Електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, кој моментално во тест период функционира само во Скопје, до крајот на декември ќе почне да функционира и во Куманово и Тетово, најави началничката на Секторот за сообраќајни работи во Министерството за внатрешни работи (МВР), Маја Арсовска Манов во Топ Тема на Телма. Како што е веќе познато системот до средината на следната година треба да функционира низ целата држава. Таа кажа ...

Одбраната на обвинетите обезбедувачи во т.н. дискотека “Пулс“ на денешното рочиште меѓ друго посочи дека обвинението за нив е неосновано, без конкретни докази, подвлекувајќи дека дел од нив имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, која беше причината за пожарот. И тие кажаа дека пожарот е резултат на институционални пропусти и недостиг на надзор. Адвокатот на обвинетиот Јане Јанчевски, директорот на агенцијата за ...

На 5. декември од 21 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде прикажен документарецот „К-15: Од другата страна“. Режисер и сценарист е Ико Каров, син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров. Истиот трае 100 минути, а е во продукција на BDG Agency и Good Mood Media. Следните термини на прикажување се 6, 7, 13 и 14. декември, исто така во МНТ. Картите веќе се пуштени во продажба и може да се купат само ...

За наводна злоупотреба на европски средства вчера беше приведена поранешната претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика, Федерика Могерини, добро позната и на македонската јавност. Во истрагата се осомничени три лица, а претходно белгиската полиција изврши претрес во седиштето на Европската служба за надворешни работи во Брисел, во Колеџот на Европа во Бриж, престижен универзитет, кој е финансиран од ЕУ, каде таа е ректор, ...

Македонија во Банката на Англија чува 6,9 тони монетарно злато, со моментална пазарна вредност од околу 800 милиони евра. Истото е дел од девизните резерви на Народната банка. Златото се чува во алоцирана форма и го сочинуваат маркирани златни прачки со содржина на злато од најмалку 99,5% или тежина од околу 400 фини унци, или 12 килограми. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку злато чува Македонија во трезорот на Банката на Англија Фото: Унсплеш/видео: ...

Скопското јавно претпријатие „Дрисла“ доби нов директор – Стевче Трпковски. Тој е поранешен градоначалник на Општина Сопиште. Како што информираа од Град Скопје, нов директор доби и јавното претпријатие „Градски паркинг“. Истото ќе го води Владимир Кроневски, кој досега беше директор на Службен весник. Кроневски веќе работел во претпријатието како раководител на секторот паркиралишта и како помошник-директор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите ...

Првиот чекор во подземен рудник никогаш не е директно кон јамата. Првиот чекор е кон обуката, независно дали станува збор за млад практикант, студент на магистерски студии, нов вработен, инженер, надворешен изведувач или гостин кој само накратко ќе прошета низ погоните. Никој не влегува во Рудникот Злетово без да ги помине правилата за безбедност. Главниот инженер за безбедност и заштита при работа во „Булмак 2016“, Дејанче Тонев објаснува ...

Стартот на електронскиот систем за регистрирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, кој засега функционира само во Скопје е во фокусот на јавноста, а е топ тема и на социјалните мрежи. Граѓаните и експертите имаат различни забелешки, а засега не се казнува за бројните регистрирани сообраќајни прекршоци. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бројките од „Безбеден град“ постојано растат: 110.000 сообраќајни прекршоци, 90% возеле со брзина поголема од ...

Македонското Собрание денеска ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска. Таа не ја образложи оставката пред пратениците, кои ги избираат уставните судии. Причината за оставката е здравствени и лични причини. Сега Уставниот суд има седум, наместо предвидените девет уставни судии. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која поднесе оставка Уставната судијка Јадранка Дабовиќ ...

Во македонското Собрание денеска е формирана Анкетна комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија – пожарот во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа кај Ласкарци и автобуската несреќа во Бугарија. Комисијата е формирана на предлог на владејачките ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, а за нејзино формирање гласаа 84 пратеници. Истата треба да ги утврди сите пропусти за трагедиите ...

Звучи неверојатно за македонски услови најавата на трговската компанија во доменот на градежна опрема и опрема за патна инфраструктура, Магнометал ДООЕЛ Скопје, дека од 1. јануари ќе воведе 4-дневна работна недела за сите вработени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Магнометал прва во Македонија воведува 4-дневна работна недела Како и бројни други компании низ светот и Магнометал очекува овој пилот проект кој ќе трае шест месеци, да донесе поголема ...

Бројот на загинати во пожарот во станбениот комплекс во Хонг Конг, Кина, се зголеми на 151 лице. Околу 30 лица се уште се водат за исчезнати, а се стравува дека дел од нив никогаш нема да бидат пронајдени, бидејќи нивните тела целосно изгореле во пожарот. Полицијата досега уапси 13 лица под сомнение за убиство од небрежност, а 12 се уапсени во антикорупциска истрага поврзана со реновирањето на комплексот. Утврдено е и дека материјалите кои се ...

Магнометал ДООЕЛ Скопје, трговска компанија во доменот на градежна опрема и опрема за патна инфраструктура, ќе биде првата компанија во Македонија која ќе воведе 4-дневна работна недела, информираа од таму. Со пилот-проектот за сите вработени, компанијата ќе започне на 1. јануари 2026 година, а од таму потенцираат дека одлуката нема да влијае на платите на работниците. Радослав Галиќ, сопственикот и управител на компанијата, очекува одлуката ...

