Македонија во последниов период е сведок на покачување на цените. Просто човек не знае кој производ ќе изненади со нова цена. И еве сега стапи во сила одлуката за поскапување на полисите за задолжително автомобилско осигурување. Едноставно, вчера Национално биро за осигурување ги извести осигурителните компании дека треба да наплатнуваат по цената зголемена за 15 отсто. Дали ова мораше да се случи? Оправдана ли е волку многу зголемената цена? ...

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 25 април 2024 година, го усвои Годишниот извештај на Народната банка за 2023 година, во кој се наведува дека мерките и политиките на Народната банка спроведени минатата година, овозможија успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и справување со инфлацијата, којашто од највисокото ниво од 19,8% во октомври 2022 година, се сведе на 3,6% на крајот на 2023 година, без притоа ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави првиот јавен повик во рамките на ИПАРД III програмата! Оваа иницијатива нуди финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и пласман на земјоделски и рибни производи. Со 75% финансирање од ИПАРД програмата на ЕУ и 25% од националниот буџет, оваа можност е насочена да поттикне раст и иновации во агри секторот. Вкупна финансиска поддршка е: ...

Економијата на САД забави во првиот квартал, одразувајќи го забавувањето на личната потрошувачка, извозот и државните трошоци, покажаа првите проценки на Министерството за трговија во четвртокот. Во периодот од јануари до март американскиот бруто домашен производ (БДП) е зголемен за три отсто во однос на истиот период лани, пресмета Министерството. Во четвртиот квартал минатата година тој порасна за 3,1 отсто. Тримесечната споредба покажува ...

На Бугарија ќе и недостасуваат милијарди лева за финансирање на националниот план за закрепнување и одржливост во областа на енергетиката, носејќи одлуки што ќе го отежнат добивањето пари. Пред изборите и во очи на протестирачките рудари и енергетски работници, кои без преседан беа поканети на собраниската седница, пратениците денеска го одложија разгледувањето и гласањето за ажурираниот патоказ за климатска неутралност. Ова е клучен документ ...

Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјоделско земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска поддршка. Барателот ќе треба да поднесе изјава заверена на нотар во рок од 20 дена од денот на известувањето од страна на Платежната агенција за неплатените долгови. Во случај кога барателот нема да достави согласност, одобрената помош што им следува не се ...

Унијата на млади претприемачи „Феникс Рајзинг“ иницираше подготовка на Декларација за поддршка на младите претприемачи. Имено, станува збор за јавен документ за афирмација на младите претприемачи во Македонија. Имајќи предвид дека сме во ек на предизборна кампања за парламентарните избори, оваа Декларација е понудена до сите политички подмладоци и партии кои се дел од изборниот процес. Декларација обработува повеќе важни теми за младите ...

Венецуела оваа година планира да се приклучи кон БРИКС и веќе се смета за дел од таа организација, изјави денеска шефот на дипломатијата, Иван Хил Пинто. „Венецуела се чувствува како дел од БРИКС и работи на тоа наскоро да стане полноправна членка“, рече Пинто на прес-конференцијата во Каракас, која венецуелската Влада ја организираше заедно со руската Амбасада, пренесуваат руските медиуми. Министерот додаде дека БРИКС „е немилитаристички и ...

ССМ ќе побара враќање на трошоците за храна и превоз во висина од 20 проценти од просечната плата Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) за 1 мај најави протест и ќе бара минималната плата да се зголеми на 450 евра. ССМ ќе побара враќање на трошоците за храна и превоз во висина од 20 проценти од просечната плата и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра, уште во првите 100 дена на новата влада. Ова го најави претседателот на ...

Секој ден е нов предизвик кога станува збор за личните финансии. На сите нас ни се многу важни правилното управување со личните финансии, разните плаќања, планирањето на иднината и следењето на дигиталните новитети во банкарскиот свет. И сето тоа може да биде многу едноставно средено кога доаѓа во еден пакет и со пониска цена од редовните цени на банкарските производи и услуги. Банкарските пакети се атрактивно финансиско решение затоа што ...

Второто издание на Стартап Викенд Охрид ќе се одржува од денеска до 28 април во просториите на универзитетот„Апостол Павле”. Целна група на овој настан, како што велат организаторите, се млади професионалци од цела држава кои сакаат да започнат свој старап бизнис или да ја развијат нивната иноватива идеја. Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една ...

Од вчера има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата. Новите цени се повисоки за 15 отсто и се однесуваат за автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати останува иста. Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари, според новите цени за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Оние со возила со мотор од 55 до ...

Руското Министерство за економија ја зголеми прогнозата за раст во 2024-та година и покрај санкциите наметнати од Западот поради војната во Украина. „Бруто домашниот производ на земјата годинава ќе порасне за 2,8 отсто“, рече министерот за економија Максим Решетников на владината седница во вторникот. Претходно се предвидуваше економски пораст од 2,3 отсто. „Главен фактор на раст останува побарувачката на домашните потрошувачи и инвестициите“, ...

Новите земјоделци и новите фирми и годинава треба да се запишуваат во регистарот на земјоделските стопанства. Крајниот термин за пријавување ќе трае сè додека се поднесуваат апликациите за финансиска поддршка. Евиденцијата е еден од условите за нејзиното добивање. Промените во сопственичката структура исто така мора да се пријават во Регистарот … Новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми ќе можат да се запишат и да се евидентираат во ...

