Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната ...

Намалување на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, номинално за 1,4 проценти, а реално за 8,5 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани евидентира Државниот завод за статистика. Како што објави денеска ДЗС, прометот во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво во јануари годинава во однос на јануари лани номинално е зголемен за 12,8 проценти, а реално за 9,9 проценти), а во групата ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се зголемува крајната цена на испорачаната топлинска енергија во просек за 14,05% кај трите компании на територијата на Град Скопје. „Со денешната одлука цената на парното практично се враќа на ниво од јули 2018 година. РКЕ во последните 9 години носеше одлуки со кои сметките за парно континуирано се намалуваат, освен една година кога останаа на исто ниво. ...

Ријад – Судскиот енергетски гигант Арамко откри неколку нови наоѓалишта на природен гас. Ова денеска го пренесе саудиската новинска агенција, повикувајќи се на министерот за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман. Нови наоѓалишта на гас се откриени во централниот дел на кралството, во регионот Емпти кварт, потоа во близина на северната граница на земјата, како и во источниот регион, рече Бин Салман, според извештајот на саудиската ...

Лидерите на Групата седум најразвиени земји во светот (Г7) денеска објавија дека западните сојузници одлучиле да исклучат „одредени руски банки“ од глобалниот меѓубанкарски комуникациски систем SWIFT. Во заедничката декларација на Г7, издадена од француското претседателство, не е наведено кои руски банки ќе бидат погодени. Се додава дека наскоро ќе биде формирана трансатлантска оперативна група која ќе ги координира санкциите против ...

Картичките на некои руски банки повеќе не можат да се користат во странство, ниту за онлајн плаќања во земјите кои им воведоа санкции, а корисниците веќе немаат поддршка за мобилниот систем за плаќање на Google и Apple. По нападот на Украина, Русија се најде под бројни санкции. Некои од овие санкции се однесуваат на банките и банкарството, а корисниците на руските банки ги почувствувале преку неможноста да користат популарни услуги на телефоните ...

Граѓаните во поголемиот дел од Босна и Херцеговина побрзаа на пазарите сакајќи да купат брашно, масло, сол, шеќер. Од најголемиот ланец на маркети рекоа дека има доволно снабдување со основни прехранбени производи и дека нема потреба од паника. „Ги информираме граѓаните дека Бинго како најголем малопродажен синџир во БиХ има доволно залихи од основните прехранбени производи за потребите на пазарот во БиХ. Синџирите на снабдување не се ...

Во понеделник се очекува Регулаторната Комисија за Енергетика да ги утврди новите цени на горивата. Изминатата недела по стартот на војната во Украина, цената на нафтата доживеа силен скок, што може да донесе поскапување на горивата. Новите цени ќе бидат објавени во понеделник на 28.02.2022 напладне. Инаку ова се досегашните цени на горивата: Инаку според табелите Македонија има и натаму едни од најниските цени на горивата во Европа: ДРЖАВА ...

А1 Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека го збогатува продуктното портфолио во мобилната телефонија за резидентните корисници и ги претставува уникатните тарифи – A1 Nova. Со А1 Nova портфолиото компанијата оди чекор понапред во креирањето понуди со уште повеќе вредност за своите корисници со цел подготвени да ги искусат вистинските можности на револуционерната 5G технологија. A1 Nova е првото тарифно портфолио во ...

На македонскиот пазар во делот за мобилна телефонија, наскоро се очекува освежување од новиот оператор М-тел (Телеком Србија), кој неодамна влезе на нашиот пазар со понуда за телевизија. Операторот уште на самиот влез најави дека ќе ја прошири својата пелета на продукти и во делот на мобилната телефонија и интернет. Деновиве на социјалните мрежи М-тел започна и со кампањата “наскоро низ цела Македонија”: М-тел се очекува да понуди ...

Цените на златото и паладиумот драстично се зголемија на меѓународните пазари по рускиот напад врз Украина што ги поттикна инвеститорите да го насочат капиталот во сигурни средства. Цената на унца злато утринава на физичкиот пазар порасна за 1,8 отсто, на 1.941,50 долари и накратко го допре највисокото ниво од минатиот јануари, од 1.948,77 долари. Кај терминските договори на американскиот пазар, беше повисока за 1,7 отсто односно 1.943,20 ...

За време на вчерашната посета на Битолскиот Регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одржа средба со одгледувачите на овци. На состанокот, во отворена и конструктивна дискусија, беше постигнат договор со кој новата системска мерка за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари ќе се продолжи во текот на цела година, а не само до мај како што беше досега. Дополнително, на барање на ...

