Сега е вистинско време да почнете да штедите за вашите најмили. Халкбанк АД Скопје, по повод месецот на штедење октомври, започна промотивна кампања за детското штедење Халки, со каматни стапки кои достигнуваат до 1,7 отсто. Промотивните каматни стапки се однесуваат на сите новоотвоени депозити до 31 октомври, кога се одбележува Меѓународниот ден на штедењето. „Годинава одлучивме октомври целосно да го посветиме на детското штедење, но и ...

Со цел одбележување на месецот на штедење, октомври, Стопанска банка а.д. Битола воведе промотивен депозит кој покрај најконкурентните каматни стапки се издвојува од останатите на пазарот по огромната поволност која ја има, исплаќање на каматата за вложените средства антиципативно, односно, на денот на уплата на влогот. Орочените средства може да бидат во денари или во евра, а минималниот задолжителен влог е 6.000 денари или 100 евра. Изборот ...

Животното осигурување и во вториот квартал од оваа година забележува раст што е позитивен индикатор за движењата на пазарот за осигурување. Растот од 9,62% во премија и 36,3% во бројот на продадени полиси ги прави овие класи со најголем раст на вкупниот пазар, покрај растот на здравственото осигурување. Значајно за забележување е дека класичното осигурување на живот оваа година има поголем апсолутен раст во споредба со осигурување на живот ...

Македонска берза од оваа година се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE) како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ (World Investor Week – WIW) во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities ...

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември минатата година бележат зголемување од 3,7 проценти, а цените на мало од 5,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0,1 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти. Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,4 проценти и ...

Халкбанк А.Д. Скопје ги известува своите клиенти дека филијалата во Струга, продолжува да работи на својата нова локација на Ул. Пролетерски бригади бр. 37. Филијала како и до сега ќе работи со полн капацитет во насока на обезбедување и исполнување на сите производи и услуги кои ги нуди банката (платен промет во земјата и странство, кредитирање на правни и физички лица, штедни влогови, трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA и ...

Бруто домашниот производ, во првата половина од оваа година, оствари раст којшто речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка, поттикнат и од кредитната поддршка од банкарскиот сектор. Се очекува натамошно постепено закрепнување на економијата, што во голема ќе зависи од закрепнувањето на нашите најзначајни трговски партнери, што, пак, е условено главно од ризиците поврзани со епидемиолошката состојба. За ова беше разговарано на ...

Светските пазари на капитал денеска растат, а најмногу зајакнаа акциите на берзата во Хонг Конг, додека нафтата поевтини. Главниот берзански индекс во Хонг Конг, Ханг Сенг, скокна за 2,41 проценти до попладневното тргување по локално време, поттикнат од растот на цените на акциите на кинеските технолошки гиганти Тенцент и Алибаба за 3,45 проценти, односно 5,54 проценти, јави “CNBC”. Јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 0,93 проценти, а Топикс ...

Фондот за осигурување на депозити ја известува јавноста дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56% од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно 12.228 депоненти. Вкупниот износ на пресметано обесштетување изнесува 4.179.607.269 ...

Рекордни 78 берзи меѓу кои и Македонска берза АД Скопје ќе учествуваат годинава во иницијативата на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“, како поддршка на кампањата „Светската недела на инвеститорот“, во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност. Иницијативата трае од 4 октомври до 10 октомври, при што берзите ширум светот одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, ...

Со цел да им заштедат време и средства на своите клиенти, Комерцијална банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје склучија Договор за соработка во делот на животното осигурување, по што нивните производи ќе бидат уште поатрактивни за корисниците. Новото партнерство има за цел да ја зголеми понудата на банкоосигурување на македонскиот осигурителен пазар и да обезбеди комплетна услуга за кредитокорисниците во Комерцијална банка. ...

НЛБ Банка доби признание за својот придонес во зголемување на свесноста за важноста на енергетската ефикасност, правејќи го заемот на GEFF (Green Economy Financing Facility) достапен за голем број домаќинства што ја намалуваа потрошувачката на енергија, а со тоа придонесоа кон намалување на загадувањето на животната средина, како и кон севкупниот успех на програмата GEFF на Западен Балкан. Во знак на благодарност за исклучителниот придонес, ...

Стопанска банка АД – Скопје од 5.10.2021 до крајот на 2021 година ги промовира потрошувачките кредити до 25.000 евра со интересна комбинација која вклучува подарок домаќинско осигурување за првата година и 100% попуст на административните трошоци. Оваа комбинација на кредитни и осигурителни производи им додава вредност на корисниците, овозможувајќи им да ги увидат предностите кои ги носи обезбедувањето, а потоа и да продолжат да го користат по ...

Подготовката на Националната стратегија за развој на финтек-секторот кај нас би завршила до крајот на годинава. За успешно да се изработи и да се спроведе Стратегијата, како една од стратегиските цели на Народната банка, е потребно активно вклучување на голем број институции. Оттука, во Народната банка беше остварена средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој ...

Вработените во Шпаркасе Банка во период од 05.10.2021-31.11.2021 со секој ЕКО километар поминат во пешачење, возење велосипед, планинарење, ќе овозможат да се собере поставената цел за донација кон „СОС Детско село“ во износ од 300.000 денари. Преку повикот за остварување на заеднички импакт од сите вработени. Шпаркасе Банка не само што ќе ја реализира донацијата кон „СОС Детско село“, туку и ќе ги поттикне и мотивира своите вработени за ...

