Лина Ѓорческа добро отвори во квалификациите на Вимблдон и ја мина првата рунда ова попладне, откако најдобрата македонска тенисерка ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија. За неполни 80 минути игра на теренот во Ол Ингланд клубот, Ѓорческа славеше против Шпанката со 6:2 и 6:4, а во овој дуел, на крајот пресудија подобро искористените брејк топки од тенисерката од Тетово. Лина го заврши мечот со пет направени брејкови на сервис на ...

Фудбалскиот клуб Шкендија ќе има доста нов лик во новата натпреварувачка сезона, а потврда за тоа е и заминувањето на еден од најдобрите во историскиот тим кој го водеше Јетон Беќири. Роналдо Вебстер беше еден од најагилните и најопасни играчи во тимот на Шкендија во изминатите две сезони, но поради добрите изданија кои ги прикажа, тој привлече внимание и на доста европски клубови. Шкендија вечерва ја информира јавноста дека е постигнат ...

Рафиња се повреди на натпреварот против Хаити и го вклучи алармот во бразилската репрезентација, особено поради тоа што стануваше збор за повреда на мускул кој му правеше доста проблеми оваа сезона. Ѕвездата на Барса се пожали на болки во задната ложа и веднаш побара измена, а во период кога бразилските доктори се претпазливи и не даваат прогнози за неговата иднина, претпоставките се дека Рафиња го заврши својот настап во групната фаза. ...

Кристијано Роналдо се најде под голем притисок поради нереализираните шанси против ДР Конго, па во период кога се бараше да биде и префрлен на клупата за резерви, португалскиот капитен брзо им одговори на критичарите. Роналдо брзо се активираше против Узбекистан и погоди после шест минути игра во Хјустон, а тоа беше доволно за да испише мундијалска историја. Кристијано стана најдобар голгетер во историјата како еден Португалец и го израмни ...

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа. Имено со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за оценка на уставноста на член 7 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на ...

Дел од угледните македонски политичари денеска се простуваат со Јовица Илиевски кој беше актуелен градоначалник на Брвеница, но како човек кој остави длабока трага во најсилната македонска репрезентација, популарниот Јоцо го обои во црно и фудбалското семејство. Долгогодишниот член на македонската фудбалска репрезентација денеска ненадејно починал на 58-годишна возраст, а веста за неговото прерано заминување ги растажи сите во политичката ...

Ињаки Пења се претвори во четврти голман на Барселона откако клубот го ангажираше Жоан Гарсија минатото лето, а после една сезона мината на позајмица во Елче, шпанскиот чувар на мрежата прави перманентен трансфер на друга страна од Европа. Барселона како клуб не сакаше да има уште една сезона на позајмица за играч кој не е во плановите на Ханси Флик, но и поради фактот што Пења се покажа како голем бунтовник во периодот кога беше префрлен на ...

Натпреварот меѓу Франција и Ирак влезе во фудбалската историја, бидејќи стана првиот кој бил прекинат поради временски непогоди и страшно невреме. Утринскиот меч стана првиот кој бил прекинат на едно Светско првенство поради лоши временски услови, а во моментите кога фудбалерите полека се подготвуваа за враќање на теренот по два часа пауза, доста внимание привлече Килијан Мбапе. Француската ѕвезда имаше посебни забелешки за луѓето кои го ...

Португалија ќе брка прва победа на Светското првенство кое го отвори со разочарувачко реми против ДР Конго, а селекторот Роберто Мартинез се најде под голем притисок и очекувано мораше да направи одредени промени во стартниот тим. Во дадената ситуација, Мартинез се реши да направи две во почетните 11 за мечот со Узбекистан, кој започнува денеска за неполн час во Хјустон. Томас Араухо е првата измена во одбраната и на негово место шанса добива ...

Роналдо Назарио од стартот на Светското првенство не штеди комплименти за Лионел Меси и побара од јавноста едногласно да го нарече најдобар играч на сите времиња, но покрај тоа, даде и една уникатна изјава за „Лекип“ која брзо стана вирален хит. Причина за тоа е урнебесната содржина која ја имаат неговите зборови, а кои се своевидна споредба меѓу него и тоа што го прави Меси на 38-годишна возраст на шестиот мундијал во неговата кариера. – ...

Маурицио Сари доста тешко преживеа една сезона по кам-бекот во Лацио, но откако си договори премин во Аталанта, стана јасно дека Клаудио Латито мора да бара негов наследник. Втората епизода на Сари во Рим нема да се памети по некои позначајни резултати и двете страни без многу размислување објавија разделба, а првиот човек на клубот процени дека идеален тренер за новиот проект треба да биде доскорешниот италијанскиот селектор. Џенаро Гатузо ...

