
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Младиот битолски моден дизајнер Александар Ортаковски од ревија до ревија изненадува и воодушевува со својот талент и креативност. Така беше и на последната ревија насловена „Македона„ инспирирана од македонската народна носија. Воодушевна од креациите на Ортаковски, директорката на Ценатрот за култура Маја Андоновска - Илијевски најави дека вечера на отворањето на фестивалот „Илинденски денови“ ќе носи една од креациите на Ортаковски. ...
Нови директори во ЕСМ и РЕК Битола ќе има уште денеска, најави во Битола премиерот Христијан Мицкоски. -Можеби со некои од кадровските решенија, доцниме, можеби тоа требапе порано да го направиме, но ако ги промените ќе речат зошто сте ги промениле, ако еве помине еден месец, па зошто не сте ги промениле. Многу внимателно постапуваме. Лично сум фокусиран во изборот на кадри во РЕК Битола бидејќи го знам и комбинатот и работењето на ЕСМ, многу ...
Во однос на изградбата на топловодот за Битола, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека топловодот ќе биде изграден и дека нема да биде затворен РЕК „Битола“ бидејќи без неговата работа не може да функционира топловодот. „Имаме план како тоа да го реализираме. Топловодот ќе се изгради и ќе се пушти во употреба. Имаме намера сето она што тие го потпишале, а кое е штетно за битолчани, да го поништиме и да вложуваме во иднината на овој регион. ...
Следната година Општина Битола ќе добие над 14 милиони евра за проекти, најави премиерот Христијан Мицкоски денеска во Битола -Oткако ќе помине ребалансот и ќе биде објавен јавниот повик очекувам, а од тоа што го знам е дека Општина Битола ќе конкурира со нови проекти, но исто така и со усвојувањето на Буџетот за следната година ќе имаме дополнителни проекти, само во овој период до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе ...
Денес е поставен камен темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп. Станува збор за проект вреден над 100 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, што е и негова прва официјална посета на Битола откако е премиер на Влада. -Овде сме заради еден вреден проект реконструкција на коловоз во должина од 1,3 километри на потегот од „Лук Оил“ до ...
Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата скопска чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од буџетот на ...
Во рамките на 54-то издание на Републичкиот Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ 2024, денес во Центарот за култура во Битола, на пригоден начин беше отворена изложбата на етнофотографски фотографии на Петар Ставрев, насловена како „Убавина и традиција“. Ова се дел од присутните гости кои со своето присуство го збогатија овој вреден настан од областа на културата, музиката и традицијата на народните носии и игри. Текст и фото ...
Изградбата на најатрактивната рекреативна патека за битолчани, патеката „Тумбе кафе – Смолево“, влегува во завршна фаза. Проектот се реализира на барање на голем број граѓани, а активностите ги спроведуваат Општина Битола и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Вредноста на склучениот договор изнесува 11.596.320 денари. Активностите на терен се реализираат со задоволителна динамика, така што оваа летна сезона, Битола ќе добие уште ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(25) и од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“, казниво по член 259 и „полов напад и силување“, казниво по член 186 став 1, а во врска со став 4 од Кривичниот законик и против Б.Т.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, казниво по член 24, во врска со кривично дело по член ...
Со посветена работа на општинската администрација и експедитивност во изведбата на изведувачот, проектот за реконструкцијата на спортските терени во ООУ “Елпида Караманди“ влегува во финална фаза, пред се на задоволство на најмладите, учениците, вљубениците во спортот. На овој начин продолжуваме и понатаму, секогаш подготвени да ги прифатиме и реализираме добрите предлози, независно од која политичка партија доаѓаат. Како локална самоуправа, ...
Под битолското ѕвездено небо, на Интернационалниот фестивал на народни игри Илинденски денови синоќа се одржа незаборавна вечер со настап на КУД „Илинден“ на платото пред Офицерскиот дом. Членовите на ансамблот ја маѓепсаа публиката со својот целовечерен концерт на кој го презентираа музичко-сценскиот проект „На Панаѓир – ора и песни од Јужномакедонската Етнографска целина – Јужно Играорно Подрачје”. Публиката беше пренесена за миг во ...
Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за ...
СВР Битола соопшти - На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и други предмети со остатоци од прашкаста материја. А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена ...
Платата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изнесува 140 450 денари, односно 2 280 евра, а сите останати министри, меѓу кои и вицепремиерите, земаат 115 540 денари или 1 870 евра плата. Информацијата денеска беше објавена на веб-страницата на Владата во делот – отчетност. Според табелата прикажана на веб-страницата, единствено во платите се издвојува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кому му следува 20 отсто ...
Започна реконструкцијата на коловозот на ул.„Индустриска“, на потегот од влезот во населбата Боримечка, до мостот на реката Курделес. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со дел од советниците во Советот на општина Битола, извршија увид во градежните активности на терен. На потегот во должина од 168 метри, ќе се изведува коловоз со ширина од 6 метри и тротоар од 1,5 метри. Вредноста на инвестицијата во овој проект е ...
