Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека по вчерашната голема акција за расчистување, денес почнува садењето на 60 нови садници јавор и јасен. „Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура ...

Општина Гостивар ги повикува граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија, а не од лажни информации на социјалните мрежи. „Општина Гостивар, Кризниот штаб на централно и локално ниво, како и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, интензивно работат на терен за нормализирање на состојбата со водоводниот систем. Ги повикуваме граѓаните, за текот на процесот, да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните ...

Изградбата на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто влегува во својата завршна фаза, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Она што го затекнавме е навистина охрабрувачко. Градежните работи се одвиваат според предвидената динамика и проектот влегува во својата завршна фаза. Паралелно со изградбата, во финална фаза е и постапката за набавка на нов училишен инвентар, со што учениците ќе добијат современо ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Според астролошките толкувања, за некои знаци, август ќе биде месецот во кој работите конечно ќе почнат да се одвиваат во нивна корист. Фокусот е на Лав и Скорпија, за кои август носи период на важни одлуки, неочекувани можности и чувство дека дошло време за нов почеток. Лав Август традиционално е силен месец за Лавовите, а оваа година може да биде особено значаен. Сонцето, нивната владејачка планета, дополнително ќе ја нагласи ...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е проект што го започна СДСМ. Постапката почна во декември 2019 година. Тендерот беше распишан во 2020 година, а финансирањето од над 200 милиони евра преку ЕБОР, ЕИБ и грант од Европската Унија беше обезбедено во времето на СДСМ. Договорот за изградба беше потпишан во април 2023 година. Што направи градоначалничката Данела Арсовска кога ја презеде општината? Постапката ја закочија, велат од ...

СДС, ДУИ и Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини. Кога нивниот градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата, тие не кажуваат ниту еден збор, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Истите тие кои секојдневно зборуваат за одговорност и бараат оставки, денес молчат и го штитат својот кандидат. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари ...

Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за реформа на јавната администрација, со цел да создаде професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе работи во интерес на граѓаните, истакна на прес-конференција Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од најважните резултати, според него, е усвојувањето на трите системски закони, како што е Законот за административни службеници, Законот за ...

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, велат од СДСМ. „Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење. Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава. Проблем на еден ...

Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе“ граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години“, велат од „Вреди“. Денес, кога, како што додаваат, одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ...

Легендата на глумата Вилијам Шатнер и неговата ќерка Мелани Шатнер Греч открија дека двајцата се справувале со сериозна дијагноза на рак во последните неколку години. Двајцата биле лекувани од болеста во четврта фаза, а во интервју за списанието People, тие раскажаа како си помогнале еден на друг да ги пребродат најтешките моменти и дека целото искуство им го променило погледот кон животот. Сè започнало пред три години, кога Мелани (61) ...

За да се стави крај на конфликтот во Украина, ќе бидат потребни нови предлози и концепти, бидејќи претходните иницијативи не успеаја да ги приближат ставовите на Москва и Киев, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Манила. Средбата на шефовите на американската и руската дипломатија се одржа на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воена акција во западноафриканската земја Мали за да нападне група поврзана со Ал Каеда, позната како ЈНИМ (JNIM) , рекоа сегашни и поранешни американски официјални лица запознаени со дискусиите, објави „Вашингтон пост“. Ако биде одобрено, Мали ќе биде осмата земја на листата на земји каде претседателот Доналд Трамп наредил напади од почетокот на неговиот втор мандат — ...

Жизел Бундхен го прослави 46-тиот роденден на 20 јули, а два дена подоцна им се заблагодари на своите следбеници за бројните честитки. По тој повод, таа објави неколку фотографии на Инстаграм, меѓу кои се издвои онаа на која позира во леопардско бикини опкружена со розови балони. Супермоделот нема шминка на фотографијата, а косата ја остави природно брановидна. Таа објави и селфи и фотографија од раката на нејзиниот најмлад син како ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупреди својот американски колега Марко Рубио за време на состанокот во главниот град на Филипините, Манила, за „неприфатливото продолжување на испраќањето оружје во Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи во четврток. Прва средба од септември Оваа прва средба меѓу двајцата дипломати од септември 2025 година се одржа на маргините на состанокот на Асоцијацијата на ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата, истакнуваат од партијата на власт. Како дел од реформите во социјалниот сектор, како што посочуваат, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова, додаваат од таму, се исправа ...

