
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Заслужено, на крајот на минатата година,спортскиот ветеран Ангел Мицев Скакар го доби посебното Признание за „60 години учество во борење“. Овој велешанец, е роден и живее на „Којник“, еден од најпознатите делови на Велес. Таму, горе, на ридот во градот познат како „Којник“ ги мине младешките денови кога кај него започнува да тлее љубовта кон овој вид на спорт. Младото момче го покажа својот талент во Железничарскиот боречки клуб „Борец“ и ...
Небојша Илиќ, Марко Пислевски и Марјан Ѓеоргиевски е шампионскиот тим на велешките спортски риболовци на „Бабуна“ кој се пласираше за учество на најпрестижното првенство во светот. Овој велешки спортски тим го освои првото место на натпреварите во три кола на макекедонската Лига кои се одржа на езеро „Мавровица“ кај Свети Николе. Нивниот улов на риба како во килограми така и во големина на крапови беше најголем. Втората екипа на велешки ...
Четворица Велешани искачија два врва, во еден ден, на Италијански Алпи. На планинскиот масив „Monte Rosa“ на Италијанско-Швајцарската граница, во регионот „Аоста“, велешките планинари Зоран Јаневски, Марјан Малинов, Никола Ангелов и Никола Василев поминаа со автомобил вкупно преку 4000 км и ги искачија врвовите „Signalkuppe / Punta Gnifetti“ висок 4,554 метри и „Ludwigshöhe“ на надморска висина од 4,341 метри. Двата врва се меѓу највисоките ...
Највисокиот врв во Република Турција, Арарат, којшто се наоѓа на надморска висина од 5137 метри повторно освоен е од Планинарска експедиција од Македонија. Неа ја организираше Клубот за планинарски спортови „Азот“ од Велес. Покрај организаторот и водич Тодорче Ѓоргиев во планинарскиот подвиг учествуваа и велешаните Зоран Дуков како и тринаесет годишниот Матео Ѓоргиев заедно со Томислав Илиев од Струмица, Миодраг Микиќ и Тања Вељановска од ...
Поранешниот кајакар на KK „Бабуна“, сега судија во кајак на диви води, Бошко Нацев од 6 до 11 јули судеше на Светското првенство во кајак слалом на диви води во категориите у-18 и у-23. Првенството се одржа во Словенија на патеката Тацен на Сава. Добро сработеното и високиот квалитет кој го поседува Нацев беше препорака за нова покана со која тој ќе биде дел од судискиот тим на престојното Европско првенство коешто во месец август ке се одржи во ...
Во спортско рекреативниот центар „Матка“ на патеката на реката Треска во близина на Скопје заврши годинешниов Илинденски кајак слалом 2022. Во К-1 победник е натпреварувачот од КК „Приштина“ Лоранд Ѓоши, соседно Косово. На второ место е кајакарот Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ од Велес, додека на третото место се пласираше Милош Јефтиќ,член на Гусар од Ниш-Србија. Одличен пласман забележаа и Борче Мирчевски од КК „Бабуна“ Велес кој беше 4 – ти и ...
Девет први , две втори и две трети места освоија кајакарите на Кајак Кану Клуб “Гемиџии 903” од Велес на Меѓународен натпревар во дисциплина слалом во Горажде, Босна и Херцеговина. Натпреварот се одржа минатиот викенд додека кајакарите и кајакарките на велешкиот клуб со освоените медали доцна вчера вечер се вратија во Велес. Вкупно 13 освоени награди во Велес ги донесоа следниве кајакари: Во категорија К1 мажи – пионери прво место освои ...
Стојче Златаров, Ангел Јовановиќ, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров се четворицата велешани кои ја сочинуваат репрезентацијата на Македонија на Европско првенство во кајак рафтинг на дива вода за 2024 година. Овие млади момци кои се членови на Кајак Кану Клуб Арка – Борец Велес се наоѓаат во Конјиц, Босна и Херцеговина кадешто се натпреваруваат со учесници од 12 други држави. -Во Конјиц пристигнавме доцна во неделата а веќе од понеделникот, 10 ...
Шестмина кајакари на клубот „Paddle UK“ од Обединето Кралство ќе се натпреваруваат викендов на Светски куп во Кајак спуст на река Вардар на патеката во Велес. Нив ги предводи Џејми Кристи менаџер на клубот од градот Лестер во Обединето Кралство. Кристи е втор пат во Македонија. Веќе го предводел клубот на натпревар на Матка и неговите впечатоци како за нашата држава така и за спортските натпревари се позитивни. Кајакарот Хенри Ленгли е еден од ...
Светскиот Куп во Кајак спуст свечено беше отворен вчеравечер во Амфитеатарот на Младински парк во Велес. За време на настанот, младите велешани имаа можност да влезат во кајак или чамец додека нивните родители и повозрасните велешани уживаа во подготвената програма со музика и игра. Настанот започна околу 19:30 часот со концерт на девојките од групата „D Chicks“, потоа настапија играорките од Ансамбл Керамичар со две кореографии, додека ...
