Турската централна банка неочекувано ги зголеми каматните стапки за 500 базични поени на 50 отсто, наведувајќи ја влошената перспектива за инфлацијата и вети дополнително затегнување доколку се предвиди значително и постојано влошување на инфлацијата, пренесува Ројтерс. Големото изненадување дојде 10 дена пред локалните избори на национално ниво и аналитичарите го гледаат како сигнал дека централната банка е независна од какви било политички ...

Сојузот на синдикати на Македонија ја предупредува Владата дека на околу 60 илјади вработени во јавниот сектор мартовската плата треба да им биде повисока за над 2.000 денари. Според нив се работи за усогласувањето со минималецот, кој сега е 22.500 денари. Од синдикатот посочуваат дека одлуката за повисока минимална плата сè уште не е објавена во „Службен весник“,а тоа како што велат ги плаши да не бидат вработените изиграни. -Станува збор за ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 39.542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни ...

Цената на златото на меѓународните пазари достигна рекордно високо ниво поради падот на приносот на американските државни обврзници и падот на доларот, откако Федералните резерви ја задржаа прогнозата за три намалувања на каматните стапки оваа година. Изгледите за пониски каматни стапки го оптоваруваа доларот, што го направи златото поевтино за инвеститорите кои поседуваат други валути. Во оваа позадина, цените на златото на самото место ...

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави дека минатата година била рекордна по извозот на зелка, којшто на земјава ѝ донел девизен прилив од 29,9 милиони евра, што шретставува раст од 21% во однос на 2022 година. Извезените количества зелка лани надминаа 64 илјади тони и се поголеми за 8,3% во споредба со 2022 година. – Просечната цена лани изнесуваше 0,47 евра за килограм. Тоа е добра цена за разлика од 2016 година кога извозот е ...

Претседателот на швајцарската национална банка Томас Џордан заработил плата од 951.700 швајцарски франци (1,1 милион долари) во 2023 година, што го прави еден од најплатените шефови на централни банки во светот. Тој надоместок е зголемување од околу 2,5 отсто во однос на претходната година, според пресметките на Блумберг врз основа на годишниот извештај објавен во вторник. Неговиот вкупен надомест бил 982.000 франци и вклучува плата, трошоци, ...

Во сараевската населба Халиловиќи започна изградбата на супермаркет на германскиот трговски синџир „Лидл“. Рокот за завршување на првата продавница на „Лидл“ во Сараево е 18 ноември годинава. Во Бјелина неодамна беше завршена изградбата на првата продавница на „Лидл“. Во Лепеница, кај Сараево, овој трговски синџир гради дистрибутивен центар кој ќе има 60.000 квадратни метри. Овој центар ќе биде недалеку од автопатот од Сараево кон Мостар. ...

Според земјоделските експерти, состојбата во аграрот е очајна и мора неселективно да се пристапи кон проблемот и да се бара решение за секој сегмент одделно. Нашата земја никако не смее да дозволи да го изгуби традиционалното производство на храна и да остане обична суровинска основа што ќе ја користат други. Потребен е плански и долгорочен развој, системски поддржан, во насока на производство на природна храна со висока конкурентност Околу две ...

Денеска, вторник, 19 март истекува рокот за поднесување апликации за програмата „Дигитални трансакции“, која покрива дел од трошоците за купување и меѓусебно поврзување на ПОС како и низа дополнителни дигитални потреби на еден бизнис во Грција. Добивањето ваучер за финансирање ги покрива и оние кои веќе купиле ПОС или веќе го направиле трошокот за интерконекција, при што купонот делува како кредит за идните трошоци од давателот или во некои ...

За да се вработат, односно да добијат дозволи за работа и престој, граѓаните на Србија, Македонија и Албанија повеќе не мора да губат време одејќи во институциите, како што се Министерството за внатрешни работи (МВР) и Канцеларијата за вработување, туку целиот процес се одвива електронски. На крајот се добива потврда врз основа на која може да се бара работа. Целата процедура се очекува да трае 30 дена. Оваа мерка стана достапна на 5 март, а ...