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен. Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. „Водата може да се користи ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“, каде што за излез од државата се чека околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од ...

Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да ...

Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: Кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина, реагираат од СДСМ. Наместо, како што велат од оваа партија, Владата да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за ...

Стејт департментот денес ги предупреди граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот за зголемените безбедносни ризици поради растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува сложена и дека постои можност за непредвидена ескалација. На Американците кои моментално се наоѓаат во регионот им е советувано да бидат претпазливи и подготвени за можни прекини во патувањето, вклучително и откажувања на летови и ...

Изјавите на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за Русија како егзистенцијална закана за Европа се резултат на разочарувањето на Брисел од одлуката на Вашингтон да го одложи доделувањето на 400 милиони долари воена помош за Украина, оцени кипарскиот новинар и политички коментатор Алекс Христофору. Христофору, зборувајќи на својот Јутјуб канал, изјави дека Калас, откако станало ...

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на 27 јули поради руските напади врз слободната пловидба во Црното Море, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Русија ја држи глобалната безбедност на храната како заложник. Само во последните неколку дена, Русија нападна најмалку три цивилни товарни бродови. Десетици членови на екипажот се убиени или повредени“, рече Сибиха, пренесува ...

Умереното консумирање црно кафе не е поврзано со поголем ризик од срцеви заболувања, па дури може да има и заштитен ефект, според нова студија на Американската асоцијација за срце. Сепак, експертите предупредуваат дека количината, начинот на подготовка и индивидуалните разлики одредуваат дали кафето е корисно или штетно за телото. Најновото истражување носи добри вести за милиони љубители на кафе, што укажува дека овој омилен утрински ...

Министерот за надворешни работи на Иран, Сеид Абас Арагчи, на платформата Икс објави дека одбранбената доктрина на Техеран е јасна и се заснова на принципот „око за око“. „Секоја агресија против Иран, вклучително и напади врз нашата инфраструктура, ќе предизвика силен и решителен одговор“, рече Арагчи. Тој додаде дека „сите оние кои придонесуваат за таква агресија, без оглед на видот на поддршка, исто така ќе се сметаат за легитимни цели“. ...

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции против Русија и ќе се состанат повторно утре за да се обидат да постигнат договор, изјави дипломатски извор. Главната пречка за договор за 21-от пакет санкции останува грчкото барање на нејзините бродосопственици да им биде дозволено да продолжат да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Грција е светска превозна сила, а ...

Василис Цијарас, адвокат на српскиот бизнисмен Љубиша Каровиќ кој речиси излета од прозорецот на авион на 10 јули на лет од Солун, Грција до Меминген, Германија, е уверен дека неговиот клиент ќе добие голема отштета. Се претпоставува дека дел од моторот се одвоил од авионот и го скршил прозорецот кратко по полетувањето. Авионот го изгуби притисокот во кабината и изврши итно слетување. Главниот извршен директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ...

Италијанските власти запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре во северозападна Италија. Дрогата била скриена меѓу палети со банани во ладилник што пристигнал од Еквадор. Ова е една од најголемите заплени на дрога во тоа пристаниште во последните години. Според италијанската финансиска полиција, во контејнерот биле пронајдени околу 650 пакети со повеќе од 770 килограми кокаин. Прелиминарните тестови покажаа дека ...

Ерлинг Халанд ја искористи паузата пред новата сезона за да го прослави својот 26-ти роденден на Азурниот Брег. Норвешкиот напаѓач организираше забава за семејството и пријателите во познатиот ресторан и клуб „Шелона“, а снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи. Доаѓањето на алжирскиот фудбалер Ријад Марез привлече особено внимание на социјалните мрежи. Поранешниот соиграч на Халанд од Манчестер Сити дојде да му честита ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.34
51%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.68
74%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
87%
1009
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
40%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.7
40%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.17
88%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
63%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
53%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.91
81%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
3.13
70%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
55%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.54
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Калај

53.50

Рутениум

53852.50

Злато

130265.18

Паладиум

39448.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.17

Родиум

263636.12

Бакар

12.74

Сребро

1870.85

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Платина

50958.93