Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Владата на седница денеска одлучила да издвои 20 милиони евра за изградба на подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Станува збор за повеќегодишен проект кој предвидува изградба на 371 нови паркинг-места, распоредени на две подземни нивоа, со вкупна површина од 13 илјади метри квадратни, со адекватен број на паркинг места и за лица со посебни потреби, рече на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и ...
Справувањето со недостигот на работна сила – сѐ позначаен предизвик во Северна Македонија – вклучува мерки кои ќе го помогнат вработувањето на невработените лица и ќе ги подобрат условите за работа и продуктивноста. Препораките за справување со овој предизвик се дел од студијата изготвена од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Студијата која содржи длабинска анализа на пазарот на трудот во Северна Македонија, како и предлог системски ...
Министерот за здравство Арбен Таравари колабирал од замор, информираа од Министерството за здравство за МИА. – Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е – премор,“ појаснија од Министерството за здравство ...
Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари, или 7,4%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми ...
В четврток, 12 декември, во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи Карипска вечер на која извонредните готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи типични јадења од карипскиот регион. Карибите ги сочинуваат повеќе од 7.000 острови од кои најголем е Куба, па менито на Карипската вечер ќе содржи типично кубанско јадење од говедско месо, кое се смета за едно од националните јадења на оваа земја. Останатите ...
Новоизбраниот Централен одбор на опозициската СДСМ денеска треба да ги избере новите членови на Извршниот одбор, потпретседатели на партијата, генерален секретар, организациони секретари и меѓународен секретар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите членови на Централниот одбор на СДСМ Пред неколку дена партијата на Конгрес избра и нова заменик претседателка, Фани Каранфилова Пановска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Koja e Фани Каранфилова Пановска, новата заменик ...
Во мемоарите на поранешната германска кацеларка Ангела Меркел, насловени како „Слобода“, од кои се проценува дека ќе заработи милиони, од живите балкански политичари е спомнат само поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Оваа информација на социјалните мрежи ја сподели новинарот на германски Франфуртер алгемајне цајтунг, Михаел Мартенс, кој се смета за добар познавач на политиката на Балканот. Former Austrian chancellor ...
Од Жито Полог АД Тетово преку Македонската берза информираа дека акционерот, Сашо Босилков, кој е генерален извршен директор на Жито Полог, се стекнал во сопственост со 343 обични акции со право на глас издадени од Друштвото. Тој сега поседува вкупно 746 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог, кои претставуват 1,33 % од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тетовски Жито Полог со загуба во третиот квартал „Софија градба„ ...
Владата вработува четири службеници. Се бара советник за финансиска поддршка и државна помош, Одделение за финансиска поддршка и државна помош, Сектор за финансиска политика, советник за економски дејности, Одделение за економски дејности, Сектор за економска политика, помлад соработник за комунални работи, транспорт и комуникации, Одделение за инфраструктура и комуникации, Сектор за економска политика и помлад соработник за организација на ...
Македонијатурист АД Скопје останува во фокусот на инвеститорската јавност откако таму периодов во неколку наврати настана промена на сопственичката структура. Најнов акционер над 5% е Промедика ДООЕЛ Скопје, која сега поседува 8,68% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика Оваа промена настана откако најголемиот акционер во Македонијатурист, Доне ...
Матичните лекари и Фондот за здравствено осигурување најдоа заеднички јазик околу проблемот со руралните амбуланти, со тоа што на докторите во следните 24 месеци, им се овозможи да работат без медицински сестри. „Мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Значи, ќе им биде дозволено да немаат медицински сестри во тој период. А ние во тој период треба да ја разгледаме и системски решиме состојбата и да најдеме трајно ...
„Само додај Coca-Cola“ кампањата на маркетинг агенцијата Њу Момент од Скопје, создадена за најпознатиот пијалак во светот, е финалист на годинешното издание на меѓународниот фестивал EPICA, во категоријата креативни решенија за безалкохолни пијалaци. На овогодинешното натпреварување во креативност беа пријавени околу 1.200 кампањи од осумдесетина маркетинг агенции од 50 држави во светот. Оваа кампања е креирана со алатки за вештачка ...
Северна Македонија постигна голем напредок во однос на политиката поврзана со намалување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Но, треба да се направи уште за да се обезбеди ефективна имплементација на овие политики, а и за промена на општественото однесување. Ова беше заклучокот од дискусијата што беше организирана вчера на почетокот на годинешната заедничка кампања за 16-те дена активизам за елиминирање на насилството ...
