Работењето на Групацијата Триглав до одреден степен е изложено на ситуацијата што произлегува од војната во Украина и поврзаните санкции против Русија и Белорусија. Групацијата проценува дека нејзината моментална изложеност е ограничена и ниска и дека неизвесноста во иднина ќе произлезе главно од влијанието на оваа ситуација на финансиските пазари. Во согласност со воспоставената практика, Групацијата ќе продолжи да обезбедува транспарентни ...

Националното биро за осигурување (НБО) од својот гарантен фонд ќе ги покрие сите евентуални штети од украински возила што превезуваат бегалци до 30 јуни годинава. Одлуката ја донесоа со консензус сите 11 компании за неживотно осигурување. Сите лица со статус на бегалци од Украина на влез во нашата земја ќе бидат ослободени од плаќање на гранично осигурување. Оваа одлука ја донесе Националното биро за осигурување (НБО) во координација со ...

Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај последните случувања во Украина, кои значително го менуваат глобалниот економски контекст. Денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен, за што гарантира богатиот монетарен инструментариум на Народната банка, а пред се високото ниво на девизни резерви. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со претставниците на Европската ...

На 28.3.2022 година официјално беше отворена нова експозитура во Гостивар на Шпаркасе Банка АД Скопје, опремена по највисоки стандарди во банкарскиот сектор, каде што на клиентите им се обезбедува индивидуално корисничко искуство. Експозитурата се наоѓа на ул. Илинденска 294А. На свеченото отворање присуствуваа многубројни гости и клиенти на Банката од општина Гостивар како и членови на Управниот одбор. Тие се обратија пред присутните, при ...

Дополнителната девизна ликвидност од 400 милиони евра ќе ѝ биде на располагање на Народната банка преку репо-линијата на Европската централна банка (ЕЦБ) уште речиси една година. ЕЦБ донесе одлука со која се продолжува можноста за Народната банка за користење на репо-линијата до 15 јануари 2023 година. Репо-линијата е само уште еден заштитен слој, имајќи го предвид високото ниво на девизни резерви и високата ликвидност на банките, коишто ја ...

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 29 март (вторник). Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 29 март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка ...

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец март од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. Со пензиите за месец март, ...

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од утре (29-ти март 2022 година), ќе врши исплата на пензијата за месец март на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Oд 29.3.2022 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на ...

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на мартовските пензии од утре, 29.03.2022 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од утре и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец март 2022 ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 29 март 2022 година во четири групи. Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да ...

НЛБ Банка го зајакнува својот маркетинг тим на успешни професионалци во Службата за развој на продукти, CRM и маркетинг и нуди можност за професионален развој и работа во динамична средина. Улога во тимот: Потребни квалификации и компетенции: Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на соодветната работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk со назнака за Советник за маркетинг, ...

Русија примени реципрочна мерка и го ограничи готовинскиот тек кон „непријателските земји” како одговор на замрзнувањето на дел од нејзините резерви, соопшти денеска руската централна банка. Банката на Русија потсетува дека како одговор на западните санкции, Владата веќе забрани продажба на хартии од вредност на странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем. „Покрај тоа, исплатата на ...

Финансиската благосостојба на населението е наша обврска и одговорност. На тоа нè потсети и годинашното јубилејно 10-то одбележување на Глобалната недела на парите под мотото „Изгради ја својата иднина, биди паметен со парите“. Глобалната недела на парите е кампања која има за цел да ги поттикне младите да станат финансиски писмени за да си обезбедат финансиска благосостојба и независност. Во името на оваа глобална и ...

Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Својата професионална кариера ја започна во 2003 година во Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Дирекцијата за монетарна политика и истажување, кадешто држеше различни позиции, а во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Во своето ...

Една од најособените, од вкупно 206, претставки што ги доби АСО е таа во која на осигуреник не му беше продолжено осигурувањето поради тоа што во меѓувреме му бил дијагностициран рак. АСО ги соочи двете осигурителни компании (од кои едната го предава, а другата го превзема осигуреникот) и ги разгледа условите и аргументите на трите страни. Случајот беше решен позитивно. При што двете компании се усогласија, а осигуреникот доби полиса за ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека експозитурата на банката во Гостивар (ул. Илинденска бр.109) на ден 25.03.2022г. (петок) ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 13:00 часот додека експозитурата на Ул. Илинденска бр.12 ќе биде затворена поради преселба на новата локација на , ул. Илинденска бр.294А. Од понеделник 28.03.2022 година ќе започне со работа новата експозитура на ул. Илинденска бр.294А со ...

