Манчестер Сити го победи тимот составен од фудбалски ѕвезди од Јужна Кореја со 3:1 во подготвителниот натпревар кој се одигра денеска, а бидејќи полека се ближи завршницата од подготовките за новата сезона, играчите имаат се помалце време за да ја темпираат формата во пресрет на првото коло. Сити ќе биде навистина интересен за гледање после десетгодишната етапа во која владееше Пеп Гвардиола, па иако е премногу рано да се извлекуваат било ...

Македонскиот вицешампион Шкендија утре ќе игра против Хибернијан во шкотска во третото квалификациско коло во Конференциската лига, а стандардната увертира за овој прв натпревар донесе административни проблеми за тетовци. Првиот тренер Артим Положани не отпатува со тимот во Шкотска и не се појави на денешниот прес кој го одржа Куштрим Вока, па не го водеше ни завршниот тренинг пред утрешниот натпревар. Причина за тоа е административен проблем ...

Полните стадиони во Германија се препознатлива глетка за сите натпревари кои се играат во Бундеслигата, но истото важи и за натпреварувањата во вторите и третите лиги и тоа е резултат на една фудаблска култура која ја негува оваа земја со децении. Иако Германија има една од најстабилните економии во светот и жителите можат да си дозволат поскапи билети, клубовите покажуваат класа и постојано демонстрираат дека фудбалот се игра за фановите, па ...

Башкими на ужасен начин ја отвори новата натпреварувачка сезона и прими шест гола на гостувањето во Кратово, натпревар кој го вклучи алармот во Куманово и покрај тоа што стануваше збор за воведна рунда. Катастрофалниот пораз од 6:0 ја натера клупската управа да реагира и да ангажира речиси целосно нов тим, па така денеска беа претставени десет нови фудбалери кои ќе конкурираат во првиот тим на Башкими. Кумановскиот клуб направи голема ...

Леандро Паредес не правеше пауза и експресно се врати на клупските предизвици со Бока Јуниорс, а иако одигра само три натпревари, на два од нив се најде во фокусот поради агресивно однесување. Искусниот играч за врска има краток „фитиљ“ и тоа го покажа и по финалето на Светското првенство, но со таквото однесување продолжи и на настапите за својот клуб. Откако влезе во клинч со главниот судија на мечот со О’Хигинс, Паредес „пожолте“ поради ...

Џовани Малаго спречи ангажман на Андреа Пирло и со таквиот потег предизвика вистински потрес во италијанскиот фудбал, но како што самиот ја закомплицира работата, така реши и самиот да решава работи за кои првично задолжи други луѓе. После само 16 дена во репрезентацијата, Паоло Малдини и Леонардо си поднесоа неотповикливи оставки поради фактот што останаа без својот избор за селектор, па новите директорски функции мораше да бидат пополнети ...

Милан и Интер денеска одиграа без победник во Перт и миланското дерби во Австралија заврши со резултат 1:1, а по средбата пристигна една симпатична сцена која стана вирален хит. Лука Модриќ ги одигра првите минути по крајот на Светското првенство и полека фаќа ритам за тоа што следи, но после одиграни 30 минути, најмногу внимание привлече со реакцијата која ја имаше по последниот судиски свиреж. Модриќ редовно е мета на голем број ривали за ...

По воведните обврски кои ги имаше ова лето во Европската лига, македонската одбојкарска репрезентација се подготвува за најголемото што следи оваа година, настапот на Европското првенство. Селекторот Јошко Миленкоски избра 18 одбојкари и денеска стартуваа подготовките во хотел „Монтана“ во Крушево, па оттаму селекторот ја испрати и првата порака за големиот турнир кој следи. – Мојата методологија на работа е добро позната за секој од вас. ...

Брахим Дијаз се врати на тренинзите на Реал Мадрид по патувањето кое го имаше на Светското првенство и брзо се адаптираше на новите методи кои ги активираше Жозе Мурињо, тренер кој пристигна во шпанската престолнина со цел да ги смири страстите и да ги стави фудабалските ега на големите ѕвезди во втор план. Поради големото искуство и традицијата на освојување трофеи, Флорентино Перез реши да му даде втора шанса на Мурињо во Реал Мадрид, па ...

Атлетико Мадрид е во напредни преговори за продажба на Матео Руџери и Нахуел Молина, а паричните средства кои планира да ги добие за овие двајца фудбалери, има за цел комплетно да ги пренамени за аргентински репрезентативец. Кути Ромеро е на излезни врати од Тотенхем и самиот побара трансфер на крајот од сезоната, па бидејќи сите во клубот сакаат да му ја исполнат желбата, во моментов се чека само понудата која ќе ги задоволи сите страни. ...

