Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
На 09.05.2025 во 09:45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на ...
Индија и Пакистан се согласија на целосен и итен прекин на огнот, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth. Тој информираше дека преговорите траеле цела ноќ, со посредство на САД. Но неколку часа по информацијата за постигнатото примирје, неколку експлозии одекнаа во индискиот дел на државата Кашмир, при што снемало струја во градовите Сринагар и Џаму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Индија го нападна Пакистан: Нова ...
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип на петмината државјани од Република Турција, кои се инволвирани во убиство на 25-годишниот турскиот државјанин им одреди мерка притвор од 30 дена. Осмоничените се спроведени во Затвор Куманово. Според Обвинителство, првоосомничениот и убиениот имале недоразбирање подолго време. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Убиецот немал престој во државата, пиштолот го купил во Скопје: Детали од Обвинителство за ...
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот и полскиот премиер Кир Стармер и Доналд Туск денеска се во посета на Киев, за уште еднаш да ја изразат својата поддршка на Украина. На средбата со украинскиот претседател Володомир Зеленски ја повикаа Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје. „Се придружуваме на Соединетите Американски Држави во повикот до Русија да се согласи на ...
Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со Владимир Путин во Москва. Вучиќ средбата ја оцени за исклучително важна, бидејќи директно со Путин разговарале и разменувале мислења за прашања од заеднички интерес. „Посебна тема на разговорот беше енергетската соработка. Повторив дека е од витално значење Србија да потпише нов договор за гас со Русија, особено имајќи предвид дека пред нас претстојат исклучително важни капитални и развојни ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член ...
Мнозинството од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, одбиваат средба со премиерот вна 13 мај, се вели во писмото испратено до медиумите. Во него наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. „Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од ...
Во Битола вчера беше уапсен 36-годишен битолчанец, кој со нож се шеташе по „Широк сокак“. Станува збор за М. Ш., кој како што информираа од полицијата пред угостителски објект на улица со нож се заканувал на 41-годишен државјанин на Австралија. Тој беше уапсен откако претходно на социјалните мрежи беше објавено видео од него, како се шета со нож по „Широк сокак“, а од полицијата за него најавија кривична пријава за загрозување на сигурноста ...
Ладнокрвното убиството на 25-годишниот турски државјанин, Е.О., во кафуле во Штип е во фокусот на јавноста и медиумите. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 25 години имал убиениот турски студент во Штип Убиецот, К.К., кој има 21 година, е исто така турски државјанин. Тој избега по убиството, а неколку часа подоцна беше уапсен. Уапсени се уште четворица турски државјани, на возраст од 22 до 29 години, кои по убиството му помогнале да побегне од Штип. ПОВРЗАНИ ...
Денеска (09.05.2025) во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно ...
Васил Јованов, обвинетиот за усмртувањето на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, денеска на стартот на судењето призна вина и изрази сочувство до нејзиното семејство. „Не поминува ден, а да не се молам за душата на Фросина и за здравјето на нејзиното семејство. Ова е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до фамилијата и најдлабоко извинување за оние што ја познаваат. Не знам како ќе ...
И од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија детали за синоќешното убиство во кафуле на Градскиот плоштад во Штип, во кој беше убиен 25-годишниот Е.О., студент од Турција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачко видео) Во престрелка во кафуле во Штип тешко ранет државјанин на Турција, објавена снимка од пукањето Како што е познато напаѓачот, исто така од Турција, беше во бегство, по што е уапсен. По пикањето студентот бил пренесен ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето на Васил Јованов, кој на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска. Според обвинението на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, на 29. јануари 2025 година, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час со кое ...
ЕЛС е компанијата која на македонските граѓани ги испорачува пратките од популарнaта Тему, за која интересот, се повеќе расте. Сопственикот, Игор Гешовски во интервју за еМагазин.мк вели дека ЕЛС успеа исклучително брзо да се прилагоди на овие барања, вложиле во проширување на тимот и оптимизација на операциите. Нивната крајна цел е секоја пратка да стигне навремено и без компликации, што несомнено ја постигнуваат. Интересот за пратки од ...
Македонската компанија ЕЛС, која на македонските граѓани им ги доставува нарачките од Temu и AliExpress, за годинава најавува можност за нарачка преку уште 5-6 платформи, како што е познатата Шеин и платформи за нарачка на техника, вели сопственикот Игор Гешовски, за еМагазин.мк „Нашата цел е една – продавниците ние да ги носиме кај луѓето, со оглед на тоа што повеќе од 50 отсто од пазарот го држи ЕЛС. Многу скоро ќе воведеме можност за ...