Милан лесно се откажа од Паоло Малдини, човекот за кого може слободно да се каже дека можеби имаше и најголема заслуга за последната лигашка титула на клубот од Милано. Малдини по заминувањето од таборот на „црвено-црните“ се поврзуваше со повеќе клубови, работи, но се чини дека наскоро одново ќе го видиме на сцената и тоа со значајна улога. Имено Џовани Малаго беше избран за прв човек на италијанската федерација, а токму тој го гледа Малдини ...

Кристијано Роналдо како и цела Португалија не се прослави на првиот натпревар со ДР Конго на Светското првенство, но капитенот дефинитивно доби најмногу критики за настапот. Од тој меч поминаа неколку дена и многумина очекуваат соодветна реакција од Португалците токму денеска особено затоа што на другата страна имаат идеален противник во дебитантот Узбекистан. Ова ќе биде добра можнсот пред се за Роналдо да ја прекина серијата без гол на ...

Македонската женска одбојкарска репрезентација не се прослави со својот настап во Европската лига, натпреварување во кое ги загубивме сите натпревари без притоа да своиме ниту еден сет. По ланскиот одличен настап на дамите во Сребрената Европска лига, оваа година три фактори беа клучни за скромното издание – промена на стручниот штаб, подмладување на репрезентацијата и можеби она најважното, квалитетот на противниците со кои се соочуваме, со ...

Тимот на Тиквеш официјализираше уште еден потег, засилување за натпреварувачката 2026/2027, потпис и тоа со младинскиот репрезентативец на Македонија-Теодор Николовски. Николовски доаѓа во клубот од Кавадарци од Работнички за кого во минатава сезона одигра вкупно 28 натпревари во сите конкуренции со учинок од 2 гола и 4 асистенции. -Еден од најталентираните млади офанзивни играчи во земјата го избра Кавадарци за следниот чекор во својата ...

Манчестер Јунајтед работи на тоа да донесе неколку засилување на средината на теренот, а едно од нив дефинитиивно ќе биде бразилскиот репрезентативец Едерсон кој ќе пристигне од Аталанта. Меѓутоа тоа треба да биде само почеток и додека се лицитира со неколку имиња, некогашниот ас на „црвените ѓаволи“ Гери Невил го советува клубот да размисли за една опција. На Невил му се допаѓа германскиот репрезентативец Феликс Меча кој игра одлично на СП, ...

Тео Ернандез едно време важеше за еден од најдобрите леви бекови на светот, неуморна „машина“ на таа лева страна, играч кој може да одговори како дефанзивно така и офанзивно. Меѓутоа веќе некое време бележи пад во формата, а во тоа дополнително продонесе и преселбата во Саудиска Арабија во Ал Хилал. Тој и понатаму е дел од француската репрезентација, ама не беше добар настап против Ирак и вчера Дешамп му даде шанса на Дињ на неговото место. ...

Рафиња немаше таква добра сезона во Барселона како минатата, а главна причина за тоа беа повредите и честите отсуства. Тој закрепна навреме и се најде на списокот на бразилската репрезентација за настап на Светското првенство каде го одигра првиот меч против Мароко, но потоа се повреди на вториот против Хаити. Мораше предвреме да ја напушти играта и сега останува голем знак прашање дали одново ќе заигра на мундијалот иако засега останува со ...

Македонската репрезентативка, Марија Јанкуловска договори нов предизвик и во иднина ќе ја гледаме во една од најракометните земји-Франција. Јанкуловска се договори со прволигашот Париз 92, тим за кого треба да настапува до 2028 година. -Многу сум возбуденa што му се приклучувам на Париз 92 и што го започнувам ова ново поглавје! Едвај чекам да се запознаам со сите и да ја започнам оваа авантура. Се радувам на напорната работа, на заедничкиот ...

Норвешка потврди дека е квалитетна репрезентација и забележа нова победа на Светското првенство, овојпат против Сенегал од 3-2. Скандинавците во првата рунда рутински се справија со Ирак, а рано утрово беа подобри од шампионот на Африка (на терен) што е јасен знак дека оваа селекција може да биде изненадување на турнирот во САД, Мексико и Канада. Норвежаните беа среќни, задоволни, славеа со сонародниците на трибините, но Ерлинг Халанд го ...

Лионел Меси со уште една квалитетна партија донесе победа за Аргентина и пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Интер Мајами во првото коло реализираше хет-трик против Алжир, додека вчера даде два погодоци против Австрија, плус промаши и пенал што значи можеше многу лесно да дојде до нова „тројка“. Меси собори многу рекорди, а со своите изданија изнуди и многу легенди да му се поклонат како што е Златан Ибрахимовиќ кој ...