Марк Цукерберг ја започна конференцијата за резултатите на Мета зборувајќи за вештачката интелигенција. Потоа премина на метаверс, пофалувајќи ги слушалките, очилата и оперативниот систем на неговата компанија. Речиси целиот свој воведен говор го фокусираше на многуте начини на кои Мета губи пари. Инвеститорите не беа за тоа. Акциите на Мета паднаа за дури 19% во продолженото тргување во средата, со што се збришаа над 200 милијарди долари ...

Одличен почеток на годината со заклучок на аквизицијата на компанијата Strauss Adriatic, како и силен раст на продажбата и профитабилноста. Atlantic Grupa во првото тримесечје од 2024 година забележи приход од продажба во износ од 236,6 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 9,8%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 20,3% на 25,2 милиони евра, додека нето добивката порасна ...

– Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) традиционално на 1 Мај ќе излезе на протести на кои годинава ќе побара враќање на трошоците за храна и превоз во висина од 20 проценти од просечната плата и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра, уште во првите 100 дена на новата влада, најави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. -Ние работницитe излегуваме на протест и на 1 Мај. Ќе побараме враќање на трошоците за храна и ...

Банките немаат право да наплатат повеќе за трошоците за обработка на кредитите, а граѓаните кои платиле може да побараат враќање на средствата. Така барем смета црногорскиот центар за заштита на потрошувачите, повикувајќи се на неодамнешната пресуда на Вишиот суд за случајот со банка. Додека Централната банка на Црна Гора укажува на обврската на банкарите да го усогласат своето работење со таа пресуда, од Здружението на банки најавуваат дека ќе ...

Владините мерки почнаа од 1 декември, а со нив беа опфатени 120 илјади млади лица, повеќе од 74 илјади социјално ранливи категории граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании… Вчера на сметките на корисниците на посебен додаток и на правото на надоместок заради попреченост, како и на самохраните родители, кои се евидентирани ...

Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година. Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани. ...

Според, пресметката на ССМ, најмногу пари во месецот или нешто над 22.000 денари, едно четиричлено семејство троши на храна и пијалаци. Месечните трошоци продолжуваат да растат. Во април, минималната синдикална кошница изнесува 60.212 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. По ова може да се види дека во споредба со претходниот месец, на едно четиричлено семејство сега му се потребни дополнителни 1.214 денари за да ги покрие ...

Денеска во Скопје на прес-конференција беше претставена новоформираната фондација „Центар за дигитална трансформација ГоДигитал Скопје“, која има за цел да придонесе за дигиталната трансформација на малите бизниси во земјава. Настанот се одржа во присуство на основачите на Центарот од Македонија2025 и бројни претставници од партнерските организации, медиумите и други заинтересирани страни. Центарот „ГоДигитал“ е основан со цел да ја унапреди ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година изнесува 39.276 денари, објави Државниот завод за статистика. Оттаму соопштија и дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 58.967 денари. Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во споредба со февруари 2023 година, изнесува 116,5. Ваквото зголемување се ...

Во Стопанската комора ќе бидат официјално соопштени и доделени грантовите во Северна Македонија од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), кои беа објавени неодамна, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот. -По три отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 16 проекти со 85 партнер-претпријатија во ...

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.876,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.069,26 поени, лондонски FTSE 100 на 7.986,75 поени, а московскиот MOEX на 3.467,83 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 37.986,40 поени пред денешното отворање на берзата, додека индексот S&P 500 падна на 4.967,23 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.282,01 поени. Според податоците од берзата, ...

Fidelity Digital Assets ја задржа својата позитивна краткорочна перспектива за битцоинот по првиот квартал, но ја ревидираше својата среднорочна перспектива врз основа на неколку параметри. Fidelity Digital Assets ја ревидираше својата среднорочна перспектива за биткоинот од „позитивен“ на „неутрален“ по првиот квартал, наведувајќи неколку метрики кои сугерираат дека биткоинот повеќе не се смета за „евтин“ во услови на потенцијално зголемување ...

Деновиве се понудија разни програми со кои се најавуваше формулата за спречување на одливот на млади луѓе и истите тие да се задржат да бидат дел од македонската економија. Дел од тие програми и решенија комично се поврзува со нашиот евентуален влез во Европската Унија (ЕУ). Имено, како што покажува искуството речиси на сите постсоцијалистички земји, станувањето членка на ЕУ нема да го намали извозот на работна сила туку, напротив, најверојатно ...

Тркалезна маса на тема „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“ организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), која е дел од меѓународниот проект „Гриновет“ (Greenovet). Во овој проект се вклучени 18 европски партнери и е кофинансиран од образовната програма на ЕУ Еразмус+. Како што соопшти ССКМ, ќе бидат презентирани достигнувањата во областа и споделени искуства од бизнис-секторот, во насока ...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,09 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,03 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,70 на 154,75 јени. Со оглед на тоа што доларот лебди на највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти се закануваат дека ќе интервенираат ...

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1023
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
60%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 19ᴼ
0.51
66%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 16ᴼ
2.57
44%
1025
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
45%
1024
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
90%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1022
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1023
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
59%
1021
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
68%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409