За побарување од 7,3 милиони евра кон „Гофи“, поврзана со семејството на бизнисменот Трифун Костовски, Комерцијална банка АД Скопје активирала хипотека за два објекти. Притоа, меѓу нив не е објектот каде беше сместена пропаднатата „Еуростандар банка“, туку се работи за објектите познати како „Поштенска банка“ на ул. Никола Кљусев бр.6, а вториот објект е т.н. „Палата Македонија“ на улица Македонија, во строгиот центарот на Скопје, пренесува ...

Вкупните средства на задолжителните и доброволните пензиски фондови во 2020 година достигнаа 89,5 милијарди денари, односно скоро 13,5% од бруто-домашниот производ за 2020 година. Иако, глобалната здравствена и економска криза краткотрајно ги измести трендовите на нагорно движење на параметрите на задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, така што се забележаа надолни поместувања на крајот на првиот квартал од ...

И овој октомври, во светскиот месец на штедење, Халкбанк АД Скопје го активира ПРОМО депозитот, кој нуди можност за орочување на средствата на 13 и 25 месеци. Каматните стапки на ПРОМО депозитот се навистина атрактивни, со оглед на актуелниот момент и понудата на пазарот. Па така, кај депозити орочени на 13 месеци, каматата изнесува 1 отсто за заштеди во денари, односно 0,80 отсто за депозити во евра. За орочување на период од 25 месеци, ...

УНИБанка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. “Ве известуваме дека Гувернерката на НБРСМ, со решениe бр.15-24154/3 од 23 септември 2021 година, издаде претходна согласност за именување на г-дин Дејан Кнезовиќ за независен член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје. Согласноста е издадена за период од 4 (четири) ...

Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува нова програма од 155 милиони евра за Западен Балкан и Турција за отстранување на пречките за премин кон циркуларна економија. Според ЕБОР, програмата наречена „Регионална иницијатива за циркуларна економија” ќе ги поддржи инвестициите во приватниот сектор, особено малите и средните претпријатија за воведување иновативни технологии и деловни модели на кружна економија со ефикасни ресурси во ...

УНИБанка АД Скопје со цел задоволување на потребите и желбите на своите клиенти започнувајќи од 01.10.2021 година за сите кредитни картички и дозволени пречекорувања по дебитни картички во соработка со Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје овозможи осигурително покритие за вредност 50.000 денари. Со оваа нова дополнителна вредност и поволност аплицирањето за кредитна картичка или дозволено пречекорување ќе биде со дополнителна вредност – ...

На седницата на Советот на Народната банка, одржана вчера, беше усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2021 година. Банкарскиот систем продолжи да работи во услови на неизвесност, но помалку нагласена, поради подобрената епидемиолошка состојба и последователното укинување на рестриктивните мерки, што имаше поволно влијание врз домашната економска активност. Во такви услови, кредитната активност на банките ...

Комерцијална банка се стекна со еко-сертификат заради својот значен придонес во успешна реализација на GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој за кредитна поддршка на енергетски ефикасни проекти на домаќинствата. Придонесот на Банката е дотолку позначаен затоа што е во функција на создавање подобар свет за сегашните и идните генерации и за зачувување на планетата Земја. Со понудата на кредити од програмата WB GEFF (Western ...

Комерцијална банка се стекна со еко-сертификат заради својот значен придонес во успешна реализација на GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој за кредитна поддршка на енергетски ефикасни проекти на домаќинствата. Придонесот на Банката е дотолку позначаен затоа што е во функција на создавање подобар свет за сегашните и идните генерации и за зачувување на планетата Земја. Со понудата на кредити од програмата WB GEFF (Western ...

Пет осигурителни компании исплатија 281,3 милиони денари (4,57 мил.евра) за осигурување живот на свои осигуреници во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани исплатените износи (бруто исплатени штети БИШ), за осигурување живот кои осигуреници ги наплатиле, се зголемени за 42 отсто односно 1,36 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Осигурителните полиси за ...

Заокружувајќи ја неизвесната и предизвикувачка 2020 година со сигурен и утврден успех, Стопанска банка а.д. Битола комплетно подготвена, со јасна визија и цели за делување ја започна деловната 2021 година, која сега, по завршени три квартали, може да ја сметаме за една од најуспешните во досегашното долгогодишно функционирање на Банката. Со задоволство може да кажеме дека флексибилноста и брзото делување во услови на бројни екстерни шокови – ...

Економски состојби во изминатиот период се подобрени, со очекување за постепено и стабилно закрепнување на економија од ефектите на пандемијата во оваа и во наредната година. Но сепак, и покрај поволните движења, неизвесноста во поглед на раст и натаму е висока, ризиците околу проекциите се претежно надолни на краток рок, а најпогодените сектори се уште работат со ограничувања. Во таа насока, а со цел одржување на и така кревката финансиска ...

Банките во еврозоната можат да очекуваат поголеми загуби доколку климатските ризици не се ублажат, а најголемите ќе бидат во земјите со чести природни катастрофи, покажа во средата студијата на Европската централна банка (ЕЦБ). ЕЦБ спроведе симулација во повеќе од 1.600 банки во еврозоната за да утврди како да се справи со последиците од честите природни катастрофи како резултат на климатските промени и со воведување мерки што треба да ги ...

Комерцијална банка 10-та година по ред ќе биде спонзор Републичките пензионерски спортски натпревари, кои одбележуваат 25-годишен јубилеј. Натпреварите ќе се одржат на 29 септември 2021 година во Велес, во комплексот „Бела Вода“, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, кој оваа година одбележува и 75 години од своето постоење. Основна цел за организирање на пензионерските спортски игри е развивање натпреварувачки ...

Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.1
48%
1009
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.45
75%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
56%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.37
55%
1010
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.54
48%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
69%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1007
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.61
54%
1009
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.03
58%
1009
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
33%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.05
44%
1010
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62