Во однос на платформата на екс-функционерите на СДСМ, кои минатата недела оддржаа дебата со наслов „Разговори за иднината 12.05“, Извршниот одбор на СДСМ синоќа донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи – да дискутираат заедно, за како што велат, борбата против криминалната власт на премиерот Христијаан Мицкоски. Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението по партискиот состанок, оцени дека ...
„На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ дискутираше за повеќе актуелни теми“, велат од партијата. „ИО изрази сериозна загриженост за лошата економска состојба во земјата и влошениот животен стандард на граѓаните, во Буџетот нема пари, власта трупа нови долгови и со ребалансот состојбата со долговите се влошува. СДСМ ќе продолжи да се бори против погрешните економски и криминални политики на владата на Мицкоски, во интерес на граѓаните ...
Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука јавно да ги повика сите поединци и групи кои имаат забелешки или предлози за работата на партијата на внатрешна дебата, со цел, како што наведуваат, заеднички да се разговара за идните чекори и политичката борба против актуелната власт. Од партијата посочуваат дека сите прашања поврзани со СДСМ треба да се решаваат во рамките на партиските органи и тела, а не преку јавни настапи, медиуми или надворешни ...
СДСМ засега нема да преземе никакви драстични чекори против партиските членови кои деновиве се обединија во иницијативата „Разговори за иднината 12:05“ и јавно критикуваа за состојбите во партијата. Дознаваме дека на синоќешната седница на Извршниот Одбор имало и барања да се настапи поостро кон нив, но надвладеало мислењето засега да се остане само на повик, незадоволството да го изразат пред партиските органи и тела, а не надвор. Сепак, ...
Пратениците од СДСМ кои се дел од „Платформата 12.05“ наречена „Разговори за иднината“ велат дека на покани без датум, време и место за средби со лидерот на СДСМ нема да одговараат, јавува Телма. Нивното соопштение е одговор на најавите на СДСМ дека Извршниот одбор донел одлука да ги повика на дебата, но само внатре во партијата СДСМ „а не преку медиуми“, oткако претходно, на седницата биле презентирани и ставови поостро да се постапи со овие ...

