Попладнево ќе биде јасно која екипа ќе го заврши на пол-позицијата вториот круг од Првата македонска фудбалска лига, а тоа ќе значи и дека ќе игра на домашен терен во последното коло против ривалот за титулата. Вардар има тежок испит на гостувањето во Кратово, но не смее да се дозволи кикс ако сака да остане лидер. Скопските „црвено-црни“ имаат само бод предност пред Шкендија, па со триумф над Силекс ќе го обезбедат првото место, а тоа ќе ...
Завршија првите полувремиња од денешните два меча од 22.коло во ПМФЛ, последно од вториот круг. Вардар со голот на Цветковиќ во 42.минута успеа да поведе во Кратово. Лидерот апсолутно доминираше, имаше барем 5-6 големи шанси, Велковски и Закариќ ја погодија стативата во два наврати. Силекс е дезоринетиран по исклучувањето на Додев во 25.минута а тренерот Васоски пратен на трибини. Заслужено водство на тимот на стратегот Гоце Седлоски. И во ...
Екипата на Вардар по дерби поразот од Шкендија во претходното коло забележа триумф на гостувањето кај Силекс во Кратово (1-0) и така остана на врвот на табелата со плус во однос на најблискиот следбеник Шкендија пред стартот на третиот круг. Оваа пол-позиција носи и предност на домашен терен. Дуелот почна со кратка иницијатива на Силекс и неколку полушанси. Домаќините играа пред голот на Талески, имаа неколку обиди, ама завршија безуспешно. ...
Вардарци стигнаа до победата во Кратово по голема борба, иако беа доминанти и редеа шанси во првиот дел до гол дојдоа во финишот. Клучниот момент на натпреварот се случи во 26 минута, кога Дарко Додев поради приговор доби втор жолт картон и беше исклучен. Пред паузата Стефан Цветковиќ го матира голманот Џеков и донесе вардарово водство од 0-1 во 43 минута од средбата. Во продолжението Силекс со десетмина немаше сили да се наметне и Вардар го ...
Со одигрувањето на натпреварот помеѓу Работнички и Арсими, и официјално заврши вториот круг од Првата фудбалска лига на Македонија. Третиот круг ќе се игра според пласманот на екипите по 22-рото коло, па во првото коло екипите кои се на првите шест позиции ќе ги пречекаат оние од седмото до 12-тото место. Вардар го отвора третиот круг со домашен дуел против Брера, додека Шкендија ќе го пречека Арсими. На останатите натпревари од првото коло ...

