
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Владата на Словенија ги утврди максималните малопродажни цени на горивата и од утре ќе изнесува 1,50 евра за литар безоловен бензин од 95 октани и 1,54 евра за литар дизел. Мерката ќе важи 30 дена, јавуваат словенечките медиуми. Министерот за економија Здравко Почивалшек пред новинарите изјави дека Владата одлучила да ја смири состојбата во областа на моторните горива, па затоа ја одредила највисоката малопродажна цена за доброто на граѓаните и ...
Како што претходно објавија подгоричките медиуми, од утре бензинот во Црна Гора поскапува за 16 центи, па литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра (109,7 денари), додека БМБ 95 1,74 евра (107,15 денари). Еуродизелот поскапува за цели 28 центи и литар од овој вид гориво ќе чини 1,73 евра, додека нафтата за греење поскапува за 25 центи и ќе чини 1,67 евра (103 денари) . Во Подгорица една такси компанија веќе ја покачила цената за 10 центи по километар, ...
Македонија и натаму е меѓу земјите со најниски цени на гориво низ Европа. Погледнете ја листата: ДРЖАВА БЕНЗИН БМБ-95 БЕНЗИН БМБ-98 ДИЗЕЛ Албанија 184,53 ALL (1,52 EUR) 181,39 ALL (1,50 EUR) Австрија 1,923 EUR 2,231 EUR 2,011 EUR Белгија 1,951 EUR 2,023 EUR 2,084 EUR БИХ 2,62 BAM (1,34 EUR) 2,63 BAM (1,34 EUR) 2,61 BAM (1,33 EUR) Бугарија 2,61 BGN (1,33 EUR) 2,70 BGN (1,38 EUR) 2,63 BGN (1,34 EUR) Чешка 37,18 CZK (1,47 EUR) 38,12 ...
Горивата на бензинските пумпи во Хрватска утре повторно поскапуваат. Порталот Cijenegoriva.info објави неофицијални цени. – Резервоар од 50 литри бензин може да поскапи за 5,40 евра, просечниот резервоар за дизел може да поскапи за 9,24 евра, просечниот резервоар за ТНГ може да поскапи за 1,18 евра – објави порталот. На тој начин бензините би можеле да поскапат за околу 0,10 евра по литар. Дизелот би можел да поскапи и за 0,18 евра ...
Цената на енергенсите во Белгија во првите месеци од годинава го достигнува својот максимум, а последиците од тоа се прелеваат во инфлацијата и животниот стандард на граѓаните. Во ситуација кога земјаta има најниска стапка на економски раст во ЕУ, а инфлација од 8 отсто од февруари не е забележана од 1983 година, голем број граѓани се жалат дека не можат да издвојат пари за основните потреби, особено за сметките за парно. Скокот на цените во ...
Германскиот синџир на дисконти TEDi доаѓа на српскиот пазар на мало, пишува порталот Retail Serbia. ТЕДИ планира во следната година да ги отвори првите дисконти во неколку градови низ Србија, тврди порталот. Синџирот е основан во 2004 година во Германија и е еден од најбрзо растечките трговски синџири во непрехранбениот сектор, се вели во текстот. Во асортиманот TEDI на своите клиенти им нуди украси, предмети за домаќинството, училишен прибор и ...
Сараево – Цените на горивата и основните прехранбени производи секојдневно скокаат во Босна и Херцеговина. Така денеска на еден сараевски пазар цената на литар масло за готвење забележана на неверојатни 4,80 конвертибилни марки (2,45 евра), пишува Аваз. Сето ова доаѓа како последица од 17-дневниот напад на Русија врз Украина, а економските експерти веќе предупредуваат дека војната во таа земја во источна Европа значително ќе влијае на ...
Неизвесноста на енергетскиот пазар, која се чувствуваше во добар дел од минатата година, а која е овогодинешното избивање на конфликтот меѓу Украина и Русија, ги зголеми цените на главните енергетски извори, нафтата и природниот гас, во Европа на рекордно ниво. . Но, ако го споредиме тоа со растот на цените на јагленот, тие поскапувања излегуваат речиси занемарливи. Фјучерсите на јаглен во Њукасл се консолидираа на околу 400 долари за тон среде ...