Уапсен е напаѓачот, турски државјанин, кој синоќа во кафуле во Штип уби свој сонародник, студент. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачко видео) Во престрелка во кафуле во Штип тешко ранет државјанин на Турција, објавена снимка од пукањето Неофицијално станува збор за Белат Полат, кој по убиството бегајќи од полицијата ја проби и наплатната рампа кај Миладиновци. Информацијата дека е уапсен ја потврдија од Основно јавно обвинителство Штип. ...
Синоќа во престрелка во кафуле во Штип беше убиен студент од Турција, кој имал 25 години. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачко видео) Во престрелка во кафуле во Штип тешко ранет државјанин на Турција, објавена снимка од пукањето Го уби исто така државјанин на Турција, кој избега, но подоцна беше уапсен од полицијата. Како што објави државната агенција МИА, убиениот е Е.О,, а во него беше пукано во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад ...
Стигна официјална информација дека во синоќешната престрелка во кафуле на градскиот плоштад во Штип е убиен државјанин на Турција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачко видео) Во престрелка во кафуле во Штип тешко ранет државјанин на Турција, објавена снимка од пукањето Во него пукаше исто така државјанин на Турција, кој е се уште во бегство. Неофицијално станува збор за Белат Полат, кој синоќа додека бегал од полицијата ја пробил и наплатната рампа ...
На 21. мај треба да се гласа за нов гувернер на Народната банка, но официјално засега нема име предложено од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, предлог кој потоа треба да се гласа во македонското Собрание. За избор на нов гувернер е потребен глас на 61 пратеник. Во меѓувреме се шпекулира за четири имиња за оваа позиција. Една од нив е актуелната гувернерка Анита Бежоска Ангеловска, која има право на нов мандат. Се шпекулира и со ...
Синоќа во кафуле на градскиот плоштад во Штип тешко е ранет државјанин на Турција, а објавено е и вознемирувачко видео од инцидентот. Тој бил префрлен во болницата во Штип. Локалната телевизија ТВ Стар јави дека лицето неофицијално починало, а во него биле испукани осум куршуми. Засега нема официјална потврда на оваа информација. Неофицијално и лицето кое пукало е државјанин на Турција. Државјанинот на Турција, кој имал нож, е ранет по ...
New York SEC ја акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанија со македонски капитал со седиште на Вол Стрит. Со формирањето на „Prime Capital powered by Adora” на Волстрит во Њујорк, компанија основана од македонски основачи и капитал за првпат добива своја институција во срцето на глобалната финансиска сцена. Како прва инвестициска консултантска компанија со македонско потекло одобрена од U.S. ...
Поранешниот американски кардинал Роберт Френсис Превост е новиот папа Лав XIV. По изборот во Ватикан, папата се обрати пред насобраните верници, со порака за мир во светот, потенцирајќи дека Црквата треба да биде мисионерска, да гради мостови, дијалог, да има раширени раце за секого, да биде отворена кон секого на кого му е потребно милосрдие, дијалог и љубов. Тој се заблагодари на претходниот папа Франциск, но и кардиналите кои го избрале со ...
Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема со вредност од 13 милиони евра и понатаму не е ставена во употреба, покажува ревизијата на успешност на тема „Искористеност на современа медицинска опрема“ на Државниот завод за ревизија. Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности. „Дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се ...
Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кратово поднесе кривична пријава против Б.О. (40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“, информираа од таму. -Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски ...
На 12 и 13 мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи 14. издание на Самитот на Македонија2025. На настанот се очекува да присуствуваат над 550 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери. Официјалното отворање на Самитот е закажано за 12 мај со воведни обраќања на претседателот на Одборот на ...
Постапувајќи по поднесен Обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството. -Пресудата е изречена на единствено рочиште врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифати дека делото ...
Турската компанија Џагатај Кабло која подолго време работи во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 ќе го проширува своето производство со изградба на нов објект од околу 10.000 метри квадрати. Инвестицијата е 6 милиони евра, а се очекуваат 200 нови вработувања, информираа од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони. Новата фабрика ќе биде двојно поголема од постоечката. Џагатај Кабло произведува жици и кабли за ...
Пред голем број на гости, со богата културна програма денеска и официјално се отвори „Симбол”, новиот малопродажен парк во Струмица. Овој современ објект свечено го отворија сопственците и инвеститорите Кирил Гогов и Александар Ричлиев во присуство на градоначалникот Костадин Костадинов. Изграден и организиран според највисоките стандарди за ваков вид на комерцијални објекти, малопродажниот парк „Симбол“ се очекува да биде повеќе од само ...
Апелациониот суд Скопје зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус на „Дурмо турс“, во која загинаа 16 лица, информираа од таму денеска. Затворската казна на сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули од четири години, која му ја изрече Кривичниот суд, е зголемена на 10 години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест е исто така зголемена на 10 години, а од ...