На плоштадот во Штип вечерва се палат свеќи за загубените животи на младите штипјани во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Двајца од загинатите се деца од 16 години, кои биле дел од младата публика на концерот на ДНК. Загина и фотографот Александар Ефремов и музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов. Младиот гитарист Горан Тонев со тешки изгореници и пренесен на лекување во Скопје. Од рано изутрината се пренсесени над триесетина повредени ...
Граѓаните жестоко реагираат на социјалните мрежи поради постапката на еден од професорите во штипската гимназија „Славчо Стоименски“. Според нивните објави, професорот ги искинал хамерите со кои учениците сакале да оддадат почит на трагично загинатите во Кочани. Иако професорот Дејан Илијевски на својот Фејсбук профил ги негира ваквите тврдења, коментарите под неговата објава сведочат за големо незадоволство и осуда од страна на јавноста. ...
Молк на Универзитетот „Св .Кирил и Методиј“ во Скопје. Многу малку студенти влегуваа и излегуваа од факултетите за да ги исполнат своите обврски, најголе дел од планирани активности се одложени за време на деновите на жалост во земјата. Студентскиот парламент на овој универзитет најави дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено во чест на жртвите во Кочани, со цел да се избегне голема гужва или да се предизвикаат ...
Во тишина, со транспарентот „Доста е“ на кој беа испишани имињата на петмината штипјани загинати во дискотеката во Кочани, како и датумите на сите големи несреќи во земјава вечерва се одржа собир во Штип. Штипјани со длабока тага во потполна тишина им одадоа почит на загинатите. Роднини, другари, другарки, граѓани се собраа на Градскиот плоштад „Слобода“, а потоа во поворка одеа низ улиците на Штип, поминувајќи покрај соборниот храм „Свети ...
Со собир одбележан со молк, палење свеќи и потпишување во книгата на жалост вечерва на Градскиот плоштад во Струмица голем број граѓани им оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани, но и на струмичанецот Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која трагичната вечер имаше концерт во дискотеката „Пулс“. Со пароли во рацете младите испратија порка до институциите државата да функционира, а системот да биде без корупција. Освен во ...
Добивај вести на Viber Тивко и таорно е во Кочани каде голем број граѓани се сообраа да им оддат почит на загинатите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ на настап на групата ДНК. Лелекот и плачот беше накратко прекинат поради извиците на жал, гнев и тага на еден од родителите кои го изгубија своето дете во пожарот. Голем број луѓе се собраа во центарот на градот каде се палат свеќи за загинатите. Меѓу нив и млади и стари, со тага и ...
И покрај дождот, кочанчани во голем број се собраа на градскиот плоштад за најавениот протест. Има голем број на луѓе – од најмали до најстари… Тие носат транспаренти и бараат правда за загинатите и одговорност од институциите. Училиштата во градот денеска формално биле отворени, но немало настава. Се поголем број граѓани доаѓаат да се потпишат во книгата на жалост и да запалат свеќи. Мнет телевизија објави видео со потресни сцени…Тагата и ...