Заменик директорот на руската авиокомпанија „Аерофлот“ соопшти дека поднел оставка и ја напуштил земјата. Андреј Панов, заменик директорот на Аерофлот задолжен за маркетинг, на Фејсбук објави дека неговиот „стар живот е завршен“, а на почетокот на овој месец руските медиуми објавија дека земјата ја напуштил и извршниот директор на Аерофлот Михаил Полубојаринов, кој е од „Аерофлот“. „Аерофлот“ беше ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја поедностави распределбата на дополнителните буџетски приходи од нафта и гас за приоритетни цели, објави Кремљ. Путин потпиша закон со кој се поедноставува насоката на дополнителните приходи на буџетот за нафта и гас во 2022 година за приоритетни цели, се прецизира. Да потсетиме дека, како што беше речено од Думата, веќе се подготвува третиот антисанкционен пакет мерки, а во Владата се водат дискусии, изјави ...
Цената на гасот во Европа падна денеска на отворањето на тргувањето под 1.250 долари за 1.000 кубни метри, беше објавено на лондонската берза ICE. На берзата ТТФ во Холандија, априлските испораки на гас беа договорени по цена од 1.245 долари за илјада кубни метри, или 110,25 евра за мегават час по актуелниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува Тас с. Цената на гасот падна за повеќе од 15,5 отсто во однос на затворањето на берзата во ...
Американското Министерство за трговија објави листа на американски луксузни производи кои се забранети за извоз во Русија и Белорусија, поради настаните во Украина. Списокот од речиси 600 производи вклучува алкохолни пијалоци, козметика, облека и обувки кои чинат најмалку илјада долари, крзно, корали, чанти и куфери, теписи, антиквитети, тутунски производи, накит, моторни санки, опрема за нуркање, поморски мотори, мотоцикли и патнички возила. ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон таа земја, изјави денеска директорката на ММФ Кристалина Георгиева. Санкциите доста остро влијаат на руската економија. Да очекуваме длабока рецесија во Русија. Можам да кажам дека тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не се смета за неверојатен настан. Таа земја има пари да го сервисира долгот, но нема пристап до него ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 14.03.2022 година, одржа седница на која донесе Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со која одлучи малопродажните цени на нафтените деривати да не се променуваат, односно да останат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените ...
Цените на нафтата на светските берзи минатата недела паднаа за околу пет отсто, по големите осцилации, бидејќи малку се намалија стравувањата на трговците од прекин на испораките на таа енергија од Русија поради војната во Украина и западните санкции против Москва. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 4,8 отсто на 112,67 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 5,7 отсто на 109,33 долари. Откако во ...
Можеме ли утре да очекуваме поевтинување на горивата, откако цената на нафтата од типот брент се стабилизира на околу 110 долари во моментов. Претходните цени на горивата беа конфигурирани откако цената на барел нафта скокнаа и до 130 долари за барел. Во моментов нафтата од типот Брент се продава по 110 долари, додека американската WTI по 106 долари за барел. Утре Регулаторната Комисија за Енергетика би требало да ја оддржи својата редовна ...
Ситуацијата со Украина доведе до непредвидени последици за светската економија. По воведувањето санкции против Русија и контрасанкциите од руска страна, сите цени вртоглаво пораснаа. Тоа прво се почувствува на енергетскиот пазар, што директно се одрази на цените на горивата на бензинските пумпи, но и на цените на струјата и парното. Во Германија и Австрија цените на струјата и парното скокнаа за една недела за 60%, а потоа следеа сите останати ...
На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, втор пат по ред, бидејќи се очекува наскоро да се зголемат каматните стапки на американската централна банка, додека европските валути остануваат под притисок поради војната во Украина. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, минатата недела зајакна за 0,5 отсто, на 99,11 поени ...