Делегацијата на Европската Унија во Македонија на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ќе му донира шест електрични автобуси.. „Засилениот возен парк на ЈСП е исто така во согласност со Зелениот договор на ЕУ и стандардите за квалитет на воздухот низ Европската унија, кои имаат за цел да го сведат загадувањето на нула до 2050 година и да помогнат во спречување на предвремени смртни случаи поради загадениот воздух. Секој автобус е со ...
Известувач од Подгорица, Црна Гора за еМагазин.мк, Силвана Жежова Црногорскиот телекомуникациски сектор забележа значајни трансформации по влегувањето на унгарскиот технолошки и телекомуникациски конгломерат 4iG. Со преземањето на Теленор Црна Гора во 2021 година, 4iG донесе подобрување на поврзаноста, ја зголеми конкуренцијата и ги поттикна технолошките иновации. Една од најголемите промени што ја донесе новиот оператор беше забрзување на ...
Вранец Тероар 2020 Гранд Резерва, од Винарија Камник, доби трофеј за Најдобро автохтоно црвено вино, а Pure Elegance 2023 е добитник на трофеј за Најдобро розе вино на саемот Винска визија на Отворен Балкан. Покрај трофејните признанија, на овој натпревар Винарија Камник се здоби и со дополнителни два платинум, четири златни медали и десет други медали. Со овие награди, Винарија Камник доби уште една меѓународна валоризација за создавање ...
Амбасадорката Узлем Џанел ги претстави резултатите од анкетата спроведена меѓу холандските компании во 2024 година на настан на кој присуствуваа претставници од владините институции, економските комори, холандскиот бизнис сектор и бизнис асоцијациите. „На скала од 1 до 10, учесниците во анкетата ја оценија бизнис климата во државата со 5,7, што е за 6% подобар резултат споредено со резултатите од последната анкета спроведена во 2022 година. ...
Горивата од вечерва на полноќ поскапуваат до денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар, додека дизелот поскапува за денар и половина. Со новата одлука, малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79 денари, а ...
НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот, информираат од таму Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Доне Таневски, претседателот на Надзорниот одбор на Друштвото, продал 25.669 обични акции издадени од Македонијатурист и сега поседува 80.160 обични акции, односно 17,72%. Од таму информираа и дека акционерот Скопски пазар АД Скопје купил 730 обични акции и сега поседува 45.230, односно 10% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Акционерот, друштвото ...
Од Халк Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Турхан Адеми повеќе не ја извршува функцијата член на Управниот одбор и извршен директор во Халк Банка, поради исполнување на услови за старосна пензија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела Халк Банка лани Кој е Билал Суџубаши, кој е реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка Беркан Имери и Александар Иљов именувани за извршни директори и членови на УО на ...
Утре на барање на Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција ќе се понуди за продажба пакет од 44.449 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје, кои претставуваат 9,83% од основната главнина на Друштвото, со почетна продажна цена од 10.150 денари по акција преку моделот “се или ништо“, информираа од Македонската берза. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика ...
Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова за државната агенција МИА. Претседателка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р ...
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, поради сомнеж за несовесно работење во службата. Од Финансиската полиција велат дека во својство на министер тој на 24. јули 2020 година несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја предводи делегацијата на Министерството за внатрешни работи (МВР) која од 24 до 27. ноември е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена ...
Нов заплет на судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Еден од обвинетите, Влатко Кешишов, на вчерашното рочиште рече дека го сменил исказот дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен на убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, под притисок на Палевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Палевски ме натера да го сменам исказот, вели Кешишев Тоа, според него, се случило додека ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО. „Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк. Фондот им укажува ...
На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат еден од обвинетите, Велибор Манев, до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Службеното лице Игор Јанушев, потврди дека Манев ги однел до местото викано Кула, каде бил закопан велешанецот, информација која веќе и беше позната на јавноста. „Тука е ...
На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Влатко Кешишев, еден од обвинетите кажа дека го сменил исказот дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не бил присутен за време на двете убиства по барање на Палевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил прустен за време на убиствата на Вања и Панче Кешишев рече дека Палевски му ја дал ...
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Сите обвинети се изјаснија за невини, а на последното рочиште еден од нив, Влатко Кешишов, го смени исказот и рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен за време на убиствата на Ѓорчевска и Жежовски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил ...