Издавачката куќа „Ла вита феличе“ од Италија објави избор од поезијата на македонската поетеса Лидија Димковска во избор и препев на италијански јазик на Ема Стефановска. Уредник на изданието е италијанскиот поет и теоретичар Томазо Ди Дио, добитник на наградата „Стрега“ за поезија. Изданието содржи песни од последните две поетски збирки на Димковска: „Црно на бело“ (2016) и „Гранична состојба“ (2021, награда „Браќа Миладиновци“), а објавено е ...

На 24 септември од 20 часот во Културно информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата на академската сликарка Јана Јакимовска. Проектот Везилка на Јана Јакимовска е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу „женската рака“ и „машката историја“. Со него, Јакимовска се надоврзува врз силната метафора од истоимената песна на Блаже Конески ...

Во интервју за Фронтлајн, Изет Меџити ja претставува визијата за урбаниот развој на Чаир, се осврнува на политичките предизвици во земјата и го критикува ДУИ за донесувањето на „српскиот свет“ и обидите преку средби на нејзини претставници за враќање на Груевски на политичката сцена во Северна Македонија. Фронтлајн: Се наоѓаме во простор кој со години беше затворен, вие презедовте акција да го претворите во еден вид модерен паркинг? Изет Меџити: ...

Од денеска до 21 септември првпат во Скопје ќе се одржува регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба“. Фестивалот обединува уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, Албанија, Украина, Швајцарија и Иран, претворајќи го Скопје во центар на регионален културен дијалог и соработка. Организатор е Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје. Овој фестивал претставува уникатна платформа за ...

Пилинг креми од отпад од кафе, полнети играчки со сено и мед со лековити билки – овие иновативни зелени бизниси се победничките идеи на натпреварот „Зелени идеи 2025“, кој го организираше АРНО. Жири комисијата во категоријата ембрионски идеи ги избра „Мирис на сено во сечиј дом“ на здружението „Ума Сто“ и „Природна пилинг крема од отпадоци на кафе“ на тимот EcoScrub. Победничка идеја во категоријата зелени бизниси е „Медена долина – живееме со ...

На 19 септември, на денот кога е роден пред 55 години поетот Игор Исаковски, во кафе-книжарницата Буква ќе биде претставена книгата со неговото севкупното поетско творештво. Од 20 часот во кафе-книжарницата ќе се одржи неформална дружба во слава на поетот и неговиот роденден, а воедно ќе биде претставена собраната поезија „Совршен поет“ во издание на „Или-Или“. Препрочитувањето на поезијата на Игор за мене беше еден долготраен, тегобен и мачен, ...

Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава. Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности. Најголем ...

Во Паркот на Франкофонијата од 19 до 21 септември ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо. Како што соопшти Општина Центар, првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено. Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови ...

– Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“. Изложбата, чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски, ќе се отвори со „Крит клуб“ перформанс. „Крит клуб“ е перформанс на Џем A. во кој две екипи дебатираат на некое нереалистично прашање поврзано со уметноста. Во средина каде несогласувањето често може да е ризично, „Крит клуб“ создава простор за критичка ...

Организацијата „Стела“ повикува на протест утре во 17:30 часот пред МВР и блокада во Жена Парк Борец во 18:00 часот. Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да ...

На Школка во Градски парк осамна впечатлива уметничка интервенција – ликот на Мајка Тереза, но со марама преку носот, како симболична реакција на загадениот воздух што го гуши Скопје. Како што пренесува порталот Трн, графитот се појавил во период кога воздухот во градот повторно е неподносливо загаден – поради пожари на диви депонии, палење отпад и отсуство на ветер или дожд кои би го расчистиле смогот. Изборот токму на Мајка Тереза, фигура ...

Утревечер, на 18 септември, Македонскиот народен театар ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, кој ќе се одржи од 18 до 21 септември во Ќустендил, соседна Бугарија. Тамошната публика ќе има можност да ја погледне претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, со искусните актери: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, пред училиштето „Киро Глигоров“ ја презентираше својата визија за побезбедни улици и сигурно движење на најмладите скопјани. Шукова нагласи дека безбедноста на децата е највисок приоритет и дека Скопје мора да стане град во кој улиците се безбедни за сите. „Нема ништо поважно од тоа секое дете безбедно да стигне во училиште и безбедно да се врати дома. За жал, ...

На барање на жителите, Општина Центар постави теретана на отворено во „Парк на франкофонија“, создавајќи современо катче за здрав и активен живот. Фитнес – зоната располага со 17 справи, наменети за вежбање и развивање на сите мускулни групи. Во склоп на теретаната има клупи за стомачни, висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, боксерска вреќа и друго, информираа денеска од локалната самоуправа. Според градоначалникот на општина Центар, ...

Вечеравечер во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во кочани, на плоштадот се одржа протестен собир на кој граѓаните им оддадоа почит и заедничко сеќавање за загинатите, објави ЦивилМедиа. Собирот почна во 20:16 часот, со минута молк за 62 млади девојки и момчиња кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“, а беше организиран од иницијативата „Кој е следен“. На плоштадоте беше поставена и ...

Осумнаесет кандидати ќе влезат во трката за градоначалник на Скопје на претостојните локални избори доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи. Рокот за поднесување кандидатури истече на 13 септември на полноќ. ДИК соопшти дека до завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на ...