Македонската машка одбојкарска репрезентација го заврши настапот во Европската лига и тоа со три победи и три порази со што бевме дел од групата од пет селекции со ваков учинок кои се пласираа од 13. до 17. место на табелата. Ги совладавме Луксембург, Исланд и Косово, а бевме поразени од Холандија, Грција и Израел. Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен од прикажаното, но и пред се поради фактот дека имаме активен резултат за пласман на ...

Арсенал како и голем број од клубовите засега е доста мирен на трансфер пазарот, односно како сите да го чекаат крајот на Светското првенство за да се впуштат во посериозна акција. „Топчиите“ сега го имаат статусот на актуелни англиски шампиони и актуелни вицешампиони на Европа, но за да се остане на врвот мора да се продолжи со добрата и квалитетна работа, а и воедно да се донесе свежа крв. Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Џенас ...

Германскиот ракометен прволигаш Кил нема по добро да ја памети натпреварувачката 2025/2026 во која не беше освоен ниту еден трофеј, а воедно и не успеа да се избори за излез во ракометна Европа. Цехот за овој неуспех ќе го плати науспешниот човек во историјата на клубот, легендарниот Филип Јиха. Јиха добива отказ од позицијата тренер на „зебрите“ со што се заокружува една ера во која Чехот беше активен 16 години во клубот (играч-тренер). Јиха ...

Аргентина на крилјата на капитенот Лионел Меси забележа уште една победа на Светското првенство, победа со која го обезбеди првото место во групата и пласманот во нокаут фазата. Меѓутоа триумфот над Австрија (2-0) донесе и една непријатна вест за актуелниот шампион, повредата на дефанзивецот Кристијан Ромеро. Членот на Тотенхем мораше да го напушти теренот во 57 минута, а со оглед на неговата историја со повреди и фактот дека се работи за ...

Интер ја освои двојната круна во Италија и воден од тоа сигурно ќе цели на најдобар можен начин да го одработи летниот преоден рок за да може во натпреварувачката 2026/2027 да остане на врвот на Апенините, а притоа и да направи нов исчекор и биде конкурентен во Лигата на шампионите. Кога се работи за овој период во годината секогаш има многу вести, информации и интересно е тоа што првиот човек на Интер, Џузепе Марота се одлучи да проговори за ...

Норвешка излезе како победник од соочувањето со Сенегал (3-2) и на тој начин веќе обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Норвежаните по долго време се на мундијалската сцена, но таа пауза, неискуство воопшто не влијае засега со тоа што веќе во наредната рунда ќе го имаат најтешкиот тест, битка со Франција за првото место во групата. Педерсен и Халанд (2) беа стрелци на погодоците, а по натпреварот следуваше оригинално и ...

Репрезентацијата на Алжир издвојува супер важна победа над Јордан од 2-1 во мечот од групата Ј на Светското првенство. Ова беше натпреварот кој беше најнеинтересен ако се погледнат паровите од вчерашната програма, но истиот донесе резултат за Алжирците кои можат да се надеваат на пласман во нокаут фазата на мундијалот. Јордан беше подобар за еден гол во првиот дел, гол кој беше дело на Ал Рашдан во 36 минута. Избраниците на Петковиќ ...

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Јанис Адетокумбо ќе има нов клуб во новата сезона или поточно се става крај на неговата приказна со Милвоки Бакс која започна во 2013 година. Веќе некое време Јанис не беше задоволен во Милвоки, притискаше да добие подобар, поконкурентен тим за да на крајот се дојде до степен дека разделбата е најдобро решение. Адетокумбо се сели во трикраниот шампион Мајами Хит заедно со Боби Портис, додека Бакси во ...

Репрезентацијата на Франција издвојува победа над Ирак од 3-0 во првиот натпревар во групата И на Светското првенство. Ова беше прв меч на мундијалот кој траеше долго време, повеќе од четири часа и тоа поради лоши временски услови. Првото полувреме се одигра нормално и истото им припадна на „триколорите“ со погодокот на Мбапе, но потоа следуваше долга пауза поради правилата во САД и се додека не се нормализираа временските услови немаше ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.99
69%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
69%
1016
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
67%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.36
88%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.29
95%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
1.21
88%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
31%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.69
70%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.41
66%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
4.92
74%
1015
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.79
42%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.44
91%
1015
Currency

61.635

Currency

53.9427

Currency

71.4348

Currency

37.7584

Currency

38.0841

Currency

66.7142

Currency

7.96045

Currency

0.72632

Currency

0.33383

Currency

0.52497

Currency

1.16039

Currency

0.57024

Кобалт

45.39

Злато

132213.94

Иридиум

236307.99

Бакар

12.43

Платина

52277.11

Цинк

0.00

Калај

55.25

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.25

Паладиум

39095.31

Родиум

257205.97

Сребро

1995.66