За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и ...

Денеска Регулаторната Комисија за енергетика, редовно како и секој понеделник, ќе ги утврдува цените на горивата кои ќе важат во следните денови. Моменталната цена на светските берзи на нафтата од типот брент е 110 долари, додека пак WTI круд се продава за 106 долари од барел. Во овој момент ова се цените на горивата во Македонија: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 ...

Гeрманија се договори со Катар за долгорочно партнерство во снабдувањето со енергија, особено течен гас, објави денеска во Катар германскиот министер за економија, Роберт Хабек. „Одлична вест е што цврсто се согласивме за намерата за долгорочно партнерство во областа на снабдувањето со енергија“, рече Хабек по средбата со катарскиот емир Хамад ал-Тани во Доха. Тој додаде дека претставниците на германскиот енергетски сектор, кои го ...

Управата за јавни приходи изврши 611 проверки на даночни обврзници и утврди неправилности кај 114. Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Според директорката на УЈП Сања Лукаревска, овие трговци, лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот ги продаваа со пресметан ДДВ со 5 проценти. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на ...

Снабдувањето со гас во Германија за следната зима се уште не е целосно обезбедено, а не се исклучени и прекини во снабдувањето со гас за големите потрошувачи, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. „Ако Германија веќе не добива гас од Русија следната зима, целосното снабдување нема да биде целосно загарантирано“, изјави Хабек, член на Зелените, за Deutschlandfunk. Во овој случај, законот предвидува одвојување ...

Амазон потврди дека потпишал договор вреден 8,5 милијарди долари за купување на Metro Goldwyn Meyer (MGM), комбинирајќи ја легендарната филмска компанија зад Роки и Џејмс Бонд со онлајн малопродажниот гигант за привлекување потрошувачи преку стриминг видеа. Во соопштението, Амазон соопшти дека ќе ги пречека сите вработени во МГМ и ќе работи со лидерите на студиото, истакнувајќи дека нема да има отпуштања. Склучувањето на договорот доаѓа по ...

Во северна Италија супермаркетите се празни и нема тестенини. Аптеките во Норвешка ги распродадоа таблетите со јод. А во Германија, трговците предупредуваат на хамстеркауфот – „шопинг со хрчаци“ или панично купување, пишува ФТ. Украина, заедно со југозападна Русија, долго време е позната како „европска житница“ благодарение на богатата темна почва во регионот, која е меѓу најплодните во светот. Регионот сочинува ...

Залихите на нафта во САД се намалуваат – Одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да пласира нафта од резервите доведе до брзо трошење на националните залихи. САД со тој потег успеаја да ја намалат цената од 140 на 100 долари за барел, но тоа беше платено со исцрпување на резервите. Во исто време, цената на бензинот не се промени и остана блиску до новиот рекорд, кој се ажурираше три дена по ред и го надмина доларот за литар. ...

Во Германија десетици илјади луѓе останаа без работа поради недостиг на материјали предизвикани од пандемијата, а уште повеќе се префрлија на работа со скратено работно време, покажуваат резултатите од анализата на Институтот за труд и истражување на пазарот на труд (ИАБ). . Војната во Украина може да доведе до слични последици, но во помала мера – изјави експертот на ИАБ Енцо Вебер. Според студијата, од април минатата до јануари годинава ...

Рускиот олигарх Михаил Фридман во интервју за Блумберг истакна дека не знае како да живее откако пред три недели се најде под санкции. Имено, Фридман, кој според индексот на милијардери на Бломберг моментално има нето богатство од 10,1 милијарди долари, беше санкциониран од ЕУ на 28 февруари, а Велика Британија на 15 март. Тој тогаш ги опиша санкциите на ЕУ како „неосновани и неправедни“ и најави дека ќе ги оспори. Блумберг пишува ...

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 106 долари во петокот, поради загриженоста за снабдувањето поради слабиот напредок во преговорите за прекин на огнот во Украина и заживувањето на иранската нуклеарна програма. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 27 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 106,37 американски долари. Во Њујорк со барел се тргуваше по речиси непроменета цена од 103,15 американски ...

Цените на безоловниот бензин Еуросупер 95 и Еуродизелот во Црна Гора се повисоки од просекот во регионот. Според податоците од новиот Билтен за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,74 евра, а од земјите од регионот поскапува само во Албанија каде се продава за 1,98 евра. Литар еуросупер 95 е поевтин во Хрватска, каде чини 1,63 евра, во Босна и Херцеговина (БиХ) 1,62 евра, во Србија 1,6 евра, а во Македонија 1,29 ...

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. „Владата на денешната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла ...

Државниот завод за статистика(ДЗС) објави дека стапката на неработеност е 15.7 отсто. Лани активното население во државава броело 943.004 луѓе, од кои вработени се 795.087, а 147.917 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.0, стапката на вработеност 47.2. Ако во 2020 година имало 94.614 невработени мажи, лани без работа биле 92.880 мажи. Во 2020 година без работа биле 61.335 жени, а минатата година 55.036. Власта цели кон ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 17.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 ...