Трансфер сагата „Јан Диоманде“ полека влегува во самата завршница, откако денешните преговори меѓу двата клуба завршиле онака како што сите страни очекувале. Познатите инсајдери од Германија и Шпанија уверуваат дека репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска сега има отворен пат кон шпанската престолнина, и тоа како најскап фудаблер во историјата на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ досега плати најмногу во својата историја за Џуд Белингам ...

Лука Модриќ на стартот на месец јуни изгледаше како фудбалер кој е поблиску до пензија, отколку до било кој друг клупски проект, но по крајот на Светското првенство работите се променија и легндарниот Хрват одлучи да игра барем уште една сезона. По силно инсистирање на Милан и тренерот Рубен Аморим, Модриќ се врати во Милано и потпиша нов едногодишен договор со „росонерите“, па сега пред сезоната во која ќе треба да се лечат незараснатите ...

Македонската кошкаркарска Федерација пред извесно време соопшти дека постојат три должници кои не ги исполниле своите обврски за лиценцирање во предвидениот рок, но откако мина и рокот за желба, денеска пристигна информација дека два клуба ги подмириле обврските, а еден нема да биде дел од Суперлигата. Со оглед на тоа што ТФТ Скопје и Маџари веќе најавуваат засилувања и формираат тимови за регионалните натпреварување, јасно е дека овие два ...

Винисиус Жуниор засега не ја прифаќа понудата од Реал Мадрид вредна 22 милиони евра по сезона за продолжување на договорот, а бидејќи целта на Бразилецот е да се приближи до оние 30 милиони евра кои му се загарантирани на Килијан Мбапе, се повеќе се отвора можност тој да биде продаден до крајот на ова лето. Ако не се пронајде компромисно решение меѓу двете страни во наредните неколку дена, за очекување е Флорентино Перез да ги прекине ...

Џани Инфантино доби многу фудбалски непријатели поради заткулисните игри кои ги водеше по крајот на финалето на Светското првенство, откако самиот најави предлог-проект кој ја крена на нозе цела спортска јавност. Првиот човек на ФИФА објави дека се разгледува продажба на дел од првавата на Светските првенства и дека планот е истите да се отстапат на богати милијардери од САД, па откако овој негов план беше „бомбардиран“ од разни Федерации, ...

Стефанос Циципас веќе некое време ја бара посакуваната форма и ритам, но неговиот квалитет, знаење е неспорен и прашање е кога ќе се врати меѓу најдобрите на светот и ќе биде конкурентен за пехари. Гркот низ досегашната кариера има водено доста битки со Новак, вкупно 15 на кои има забележано само 2 победи. Циципас ја фати најдобрата верзија од Ѓоковиќ, па воден од тоа испрати комлименти на адреса на српскиот ас споредувајќи го со славниот ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер размислува и за иднината, па дел од првата екипа во новата сезона ќе бидат талентираните Наум Марковски и Лео Созовски. Се работи за двајца млади играчи во кои клубот има доверба и потврда за тоа е што трета сезона ќе бидат дел од првата екипа. Претходно „зелено-белите“ го ангажираа Тане Спасев за предводник на екипата, а беа доведени Виктор Златевски, Коста Кириловски, Иван Сапунџиев, Благој ...

Манчестер Јунајтед внимателно ги бира трансферите во овој преоден рок, но очекувањата се дека ќе доведе уште некое име со кое дополнително ќе ја засили конкуренцијата. Премиерлигашот во исто време треба да донесе одлука за дел од играчите, дали ќе ги продаде, а во прв план е Маркус Рашфорд. Офанзивецот имаше добра сезона во Барселона, ама шпанскиот тим не го откупи неговиот договор и офанзивецот повторно се враќа на „Олд Трафорд“. Тој од 2025 ...

Премиерлигашот Арсенал ќе го добие потписот на капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш што е јасен показател дека „топчиите“ со огромни амбиции ќе ја дочекаат натпреварувачката 2026/2027. Бруно за сума од 75 милиони фунти ќе слета на „Емирејтс“, трансфер со кој Арсенал добие еден проверен, квалитет играч, репрезентативец на Бразил, фудбалер со кој средината на теренот ќе биде уште посилна. Шампионот во успешна акција: Арсенал договори екстра ...

Интер се обидува да состави што подобар тим за престојнава сезона или поточно да го надгради истиот со идеја и цел да се остварат што подобри резултати, да се освојат титули во натпреварувачката 2026/2027. „Нероаѕурите“ се во акција за уште неколку трансфери, засилувања, но во исто време има и понуди за нивните играчи. Реномираната „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Интер одбил богата понуда вредна 40 милиони евра од Брентфорд за Александар ...