Повеќе од 300 велосипедисти, 100 планинари, двајца планински тркачи и уште 100-тина љубопитни посетители беа дел од десетиот јубилеен outdoor festival „АЗОТ мтб Предизвик 2024“ кој традиционално го организира „Велес Бајкинг“. Во прекрасен природен амбиент учесниците престојувале во кампот во доворот на училиштето „Петар Поп Арсов“ во село Богомила. Како што вели претседателот на здружението „Велес Бајкинг“, Зоран Јаневски, според реакциите на ...
Повеќе од 100 велешани беа дел од вчерашниот настан организиран од „Велес Бајкинг“ на полигонот за велосипеди во Градски парк Велес. Пола од посетителите биле млади велосипедисти но присутни биле и повозрасни граѓани кои имале потреба да го сервисираат својот велосипед и биле дирекни учесници на кратка едукација за менување и сервисирање на делови на велосипед од страна на челнови на здружението „Велес Бајкинг“. Но покрај обуката, во ...
Здружението на граѓани „Велес бајкинг“ под мотото 11 години рекреативен велосипедизам во Велес и исто толку години од првиот организиран велосипедски настан во градот, викендов, поточно на 13 октомври, ја организира рекреативна велосипедска тура „Велес мтб тоур 2024“. Овој настан е еден од најстарите и најголемите велосипедски настани во Македонија. -Се очекуваат преку 250 велосипедисти и 20-на планинари кои ќе бидат директни учесници на овој ...
Афирмација на спорт на планина, поврзување на луѓето со планините, освен уживање во природните убавини и нивна заштита како и заштита на животната средина се мисија којашто ја застапуваат голем број на граѓани кои членуваат во планинарските и велосипедските здруженија во Македонија. Меѓу нив е и „Велес бајкинг“. Според Зоран Јаневски, претседател на ЗГ„Велес бајкинг“ и учесник во четиричлената експедиција на планинскиот масив „Монте Роса“ на ...
Неодамнешното протерување на петтемина руски дипломати не е прво протерување на руски дипломати од Македонија. Првпат, Македонија протера руски дипломат во 2018 година, кога беше забележително не само засилено руско пропагандно влијание, туку и обид за руско политичко влијание преку поддршка на македонскиот клон на „Единствена Русија“ Пишува: Жарко Трајаноски, медиумски аналитичар Руското влијание во Македонија не е само преку „руската салата“ ...
Папки врзале скроените гранки на праските во Росоман. Дел од овошните насади на семејството Петреви и годинава ќе расцутат до крајот на февруари. Сонцето и над просечната температура од 12 Целзиусови степени, во зима без снег и дожд, воопшто не ја радуваат овоштарката Елена Петрева. Таа со ножици за кроење ги проверува изрежените места и скроените гранки на дрвцата во овоштарникот, големината на папките и пресметува колку од нив ќе ги издржат ...
Автор: Убавка Јаневска Велешанката А.Т., која штотуку наполнила 18 години, ги служи со кафиња и пијалаци велешани, во една од десеттината кафетерии на главната улица Благој Ѓорев во Велес. Таа е келнерка во позната велешка кафетерија веќе трета летна сезона. Девојката е препознатлива по насмеаното лице и по љубезноста при услугата на гостите. Нејзината дланка е неколкупати помала од големината на послужавникот на кој ги носи пијалаците, кафињата ...
Неколку недели пред изборите во САД, Велес прашаме што се случува со „фабриките“ за лажни вести што во 2016 година се сметаше дека сериозно вплеткаа прсти во изборната кампања преку океанот. Македонија ја ставија на листата земји „производители на лажни вести по нарачка“ со „тинејџери-фармери со кликови“, како што ги нарекоа младите велешани кои ширеа лажни вести на социјалните мрежи. Но, овој пат се чини, локалните компјутерџии, користејќи се ...
По напишаната и објавена вест на Дума.мк, во петокот, на 13 декември, годинава, со наслов „Неготинец тепал малолетничка, приведен е во полиција“ свој став соопшти и лицето М.Б кое во веста, чиј извор е Сектор за внатрешни работи Велес, е момчето кое го извршило физичкиот напад. М.Б го откри својот идентитет и на Фан пејџот на Дума.мк, на Фејзбук, ја напиша сопствената вистина за „физичкиот напад“ над малолетничката за што бил приведен во ...
Во Росоман, температурата ноќеска и во раните утрински часови се симна под нула степени Целзиусови. Утрово се појави и мраз на насадите со праски, кајсии и сливи. Овоштарите денеска објавија дека на поголем дел од овоштарниците кои цутат ги забележале првите знаци за измрзнување. -Потемне внатрешноста на цветот а тоа е првиот воочлив знак дека ќе падне од гранките наместо да врзе плод на праска, кајсија и слива. За ден до два ќе биде појасно ...
