Пожарот на депонијата во Радовиш и натаму е активен и трае веќе петти ден по ред, а надлежните служби сè уште работат на негово целосно локализирање. На терен постојано интервенираат екипи со тешка механизација, кои вршат насипување со земја со цел да се спречи ширење на огнот и чадот кон околните населени места. Поради сериозноста на состојбата и зголеменото загадување на воздухот, градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, ...

Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје – Штип, упати апел до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да го ограничат движењето, особено во периодите кога чадот од депонијата е најинтензивен. Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден, и покрај интензивните напори на надлежните служби пожарот да биде ставен под целосна контрола. ...

Добивај вести на Viber Продолжува да гори депонијата во Радовиш, откако се појави пожар пред неколку дена. Иако, екипите се на терен, пожарот и натаму не е целосно ставен под контрола, а чадот што се шири над градот ги натера локалните власти да издадат сериозни препораки до граѓаните. Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупчо Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје, апелира граѓаните да ...

Запалената депонија во Радовиш веќе петти ден го гуши градот и околината, што ги натера локалните власти да издадат препораки за граѓаните. Градоначалникот на Радовиш и командант на локалниот кризен штаб, Љупчо Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје, апелира граѓаните „да избегнуваат непотребен престој на отворено, особено во периодите кога чадот е најгуст“. Според информациите од општината, на терен постојано ...

Радовиш денес се угуши во чад од пожарот на градската депонија, поради што Општина Радовиш и Кризниот штаб упатија апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето. Според објавата на локалните власти, надлежните служби работат на локализирање и целосно гаснење на пожарот, а препораките се дадени по консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје – Штип. Граѓаните се повикуваат да избегнуваат непотребен престој на ...

Депонијата во Радовиш од денеска е потрупана со земја и песок со цел целосно задушување на жариштата и спречување на понатамошно ширење, а состојбата во градот полека се смирува. Во текот на денот интензивно се работеше на санирање на депонијата по пожарот кој ја зафати изминатите пет дена. Сè уште е присутен чад на одредени места, но според проценките, во наредните денови состојбата целосно ќе биде санирана. Надлежните служби остануваат на ...

Според него, надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно стабилизирање на депонијата. „На терен активно работи голем број градежна механизација – багери, кипери, камиони и друга опрема, со цел побрзо и поефикасно справување со последиците од пожарот и целосна санација на теренот. Во тек е потрупување со земја и песок со цел целосно задушување на жариштата и спречување на понатамошно ширење“, напиша ...