Цената на биткоинот рано утринава падна под 35.000 долари откако рускиот претседател Владимир Путин започна воена операција против Украина. Според CoinMarketCap, биткоинот вредел 34.969 долари рано наутро, што е за 8% помалку од претходниот ден. Највредната криптовалута во светот падна под 40.000 долари во текот на викендот и продолжи да се намалува како што се интензивираше украинската криза. Биткоинот изгуби речиси половина од својата вредност ...

Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со високите стандарди на Европската Унија. Со Одлуката се потврдува дека банкарската регулатива кај нас, како и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалента на онаа којашто се спроведува во ЕУ. Со ова нашата земја се вклучува на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, ...

На пазарите на капитал завладеа паника поради руската воена акција во Украина, која иницираше општа продажба на акциите, додека цените на доларите, златото и нафтата пораснаа. Најширокиот азиско-пацифички берзански индекс на MSCI, без јапонскиот, падна за повеќе од 3,2 отсто, при што австралиските акции паднаа за повеќе од 3,0 отсто, а најликвидните кинески компании за 1,3 отсто. Токискиот Nikei индекс потона за 2,4 отсто. Се чини дека падот на ...

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција оддржана во вторникот најави дека за една недела ќе дојде до промена на правилникот со кој домаќинствата и индустриските капацитети ќе може да му продаваат вишоци електрична енергија на универзалниот снабдувач. Во случајов ЕВН Хоме ќе биде должен да ги купува вишоците од соларните панели по цената на регулираниот пазар, односно по истата која ја купува од АД ЕСМ. – Електрична ...

Од утре, 24 февруари, започнува етапната исплата на февруарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19, информираат денеска од Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на ...

Со 90 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија едногласно ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои минималната плата ќе се покачи од 15 на 18 илјади денари. Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници да земат покачена плата веќе од април. Во првата година државата ќе ја покрива разликата помеѓу досегашниот и новиот износ на придонеси, за што од Буџетот ќе се издвојат околу 16 милиони евра. ...

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, информираат од НБ. Ова беше надминато во најкус рок ...

Компанијата ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ се добитници на наградата за филантропија за 2021 година, за нивното партнерство во проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Наградата ја доделува здружението „Хорус“, кое работи на поттикнување на поголема филантропија, општествена одговорност, култура на донирање, граѓански активизам и социјално претприемништво. Во 2021 година, како резултат на ...

Владата на денешната седница ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 01 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година. Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во 4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 16-та седница ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи. Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за 12,6 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни ...

Цените на нафтата денеска, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар по признавањето од страна на Русија на двата проруски региони во источна Украина, надминаа 99 долари. На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари. Русија во понеделникот ги призна Доњецк и ...

Никогаш досега немало толку голема разлика во цената на горивото меѓу Германија и Полска. Затоа германските возачи сè почесто одат по гориво преку границата. И затоа германските бензински пумпи бараат помош од државата, пишува „Дојче веле“. Горивото на германските бензински пумпи е по рекордни цени. Возачите мора да користат апликации што покажуваат каде е најевтино за да најдат бензин под 1,80 евро за литар или дизел под 1,60 ...

Украинската влада минатата недела го усвои законот за официјално легализирање на биткоин и други криптовалути. Според новиот закон, виртуелните средства се 100% легални. Луѓето во Украина можат да управуваат со криптовалутите и да имаат јасно дефинирани права, со конкретно дефинирани должности за сите кои работат на крипто пазарот. Овој закон доаѓа во време кога САД и други европски земји предупредуваат на закана од Русија да навлезе во источна ...

Од денеска дел од цигарите поскапеа за 10 денари. Станува збор за повеќе брендови и видови на цигари кои добија нови цени. Ако сакате да купите кутија некои брендови ќе платите 10 денари повеќе. Бран поскапување на цигарите имаше и минатата недела кога дел од брендовите добија нови цени, исто така за 10 денари повеќе. Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија ...

Никогаш немало самозапалување слично како Meta Platforms, матичната компанија на Фејсбук, објави весникот „Њујорк Магазин“. Компанијата за социјални мрежи на Марк Закерберг загуби повеќе од половина трилион долари во пазарна вредност од нејзиниот пик во август – околу половина од таа вредност „испари“ во еден ден, најголем пад досега – во услови кога почнува да слабее од постојаната опсада на конкурентите и ...

Вкупните депозити во јануари, на годишна основа, се зголемени за 7,4 проценти, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот домаќинства, информираа од Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,4 отсто, како резултат на растот на кредитите на двата сектора, кој е малку поизразен кај корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % во однос на Одлуката од 14.2.2022 година. Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 0,508%, кај дизелот за 0,092% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,337% и кај мазутот зголемување за 0,389% . ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
1.54
71%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.36
54%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
90%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
9.77
25%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
29%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.17
53%
1022
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315