Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека блокадата на пристаништата во неговата земја од страна на САД е осудена на пропаст и само ќе ја влоши нестабилноста во Заливот. „Секој обид за воведување поморска блокада е спротивен на меѓународното право (…) и е осуден на пропаст“, рече Пезешкијан, откако висок функционер на Белата куќа спомена можно продолжување на блокадата „за неколку месеци“. Иако ваквите информации придонесоа за ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на тркалезната маса на тема „Добро управување и владеење на правото: Спречување на непотребни управни спорови и зајакнување на извршувањето на судските пресуди“, која се одржа во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со СИГМА/ОЕЦД. Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управната постапка претставува суштински сегмент во функционирањето на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) соопшти дека ја задолжила компаниите ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со испорака на топлинска енергија и на 1 и 2 мај, иако грејната сезона официјално завршува на 30 април. Како што информира РКЕ, одлуката е донесена согласно целите на Законот за енергетика за обезбедување квалитетно ...
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на седницата за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поврзано со полициската акција за поткуп во која во март беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие. Петровска изрази сомнеж за селективно постапување и евентуално прикривање на детали во акцијата, посочувајќи дека институциите не дале целосни информации за случајот и дека постојат ...
Потрошувачките цени во Хрватска во април годинава биле за 5,8 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика во земјата, со што инфлацијата значително забрзала на годишно ниво. Според проценката на индексот на потрошувачки цени, во април 2026 година стапката на инфлација изнесувала 5,8 отсто во однос на истиот месец во 2025 година, додека во споредба со претходниот месец цените пораснале за 1,5 отсто, ...
Автобус со патници денеска паднал во река во Франција, а според француските медиуми, возачот и патниците се спасени. Автобусот излетал во реката Сена во близина на местото Живизи-сур-Орж, пренесува „Паризјен“. Според информациите, во возилото во моментот на несреќата се наоѓале четири лица, а возачот направил грешка при управувањето, по што автобусот завршил во реката и повлекол со себе и еден паркиран автомобил. Le véhicule, conduit par une ...
ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, ВЛЕН ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо, реагира ВЛЕН на соопштението од ДУИ. „Наместо да објасни зошто ...
Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени. Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите, изјави Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ. Според него, воопшто не е случаен овој молк туку е доказ дека криминалната власт и нејзините бизнис партнери се подготвени да газат преку се, само да продолжат да се богатат. „Трагедијата во Кисела Вода ...
Д-р Михаела Доцова беше избрана за претседателка на бугарскиот парламент со мнозинство од 188 пратеници. Немаше гласови „против“, додека 49 пратеници беа „воздржани“ – од ПП-ДБ и од „Преродба“, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. За другиот кандидат Петар Петров од „Преродба“ гласаа единствено пратениците од неговата пратеничка група. „Денес повеќе од кога било Бугарија има потреба не само од стабилно управување, туку и од оздравување на ...
Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест по повод 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на ...
Украинската морнарица синоќа нападна руски бродови што го чуваат Керченскиот мост, објави „Украинска правда“. Операцијата ги погоди бродовите што ѝ припаѓаат на руската флота во близина на Керченскиот теснец. Керченскиот мост е клучна транспортна врска помеѓу континентална Русија и окупираниот Кримски полуостров, служејќи како главна логистичка рута за снабдување на руските сили на јужниот фронт, поради што Руската морнарица и ФСБ постојано ...
Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, Генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати 6 милиони евра штета директна последица на неговите одлуки. „Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ од Бања Лука, компанија тесно поврзана со мрежата на интереси на Милорад ...
Во рамки на работната посета на Загреб, Хрватска, Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со министерот за правда, јавна администрација и дигитална трансформација на Република Хрватска, Дамир Хабијан, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на дигиталната трансформација, модернизацијата на јавните услуги и јакнењето на дигиталната инфраструктура. На средбата беа разменети искуства за ...
Стилистката Лесли Фремар, која тврди дека била инспирација за ликот на Емили во филмот „Ѓаволот носи Прада“, првпат јавно проговори за својата врска со авторката на романот Лорен Вејсбергер. Во подкаст за „Вог“, Фремар откри дека токму таа ја вработила Вајсбергер како помлада асистентка додека работела за главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Таа призна дека култната реплика од филмот – „Милион девојки би убиле за оваа работа“ – навистина ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, и вицеканцеларот Ларс Клингбејл ги претставија главните насоки на буџетот за 2027 година и планираната реформа на здравствениот систем, по неколкунеделни тензии во владејачката коалиција. Според планот, Германија ќе штеди околу 16 милијарди евра во здравството, што ќе значи повисоки партиципации за лекови, помала државна поддршка за стоматолошки протези и воведување данок на шеќер од 2028 година. ...
Концептната уметница Марина Абрамовиќ отворено зборуваше за важноста на сексуалната енергија во нејзиниот живот, истакнувајќи дека дури и на 79 години, одржува редовни интимни врски со партнер кој е 21 година помлад од неа. По повод изложбата „Балкански еротски еп“ во Берлин, која ги истражува балканските еротизми и митовите за плодност, уметницата објасни за „Шпигел“ зошто решила да се фокусира на оваа тема токму сега: „Дури сега сфатив ...
