Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Најмалку 13 лица загинале во земјотресот со магнитуда 7,1 што го погоди регионот Кумамото на јапонскиот остров Кјушу. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по лица под урнатините. Илјадници домаќинства останале без електрична енергија, а оштетени се патишта и друга инфраструктура. Осум лица биле извлечени од делумно урнат трговски центар. Властите предупредуваат на можни силни последователни потреси и свлечишта во следните денови. Бројот ...
Спасувачките екипи во југозападна Јапонија продолжуваат да трагаат по преживеани два дена по силниот земјотрес што погоди рурални заедници и предизвика сериозни оштетувања. Како што минува времето, се намалуваат шансите лица затрупани под урнатините да бидат пронајдени живи. Потресот предизвикал и експлозија во трговски центар, а оштетени се домови и инфраструктура. Точниот биланс може да се менува додека траат пребарувањето и проверките на ...
Словенечките власти прогласија црвена фаза на опасност од пожари во југозападните делови на земјата, а во останатите региони важи портокалово предупредување. Причината се екстремните температури, сувата вегетација и високиот ризик од брзо ширење оган. На целата територија е забрането палење оган на отворено, фрлање запалени предмети и организирање огномети. Полицијата и инспекциските служби најавиле засилени контроли. За југозападниот дел е ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху се сретнаа во Белата куќа за да разговараат за начините за запирање на нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи дипломатија, економски притисок и воена сила, изјави висок израелски функционер. Според него, Нетанјаху не му кажал на Трамп дека Израел дава приоритет на воениот напад врз Иран, но биле разгледани три опции, имено постигнување договор со Техеран, ...
Археолозите открија злато старо повеќе од 1.300 години на мистериозен бродолом во близина на Хрватска. Наодот вклучува златни монети, скапоцени камења и прстен со ликот на царот Ираклиј. Археолозите велат дека откритието е едно од најзначајните за разбирање на улогата на морските патишта од тој период. Повеќе од една деценија, тимови ги испитуваат остатоците од бродолом покрај брегот на Хрватска. „ Утврдивме дека бродот потонал во 7-ми или ...
Осумнаесетгодишниот фудбалер Матија Дражетиќ загина во тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Фрклевци и Заграѓе во Хрватска. Веста предизвика голема тага во локалната и спортската заедница. Од младиот играч се простија клубовите Кутјево и Хрватски драговолјац од Бродски Дреновац. За Кутјево настапувал од 2017 до летото 2025 година, по што ја продолжил кариерата во нов клуб. Официјалните околности за несреќата треба да ги утврдат хрватските ...
Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски побегна. Граѓаните останаа без одговор на ниту едно прашање. Без одговор за труењето на цела Македонија. Без одговор за економскиот колапс. Без одговор за изолацијата. Без одговор за неисполнетите ветувања. Вчера се сокри зад својот сателит ЗНАМ за да избега од пратеничките прашања. Кога требаше да одговори на дополнителното прашање од претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче, ЗНАМ ја одигра својата ...
Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни. Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции. Наместо средства што остануваат заробени во бирократијата, обезбедуваме повеќе инвестиции во општините, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода. Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, а институциите не ...
На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода лице.(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено ...
Соопштение на СДСМ: Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде. Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар. Зошто ...
Соопштение на Левица: За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство. Ревизијата покажува ...
Македонскиот превод на книгата од Ведрана Рудан, во издание на „Панили“, е достапен преку „Матица“ со специјален летен попуст Штотуку објавената „Страв од плетење“ од Ведрана Рудан, во издание на „Панили“, е достапна за македонските читатели преку „Матица македонска“. Првите примероци од книгата се вклучени во летната акција „Со книга на плажа“ и се достапни во книжарниците на „Матица“ и онлајн преку „Матица“, со специјален летен попуст. Со ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека власта намерно го блокира европскиот пат, а сега и самата ги демантира тврдењата со кои со години ја манипулираше јавноста. „ Четири години не труевте, правевте поделби, обвинувавте, ги делевте луѓето на патриоти, на предавници, велевте дека протоколите се дел од преговарачката рамка, дека ние не ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи економски споредбени параметри со коишто покажа дека растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот во услови на криза, а споредувајќи ги параметрите за инфлацијата нагласи дека инфлацијата во јуни 2026 година е 3,4%, додека инфлацијата во јуни 2022, со влада на СДСМ и ДУИ беше ...
Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. ...
Следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени. Прогноза за 01.07.2026 Минимална температура: 10°C до 22°C Максимална температура: 33°C до 39°C Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Прогноза за 02.08.2026 Минимална температура: 11°C до 23°C Максимална температура: 33°C до 40°C ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога. ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Според прогнозата за 31 јули, утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 30 до 39 степени. Највисоки температури се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде што живата во термометрите ќе достигне околу 39 степени, додека во централните региони се прогнозираат до 37 степени. Во североисточниот дел ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(25) и лице(27) од Кочани и лице(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на ...
На 29.07.2026 во 14:45 часот во ОВР Прилеп бил пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б.(52) од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(39) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „сузуки“ со прилепски регистарски ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против маж (55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Во мај, јуни и јули 2026 година, преку негови два профили на социјалната мрежа, пријавениот објавил шест коментари н ачетири објави со кои промовирал и поттикнувал омраза и насилство. СВР Штип поднесе кривична пријава против маж (55) од Кочани ...
Значителни количини на врнежи беа забележани главно во централна и северна копнена Грција, а Националната опсерваторија во Атина регистрираше десетици илјади удари од гром, објави Катимерини. Жителите на Лариса, Фтиотида и островите Евија и Скирос, исто така, добија предупредувачки пораки поради вчерашната бура. Брзината на ветерот во Илион, Атика, надмина 50 километри на час, објави ЕРТ. Промената на времето на планината Олимп донесе ...
На 29.07.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од с.Ржаничино, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(28) од с.Сингелиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс ...
„Лето создадено од приказни“ продолжува со две нови изданија од бестселер-авторка со милионска светска читателска публика Во деновите кога летната акција „Со книга на плажа“ е во полн ек, „Матица македонска“ ја збогатува годинашната понуда со две нови изданија од Лорелин Пејџ – „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“. Со нив, акцијата што се одвива под слоганот „Лето создадено од приказни“ добива уште една силна читателска линија: ...
Пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче: Секојдневно, сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои што владеете. Не помага ниту силниот ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го сокриете. Неколку работи. Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за ...
Прес конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина. Затоа капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси ...