Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Кумановскиот регион се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во моментов пороен дожд е регистриран и во подрачјата западно од Скопје. Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено и да ги следат најновите временски информации, бидејќи локално е можно невремето да биде поинтензивно. Според информациите од ...

Во попладневните часови во повеќе делови од државата е регистрирана поизразена атмосферска нестабилност. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најинтензивни процеси има долж Повардарието и во западните планински предели, каде се забележани поројни врнежи од дожд, појава на ретки грмежи и повремено засилен ветер. Нестабилното време локално може да предизвика краткотрајни, но интензивни врнежи, како и нагло ...

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...

УХМР за денеска попладне предупредува на локална појава на грмежи, претежно во планинските подрачја. Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, бидејќи е можна појава на грмотевици. Се препорачува да се избегнува престој на изложени места, како планини, шуми и отворен терен. Поради нестабилното време, можни се прекини и отежнато одвивање на активностите на отворено. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а ...

Во моментов невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е активно во подрачјата северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод. Според информациите, нестабилниот систем се движи од север кон југ, па во наредниот период се очекува да зафати и други подрачја долж својата траекторија. Локално се можни поинтензивни врнежи, електрични празнења и засилени налети на ветер. На граѓаните им се препорачува претпазливост при движење и следење ...

Нестабилна воздушна маса зафати повеќе делови од Македонија, носејќи пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на места и суградица. Според најновата информација од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), невремето се движи од северозапад кон југ и југоисток. Првото невреме било регистрирано во Кичево, каде во попладневните часови имало пороен дожд и грмежи. Во текот на вечерта, нестабилност се развила во планинските предели северозападно од ...

Повеќе делови од Македонија се зафатени од невреме, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на места и град – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според информациите н УХМР невремето се движи од северозапад кон југ и југоисток. Прво било зафатено Кичево, каде во попладневните часови имаше пороен дожд и грмежи, а подоцна нестабилноста се разви во планинските предели северозападно од Скопје, како и во Полошкиот регион, Овче ...