Два дена по ред цената на нафтата на светските берзи руши рекорди. Денеска повторно стигна над 110 долари за барел, откако претходните денови имаше ситуации и кога чинеше и под 100 долари за барел. На лондонскиот пазар од утринава се тргува за 109 долари, додека на американскиот пазар чини и 106 долари за барел. Цените драстично се менуваат од минута во минута, а и за период од само една недела се забележуваат огромни промени. Какви ќе бидат ...

Операторот на 800 ресторани Бургер Кинг во Русија одби да ги затвори, објавија денеска западните медиуми. Американската компанија Restorant Brands International објави дека побарала од рускиот партнер Александар Колобов да ги затвори продажните места по рускиот напад на Украина, но дека тоа не е изводливо, пренесува CNBC. Бургер Кинг влезе во Русија преку заедничко вложување со бизнисменот Александар Колобов и со Investment Capital Украина и VTB ...

Индија купи три милиони барели нафта од Русија, на која многу земји ѝ воведоа многубројни санкции поради војната против Украина. Индиски функционер, кој не сакаше да биде именуван, рече дека нема санкции или пречки владата да купува нафта од Русија, пренесуваат медиумите во светот. Функционерот изјавил дека купиле три милиони барели нафта од Русија на почетокот на неделата и дека ќе купат повеќе нафта и покрај повиците од САД и други земји да ...

Кибер-нападите се данокот за брзиот глобален технолошки развој. Од друга страна, напредната технологија нуди поразновидни и поевтини услуги во финансискиот сектор. Со цел да се искористат предностите што ги носи финтек-секторот, потребно е да му се обрне поголемо внимание на развивањето соодветен систем и механизми за успешен одговор на кибернападите. Денеска, во Народната банка беше организирана работилница со новинарите на тема ...

Владата во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенти донесе сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување ценовен шок. Цената на енергентите на нафта и нафтени деривати на светските берзи се менува на дневна основа, појаснуваат од таму, но со одлуките што Владата ги донесе во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, како што велат, се спречува ценовен шок. Додаваат ...

На ден 17.03.2022 година, четврток, во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, г-дин Ото Граф, во функција на заменик-амбасадор и раководител на економскиот оддел, го прими на официјална средба претставникот на управата во Хајделберг Институтот за бизнис и менаџмент во Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски. Имено, меѓу другото, на состанокот беше претставен новиот проект за германски додипломски и специјалистички студии по примерот на државните ...

Раководејќи се од стратегијата за креирање „куќа на брендови”, Винарската визба „Тиквеш“ воведува новo бренд име – „Луда Мара” за вината кои досега ја сочинуваа линијата „Special Selection“. Следејќи ги пазарните трендови кои сѐ почесто ја наметнуваат потребата за дополнително истакнување на врската помеѓу виното, специфичното поднебје и регионот од кој тоа потекнува, ВВ „Тиквеш“ ...

Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра проф. д-р Кочо Анѓушев, редовен професор на Машинскиот факултет, за нов претседател на МЕА. Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови ...

Во последниот викенд во март 2022-та година, ноќта во 2 часот меѓу 26-ти и 27-ми март почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот. Преминувањето на времето од ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за ...

Во резервоарите може да дојде до кондензација на вода поради големите разлики во температурата на околината, како и поради развојот на микробиолошка контаминација Горивата пред две недели поскапеа, па цената падна, но тогашната хистерија која ја наравија медиумите поттикна многу граѓани ден претходно да се упатат кон бензинските пумпи. Многумина, особено во пресрет на поскапувањето, имаат навика горивото да го чуваат во канистри или други ...

Австралија издвои речиси 500 милиони долари (360 милиони долари) за финансирање на зголемување на производството на минерали од ретки земји, со цел да им овозможи на сојузниците да ги диверзифицираат залихите за да ја потиснат кинеската доминација во тој сегмент на глобалниот пазар. Австралискиот премиер Скот Морисон денеска презентираше план за финансирање низа проекти во Западна Австралија, велејќи дека земјата ќе стане енергетска поддршка за ...

Американскиот технолошки гигант Интел најави дека ќе изгради голем комплекс за производство на чипови во Германија. Најавено е дека ова е прва фаза од планираните инвестиции во Европа, кои во следните десет години треба да достигнат 88 милијарди долари. Првата фаза предвидува 33 милијарди евра инвестиции, вклучително и 17 милијарди евра за фабрики во Германија, кои треба да ја задоволат растечката побарувачка за чипови за компјутери, автомобили, ...

Европската унија, која го претстави својот четврти пакет антируски санкции, одлучи да не го забрани увозот на луксузни стоки произведени во Русија, како вотка и кавијар, објави Европската комисија. Дали забраната за луксузни стоки вклучува увоз од Русија, како кавијар или вотка? Не, фокусот на овој пакет санкции е на лишување на Русија од луксузните стоки на ЕУ – соопшти организацијата. ЕУ воведе ограничување на трговијата со производи од ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
36%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
72%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
46%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.08
48%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
90%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
28%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
7.2
51%
1021
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
49%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
73%
1016
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315