Сепак, Тодоров, реши сам да настапи на локалните избори закажани за 19 октомври и ја поднесе својата кандидатура како независен. Тој е повеќегодишен граѓански активист. Еден од ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување, Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани, се наведува во изјавата на денешното соопштение на Центарот за комуникации со ...
Дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, денеска објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер – Социјалдеомкратки сојуз (СДСМ). Со СДСМ делиме исти идеолошки вредности, имаме компатибилни програмски цели и пензиски политики, и соработуваме на принципиелни основи. Наш приоритет останува ...
На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, ...
Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот, рече во изјава за медиумите Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ. Таа потсети дека ДПМНЕ и Аросвска ветувале нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај и напомена дека денес нема нови автобуси, а постојните се „стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто“. Шукова исто така посочи и дека ...
„Булеварот Борис Трајковски како витална сообраќајница за жителите на Кисела Вода и Драчево, е слика на целокупното 4 годишно владеење на ДПМНЕ и Данела Арсовска. Тоа е одраз на целосна незаинтересираност, темелна негрижа и хаос“, рече Каја Шукова кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ која беше на оваа сообраќајница која ги поврзува Кисела Вода и Драчево. „Четири години ДПМНЕ и нивната избраничка Данела не мрднаа со прст за да ...
Со откривање на муралот „Бушава азбука“ на 31 август, недела, во 10.30 часот, започнува прославата по повод 40 години од легендарната детска серија. Настанот носи забавно-образовни активности за најмладите и музички сет на диџеј Vishko за возрасните. На публиката, за првпат, ќе ѝ биде прикажана шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“. Во рамки на прославата ќе бидат претставени и првите лиценцирани производи под брендот „Бушава ...
Од ЈСП известуваат дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), линиите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од ...
Граѓанската платформа „Независни заедно“ официјално ја објави кандидатурата на деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Горан Марковски, за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. Промоцијата ја отвори Јана Белчева Андреевска, кандидатка за советничка за град Скопје која истакна дека по години гледање како се нижат проблеми, се губат и запустуваат јавни простори и јавни објекти, ...
Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинската и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија ...
Скулпторот Озбек Ајваз вечер ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор. Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува културата на внимателно информирање, која денес сè повеќе исчезнува под ...
По повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде отворена изложбата „Mирот започнува со насмевка“. Изложбата ја сочинуваат фотографии и инспиративни цитати од Мајка Тереза. Изложбата не потсетува дека вистинската љубов и грижа за другиот почнуваат со едноставен гест – насмевка, наведуваат од Спомен куќата на Мајка Тереза. Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена ...
Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“, информираат од Општината. Проектот, како што велат, има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори. Донацијата, ...
„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните, се вели во соопштението од СДСМ. Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои ...
Кинотеката на Македонија ја најавува септемвриската програма, која ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност. Овој месец е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот. Посебно место во програмата ќе имаат и македонските краткометражни ...
Ноторен факт е дека сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење и отсуство на креативни и функционални решенија за секое клучно прашање во Градот, напиша на својот Фејсбук профил кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова. Градот, кој пост-земјотресот се обновуваше согласно тогаш најмодерните архитектонски решенија, логично и со визија за неговиот раст, кој во својата есенција го имаше хуманото живеење, ...
Општина Центар најавува уште една музичка вечер во рамки на летната програма „На одмор сум, во Центар сум“. Во среда, 27 август, со почеток во 19 часот, во Паркот на Франкофонија ќе се одржи концерт на популарниот млад артист Јанг Дади. Настанот ќе започне во 19 часот со настап на Сани и Стела, како и активности за најмладите посетители, а главната музичка програма ќе продолжи од 20 часот, кога на сцената ќе се појави Јанг Дади. Како што ...
Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите ...
Вчеравечер, во срцето на Скопје, не се одржа само промоција на нов сингл – се случи емотивна, интимна и културно значајна вечер. Yon Idy, еден од најистакнатите нови гласови на домашната музичка сцена, ја одбележа премиерата на својата нова песна „Don’t Break It“ со настап во живо со цел бенд, премиера на видеото и публика составена од артисти, новинари, музички професионалци и пријатели. Настанот претставуваше симболичен влез во ново ...
Отворањето на 16. „Македокс“ ќе се одржи вечер со почеток од 20:30 часот во „Куршумли-ан“. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре, информираат организаторите на настанот. Филмот „Бардо“ носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна амбиентална музика како придружник. Инспирирана од бардо, тибетско име за ...
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Чаир и на Општина Бутел ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во ...
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје почнаа со спроведување на активности за машинско чистење на коритото на реката Вардар, согласно програмата за годинава за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Скопје. Се чисти делот кај Галиите во Централно градско подрачје, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на река ...
Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска ќе започне терестричната дезинсекција на територијата на градот против возрасни форми и против ларви од комарци. -Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 до 22 август (од вторник до петок), во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови, се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовната тепачка што се случи на улицата „Славеј Планина” на 16 август годинава. Еден од осумеемина се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, еден за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од ...
Јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 10 до 13 часот. Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата [email ...
ФАТМИР БИТИЌИ Џорџ Орвел уште во 1945 година забележа дека во време на националистички занес, спортот лесно може да стане „војна без пукање“. Не затоа што спортот по својата природа е агресивен, туку затоа што страста, ослободена од инклузивни општествени вредносни референци, лесно се претвора во орудие за понижување, исклучување и симболична елиминација на „другиот“, на различниот. Она што го видовме на Денот на Републиката не беше спорт, ...
Од некогашниот град со најфутуристичка визија во поранешна Југославија, Скопје денес се претвори во „најзагубениот главен град без идеја за себе во регионот и Европа“, изјави за Фронтлајн, М-р Филип Конески, дипл. инж. Арх и основач на порталот за македонска архитектура МАРХ. „Како да се случила масовна амнезија на целото знаење од искуствата на постземјотресно Скопје, како да се доселиле други луѓе кои не знаат во кој правец движат,“ вели ...
Со новиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој пред две недели беше усвоен на владина седница, се предвидува целосен државен монопол во приредувањето на игрите на среќа онлајн, предупредуваат легалните приредувачи на игри на среќа. Во предлог-законот, конкретно во член 7, се предвидува онлајн игрите да ги организира исклучиво државно трговско друштво. Тоа значи дека приватните оператори, иако со години работат со лиценци ...
„Секој граѓанин има право да гласа за претставници кои навистина ги застапуваат неговите потреби. Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар , Независни За Карпош – За Заштита На Карпош , Зелените Од Гази Баба , граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови, а остануваме отворени и за други иницијативи од целата држава“, стои во нивното соопштение. Во соопштението се вели дека Зелен Хуман Град ...