На 16 септември во кафе-книжарница Буква ќе се затвори 16-тата сезона на „Креативни викенди“. Од 18:00 часот, просторот ќе се отвори со изложба на детски цртежи – свежа, искрена и бојадисана перспектива на младите уметници, која ветува насмевки и размислување. Во 19:00, сцената ѝ припаѓа на Хана Корнети, а кулминацијата започнува во 21:00, кога ќе се одржи јавна дискусија со дел од учесничките на последната сезона на „Креативни викенди“. Ќе ...

Во урбаниот простор на Скопје на познатата локација на малиот сквер кај Ким е поставена нова уметничко-активистичка интервенција со наслов „Исклучи го говорот на омраза“. Централниот објект на акцијата се состои од огромен прекинувач со димензии 100x200x150 см, симболично претставен како копче кое граѓаните треба да го притиснат за да го исклучат говорот на омраза. Сепак, исклучувањето на говорот на омраза не е така лесна задача во реалноста и ...

Во изминатите неколку денови, на депонијата „Дрисла“ и на претоварната станица „Вардариште“ се појавија повеќе пожари, со што се зголеми загадувањето во делови од Скопје. Денеска, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е „чудно“ што вакви инциденти се случуваат во институции каде што, како што рече, кадри на ДУИ се на раководни позиции, алудирајќи на актуелниот директор на ЈП „Дрисла“. Тој додаде дека со децении не се преземале активности за ...

Неповторливиот хуманист и автор Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко, преку новите сликовници „Другарко“ и „Другарка, Другарко и двете маченца“ ја обработува темата која, како што вели, му е особено важна – инклузијата, пренесува Фронтлајн. „Другарко и Другарка, Другарко и двете маченца се сликовници кои ја обработуваат темата за која многу сакам да зборувам, пишувам и придонесувам. Инклузија,“ вели Јанкуловски. Со издавачката куќа Prozart ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад. Согласно обезбедените докази, тие од 2020 година вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без да регистрираат правно лице и без дозвола за управување со отпад, со што создале диви депонии на дел од локацијата во ...

Нова: Г-ѓа Шукова, вашиот противкандидат Орце Ѓорѓиевски предлага парк и игралишта на Вардариште. Вие, пак, зборувате за итно расчистување, безбедност и системско решение. Зошто сметате дека вашиот пристап е поиздржан? Шукова: Не се прават паркови врз еколошка бомба. Вардариште денес е дива депонија што не смее да се игнорира. Горен отпад, токсичен чад, зарази – тоа е реалноста. Мојот план е реален – во првите две години ќе се расчисти теренот ...

Здружението Зборци ја организира првата „Зборотворба на годината“, настан посветен на македонскиот јазик, креативноста и уметноста кој ќе се одржи на 13 септември (сабота) со почеток во 19:00 часот, во дворот пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Манифестацијата се одржува токму во годината кога Македонија ја прославува 80-годишнината од официјалната кодификација на македонскиот јазик. Така, „Зборотворба на годината“ претставува и ...

Македонецот Христијан Бузалковски го освои третото место во генералниот пласман на Европскиот шампионат во моторциклизам. Бузалковски беше го 5. место на саботната трка а поради дефект неделната трка на патеката „СловакиаРинг“ во Словачка не ја заврши. Ја извозевме нашата најдобра сезона до сега. Речиси секоја трка бевме на подиумот на Европскиот шампионат или во борба за истиот. Покажавме дека можеме да се бориме рамо до рамо со европските ...

Во организација на Центарот за современи уметности Скопје вечер во Паркот на франкофонија ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана графичката книга на Марија Трајаноска и Ѓорѓи Митревски насловена „Влажна симболична меѓуигра”. „Влажна симболична меѓуигра” е графичка книга која нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, ...

Од денеска до 13 септември во Тетово по осми пат ќе се одржува Џез-фест со концерти во Центарот за култура и Јуроп хаус (Europe House), секоја вечер со почеток во 20.00 часот. Фестивалот ќе биде отворен вечер во Јуроп хаус со настап на составот Антисвинг (Antiswing) на тетовските музичари Вулнет Незири на обоа, Шкељзен Бафтиари на пијано, Фатон Стафаи на гитара, Александра Чуруковска на контрабас и Кораб Хајдари на перкусии. Во петок, 12 ...

На граѓаните и на посетителите на Скопје им фалат содржини за забава, особено на децата, оние од 10 – 12 години и тоа мора се промени, порача во интервју за Рацин.мк Каја Шукова кандидатка на СДСМ за градоначалник на Скопје. Таа вели дека за Луна паркот има обезбедено готово решение изготвено од реномирана италијанска компанија и дека истото треба да се реализира, додавајќи дека потребна е промена како на реквизитите така и на целиот концепт. ...

Вечерва во 19 часот во Музеј на современа уметност во Скопје свечено отворање на изложбата „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта”, во рамките на одбележувањето на 30 години соработка помеѓу САД и нашата земја. Ова е обид да се евоцира можноста дека секоја колекција можеби е, би можела да биде, како што секогаш е – бесконечна. Како што и секое отсуство, изоставање и бришење во рамките на една колекција не е ...

Јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна на 13 септември на полноќ завршува рокот за доствување на листите за кандидати за градоначалници и за советници. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места. Граѓаните јавниот увид можат да го направат денеска до 20 ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево. Шукова изјави дека Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води од канализација, кои директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина, се вели во соопштението од СДСМ. Таа на терен посочи ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1024
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
65%
1026
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
76%
1023
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.32
65%
1024
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
61%
1028
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
63%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
36%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1025
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
9.26
77%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225