Во Иран се уште нема интернет и има ограничување на мобилната комуникација, а од земјата сепак стигнуваат информации, пред се од активисти и граѓани кои успеале да ја напуштат земјата. Се претпоставува дека бројот на загинати во антивладините протести, кои почнаа на 28. декември се брои во илјадници, информација која ја потврди и власта, а како што пренесуваат повеќе светски медиуми, од семејствата на загинатите, режимот бара пари за да им ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во претседателскиот авион Air Force One, на враќање од Давос, при што накратко се осврна на актуелната состојба во Иран. Трамп изјави дека голема група американски воени сили се движи кон Иран, но истакна дека би сакал да се избегне нивна употреба во евентуален напад, во момент на зголемени тензии по бранот масовни протести во земјата. „Имаме многу бродови кои се движат во тој ...