Стопанска банка а.д. Битола ги прилагодува своите производи согласно потребите на категориите на клиенти за кои истите се наменети. Истовремено, со постојани новитети ги следи и најновите модерни трендови на дигитализација во банкарството. Новиот единствен пакет за млади е наменет за лица 18-25 години, постоечки или идни клиенти на банката. Пакетот ги содржи најдобрите услуги и дигитални производи на банката кои клиентите од категоријата ...

Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. Македонските денари се емитувани во форма на банкноти, монети и ковани пари за колекционерски цели. КОВАНИ ПАРИ (МОНЕТИ) ВО ОПТЕК Кованите пари со пониска апоенска вредност од 1, 2 и 5 денари ...

Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. Постои дефиниција за парите што вели дека поимот „пари“ е генеричко име на сите книжни и ковани пари. За да дознаеме каде започнува приказната за парите, треба да се вратиме назад во времето на каменото доба… КАМЕНО ВРЕМЕ Во тоа време луѓето живееле во мали заедници. За да ги извршат своите ...

Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ...

Изминативе години сме соочени со негативни влијанија и последици предизвикани од пандемската криза, кои го отежнаа работењето на голем број економски сектори, и на кои осигурувањето не остана имуно. Иако осигурителниот сектор бележи раст од 15%, генерално во изминатата година, со скоро подеднаков процентуален раст и во неживотните осигурувања и во осигурувањето живот, сепак во најголем дел тоа е тој резултат e последица на намалената ...

Македонска берза АД Скопје известува дека денес на ден 22.03.2022 година – Вторник, на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), од страна на продавачот Еуростандард банка АД Скопје – во стечај ќе се понудат за продажба 890 обични акции издадени од Централен Депозитар ...

Започнувањето на конфликтот помеѓу Русија и Украина предизвика висок пораст на цената на нафтата, но покрај нафтата, висок пораст бележи и најблагородниот метал – златото. Русија е една од земјите со најголеми резерви на злато кои бројат 2.300 тона злато кое е проценето на вредност од околу 140 милијарди долари, но попусто бидејќи нема купувачи за руското злато. Овие огромни резерви се создадени во последната деценија и пол и беа ...

Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 проценти на годишна основа што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата. На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на домаќинствата, информира Народна банка. Кај кредитите се бележи раст од 8,9 проценти на годишно ...

Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. Годинешнава тема „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“ (Build your future, be smart ...

НЛБ Банка АД Скопје, една од водечките банки во Република Северна Македонија, има потреба од ангажирање на надворешни проценувачи / консултанти за проценка на пазарна вредност на различни видови на имот лоциран на територијата на државата. Основната задача според договорниот ангажман е изготвување на проценки за пазарната вредност на недвижен имот, подвижен имот, машини, опрема и транспортни средства при воспоставување на заложно право ...

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ...

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Службата за развој на продукти, CRM и ...

Цените на нафтата рано утринава бележат нов висок пораст од шест проценти. Цените се вратија блиску до 110 долари за барел, поради тоа што вестите за мировните преговори меѓу Русија и Украина не се охрабрувачки. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар достигна 109,15 долари, што претставува раст од шест проценти во однос на вчера. Барелот на американската берза поскпе за 2,56 проценти и се тргува за 106,52 долари. Во претходната недела ...

Кибернападите се данокот за брзиот глобален технолошки развој. Од друга страна, напредната технологија нуди поразновидни и поевтини услуги во финансискиот сектор. Со цел да се искористат предностите коишто ги носи финтек-секторот, потребно е да му се обрне поголемо внимание на развивањето соодветен систем и механизми за успешен одговор на кибернападите. Денеска, во Народната банка беше организирана работилница со новинарите на тема ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
74%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
94%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
82%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Калај

46.91