Тој се залага за максимални санкции против Русија, но смета дека „треба да се вратиме на преговарачка маса и да разговараме“ Херберт Дис, првиот човек на Фолксваген, рече дека војната во Украина може драстично да влијае на германската и европската економија. Особено ако продолжат воените акции и санкции, без разлика што Европа не воведе санкции за увозот на руска нафта. Со оглед на тоа дека Европа зависи од руската нафта и гас, во ...
Поради поскапувањето на струјата во Германија, фабриката за челик Лех-Сталверке во баварскиот град Мајтинген го прекина производството, пишува Deutsche Wirtschafts Nahrichten. Компанијата соопшти дека е „економски неизводливо“ да се работи сега. Исто така, германскиот концерн за челик ThyssenKrup AG пријави повеќекратно зголемување на трошоците за електрична енергија. Концернот ThyssenKrup AG објави дека во последните шест месеци ...
Рускиот енергетски гигант Газпром продолжи со редовни испораки на гас во транзит во Европа преку територијата на Украина, изјави денеска претставникот на компанијата Сергеј Купријанов. Купријанов изјави дека Гаспром редовно испорачува гас преку територијата на Украина и во согласност со барањата на европските потрошувачи. Европа во последно време ги зголеми барањата за снабдување со гас, а набавката на овој енергенс од Русија е значително ...
Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ги предупреди поединците да не инвестираат во биткоин, освен ако нивните имиња не се на листата на Форбс за најбогати поединци. Тој укажа на високата нестабилност и децентрализираниот систем на криптовалути, велејќи дека вредноста на биткоинот може да влијае на нешто едноставно како твит на сопственикот на Tesla и извршен директор на SpaceX, Илон Маск. „Илон има тони пари и е многу софистициран, па не ...
Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот град на Тирана поради неодамнешните зголемувања на цените, додека владата на Еди Рама им порача да возат помалку. Албанските власти ја обвинуваат војната во Украина за скокот на цените, а демонстрантите се собраа на главниот плоштад Скендербег, пред да стигнат до канцеларијата на премиерот Рама, носејќи антивладини транспаренти. Албанците четврти ден протестираат со намера да се борат за ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност. Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година. Малопродажните цени на ...
Имајќи ги во предвид усложнетите економски движења на глобално ниво, што воедно предизвикува и драстично зголемување на цените на нафтените деривати, во услови на несоодветната методологија за пресметка која се применува во Северна Македонија, компаниите членки на Комората од редот на трговците со нафта и нафтени деривати, апелираат за наоѓање на заедничко решение со Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи тие во овој момент работат со ...
Аркан Керим е нов претседател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Керим е долгогодишен туристички работник, сопственик на туристичка агенција и на хотел и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот. Во своето излагање пред присутните на Собранието Керим потенцираше дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени ...
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск повторно направи хаос со својот твит. Имено, тој сподели фотографија на која „покажува“ кој стои зад името на Сатоши Накамото – псевдонимот на креаторот на биткоинот. Така, хумористичната теорија на Маск сугерира дека името Сатоши Накамото е всушност комбинација од слогови од имињата на четири технолошки компании: Samsung, Toshiba, Nakamichi и Motorola. pic.twitter.com/e3kFCmREaC — ...
Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра, велат од МТСП. Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност ...
Стапи во сила регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати Еуродизел и Еуропремиум БМБ 95 во Србија. Уредбата ќе трае 30 дена, до 11 април, а во случај на ограничување на цените на дериватите, се однесува на горивата еуродизел и еуропремиум БМБ 95, со кои се утврдува максималната малопродажна цена. Во суштина, на трговците ќе им биде ограничена маржата на шест динари, а ќе се укинат и царините за увоз. Како што е најавено, ...
Следниот приказ ја одразува медиумската присутност на 10-те Акционерски Друштва кои се дел од МБИ10 индексот на Македонската Берза. Мониторингот на ПИКАСА АНАЛИТИКС презентира резултати од 400 мониторирани дигитални медиуми, кои вкупно во текот на Февруари објавиле над 300.000 вести (политика, економија, спорт, култура, технологија, хроника итн). Еден дел од тие вести се однесуваат на активностите на најголемите и најуспешните акционерски ...