Трамп нареди распоредување на две нуклеарни подморници во региони блиски до Русија. На ваков начин порача дека одговара на провокативните изјави на поранешниот руски претседател Медведев. „Нуклеарни подморници.“? „О, да. Па, мораше да го направиме тоа. Само треба да бидеме внимателни. Беше упатена закана, а ние не сметавме дека е соодветна. Затоа морам да бидам многу внимателен. Затоа го правам тоа врз основа на безбедноста на нашиот народ. ...
Борбата да се спречи гладта во Газа продолжува, но десетици Палестинци стоеја во долг ред пред импровизирана народна кујна во Кан Јунис со надеж дека ќе добијат порција ориз или леќа. Најчесто родителите се на првите позиции да стигнат до оброк за да ги нахрани децата од семејството. За некои од нив помошта останува недостапна. Бројката на починати од глад се зголеми за уште пет лица и сега изнесува 180, вклучувајќи 93 деца. Медиумската ...
Илјадници Палестинци се собраа околу камиони со хуманитарна помош во Кан Јунис. Жителите во очај се обидуваа да зграпчат торби и кутии со основни намирници. Се пожалија дека помошта што пристигнува во Газа е далеку од доволна. Според проценките, потребни се околу 600 камиони дневно за да се задоволат основните потреби на населението. „Ни даваат помош во мали количини. Точно е дека камионите влегуваат, но тоа не е доволно, навистина не е доволно, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Марк Карни веројатно ќе разговараат наредните денови откако САД воведоа царини од 35 проценти на стоки кои не се опфатени со трговскиот договор меѓу Америка, Мексико и Канада. Ова за Си-Би-Ес Њуз го изјави министерот за американско-канадска трговија во федералната влада, Доминик Ле Бланк, и додаде дека е „охрабрен“ од неодамнешните разговори, како и дека верува оти договор за намалување ...
Сите да внимаваат со нуклеарната реторика. Русија возвраќа откако Трамп во петокот распореди две нуклеарни подморници во региони блиски до Русија, испровоциран од изјавите на екс претседателот Медведев. Но, сепак портпаролот на Кремљ, Песков е категоричен дека не сака да влезе во полемика со Трамп кога станува збор за нуклеарни подморници. „Во овој случај, очигледно е дека американските подморници се во состојба на готовност – тоа е стандарна ...
На Камчатка, после цели шест века, се активираше вулканот Крашениников. Ерупцијата се случила ноќеска и е можеби поврзана со силниот земјотрес кој минатата недела го погоди рускиот Далечен Исток. Ерупцијата е снимена од туристичка група на пат кон друг вулкан. -Станавме сведоци на уникатен настан – додека се враќавме од Тумроки, ја видовме ерупцијата на вулканот Крашениников. Од рускиот Институт за вулканологија велат дека последната активност ...