Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Пејачката Лепа Лукиќ одржа соло концерт во Сава Центарот. Таа се појави пред белградската публика во комбинација од 10.000 евра, која специјално за неа ја одбрал Боки 13, пишува „Телеграф“. На почетокот, таа одржа емотивен говор и ѝ се заблагодари на својата лојална публика што е со неа шест децении. „Не ми дозволија да го објавам збогумскиот концерт, рекоа дека не треба да го објавувам, дека ќе пеам долго време, но бидејќи го нарекоа „За ...
Почина пејачот Саша Катанчиќ, а оваа вест ги потресе сите што го познаваа. Според првичните информации, причината за смртта била ненадеен срцев удар. Саша Катанчиќ ја градел својата кариера со години настапувајќи по клубови, веселби и во дијаспората, каде што важел за пејач со огромен репертоар и препознатлива енергија. Поширока популарност стекнал преку музички натпревари како „Ѕвездите на Гранд“, а подоцна се обидел и во „Пинкови ѕвезди“. ...
Три македонски стартапи, три судбини: За да успееш во Македонија, прво мораш да преживееш пекол Не постои единствен пат до успех во светот на стартапите. Постојат само приказни, а секоја е поинаква. Во Македонија, каде екосистемот сè уште се обликува, тројца основачи раскажаа што навистина се случило во нивните компании, без дотерување и без разубавување. Содржина: HeyReach преживеа банкрот и ги надмина сите очекувања, достигнувајќи пет ...
Понова, пософистицирана терапија за третманот на лицата со хемофилија побара денеска Цветанка Наќеска од Здружението на лица со хемофилија, Фон Вилебранд и ретки коагулопатии – „Хемолог“. Таа рече дека вторпат во државата не се прославува 17 април – Светскиот ден на лицата со хемофилија и сите ретки коагулопатии. Немаме ниедна причина за прослава. Прво и основно, ние немаме доволно терапија за да функционираме и да можеме да прославуваме. ...
Американското списание „Есквајр“ ја објави својата листа на најдобрите нови хотели во светот за 2026 година, а првото место го освои хотел во Фиренца. „Колеџо ала Кверче“ е прогласен за хотел на годината, откако ги отвори вратите во март 2025 година. Првично изграден како вила во 16. век, „Колеџо ала Кверче“ подоцна служел како интернат, пред да биде трансформиран во хотел со 83 соби каков што е денес. Сместен на рид, објектот нуди ...
Но, новозеландската авиокомпанија „Ер Њу Зиланд“ наскоро ќе понуди решение коешто вклучува и спиење во кревет на три ката, но со задолжителни специјални чорапи и неколку други правила. Авиокомпанијата наскоро ќе отвори резервации за четиричасовни термини во своите капсули за спиење „Скајнест“, а се тврди дека тоа се првите целосно рамни авионски кревети дизајнирани за патници со повисок буџет. Кревети одвоени со завеси ќе бидат достапни за ...
Необичен природен феномен познат како „леванте“ повторно беше забележан над Карпата на Гибралтар, создавајќи спектакуларна глетка од облаци, магла и влага што се движат околу карпата. Станува збор за источен ветер кој носи влажност од Средоземното Море. Кога овој воздух ќе наиде на стрмниот релјеф на карпата, се издигнува нагоре, при што се лади и кондензира. Овој процес резултира со формирање густи облаци и магла кои го обвиваат целиот ...
Кога говориме за патување на животот, тешко е да се најде подобар пример од ова. Само замислете ја следната сцена: дури 48 илјади километри што ги поврзуваат Северна, Средна и Јужна Америка низ 14 различни земји. Легендарниот Панамерикански пат, познат и како Carretera Panamericana, е најдолгиот пат во светот и една од најпознатите рути меѓу патниците. Сепак, неговата целосна должина ја минуваат само најупорните и најстраствените авантуристи. ...
Пејачката Дара Бубамара со години не била во добри односи со покојната авторка Марина Туцаковиќ, а причината за нивниот конфликт бил долг од 10.000 евра. Имено, Дара наводно не го платила хонорарот за песната што Марина ја напишала за неа, бидејќи не била задоволна од начинот на кој песната поминала кај публиката. Иако претходно имале успешна соработка и голем број хитови, ова недоразбирање довело до прекин на комуникацијата. – Не знам зошто ...