Зголемени се контролите и надзорите на државните инспектори за храна во летните месеци. Во споредба со зимските, сега, во лето, на врвот на листата на контролирана храна се наоѓаат сладоледите, слатките, преработките од месо, скарата, сендвичите, млекото, млечните производи, јајцата и другите видови на лесно расипливи производи. Граѓаните немаат причина да се сомневаат во квалитетот на храната што ја конзумираат, соопштија од Агенцијата за храна ...
Првата од поставките во реновираната спомен куќа на Петар Поп Арсов, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, е музејска додека втората е етнолошка. Општина Чашка денеска го одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба со свечено отворање на реновираната внатрешност на спомен куќата во село Богомила. За животот и делото на македонскиот национален херој, филолог, револуционер, сновоположник на ...
Комплетно ги исчисија од трева, лисја, коров и отпад улиците и сокаците како и дворните места на петте спомен куќи во Меморијалниот комплекс во Горно Врановци, составен од куќите на Президиудмот на НОВ, на ЦК на КПМ, на Главен штаб на НОБ, на раководството на ОЗНА и печатница „Гоце Делчев“ каде е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“. Бригадирите на Работна бригада „Кочо Рацин“, заедно со акцијаши ветерани од уште шест македонски ...
Со денешното свечено започнување на последната фаза од проектот којшто овозможи поставување на метални табли со улици и куќен број во село Мелница Општина Чашка ќе биде прва во државата со Регистер на адреси и куќни броеви. Тимови на вработени од општинската администрација, во наредните неколку месеци, ќе ги посетат сите куќи во вкупно 41населено место за да ги постават сите 4.783 подготвени табли со куќни броеви, 214 со имиња на улици и 5 табли ...
Општина Лозово своето име го добила по многубројните лози коишто се одгледуваат во Овчеполскиот регион. Општината е препознатлива по своите обработливи ниви и родовите плодни земјишта што ја прават идеална позиција за виногради. Високите температури, сончевите денови и плодните почви допринесуваат за одлични вински реколти. Затоа, оваа година за прв пат се организира и манифестацијата насловена како Овчеполски гроздобер „Лозово 2023“. Жителите ...
Со настапите на фолклорен ансамбл „Чоро Рацин“, културно уметничкото друштво „Конче“, играорците од Ансамбл „Тоска“ од Штип, културното уметничко друштво „Јанко Глигиров“ од Свети Николе, асоцијација за фолклор „Плетенка“ од Битола како и настап на Андријана Петрушовска вечерва во 20:00 часот започнува манифестацијата „Овчеполски Гроздобер Лозово 2024“. -Овчеполието, а особено Лозово, е препознатливо по своите обработливи ниви и родовити плодни ...
Акцијашката ветеранка Даница Андреева Данче на ЗГ„Акцијаши ветерани“ Велес е добитничка на првата востановена акцијашка и ветеранска награда „Плакета“ за посебен придонес во развојот на акцијаштвото и доброволните работни акции за 2024 година. Плакетата на Данче и ја врачи претседателот на Управен одбор на ЗГ„Акцијаш ветерани“, Јосиф Манев. Управниот одбор на ЗГ „Акцијаши ветерани“ востанови годишни награди темелејќи ја својата одлука на потреба ...
Граѓани на Велес, жители на улица „Белградска“ се жалат дека три месеци неможат да стигнат до дома и да излезат од домовите затоашто толку време нивната улица е во изградба. Особено ситуацијата била неподнослива откако заврна дожд и се создаде кал а на одредени места, поради ископини и натрупани купови со земја, до големи вирови со вода. Таму овие велешани морале да ги користат дворовите на соседите за премини за да продолжат да се движат. Тие ...
Осумдесет и шест годишниот ветеран Јордан Ацков е најредовниот од највредните учесници на вкупно изведените 30 доброволни работни акции во бригадирскиот ред на Здружението на акцијаши ветерани „Велешки акцијаши“. Веднаш до него е пензионираниот д-р Никола Нацев , според бројот на учества во доброволните акции, во чистење на банкини и собирање на смет покрај патиштата, бетонирањето на подлога за поголем паркин простор во комплексот цркви кај ...
Уште не ставена на продажба, расчистена е една од трите градежни парцели кои што се наоѓаат веднаш над патот на брегот на велешко езеро „Младост“. Парцелата се наоѓа на атрактивна локација , поточно веднаш до главниот пат, на левата страна од постоечки хотел и е на површина од 2.788 м2. Парцелата беше зафатена од големиот шумски пожар што се случи точно пред две ипол години и го пеплоса зелениот појас на езерскиот брег. На неа, до скоро, стоеја ...