Владите на Европската унија годишно губат 286,5 милијарди евра приход, или 33 милиони на час или БДП на една Финска, бидејќи не успеваат правично да ги оданочат најбогатите Европејци. Тоа би бил износот што би можел да го донесе данокот на богатство од 5 отсто, според анализата на Оксфам. Само еден процент од најбогатите во Европа поседуваат речиси половина од финансиското богатство на континентот, вклучувајќи банкарски депозити, акции, ...

Македонската економија годинава ќе има раст од 2,7%, следната година од 3,7% отсто, а во 2026 година од 3,5%, предвиде Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот економски извештај. Како што се наведува во извештајот, инфлацијата годинава ќе биде 4%, а во следните две години ќе се намали на 2,5% во 2025 година а во 2026 на 2%. ММФ оценува дека во регионот земјава ќе има најнизок раст, а дека имаме висок буџетски дефицит и висок јавен долг. ...

Европската централна банка (ЕЦБ) е решена да ги намали каматните стапки за кус рок, објави нејзината претседателка Кристин Лагард. Лагард рече дека ЕЦБ ќе ги следи цените на нафтата „многу внимателно“ поради зголемените стравувања од прелевање од конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, по невидениот воздушен напад на Иран врз Израел во текот на викендот, таа рече дека реакцијата на цената на нафтата била „релативно умерена“, пишува SEEbiz. ...

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“ Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста ...

Најголем пад на населението имаше Македонија, која во 2022 година имаше 11 отсто помалку жители отколку во 2012 година. Хрватска загуби 9,66 отсто од своите жители, а Бугарија 9,07 отсто. Грубо кажано, само за десет години овие три земји го загубија секој десетти жител! НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЈУГОТ СЕ СЕЛИ НА СЕВЕРОТ НА ЕВРОПА И ТОА НИКАКО ДА ЗАПРЕ Демографскиот пад на Хрватска е доста познат факт, но всушност е проблем за сите земји на Балканскиот ...

На 16 април 2024 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите ...

Тркалезна маса посветена на фриленсерството во Северна Македонија ќе се одржи денеска, организирана во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Ќе се дискутира за новите нестандардни форми на вработување, со фокус на промовирање на фриленсерството преку дигитални платформи, како можност за самовработување и генерирање ...

Најнизок раст во регионот, висок буџетски дефицит и голем јавен долг. По Извештајот на Светска банка минатат недела, денеска и ММФ од Вашингтон со загрижувачки прогнози за македонската економија. Годинава растот ќе изнесува само 2,5%, инфлацијата 3%, со ризик да биде повисока, поради зголемените плати во јавниот сектор и повисокиот минималец . Минусот во државаната каса надмина 5%, а обврската за изградба на автопатите и повисоките плати на ...

Сите твои секојдневни банкарски трансакции може да дојдат во еден пакет и тоа да те чини помалку од тоа што си плаќал досега како надоместоци за користење банкарски услуги. И најдобро од сѐ е што во еден пакет ги добиваш банкарските производи и услуги кои навистина ти се потребни. Звучи добро и функционира беспрекорно. Модерното банкарство веќе не завршува само со 24/7 достапни банкарски производи и услуги, туку ти нуди и многу повеќе – ...

Годишната потрошувачка на инфлација во Аргентина се искачи на нов рекорд од речиси 288 отсто во март, покажуваат податоците објавени во петокот. На годишно ниво инфлацијата во март порасна на ново рекордно ниво од 287,9 проценти , соопшти националниот Институт за статистика. На месечно нивом индексот на потрошувачките цени (ЦПИ) во март пораснал за 11 отсто во однос на претходниот месец, откако во февруари беше зголемен на 13,2 отсто. ЦПИ ...

Економистите од Институтот за економски анализи и политики Фајнанс Тинк спроведе истражување во однос на справувањето со енергетската и криза и предизвиците кои произлегоа со високата инфлација, особено кај храната. Освен за земјава, експертите дополнителен акцент ставија и на фискалниот простор на државите од цел Западен Балкан. Според институтот целта е да се изврши преглед на фискалниот простор на земјите од Западен Балкан, кој беше ...

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), дел од Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), потпиша договори за гаранција за портфолио со 11 банки и финансиски посредници во економиите на Западен Балкан, финансирани во рамките на иницијативата на ЕУ „Гаранција за отпорност на МСП на WB EDIF“. Договорите ќе им овозможат на локалните банки и финансиски институции да изградат портфолио на заеми за мали и средни претпријатија во вкупен износ од ...

На девизните пазари вредноста на американската во однос на кошницата валути во вторникот во текот на претпладневното тргување достигна ново највисоко ниво во пет месеци, бидејќи доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладневно се движи околу 106,37 поени, додека вчера во истиот период од ...

Објавен е јавниот повик и за третата мерка од ИПАРД 3, за поддршка на инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба со вкупен буџет од 14 милиони евра. Кофинансирањето е 50 проценти од вложените средства. Преработувачите на земјоделските производи и задругите можат да аплицираат на новиот јавен повик од ИПАРД 3. Платежната агенција го објави огласот за поддршка на инвестициите во основни ...

Брзите кредити под засилена контрола Повеќе нема издавање брз кредит без физичко присуство на клиентот што го бара кредитот. Оваа измена во работењето на финансиските друштва доаѓа откако Министерството за финансии го донесе Правилникот за утврдување кредитен ризик, со што се врши системска контрола на финансиските друштва кои нудат брзи кредити. Тоа подразбира идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик, што вклучува и ...