Една од најчестите ситни грешки пред патување е на аеродром да се стигне со речиси празен телефон, таблет или лаптоп. На дел од аеродромите и кај дел од авиокомпаниите, службите за безбедност можат да побараат електронскиот уред да се вклучи на лице место, а ако тоа не е можно, патникот може да остане без можност да го внесе уредот во авионот. Правилото не е ново, но многумина и натаму не го знаат сѐ додека не стигнат до контролниот пункт. ...
Со голем концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3 октомври, Тамара Тодевска ќе одбележи 25 години музичка кариера, но и ќе најави нова ера со албумот „Кукла жива“. Станува збор за уникатно музичко доживување, реализирано во соработка со македонскиот диригент, композитор и аранжер Емин Џијан и неговиот оркестар. Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и можат да се купат преку продажната мрежа на WayIn – линк. Концертот е во ...
Дознајте како психологијата на загубата и стареењето влијае на нашата личност, зошто некои луѓе стануваат повеликодушни со возраста, додека други избираат контрола и ригидност, и како прифаќањето на минливоста ги отвора вратите кон внатрешна слобода и среќа. Дали некогаш сте забележале како две жени можат да поминат низ идентични животни бури – губење на работа, развод или лошо здравје – и од нив да излезат како сосема различни луѓе? Додека ...
ТВ водителот Жарко Димитвиоски и сопругата Ивана чекаат принова, а семејството ќе се прошири за уште еден член. Убавата трудница и мама на малата Ника, повторно ќе се оствари во улогата на мајка, а за убвата вест обзнани преку својот Инстаграм каде трудничкото стомаче е во прв план. Според приложеното Ивана најверојатно е во вториот триместар, па кон крајот на годинава малата наследничка ќе добие братче или сестричка. За модерната ...
Ракометните екипи на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид ќе ја отворат завршницата од Купот на Македонија, во рамки на полуфиналниот дуел од завршниот турнир, каде што најдобрите четири екипи ќе се борат за првиот трофеј во сезоната. Финалниот турнир (Ф4) се одржува во Струмица, а покрај Вардар и Алкалоид, учество обезбедија и РК Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид, кои ќе се сретнат во второто полуфинале. Дуелот меѓу Вардар и Алкалоид се очекува да биде ...
Откако „Слободна Далмација“ објави дека легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач наводно живее во тешка финансиска состојба и преживува со околу 420 евра пензија, во јавноста се крена многу прашина. Сепак, Мишо Ковач брзо реагираше и решително ги демантираше сите горенаведени информации за „Јутарњи лист“. Тој рече дека тврдењата за неговата наводна сиромаштија се неточни и дека нема потреба да се организираат хуманитарни концерти во негова ...
Моментот кога парот ќе дознае дека ќе станат родители е исполнет со емоции. Но, изборот на име може да биде покомплициран отколку што мислите бидејќи постојат одредени законски ограничувања. Ако случајно живеете во САД, ќе имате апсолутна слобода во изборот на име. Секако, можеби нема да сакате вашето дете да има тотално „лудо“ име, но тоа е во рамките на вашите права. На пример, во Њу Џерси родителите можат да дадат какво име сакаат, доколку ...
Популарната македонска пејачка Стојне Николова беше искритикувана поради стајлингот на новата фотографија која ја објави на Инстаграм. Стојне повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со својата најнова објава, каде позира во елегантен црн стајлинг. Облечена во модерен црн фустан со реси и впечатлив ремен, таа уште еднаш потврди дека класиката секогаш останува во тренд, што го нагласи и самата во описот: „Црното е секогаш во мода“. ...
По речиси еден и пол деценија од нивниот најголем заеднички телевизиски успех, се појави прва заедничка фотографија од Халит Ергенч и Мерием Узерли, познати по улогите на Сулејман и Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“. Сликата, објавена од сетот на нов проект, веднаш предизвика огромен интерес и реакции на социјалните мрежи. Фотографијата е направена за време на читање на сценариото за новиот филм „Imroz’da Bahar“ („Пролет ...
Ширењето на теории за заговор на социјалните мрежи може да биде финансиски исплатливо, покажуваат истражувања. Преку креативната програма на ТикТок, корисници објавуваат видеа со чудовишта, вампири, астероиди и земјотреси, често со неосновани тврдења и драматична визуелна и аудио обработка. Невладината организација „Медиа матерс“ наведува дека дел од овој содржински тренд претставува бизнис модел, во кој креаторите заработуваат од видеа што ...
„Археолоџи магазин“ (Archaeology Magazine), едно од најчитаните светски списанија во областа на археологијата, во својот најнов број објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. За археологот Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата, кој беше консултиран при подготовката на текстот, ваквиот потег е врвна меѓународна афирмација за нашето културно наследство. Освен за значењето на едни од ...