Со удар на парламентарното ѕвоно од страна на највозрасниот пратеник Румен Миланов од „Прогресивна Бугарија“, официјално беше отворена првата седница на 52-то Народно собрание на Бугарија. Во собраниската сала присуствуваа претседателката Илијана Јотова, бугарскиот патријарх Даниил, службениот премиер Андреј Ѓуров и членовите на владата, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Во обраќањето, Миланов истакна дека „време е да го вратиме довербата на ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Македонија под водство на премиерот, Христијан Мицкоски, паднала за три места на Индексот за слобода на медиумите на организацијата „Репортери без граници“ и дека сега се наоѓа во групата земји со „проблематична состојба“. Во објава на „Икс“, Филипче оцени дека тоа е доказ за, како што наведе, влијанието на „Орбановата медиумска мрежа во служба на Мицкоски“ врз медиумскиот простор во земјата. „Ова ...
Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски ја претставува состојбата со реформите подобра отколку што е, велат од СДСМ, тврдејќи дека од 10 клучни реформски приоритети за јуни 2026 година, исполнети се само две. Од партијата велат дека според Европската комисија и реформската агенда, осум точки остануваат отворени или делумно исполнети, меѓу кои уставните измени, реформите во правосудството, борбата против корупцијата, јавната ...
Во Магаданската област во Русија се урна рудник, при што под урнатините останале заробени до осум лица, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Според првичните информации, дошло до одрон на карпи во површинскиот јагленокоп Кадикчан во округот Сусумански, пренесува ТАСС. „Примивме извештај за одрон на карпи во површинскиот коп за јаглен Кадикчан. Според прелиминарните информации, до осум лица може да се наоѓаат под урнатините“, ...
Руски дронови во текот на ноќта повторно ја нападнаа украинската Одеса, при што се повредени најмалку 18 лица, соопштија украинските власти. Најголема штета е предизвикана во централниот Приморски округ, каде се оштетени повеќекатници и станбени згради, а нападите предизвикале и големи пожари на покривите и горните катови. Russian kamikaze drones heavily attacked the railway area in Odesa city about 30 mins ago. A wide area was struck by up ...
Американската полиција реши 43 години стар случај на убиство и силување благодарение на криминалистички поткаст што помогнал да се откријат нови траги во истрагата. Станува збор за убиството на 16-годишната Роксен Шарп, која била силувана и убиена во Луизијана во 1982 година, а случајот со децении останал нерешен. По повторна анализа на старите докази со современа ДНК-технологија и нови информации добиени преку подкастот „Who Killed ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, денес ќе престојува во работна посета на Загреб, во рамки на која е предвидена средба со неговиот хрватски хомолог. На средбата, двајцата министри ќе разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, билатералните односи и секторската соработка, како и за ...
Дел од корисниците на улицата „Ловќенска“ во Општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради зафати во електродистрибутивната мрежа. Како што информираат од ЕВН Македонија АД, прекинот е најавен за 30 април 2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ловќенска“ со броевите 27, 29, 31, 33, 35 и 37. Текстот Дел од Карпош денеска пет часа без струја е превземен од ...
Вирална снимка од Кина прикажува момент кога танцувачки робот излегол од контрола за време на училишен спортски ден и предизвикал паника меѓу учениците. Инцидентот се случил во училиште во кинескиот регион Синџијанг, каде роботот прво изведувал танцови движења и боречки потези на теренот. Но, кога учениците влегле за синхронизиран настап со него, роботот се сопнал, паднал на земја и почнал неконтролирано да удира со нозете кон присутните, по ...
Жена за време на прошетка по плажа во близина на заливот Голвеј во Ирска пронашла шише закопано во песокот со вознемирувачка порака, по што без двоумење ја известила полицијата. Шишето, кое морето го исфрлило на брегот, било затворено со плута и восок, а однадвор имало остар мирис и наслаги. Во него се наоѓала порака што изгледала како повик за помош, напишана со комбинација од повеќе јазици. Откако успеала делумно да ја дешифрира, жената ...
Поп-ѕвездата, Оливија Родриго, откри дека една од нејзините најголеми маани е тоа што не знае да чува тајни. Во интервју за магазинот „Космополитен“, пејачката признала дека често кажува работи што треба да останат приватни. „Имам предолг јазик. Тоа ми е една од најлошите особини. Секогаш заборавам дека некои работи треба да останат тајна“, рекла Родриго низ смеа. Таа открила и дека тројца од петтемина момчиња со кои била во врска се родени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Германија со намалување на бројот на американски војници стационирани во земјата, во најновиот потег во растечкиот спор со сојузниците од НАТО. Заканата доаѓа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Иран ја понижил Америка во преговорите. На својата социјална мрежа „Трут Соушал“, Трамп објави дека неговата администрација „проучува и разгледува можно намалување на бројот на ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно го вовлече британскиот крал Чарлс III во дискусијата за Иран, изјавувајќи дека верува оти монархот веројатно би им помогнал на САД во евентуална воена операција. Трамп тоа го изјави во Овалната соба по државната посета на кралот, одговарајќи на прашање за говорот што Чарлс го одржа во Конгресот, во кој индиректно упати критики кон извршната власт во САД, пишува „Скај њуз“. „Кралот е ...
Италијанската влада денеска соопшти дека се регистрирала како тужител во правната постапка поврзана со пожарот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице, меѓу кои и шест италијански државјани. Овој потег следува по зголемените тензии меѓу двете земји по трагедијата што се случи за Нова година, како и по неодамнешните барања од швајцарска страна Италија да ги покрие трошоците за лекување на италијанските државјани ...