Аспирациите на Бугарија да се приклучи на еврозоната во 2025 година се соочуваат со значителни пречки бидејќи економското забавување и политичката неизвесност претставуваат огромни предизвици, се вели во неодамнешната анализа на Светска банка, пренесува бугарскиот весник Новините. Во 2023 година, Бугарија доживеа забавување на нејзината економија, пресликувајќи ги трендовите забележани кај клучните трговски партнери. Додека инфлацијата ...

„Во последен момент, Украина одеднаш се повлече и договорот пропадна“, рече еден од изворите. Русија и Украина два месеци преговараа со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море и постигнаа договор за текст што требаше да го објави Анкара, но Украина одеднаш се повлекла. Ова го јавија турски медиуми повикувајќи се на агенцијата Ројтерс, кои имале и копија од текстот на договорот, кој никогаш не беше објавен во ...

Во повеќе од половина од 75 најсиромашни земји во светот, и покрај ивниот голем потенцијал во суровини и активна млада популација, БДП по жител во 2023/2024 година растел побавно отколку во богатите земји, што ја зголемува нееднаквосра, соопшти Светска банка. За една третина од тие земји БДП по жител сега е понизок отколку пред пандемијата на КОВИД-19, пишува во извештајот кој Светска банка го објави за земјите кои би можеле да имаат корист од ...

Владата на САД е еден од најголемите сопственици на криптовалути во светот, заедно со Обединетото Кралство и Германија, покажуваат податоците на Arkham. Arkham е крипто-известувачка платформа и претставува надзорна плоча која ги прикажува владите со најголем крипто-имот. Од Arkham велат дека САД, Обединетото Кралство и Германија се некои од најголемите земји во смисла на крипто-холдингот. Со новата алатка на Arkham за следење поединци можат во ...

Индустриското производство во февруари во Европската унија е зголемено за 0,7 отсто во однос на годинешниот јануари, откриваат новите податоци на Евростат. Најголем месечен раст е забележан во Ирска (3,8 отсто), Унгарија (3,5 отсто) и Словенија (3,3 отсто), објави Даница.хр. Најголем пад на индустриското производство во февруари забележа Хрватска, дури 4,6 отсто во однос на јануари. По нив следуваат Литванија со пад од три отсто и Белгија со ...

Цените на златото продолжија да лебдат близу рекордно ниво откако се разгореа тензиите на Блискиот Исток, зголемувајќи ја привлечноста на златото како безбедно засолниште. Цените на златото достигнаа уште едно рекордно високо ниво на затворањето во понеделникот, при што најактивниот јунски договор за фјучерси на злато се зголеми за 0,37% до 2.383 долари за унца, при што некои велат дека се уште има простор за раст. „Неодамнешниот раст на ...

Во пресрет на парламентарните избори, дел од партиите најавија во својата програма пензиска реформа и можност да се коригира возрасната граница за пензионирање во земјава. Во Македонија, во пензија се оди со навршени 64 години возраст за мажите, а за жените со 62 години, со можност да се продолжи до 64 години. Многу влади низ светот веќе сметаат дека 65 години е застарена возраст и сакаат да ја сменат старосната граница за пензионирање. Па ...

Биткоинот се врати од својата најголема продажба во повеќе од една година, што е ран показател за претстојната нестабилност на пазарите на средства. Најголемата криптовалута напредуваше за 3,9 отсто на 64.400 долари во неделата наутро, откако претходно скокна за дури 8,3 отсто. Помалите монети како што се Polkadot и Uniswap добија повеќе од 10 проценти. Иран лансираше нападни беспилотни летала и проектили против Израел како очигледна одмазда за ...

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска преку статус на социјалните мрежи реагираше на прозивките од страна на функционерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Совет на Град Скопје, Трајко Славески. Битиќи во својата објава порача дека ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за наводно зголемување на пензиите може сериозно да го загрози Фондот за пензиско осигурување. „Вие и вашата партија сте познати само по движењето контра, и никогаш напред, ...

На покана на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Централната банка на Франција, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на „Регионалниот форум за развој на капацитетите“, организиран од овие две институции, зборувајќи за позитивните достигнувања на нашата централна банка во сферата на транспарентноста, макроекономското моделирање и стрес тестирање на банкарскиот систем, за коишто поддршката од ММФ беше од исклучително значење. ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Согласно последната одлука на РКЕ, сите горива поскапеа. За еден денар поскапе ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари поскапе дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Ова се моменталните цени на горивата: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – ...

Начинот на управување со кредитниот ризик е пропишан со новиот Правилник кој е донесен од Министерството за финансии и кој е основа за системска контрола во работењето на финансиските друштва. Финансиските друштва коишто работат на територијата на државата од почетокот на овој месец имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик за идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик којшто вклучува меѓу другото ...

Источниот регион доби нов лик, буквално нема патен правец кој не е реконструиран изминативе години. Министерството за транспорт и врски во континуитет работи на модернизација на регионалната, но и локалната патна инфраструктура во сите општини, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој беше во работна посета на општина Кочани. Министерот Бочварски изврши увид во реконструкција на локалната улица Борис Трајковски, која се ...

На почетокот на овој месец, Бајден најави мерки за олеснување на студентскиот долг од кои ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци. Ова е клучно прашање за младите гласачи, чија поддршка му е потребна на демократскиот претседател пред изборите во ноември. Бајден минатата година вети дека ќе најде други начини за борба против студентскиот долг, откако Врховниот суд во јуни го блокираше неговиот поширок план за отпишување долг од 430 ...

Приходите наплатени од Царинската управа (ЦУ) во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или седум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска ЦУ. Според директорот на Царинската управа Стефан Богоев, резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината. Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во Буџетот, односно повеќе пари за изградба на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1023
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
60%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 19ᴼ
0.51
66%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 16ᴼ
2.57
44%
1025
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
45%
1024
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
90%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1022
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1023
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
59%
1021
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
68%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409