Марјан Пејоски, македонецот зад легендарниот фустан на Бјорк, меѓу најконтроверзните изгледи на Оскарите Секоја година, црвениот тепих на Оскарите е повеќе од филмски спектакл – тој е сцена каде модата често зборува погласно и од самите награди. И не секогаш на убав начин: дел од најиконичните изгледи првично беа жестоко исмејувани, претворани во мемиња и редовни на листите за најлошо облечени. Но времето си го прави своето. Денес, токму тие ...
Топлата вода со лимон со години се смета за „здрав утрински ритуал“, но стручните мислења околу нејзините ефекти се поделени. Додека едни ја препорачуваат на празен стомак, други тврдат дека нема посебни здравствени придобивки, освен субјективно чувство на олеснување. Гастроентерологот проф. д-р Војислав Перишиќ за МОНДО објаснува дека овој напиток може привремено да го намали чувството на глад, но не прави значајни промени во организмот. ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава за првпат со свој самостоен штанд ја претставува современата македонска литература за деца на престижниот Саем на книги за деца во Болоња, најзначајната меѓународна манифестација посветена на книжевноста за деца, илустрацијата и издаваштвото. – Со внимателно осмислен настап, МАИ преку присутните изданија и специјално подготвените промотивни материјали ќе ја претстави богатата и разновидна ...
Хрватското друштво на карикатуристи во вторник, 21 април, во 19 часот ќе одржи изложба на карикатури во галеријата „Остен“ во Скопје. На изложбата со свои дела ќе учествуваат карикатуристите: Франо Чебало, Мирослав Геренчер – Геро, Роко Иџојтиќ, Драгутин Дадо Ковачевиќ, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ – Лекс, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимач, Дамир Новак, Зринка Остовиќ, Петар Пишместровиќ, Никола Плечко – Ник Титаник, Зденко Пухин, ...
М-р Светлана Димитриевска, организатор на „Денот на пијаното – Скопје“ и раководител на одделот за пијано при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ Концертот ќе се одржи на 22 април во КИЦ – Скопје, со почеток во 19 часот и е отворен за јавноста По одбележувањето на Денот на пијаното (Piano Day) пред неколку недели, младите пијанисти повторно ќе се претстават на концерт посветен на македонската музика. Делата за пијано на македонските композитори ...
Дали треба да ги користиме зборовите „ве молам“ и „благодарам“ кога комуницираме со вештачката интелигенција? Дали тоа влијае на животната средина? Идејата звучи веродостојно бидејќи системите за вештачка интелигенција го обработуваат текстот постепено: подолгите барања бараат малку повеќе пресметки и затоа трошат повеќе енергија. Извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, призна дека сето тоа ги зголемува оперативните трошоци на ниво на ...
Во пресрет на „Скопскиот поетски фестивал“ Шестото издание на „Скопскиот поетски фестивал“ ќе се одржи во периодот од 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават стотина поети од земјава и од странство. Ќе има гости од Кина, Хрватска, Словенија, Турција, Грција, Србија, Бугарија и од Црна Гора. – Мотото на годинашниот фестивал е „(Со) стих спроти наратив! (Поезија, политика, пропаганда…)“. Со ...
Одлуката косата да се остави природно да побели често има многу подлабоко значење од обична промена на изгледот. Иако на прв поглед може да изгледа како естетски избор, зад неа често се крие важна внатрешна промена во начинот на кој личноста се доживува себеси, стареењето и општествените очекувања. Прифаќање наместо борба Психолошки гледано, престанокот со фарбање на косата често означува премин од фаза на отпор во фаза на прифаќање. Со ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека во градот се обезбедуваат нови паркинг простори, со што продолжуваат активностите за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на секојдневието на граѓаните. Во изминатиот период, општината реализираше повеќе проекти за проширување и уредување на паркинг површини, особено во централното градско подрачје и во населбите со зголемен сообраќаен притисок. Со тоа, делумно се ...
Велат дека љубовта кај мажот доаѓа преку стомакот, но сигурни сме дека ова непишано правило би важело и за дамите. Која припадничка на понежниот пол не би сакала да има партнер кој постојано ќе ја изненадува со маестрално приготвени јадења кои вешто ги приготвува во кујната? Веруваме дека таква нема! Овие мажи се ретки, а еден од нив е музичарот Александар Тарабунов- Тара. Тој досега многупати се докажал дека е голем мераклија во кујната, а ...