Додека војната на Блискиот Исток продолжува дванаесетти ден денес, Иран продолжува со нападите насочени кон соседните земји од Заливот. Повеќето од нападите се насочени кон енергетски структури. Иранската Црвена полумесечина соопшти дека реагирала на воздушен напад врз станбена област во Техеран рано во среда по локално време. „Пред кратко време, друга станбена област беше цел на воздушен напад и сега Црвената полумесечина и пожарникарите ...
Жителите на Техеран велат дека ja преживеалe најлошата ноќ на воздушно бомбардирање од почеток на нападите од САД и Израел, објави Гардијан. Израел, кој започна воздушни напади против Иран заедно со САД на 28 февруари, во вторникот соопшти дека погодил објект за развој на оружје меѓу бранот напади. Светската здравствена организација ги повика Иранците да останат дома, велејќи дека „црниот дожд“ што паѓа по нападите врз нафтените постројки би ...
Русија ја критикуваше резолуцијата на Обединети нации со која се бара запирање на нападите на Иран врз земјите од Персискиот Залив, оценувајќи дека документот е неурамнотежен бидејќи не ги споменува нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Техеран. Рускиот амбасадор во Обединети нации, Василиј Небензја, изјави дека предлогот на Бахреин „го замаглува причинско-последичниот редослед“ и создава впечаток дека Иран сам и без причина ...
Неколку товарни бродови во Персискиот Залив беа нападнати во среда, предизвикувајќи нов скок на цените на нафтата и нови прашања за тоа дали танкерите ќе можат да патуваат низ Ормутскиот теснец додека беснее војната на САД и Израел со Иран, пренесе „Дејли њуз“. Најмалку три брода беа погодени од непознато оружје, се претпоставува ирански дронови, предизвикувајќи пожари и оставајќи најмалку три члена на екипажот исчезнати од тајландски брод ...
Преку платформата за итна регистрација, досега се регистрирале 40 црногорски морнари кои се наоѓаат во регионите на Ормутскиот теснец, Персискиот и Оманскиот Залив, објави тамошното Министерство за поморски работи, додавајќи дека нивната безбедност е апсолутен приоритет. Од црногорското министерство информираа дека се во постојан контакт со морнари и според информациите добиени од нив, повеќето се на бродови кои се усидрени во пристаништата, ...
Грчкиот бродски магнатски врв е во шок по синоќешниот напад во Персискиот Залив. Танкерот „Zefyros“, сопственост на браќата Јоргос и Василис Михаило (зетот на сопственикот на „Џамбо“), е еден од двата брода што беа зафатени од пламен по напад со ирански подводен дрон или брод-бомба. Иако 22-члениот екипаж на грчкиот танкер е на безбедно благодарение на брзата интервенција на ирачките власти, едно лице го загуби животот на другиот нападнат ...

