„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а завршивме во хотелска соба - беше забавно“. Во исповед за Daily Star, жена која сака да остане анонимна, вели дека на својот партнер му предложила 30-дневен секс предизвик. Но, иако тој прифатил, нејзината идеја сепак им влијаела на врската и љубовниот живот. „Неодамна му кажав на ...

По самоубиството на тинејџер, уште една трагедија поврзана со ChatGPT: Маж со параноја си ја убил мајката, па себеси Американец кој пред 20-тина години бил менаџер во Yahoo, бил убеден дека мајка му кова заговор против него. ChatGPT ја хранел неговата параноја, па на крај мажот ја убил мајка си и извршил самоубиство. Од OpenAI најавија дека ќе ги подобрат безбедносните мерки. По трагедијата во која тинејџер изврши самоубиство бидејќи, според ...

Бугимен е Огнен, Eрик Фокс е Кирил - Кои се вистинските имиња на домашните диџеи? Диџеј Бабура, кој почина во 2016-та, со години беше еден од најпопуларните диџеи во Македонија, но малкумина знаат дека неговото вистинско име е Љупчо Петровски. Знаете ли како се вика неговиот внук, Бабура Јуниор? Одите на настапите на Галоски, диџеј Никифор, Зоки Бејбе, Ерик Фокс. Или го слушате нивниот музички избор на радио, каде што ги користат своите ...

Квиз: Дали луѓето ви веруваат или ве сметаат за несериозна личност? Дали кога ќе препорачате нешто во друштво веднаш го пробуваат или чекаат друг да потврди? А, дали кога ќе кажете нешто слепо ви веруваат или ви велат дека сигурно измислувате? Дали во околината важите за човек од доверба или за некој кој сака да ги преувеличи работите и да измислува? Мислите ли дека луѓето ви веруваат или ве гледаат за несериозна но забавна личност, на која ...

Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станеме во 6 часот за да џогираме. И, секако, на крај спиеме до подоцна. Сите имаме некакви очекувања од себе и доста често сме амбициозни со нашите планови, мислејќи дека можеме да се промениме преку ноќ. Иако знаеме дека за вистинска промена е потребно време, одново и одново си кажуваме некои лаги и ...

Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонските градови, но и тој чичко што продава крофни со крем или шеќер на грчките плажи, или оној кој пече клафчиња на скара по шеталиштата на туристичките места - улична храна која ја обожававме во лето како деца, но и ден-денес буди носталгија. Кога бевме деца речиси сите ги ...

Се породи Александра Пријовиќ - на ќерката ѝ даде уникатно име Пејачката Александра Пријовиќ денес се породи во една приватна клиника во Белград, a со сопругот Филип Живојиновиќ добија ќерка. И мајката и бебето се чувствуваат добро, а по породувањето пејачката е сместена во луксузен апартман. Гордите родители својата наследничка ја крстија Ариа. Породувањето поминало во најдобар ред, а и мајката и бебето се одлично, пишуваат српските ...

Ксенија Николова и сопругот слават 5 години брак во Солун: „Морето ќе си бранува, ние ќе си пловиме“ „Среќна годишнина, мачор. Си ја прославивме во наш стил, во градот каде сѐ почна да станува малку посериозно. Остани ми другар“ - напиша Ксенија и објави ретка фотка со сопругот Ненад. Писателката и наш мотивациски говорник, Ксенија Николива, денес (03.09) прославува годишнина од брак со сопругот Ненад, кој е ракометен судија. Својот важен ...

Не знаеш како да започнеш сопствен бизнис, а имаш идеја што не те остава да спиеш? Имаш визија. Имаш страст. Можеби и веќе имаш дизајн, име, концепт. Но, што со пресметките? Буџетот? Даночните обврски? Финансискиот план? Тука многумина застануваат — и токму затоа постои vibeonedu.mk. Првата платформа за финансиска едукација од Шпаркасе Банка, направена за тебе — да ти помогне да го склопиш целиот проект, не само идејата. Оваа платформа ќе те ...

„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често не спие кога детето е болно. Таа се грижи за сите и тоа си има цена. Да не беше тоа, можеби ќе имаше повеќе слободно време, ќе беше послаба и облечена во елегантни фустани. На собирот на поранешни ученички, жените се појавија со јасна намера - да блеснат. Секоја од нив вложи труд во својот изглед и ...

Младите Дорис Ди и Наум Бумбаровски со награда на „Охрид фест“ Годинава на Охрид фест со дуетската песна Ден и ноќ заедно, Дорис Ди и Наум Бумбаровски, ја освоија третата награда од публиката. Дорис Ди е млад талент под менторство на Ана Дурловски и Андријана Јаневска. Професионално со музиката почна да се бави во 2019 година. Годинава имаше второ учество на Охрид фест, откако лани учествуваше со своја песна „Нека свети“ каде ја освои ...

Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ти се распаѓа“ Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел ден“. Реалност: „Колена во чвор, врат блокиран, ментална блокада во 3 фази, физиотерапевтот ме знае повеќе од семејството“. Ана Павловска е техничар за нокти и интернаионален мастер едукатор со 16-годишни работно искуство во „X-Treme ACADEMY“. Таа за ...

Потресна исповед на ќерка на сериски убиец: „Не сакав да верувам дека татко ми е способен да измачува и убива“ Кери Росон од САД е ќерка на озлогласениот сериски убиец Денис Радер која им убиено најмалку 10 лица, вклучувајќи и деца. Кога Кери дознала за мрачната страна на татко ѝ, вели дека не сакала да верува. Доживеала вистинска криза на идентитет и мислела дека целиот нејзини живот е лага. Иако можеби повеќето сериски убијци се самотници, ...

„Ме фаќа срам кога ќе се сетам што правев, чудо е што сум жив“: Чарли Шин искрен за пороците, проститутките и бурното минато Осум години откако се ослободи од пороците, Чарли Шин напиша мемоари, а сними и документарец за својот живот. Не верувал дека ќе го дека ќе го дочека 60-тиот роденден, а најтешкиот дел од битката бил да си прости себеси, но и да го подобри односот со луѓето што ги повредил. Иако со години беше главниот лик во Two and a ...

Ќерката на Харис Џиновиќ се фали со раскошниот живот, стави силикони, беше со светски познат боксер на вечера Откако стави силикони, 21-годишната ќерка на фолк-пејачот, ја користи секоја можност да ги истакне новите гради и на повеќето фотографии што ги објавува носи тесни корсети. Џина, ќерката на фолк-пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина, веќе некое време живее во Монако. 21-годишната девојка студира таму, но истовремено ужива ...

Не ги тера децата да пишуваат домашна, ќерка ѝ има пирс на прстот: Ким Кардашијан повторно критикувана како мајка Ким Кардашијан повторно се соочи со критики откако изјави дека децата не треба да пишуваат домашни. Неодамна, сестра ѝ Кортни изјави дека одењето на училиште било „застарено“. Периодов Ким Кардашијан постојано се соочува со критики, најмногу за тоа како си ги воспитува децата. Покрај несоодветниот аутфит на ќерка ѝ Норт која на ...

Славчо од Охрид и Камилле од Бразил: „Ќерката ќе ни се вика Елена, а ќе се роди во Рио де Жанеиро“ „Дел од прославите ги правиме во Македонија, дел во Бразил. Нашата ќеркичка ќе се вика Елена и ќе се роди во Рио де Жанеиро. Засега планираме да останеме во Бразил една година и потоа ќе се вратиме во Македонија“, вели Славчо Јованоски (24) од Охрид за CRNOBELO.com и открива како ги спојуваат двете култури. Славчо Јованоски (24) од Охрид ја ...

Ќерката на Атанас Атанасовски славеше 4-ти роденден - Забава со огромен замок и индијански шатори Oткако заврши вечерта и гостите си заминаа, сопругата на актерот, Александра, објави фотка од славеничката и нејзиното братче како „изморени“ лежат врз замокот. Бела, ќерката на актерот Атанас Атанасовски, наполни 4 години. За роденденот нејзините родители ѝ направија голема забава на која дојдоа многу дечиња. За нив, имаше огромен замок за ...

Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (фото) Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе споделуваат такви ситуации – автомат за крем со фактор на плажа, 8 различни бои на песок на едно место, врата среде напуштена плажа, камен со чуден облик... Патувањата дефинитивно се совршени за истражување и откривање нови култури и места, но понекогаш и за да ...

Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или „Стара е за да се шета вака облечена…“ или пак „Влегла во менопауза, а се однесува како да има 20 години... “. фото: pexels.com Од овие предрасуди произлегува возрасна дискриминација – верување дека по одредена возраст жените треба да изгледаат и да се однесуваат „позрело“ и дека одредени ...

Тамара навистина постоела – Која е љубовната приказна зад хит-песната на Борис Новковиќ? Ko mi tebe uze, Tamara? Prodala si suze drugima... Си ја запеавте, нели? Знаете ли дека Тамара не е измислено име во песната? Навистина постоела, а приказната зад баладата е невозвратена љубов. Девојката се препознала во текстот и му се заблагодарила на Борис Новковиќ што ѝ ја посветил. Хрватскиот пејач Борис Новковиќ ја отпеа песната „Тамара“ во ...