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8% во октомври 2025 во однос на октомври 2024 година, информираа од Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2,8%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ...

Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања, соопшти Државниот завод за статистика. Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2,02%, а најголем број слободни работни места, 2.052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,53%. Највисока стапка на слободни ...

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и неговиот тим имаа исклучителна можност за работна посета на трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во трезорот на Банката на Англија, информираат од таму. Проверките се дел од вообичаените активности на централните банки поврзани со ...

Денеска во судницата во затворот во Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар загинаа 63, а беа повредени над 200 лица. На денешното, трето рочиште, се очекува обвинетите да се изјаснат за вина. Како што веќе пишуваше еМагазин, ниту еден од обвинетите не чувствува вина. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ниту еден обвинет за пожарот во Кочани не признал вина, сопственикот на „Пулс“ ги обвинува институциите и ДНК Произнесувањето ...

На министерското место во Министерството за здравство ќе остане Азир Алиу, кадар на владејачката коалиција Вреди, кажа премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Од Вреди најавуваа дека на оваа позиција ќе дојде Башким Бакиу, кој беше кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата на последните локални избори. За Алиу, пак се најавуваше дека ќе биде нов директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со електронскиот систем “Безбеден град„ досега се регистрирани 110.000 сообраќајни прекршоци, од кои околу 1.000 биле за возила без регистрација, а околу 5.000 возачи поминале на црвено. Кај 90% од возачите пак била регистрирана брзина поголема од дозволената. Во овој тест-период констатирано е дека во одреден дел од прекршоците, записниците не стигнале до вистинските ...

Во ќелијата на поранешниот службеник во Министерството за економија, Џеваир Камбери, кој е еден од обвинетите за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, и е во притвор, биле пронајдени 13 мобилни телефони и лап топ, информираше на стартот на денешното рочиште судијката Диана Груевска Илиевска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани Тој пак кажа дека телефоните веќе биле ...

На денешното трето рочиште за трагедијата во Кочани, ниту еден од обвинетите не се изјасни за виновен за кривичните дела за кои се товарат. Тоа беше веќе познат факт, имајќи во предвид дека 35. обвинети веќе се имаат изјаснето за невини во оценката на Основниот кривичен суд Скопје за првото обвинение за пожарот во т.н. дискотека. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ниту еден обвинет за пожарот во Кочани не признал вина, сопственикот на „Пулс“ ги обвинува ...

Групата ДНК и надлежните институции биле виновни за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, рече на денешното рочиште адвокатката на обвинетиот Дејан Јованов-Деко, сопственикот на “Пулс“, Ивана Коцевска. Таа во своето излагање рече дека тој не бил монструм, а бидејќи не бил стручно лице, неможел да биде свесен за пропустите во т.н. дискотека. Според неа пиротехниката, поради која избувна пожарот, не била пријавена кај надлежните, ниту кај ...

Одбраната на третобвинетиот за трагедијата во Кочани, Михаил Јованов, кој е син на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, газда на т.н. дискотека „Пулс“, на денешното рочиште меѓудругото посочи дека тој бил обвинет само заради тоа што е син на Јованов. Според неговата адвокатка Ивана Коцевска, тој имал своја фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“ и не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата која ја водела т.н. ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственикот на објектот во кој работеше т.н. дискотека, кажа дека тој незнаел дека газдата на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, истиот ќе го преадаптира во кабаре/дискотека. Според неговата адвокатка Лидија Ристовска, Милковски не учествувал во градежните активности и не дал согласност за адаптација на внатрешниот простор. Според неа не постоел ниту еден ...

Судијката од Уставниот суд, Јадранка Дабовиќ Анастасовска си поднела оставка, објави порталот Сакам да кажам. За одлуката било известено и македонското Собрание, а неофицијално оставката ја поднела поради лични причини од здравствен аспект и ќе се вратела на професорското место на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Уставниот суд сега останува само со седум од предвидените девет судии. Нив ги избира Собранието. Фото: Уставен суд ...

Целото раководство на СДСМ колективно поднесе оставка, по предлог на претседателот на партијата Венко Филипче. На денешната седница на Извршниот одбор, од функциите се повлекоа заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови. Во соопштението се наведува дека, оставките се доставени до Централниот одбор и до Филипче, кој го води процесот на длабоки внатрепартиски реформи. Овој ...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе изнесува 69,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар. За еден денар се намалува и ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, а првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г., информираа од таму. -Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и ...

Од денеска камерите на електронскиот систем „Безбеден град“ ќе снимаат сообраќајни прекршоци, а Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе казнува од 1. јануари. До тогаш лицата кои ќе направаат сообраќаен прекршок ќе добиваат само опомена. Првично ќе се евидентираат прекршоци како што се возење со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, погрешно престројување, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно ...

Од денеска стартуваше електронскиот систем „Безбеден град“, кој ќе снима сообраќајни прекршоци. Ќе се казнува од 1. јануари, а до тогаш ќе има само опомени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе се казнува од 1. јануари: Од денеска камерите на „Безбеден град“ снимаат сообраќајни прекршоци Како ќе се казнува? За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град, на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок, Министерството ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87