Наполи и Рома се две екипи кои ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите во новата сезона, два клуба кои направија значајни потези на трансфер пазарот. Поранешниот тим на Елиф Елмас се ослободи од левиот бек Мигуел Гутиерез и тоа по само една година. Наполитанците ја прифатија понудата на бундеслигашот Баер Леверкузен вредна 30 милиони евра. Шпанецот пак потпиша договор со „фармацевтите“ до 30 јуни 2031 година. „Волчицата“ од друга ...

Репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах веќе има донесено одлука за неговата одлука и прашање е на момент кога формално ќе стави потпис на договорот со турскиот прволигаш Трабзонспор. Како што беше беше најавено Салах денеска пристигна во Истанбул и тоа со дресот на новиот клуб, а со оглед на тоа што Турците се познати како големи фанатици тие во голем број го дочекаа досегашниот фудбалер на Ливерпул. Тој во вечерните часови треба да ...

Челси нема да игра во европските купови во престојава сезона, но без разлика на тоа клубот одлучи да му даде одврзани раце на менаџерот Чаби Алонсо да направи сериозни промени и да доведе доста играчи во овој преоден рок. Роџерс, Лакроа, Палестра, Барко, Велбек и Хендерсон се играчи кои пристигаа летово, листа на која набрзо ќе биде додаден и Пеп Чаварија. Се работи за лев бек на кој инсистираше Алонсо, дефанзивец кој досега ги бранеше боите ...

Реал Мадрид доби неколку засилувања во овој преоден рок со што дополнително се зголеми конкуренцијата во тимот, но тоа во исто време ќе повлече и заминување на дел од играчите особено затоа што се најавуваат уште неколку нови имиња. Нов фудбалер кој ќе го напушти кралскиот клуб е Франко Мастантуоно, аргентинскиот интернационалец за кого шпанскиот великан издвои 45 милиони евра минатото лето. Мастантуоно се мачеше во првата сезона во Европа, ...

Ѕвездата на Мајами Хит и воедно еден од најдобрите центри во НБА лигата, Бем Адебајо ги издвои и посочи неговите пет најдобри играчи во историјата. На неговата листа на најомилени кошаркари, асови кои за него се најголеми немаше место за Леброн Џејмс, човекот кој неодамна одлучи да остане активен и да потпише двегодишен договор со Филаделфија Севентисиксерс. За Бем во идеалната петка се Коби Брајант, Стеф Кари, Кевин Дурент, Тим Данкан и ...

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе денес го промовираше своето ново тркачко возило со кое планира да се натпреварува во FIA EHCC – Европско првенство на ридски патеки. Станува збор за возило кое спаѓа во конкуренција на прототипови, односно болид едносед, поради што ќе се менува и категоријата на која настапува. – Ова возило е побрзо од претходното, на некои патеки и до 15 секунди. Најголемата разлика е во забрзувањето, бидејќи ...

Ливерпул останува мирен на трансфер пазарот, но тоа не значи дека така ќе остане до крајот на преодниот рок особено ако се остварат најавите на дел од медиумите. Веќе јавна тајна е дека премиерлигашот е заинтересиран за Бредли Баркола и дека веќе се воспоставени контакти со Пари Сен Жермен околу потенцијалниот трансфер. „Светците“ имаат свои барања, „црвените“ свои проценки и се бара заеднички јазик за реализација на оваа операција. Меѓутоа ...

Македонија е домаќин на нов кошаркарски настан, Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се одржи во Гевгелија и во Скопје. Најдобрите млади европски селекции ќе се борат за пласман во елитната конкуренција, а македонските кадети ќе имаат чест и привилегија да ја претставуваат својата земја пред домашната публика. По повеќенеделните подготовки, селекторот Дејан Стојановски истакнува дека ...

Францускиот напаѓач, Рандал Коло Муани повторно ќе го гледаме во Италија и тоа на познато место во Торино каде ќе го носи дресот на Јувентус. Коло Муани мина неколку успешни месеци во Јувентус во 2025 година, меѓутоа таа позајмица не се претвори во трансфер и тој дури во овој преден рок се врат назад откако една сезона мина во Тотенхем. Сега е фудбалер на „старата дама“ со договор до 2031 година и порачува дека ќе даде се од себе за да се ...

Арсенал веќе неколку сезони игра паметно на трансфер пазарот, влече потези кои треба да донесат успеси за сегашноста и иднината, потези кои почнаа да се исплаќаат и потврда за тоа е освоениот пехар во Лигата на шампионите. Клубот од Лондон во претходната сезона играше уште во две други финалиња (Лигата на шампионите и англискиот Лига Куп) што е потврда дека работите се движат во позитивен правец. Во таборот на Арсенал исто така им е јасно ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.84
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.3
53%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
44%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.6
81%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.85
48%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.35
48%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.9
53%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
1.24
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.83
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96