Босанска инфлуенсерка изведе танц на јарбол со турското знаме - може да добие 5 години затвор „Сите локалци кои беа на локацијата каде што се снимаше видеото беа воодушевени“, се брани Мерјем, но Турците не сопираат со критики за неа. Мерјем Чулјевиќ, инфлуенсерка од Босна и Херцеговина, неодамна стана хит во светските медиуми, откако објави видео на кое танцува околу јарбол со турскoто знаме при нејзината посета на Турција. Видеото што го ...

Ердован и Емине од прилепско се занимаваат со земјоделие: „Во лето стануваме и во 1 по полноќ за берење, работата не е лесна“ „Најголем предизвик е тоа што ги вложуваш парите и не знаеш колку ќе заработиш. Како ќе се погоди годината, така ќе поминеш. Одгледуваме пченица, сончоглед, бостан тутун и пипер“, открива Ердован Исламоски од прилепското село Канатларци, кој со сопругата се занимава со земјоделие. Ердован Исламоски (30) и неговата ...

Љубовен хороскоп за септември 2025: Овни – ќе се заљубите во друга личност иако сте во врска Близнаци - ќе надминете сериозна криза. Стрелци - Ќе имате тенденција да се сомневате во сè и сешто, а во исто време и самите ќе се однесувате така што партнерот може да почне да ја преиспитува вашата верност. Што ве очекува во септември 2025 на љубовно поле? Месец август кај многу знаци ќе донесе проблеми и нарушување на љубовните односи, афери, ...

Носталгични илустрации кои ќе ви навратат спомени од времето поминато кај баба и дедо на распуст Кога баба ќе ни го направеше омилениот појадок со чаша млеко, па брзински излегувавме за цел ден да го поминеме надвор, без строги правила и режими. А, сликата кога баба и дедо ни мавтаат додека си одиме, засекогаш ќе ни биде врежана во сеќавањата... Нема ништо поубаво од детските денови и времето поминато на гости кај баба и дедо. Се сеќавате ли ...

Видеолотарија Касинос Австрија: Милион и двеста илјади евра исплатени добивки во август! Август 2025 ќе остане запаметен како месец на рекорди! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 72.821.604 денари (околу 1.200.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки од август: • 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → ...

„Избегнувајте ја Македонија по секоја цена - ужасна е“, му било кажано на пар патувачки блогери, но што ги дочека кај нас? По посетата на Македонија, патувачките блогери Сара и Рајан заклучија: „Оваа земја е потценет бисер на Балканот што заслужува многу повеќе внимание! Не очекувавме да се заљубиме во Македонија, но сега официјално ни е едно од омилените скриени богатства во Европа“. Тие Охридското Езеро го споредија со Комо. Сара и Рајан ...

Дац и Александар со нова песна „4 страни“, по две години пауза По речиси две години пауза од нивната последна песна, популарното дуо Дац и Александар ја објавија новата песна – “4 страни”, која од денес е достапна на сите радио станици и дигитални платформи. Станува збор за уште една темпераментна љубовна приказна во нивниот препознатлив романтичен и боемски стил, создадена со голема посветеност и врвна музичка екипа. Промоција што веќе ја ...

Некултура во Скопје ЗОО: Деца се качуваат на ограда, маж се расправа со негувателот кој пробува да ги спречи (видео) Војо Иванов, кој е еден од негувателите во Скопје ЗОО, сподели видео од инцидент во зоолошката. Додека им кажува на деца дека не треба да се качуваат на оградата, возрасен маж се расправа со него, па и му вели да се однесувал покултурно. Случка во Зоолошката градина во Скопје предизвика лавина реакции и критики за некултурата ...

Мајка ѝ пробала да ја абортира и да ја задуши, пластичен хирург ѝ го изобличи лицето: Тешкиот живот на Ким Новак Актерката Ким Новак издаде документарец за нејзиниот живот каде открива навистина мрачни детали, особено за детството. На премиерата на филмот во Венеција, таа изгледаше непрепознатливо бидејќи пред 10-тина години си го уништи лицето со инјекции со масти. Актерката Ким Новак, најпозната по улогата во филмот Vertigo на Алфред ...

МВР Билтен

26 минути - МИА
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1023
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1023
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1025
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1023
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.66
75%
1021
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
97%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
76%
1021
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1023
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 9ᴼ
4.02
89%
1018
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
2.24
84%
1022
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
82%
1021
Currency

61.615

Currency

52.9993

Currency

70.8752

Currency

34.8871

Currency

37.9653

Currency

66.1215

Currency

7.43317

Currency

0.64985

Currency

0.34708

Currency

0.5261

Currency

1.26846

Currency

0.59624