Криминалот и корупцијата на власта ги изедоа парите, растот на БДП е 1 %, а јавниот долг од 62,1 % ја надмина дозволената граница, предупредува потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во интервју за „360 степени“ на МТВ Димитриеска- Кочоска зборува за катаклизма во буџетот, за банкрот затоа што навистина состојбата е вели алармантна. Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ако ги гледаме податоците ние вели имаме ...

Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување. Со одлуката, БОЈ се откажува од политиката воведена во 2016 година – надомест од 0,1 проценти за одредени ...

Овчарите и годинава ќе можат да користат субвенции за платите во висина до 100 проценти од месечните нето примањата во оваа дејност. Помошта е предвидена во програмата за рурален развој зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики. За оваа намена се обезбедени 40 милиони денари … За чување и пасење на овци, кози и говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри сточарите можат да добиваат ...

Економијата на Финска најверојатно ќе се намали повеќе и порано од предвиденото, бидејќи рецесијата што започна минатата година ќе продолжи и во 2024-та година, предупреди централната банка на скандинавската земја. Регулаторот сега очекува бруто домашниот производ (БДП) на Финска да се намали за 0,5 отсто во 2024-та година, продолжувајќи го минатогодишниот пад од 1 отсто, според неговите најнови прогнози објавени во петокот. Во декември тој ...

Европската унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија за да ги смири земјоделците и некои земји-членки, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со планот. Се очекува Европската комисија во наредните денови да воведе царина од 95 евра по тон за житариците од Русија и Белорусија, соопшти ФТ, додавајќи дека царини од 50 отсто ќе бидат воведени и за маслодајните семиња и нивните производи. ...

Во 2023 година од државниот Буџет се исплатени повеќе средства за домашните отколку за странските инвеститори во С. Македонија. Соодносот е некаде 55:45 во полза на македонските компании, со што за прв пат во историјата домашните инвеститори ја добиваат вистинската и, секако, реално заслужената предност, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ на гостувањето на емисијата Аргумент плус на ТВ 24. Во изминатите години постигнат е ...

Македонија е на 54 место според Индексот на глобални можности (Global Opportunity Index) за 2023 година кој ја мери привлечноста на земјата за меѓународните инвеститори. На претходната ранг листа земјава беше на 53 позиција Институтот Милкен го дизајнирал овој индекс со цел да им помогне на инвеститорите кои бараат можности надвор од нивните локални пазари. Индексот се базира на 100 индикатори класифицирани во пет категории: деловната ...

Во 2023 година, Германија забележа дефицит од 2,29 милијарди евра во меѓународната трговија со електрична енергија, објави во понеделникот весникот Augsburger Allgemeine, цитирајќи податоци од регулаторот. Минатата година Германија увезла 54 теравати електрична енергија, во вредност од 5,7 милијарди евра. Извезе 42 теравати, во вредност од 3,5 милијарди евра. Билансот на трговијата со електрична енергија на тој начин покажа минус, за прв пат по ...

Индија има план да биде меѓу петте најдобри светски производители на полупроводници во следните пет години, изјави Ашвини Ваишнав, министер за електроника и информатичка технологија, железници и комуникации. Индустријата за чипови „е многу сложен пазар, а глобалните ланци на вредности и глобалните ланци на снабдување се екстремно сложени во сегашниот контекст“, рече Ваишнав во петокот на Си-Ен-Би-Си. „Сметаме дека во следните пет години ќе ...

Недоволната конкуренција е една од главните причини зошто цените на прехранбените производи во Македонија се неколку пати повисоки во однос на цените во земјите на ЕУ. Готовиот производ поминува низ повеќе нивоа во трговскиот процес. Од фабрика или увозник, преку дистрибутери стигнува до малопродажни објекти. Цените на пазарот за овие услуги, за големите компании е поевтина, а за малите е поскапа или едноставно кажано, имаме различни цени за ...