„ЈП Стрежево„ е загубар уште од 2001 година, вели директорот на претпријатието Методија Граматковски, откако АПЛА.мк сподели информација дека „Стрежево е меѓу загубарите со загуба од 3,2 милиони евра за 2023 година, https://apla.mk/denes/item/15212-bitolsko-strezhevo-megju-najgolemite-zagubari-pretprijatieto-zavrshilo-so-minus-od-3-2-milioni-evra. Граматковски со претпријатието раководи во изминатите 7 години. -„Стрежево„ е загубар уште од 2001 ...
Општина Битола активно работи на подобрување на патната инфраструктура во сите делови на општината. Во тек е асфалтирањето на улиците во Горно Оризари, каде се реализира проектот за реконструкција на 10 краци, во должина над 2 километри, на кои покрај новиот коловоз, се врши реконструкција и на канализационата мрежа и се поставуваат нови водоводни приклучоци. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува над 44.000.000 денари. Вкупната должина на ...
Според податоците за 2023 година- Најголеми загубари, се железничките претпријатија. Македонски железници Транспорт ја завршиле годината со минус од над 12 милиони евра, а Железници Инфраструктура со минус 11 милиони евра. ЈП Стрежево – Битола завршило со минус од 3,2 милиони евра, ТЕЦ Неготино со минус 2,3 милиони евра, а листата загубари ја заокружуваат Национални шуми и Пошта кои направиле загуба од по 2,2 милиони евра. Според плановите за ...
Приведени крадци во Битола, следува соодветна пријава На 20.07.2024 во 20.10 часот на регионален пат Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп, со привремен престој во с.Ивањевци, општина Могила и Д.А.(37) од Штип, со привремен престој во с.Ивањевци. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во с.Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко ...
Нови в.д. директори се назначени на Клиничката болница во Битола, Општата болница во Куманово, Општата болница во Велес, Општата болница Охрид, Клиниката за торакална и васкуларна хириргија, Клиниката за детска хирургија, Институтот за трансфузиона медцина, и Психијатриската болница во Демир Хисар..... Д-р Ненси Лозанче, доктор по интерна медиција, коронарографија и периферна ангиографија е назначена за директор на Клиничка болница - Битола. ...
Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на еднаквите можности. 1. Родовата еднаквост преку образование 2. Родовата еднаквост преку медиуми 3. Родовата еднаквост преку здравство 4. Родовата еднаквост преку социјалната заштита 5. Родова еднаквост преку активности против родово основано насилство и трговија со луѓе 6. Родова еднаквост и економското ...
Градоначалниците од Пелагонискиот плански регион, меѓу кои и градоначалникот на општина Битоа Тони Коњановски, одржаа работен состанок со министерот за локална самоуправа Златко Перински. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посочи неколку конкретни проекти за општина Битола, кои пред сѐ се однесуваат на инфраструктурата, канализационата и водоводната мрежа и истакна дека општината е подготвена со проектна документација за голем ...
Во првата половина од 2024 година, фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2024 – 2026 година, приспособувајќи го своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. Финансиски перформанси на Банката Стопанска Банка а.д. ...
Предмет на јавниот повик е кофинансирање на програмски активности и настани, презентирање, афирмирање, зачувување и пренесување на материјалното и нематеријалното културно фолклорно наследство. Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.000.000,00 денари. Право на учество на јавниот повик имаат сите Културно Уметнички Друштва (здруженија на граѓани од областа на фолклорот) со седиште во Општина Битола, на кои што основни ...
Владата на Република Северна Македонија денес до Собранието ја достави листата со предлозите за заменици министри во владиниот кабинет на премиерот Христијан Мицкоски. Меѓу нив има и двајца битолчани. За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството ...
Пожарникарите од ТППЕ Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денес продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве се соочуваме со големи пожари. Состојбата во моментот е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување. Екипите ...
РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем. Денес, во 11:45 часот, во функција е ставен Блок 1. Претходно, за време на викендов на мрежа беше и Блок 3. Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот заради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО. Заради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3. И покрај проблемите што ...
Цртеж на ученичката Јована Трајческа годинава е мотив за плакатот на „Илинденски денови“-2024. Трајческа е ученичка во ООУ „Даме Груев“ Битола а нејзина наставничка по ликовно образование е Весна Дунимаглоска. Од ООУ „Даме Груев“ објавија дека цртежот на младата уметница Јована го доловува духот на нашиот фестивал со свежиот и имагинативен допир на детската креативност, затоа што иднината им припаѓа на новите генерации, а и грижата за културнот ...
Екипите на ТППЕ остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот. Општина Битола и Градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодарува на сите вработени во ТППЕ Битола, за нивната посветеност и пожртвуваност во борбата со огнената стихија. Исто така, локалната самоуправа изразува огромна благодарност до сите волонтери, граѓани, доброволни противпожарни друштва, како и до сите општествено одговорни компании кои ја изразија својата хуманост ...
Од 19 до 31 јули започнува манифестацијата Илинденски денови, најстариот, најведриот и најмасовниот фестивал кој ни го носи светот дома. Зачекорете во свет во кој минатото танцува со сегашноста на славниотфестивал на фолклорот Илинденски денови. Под слоганот „Уметноста на традицијата“, ве повикуваме да бидете сведоци на безвременската убавина на светското културно наследство. Овогодинешниот постер, инспириран од овој ведар цртеж на младата ...