
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



На Меѓународниот Аеродром Скопје е поставена чешма за пиење вода и на која можете да си го наполните шишето кое го носите, наместо да плаќате за шише вода кое е значително поскапо да се купи на аеродром. Конечно нема да треба да плаќаме 150 денари за шише вода на аеродром и да создаваме уште повеќе отпад од пластика за еднократна употреба, реагираа од платформата Yes for Less. Тие велат дека и покрај поскапата цена што ја плаќаме на аеродромите ...
Автомобилите на Google Street View во наредните недели ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење, како што посочуваат од Google, е да се ажурираат фотографиите на Google Street View од градовите, патиштата и автопатите на Google Maps. Нагласуваат дека благодарение на Google Street View, корисниците веќе ...
На 15 април, светски ден на уметноста, на Улица Македонија ќе се одржи настанот Центарски улици 3. На „Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста“ ќе имате можност одблизу да видите голем број на уметности кои широко ќе ја распостелат својата креативност долж улица Македонија, најавуваат од Општина Центар. На настанот со почеток од 17 часот, ќе настап улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно ...
Минатиот викенд започна поставувањето на фотоволтаични панели од 20 KW во општинските основни училишта „Војдан Чернодрински“ и „Владо Тасевски“. Во петокот исто така беа поставени фотоволтаици во ООУ „Братство“ со капацитет од 25 KW, а за оваа интервенција Општина Карпош издвои парични средства од својот буџет во висина од 1.000.000 денари. Досега вакви фотоволтаични системи со капацитет до 40КW се поставени во основните училишта „Јан Амос ...
На вчерашниот протест организиран од иницијативата „Кој е следен?“, кој започна пред Владата, продолжи пред Собранието и заврши пред Кривичниот суд во Скопје, Билјана Кочоска со ироничен и остар тон одговори на обвинувањата упатени кон иницијативата и граѓаните што протестираат против институционалната неказнивост и бараат правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот. „Добре дојдовте на ...
Автомобил се запали претладнево на ул. „Владимир Назор“ до Клиниката за гинекологија во Скопје и веќе е изгаснат од противпожарните служби. Нема повредени лица, а причинета е материјална штета, изјави Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје. Со пожарот било зафатено уште едно возило и фасада од зграда. Во СВР Скопје во 09.50 часот било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило ...
„Јасна Ристеска“: Иако се наоѓа во центарот на градот, во непосредна близина на објектот на Општина Охрид, малкумина во Охрид (а и пошироко) знаат кои се авторите на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Изградена во 1971 година, градинката е доказ за одмерен, внимателен архитектонски дизајн, прилагоден кон уникатните потреби на најмладите жители на Охрид. Вгнезден во широк пејзаж од игралиште, парк и зелен простор, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Отстранувањето започна минатиот месец како дел од акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“, при што беа подигнати големи количини отпад, се миеја улици и се подобруваше хигиената низ целата општина. „Целосно ја исчистивме дивата депонија позади катната ...
Комплексот „Македонско село“ треба да биде отворено во јуни годинава, а нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“. Овој комплекс не работи веќе седум години. На јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи, се пријавиле две компании, а понудата на „Ла Тераца“ била најповолна. Информацијата за „360 степени“ ја потврди директорот на СОЗР Ивица Томовски. Согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на ...
Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најавува нов протест кој ќе се одржи во четврток во 18:00 часот, како продолжение на серијата јавни собири што изминативе два месеца повикуваат на суштински општествени промени и одговорност од институциите. Во повикот за протестот, иницијативата остро ја критикува состојбата со безбедноста на работниците, неправдата во правосудството, состојбата во образованието и здравството, како и општата ...
Две лами починале викендот во скопската Зоолошка градина. Резултатите од лабораториското тестирање од првата угината лама покажува дека таа била болна од туберколоза. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат дека во петокот на барање на скопската Зоолошка градина е спроведен вонреден инспекциски надзор по добиена пријава за угинување на една лама и уште една заболена лама. Земени се мостри за лабораториско тестирање од угинатата лама ...
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за концесионер на комплексот „Македонско село“, кој е избран по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии. Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година. После години на затворање и уништување ...
Компанијата „Тексомак“ во соработка со Општина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад. Првиот дел од оваа акција започнува утре. Контејнери, каде што граѓаните ќе можат да го оставаат текстилниот отпад, ќе бидат поставени на следниве локации: – ООУ „Лазо Ангеловски“ – ЈДГОА „Срничка“ (главен објект) – ООУ „Љубен Лапе“ – ЈУДГ „Буба Мара“ (главен објект) – ООУ „Браќа Миладиновци“ – Зад „Капитол мол“(пред влезот на „Рамстор“) ...
Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи информира дека настанот се случил на 22 март годинава, возачот е санкциониран, а воизлото не било на полициски службеник. Возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на ...
Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дела од странски сликари кои ја посетиле Македонија и твореле на теми поврзани со нашата држава, во периодот од 1850 до 1950 година. Како што најавија од Музејот, станува збор за дела на уметници од Гарманија, Франција, Италија, Србија, Југославија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Австрија, Романија, Холандија, Белгија, САД. Ова е приватна колекција на Влатко Милошевски, а изложбата се ...
Сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ во режија на Дејан Пројковски, со кој ќе се одбележи 80-тиот роденден на Македонскиот народен театар, премиерно ќе биде изведен на 13 ноември од 20 часот, по што ќе следуваат и изведби на 14 и 17 ноември, соопшти денеска МНТ. Билетите за трите претстави ќе бидат пуштени во продажба од денеска преку веб-страницата www.mnt.mk Претставата е најавена како аудиовизуелно патување низ ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода, во партнерство со Медиа Дијалог (Media Dialogue) и Младите за медиумите (Youth4Media) од Германија, и меѓународната организација Нов европски граѓански форум со седиште во Брисел, најавува промоција на публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки“. Публикацијата е на англиски јазик и опфаќа обемен документ за политики, со препораки и стратешки насоки за борба против дезинформациите ...
Град Скопје и ЈП Комунална хигиена повторно потфрлија со одржувањето на хигиената на територија на Центар. Утрово, дебармаалци се соочија со идентична глетка како од пред два месеци – преполни контејнери со смет и лоша миризба кои не само што се закана по здравјето на центарци, туку, исто така и го нагрдува изгледот на централното градско подрачје кадешто циркулираат голем број на граѓани, велат од Општина Центар. „И ова утро, нашите општински ...
По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во младинскиот центар „Матично“ во Општина Центар е поставена изложбата „Моите херои“, на млада и талентирана авторка – Јана Иванова, ученичка во четврто одделение во ООУ „Димитар Миладинов“. Изложбата што ќе биде отворена до 30 април, може да се види секој работен ден од 10 до 16 часот, информираат организаторите на настанот. Се разбира, најповеќе како нејзин родител, сметам дека таков настан ги ...
Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. Како што информира денеска РЦУК – Скопје, пријавено е и поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата ...
Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевањето на Маркова река, сѐ уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат село Горно Лисиче – село Долно Лисиче, како и влезот за село Батинци во двете насоки. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи. Секторот за внатрешни работи – Скопје апелира ...
Владата денеска на седница усвоила Информација за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од ...
Туристи од Португалија, Швајцарија, Франција и Велика Британија преку шестдневен туристички пакет, којшто вклучува јавање со коњи и посета на села и винарии во Тиквешкиот регион, се запознаат со природните убавини на земјава на еден поинаков начин. Каролина Мерлу од Португалија, која има 27 години и која на македонско тло го прослави роденденот, ја сретнавме во Винскиот музеј во Кавадарци, каде беше дојдена со група странски туристи кои беа дел ...
Општините во Скопје спроведуваат инспекциски контроли за противпожарна безбедност во станбените згради, откако управителите и заедниците на станари добија задолжение да достават информации за неопходната опрема. Пријавени се бројни нерегуларности како украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа и попречени евакуациски излези. По истекот на роковите за доставување на податоците, инспекторите ќе извршат теренски контроли за да ...
Во Скопје вчера се одржа протестен марш на кој граѓаните бараа правда и одговорност. На протестен марш повика Иницијативата „Кој е следен“. Граѓаните се собраа во 19 часот на плоштадот Македонија, одржаа триминутен молк и се упатија кон Собранието одејќи преку Триумфалната капија. View this post on Instagram A post shared by Frontline.mk (@frontlinemk) Кога толпата беше спроти Градска болница 5 минути ракоплескаше во знак на благодарност на ...
Трагедија се случила утринава со скопско Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и неговиот малолетен син, по што се самоубил, пренесува Слободен печат. „Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и ...
Вечерва со почеток од 19 часот ќе се изведе балетската претстава за деца „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет. Претставата е од хуманитарен карактер, a собранитe средства од претставата ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани. Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и ...
Саем на македонска традиционална храна се одржува денеска во Скопје, во организација на Националната федерација на фармери (НФФ), со поддршка од Шведска и We Effect, преку проектот за јакнење на малите фармери и нивните пазарни врски. – Овие настани, НФФ ги организира за своите членови – оператори за храна кои се сертифицирани согласно правилниците на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ). На овие саеми, сѐ што е изложено е стандардизирано и ...
Пратките што граѓаните ги порачуваат онлајн отсега ќе може да ги подигнат од новите автоматизирани пакетомати „My Box“ кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата. Оваа нова услуга на македонскиот пазар овозможува флексибилно и сигурно подигнување на пратките 24/7, без оглед на работното време на курирските служби или ризик од пропуштени испораки. – Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на ...
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго вечер во 21 часот ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија. Пласидо Доминго пристигна во Скопје во средата. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде ...