Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе ...

Шкендија вечерва против Силекс ќе атакува на третата Куп титула во својата историја, откако претходно истата ја освојуваше во 2016 и 2018 година. Стратегот Јетон Беќири вели дека можеби за нив мала предност ќе биде европското искуство, но додава дека во финале секогаш одлучува еден момент. „Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон ...

Трофејот во Купот вечерва го чека победникот во големото финале, во кое се среќаваат Силекс и Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20:00 часот. Силекс јуриша кон четвртиот трофеј во историјата, го игра шестото финале, додека, пак, за Шкендија исто е шесто финале, а досега имаат два трофеи во ова натпреварување. За кратовскиот тим овој меч е финале на Купот, но и финале за излез на меѓународна сцена, односно во Лигата ...

Фудбалерите на Силекс и Шкендија вечерва од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“ ќе го одиграат финалниот натпревар во Купот на Македонија. Кратовци во вечерашното соочување ќе се обидат по четврти пат во клупската историја да го освојат трофејот во ова натпреварување додека Шкендија во својата колекција има два пехари и атакува на третиот. Доколку Силекс успее да се искачи на тронот ќе се израмни со Работнички по бројот на освоени трофеи и ...

Вечерва македонската фудбалска сцена ќе добие нов освојувач на Купот на Македонија, а финалниот натпревар меѓу Силекс и Шкендија носи и интересна тренерска пресметка меѓу двајца докажани стратези – Александар Васоски и Јетон Беќири. Кога се игра финале, фаворити речиси и да нема. Станува збор за еден натпревар во кој одлучуваат моментите, инспирацијата, тактиката и психолошката подготвеност. Токму затоа, голема улога ќе имаат и двајцата ...