СДСМ успеа со правилни политики да се инсталираат над 600 мегавати обновливи извори на енергија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју на утринската програма на „Слободен печат“. Говорејќи за справување со предизвиците од најголемата економска и енергетска криза, Ковачевски посочи дека Владата предводена од СДСМ, успеа со правилно менаџирање кризата да ја претвори во ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за ...

Инфлацијата во ЕУ постепено и постоја о паѓа од врвот кој г достигна во октомври 2022 година, кога беше 11,5%. Во јануари 2024 година годишната инфлација во ЕУ беше 3,1%, што е пад за 3,4% во декември според податоците на Евростат. Ваквата ситуација е во целосна спротивност на истиот период минатата година, кога стапката на инлфација беше 10%. Истовремено, годипната стапка на инфлација во еврозоната беше 2,8% во јануари 2024 година, што е пад ...

Секој клиент кој ќе ја префрли платата во УНИБанка во период од 01.03 до 30.06.2024, ќе добие бонус од 2000 денари. Ако од една банка очекувате партнерски однос, доверба и услуги прилагодени на Вашите потреби, тогаш дефинитивно треба да се одлучите за УНИБанка АД Скопје. Овде, секој клиент е важен. Направете промена и префрлете ја платата во УНИБанка. Секој клиент кој ќе ја префрли платата во УНИБанка во период од 01.03 до 30.06.2024, ќе добие ...

Следејќи ги своите заложби за унапредување на финасиската писменост, НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите (GMW) која почнува денес, и до 24 март ќе се одбележува низ целиот свет. Глобалната недела на пари е интернационална годишна кампања која вообичаено има за цел да ги инспирира децата и младите да научат за парите, штедењето, обезбедувањето средства за егзистенција, да им помогне при вработување и ...

86% од граѓаните никогаш не користеле е-услуга од својата општина, покажа истражување на УНДП за користењето на дигитални алатки од страна на граѓаните и креирање проценка на дигиталниот јаз. Истражувањето, правено со цел да се утврдат главните предизвици за пристапноста до ИТ алатките и дигиталната писменост кај граѓаните, открива доминантен недостаток на свесност за користење на општински услуги онлајн. Речиси половина (48%) од испитаниците ...

Кинеските економски податоци за првите два месеци од оваа година објавени во понеделникот ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Продажбата на мало се зголеми за 5,5%, подобро од зголемувањето од 5,2% што се очекуваше во анкетата на Ројтерс, додека индустриското производство порасна за 7%, во споредба со проценките за зголемување од 5%. Инвестициите во основни средства се зголемија за 4,2%, повеќе од проценките на аналитичарите од 3,2%. ...

Пратениците беа едногласни кога минатата недела на 148. седница на законодавниот дом го донесоа Законот за забрана на нефер трговски практики со кој се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена, како што ММС и претходно пишуваше, се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите, но и да запре ...

Почнувајќи од следниот месец, пензиите од најниската категорија во Македонија ќе забележат скромно зголемување од 600 на 800 денари. Сепак, приспособувањето од 5,3 проценти не успева да го одржи чекорот со растечките трошоци на живот. Влијание на зголемувањето на пензиите врз пензионерите со најниски примања Приближно 40% од пензионерите, вкупно 140.000 физички лица, припаѓаат на групата со најниски примања, кои преживуваат со скудни месечни ...

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, од денеска до 24 март, дванаесетта година по ред, ја одбележуваат Глобалната недела на парите. Глобалната недела на ...

МВР-билтен

47 минути - МИА
weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1023
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
70%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 15ᴼ
0.0
72%
1020
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
67%
1026
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.95
51%
1024
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1021
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
6.26
57%
1020
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1021
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
56%
1022
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
65%
1021
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409