„Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш. Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои пратеник би можел да биде само лице со македонско државјанство, се уште една измама на власта. Затоа што според нивниот предлог, овие измени би важеле дури од наредниот парламентарен состав, а не за актуелните пратеници. Очигледно е дека целта е ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема ништо против да се ограничи можноста пратениците да поседуваат двојно државјанство, доколку тоа е во согласност со Уставот и законите, пренесе МИА. Тој додаде дека поддржува ограничувањето да се прошири и на извршната власт, како и на претседателот на државата, доколку правно-уставните експерти оценат дека за тоа нема пречки. -Јас немам двојно државјанство, ниту пак имам намера да имам друго ...

Предлогот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за укинување на двојните државјанства за пратеници заглави во собраниските комисии. Матичната комисија – политички систем нема закажано продолжение на амандманската расправа за измените на Законот за пратеници, додека пак законодавната комисија, иако закажана, нема да расправа по него. „Денеска ЗПК ќе продолжи со точката минерални суровини по завршување на матичното работно тело. За другите точки, меѓу кои ...

Премиерот Христијан Мицкоски нема ништо против идејата да немаат двојно државјанство и претседателот на државата и за Владата и министрите. Ова тој го изјави во одговор на новинарско прашање, како ќе ја коментира изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова која минатата недела дека ја поддржува идејата пратениците да немаат двојно државјанство, но да важи и за претседателот на државата. Според неа тоа не значи укинување на правото ...

Ние никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието. И тоа е само уште еден спин на премиерот, кој што сака да го прикаже во јавноста како некое наше бегање од работата во институциите, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче во одговор на новинарско прашање околу измените на Законот за Влада со коишто се укинува моделот на техничка влада. Според Филипче, „премиерот Христијан Мицкоски упорно го спинува ставот на СДСМ ...