
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



По 26 дена војна, има одредени поместувања во мировните преговори, изјавил за Би-би-си, Михаил Подољак, еден од учесниците во разговорите од украинската страна. Тој посочил дека упорноста на Украина ја принудила Русија да ја процени реалноста на посоодветен начин, што помогнало да се воспостави некој вид дијалог. „Сепак, секоја одлука за мировен договор мора да биде донесена меѓу украинскиот претседател Владимир Зеленски и рускиот претседател ...
На 84-годишна возраст почина поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Нејзината смрт беше потврдена во имејл до персоналот на групата „Олбрајт стоунбриџ“, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт. Таа беше првата жена државен секретар на САД, која помогна да се води западната надворешна политика по Студената војна. Бидејќи не беше родена во САД, таа немаше право да се кандидира за американски претседател и беше исклучена ...
Верниците од исламска вероисповед го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 23 мај. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан доби уште еден мандат. Резултатите покажуваат дека Орбан е апсолутен победник со 2/3 од пратеничките места во Собранието. Коалицијата предводена од евроскептикот Орбан обезбеди 53 отсто или 135 пратенички места, додека неговиот противкандидат Петер Марки-Зај со коалицијата „Обединети за Унгарија“ обезбеди 35 отсто или 56 места. Во своето прво појавување по изборниот резултат, Орбан рече дека големата победа се ...
Нов Зеланд денеска ќе пречека стотици патници од Австралија при повторно отворање на границата со соседната земја, за првпат од средината на 2021 година, откако Владата почна да ги ублажува сè понепопуларните мерки за коронавирус. Културно-уметничките друштва на Маори ги пречекаа патниците додека семејствата и пријателите се поздравуваа на меѓународниот аеродром во Окленд, каде утрово слетаа два авиона од Австралија. Нов Зеланд имаше некои од ...
Комесарот за човекови права на Советот на Европа на денот за слободата на печатот потсетува дека „Има многу места во светот, особено во области кои се соочуваат или доживеале конфликт, каде што е опасно, дури и опасно по живот, да се практикува новинарство. Војната во Украина уште еднаш трагично ја илустрира ранливоста на новинарите во конфликтни ситуации. Иако е невозможно да се спречат сите ризици на кои се изложени овие новинари, државите ...
На 9-ти мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население, војна која однесе повеќе од 50 милиони животи. Денот на победата се слави и низ цела Европа, во спомен на жртвите и крајот на Втората светска војна, но и Денот на Европа поради почетокот на создавањето на ...
Кремљ денеска соопшти дека чекорот на Финска кон членство во НАТО, дефинитивно, е закана за Русија и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен. Одговарајќи на прашањето каков практичен одговор може да се очекува од Русија, Песков истакна дека сè ќе зависи од тоа како ќе се манифестира овој процес на проширување во иднина, колку воената инфраструктура ќе се движи поблиску до руските граници, пренесе ...
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска изјави дека Владата планира да ги укине епидемиолошките правила во текот на летото, според кои на патниците за влез во Германија им треба потврда за вакцинација против Ковид-19, негативен резултат од тестот или доказ за прележан Ковид-19. Лаутербах за медиумската група „Функе“ изјави дека правилата што важат за сите постари од 12 години, без оглед од каде доаѓаат во Германија, ќе бидат ...
Македонското меѓународно движење за човекови права покрена неколку процеси пред Европскиот Суд за Човекови Права, конкретнo со цел: да се обезбеди итно ослободување на македонските политички затвореници уапсени од режимот на СДС/ДУИ во Мaкедонија; да се понуди итна медицинска помош која досега режимот им ја ускрати на неколкумина од политичките затвореници кои имаат итна медицинска потреба; да се повика на одговорност режимот за неговото ...
Претставници на македонските иселенеци во Германија имаа средба во македонската амбасада која, по тој повод, на Фејсбук објави соопштение: Средба во Амбасадата во насока на поврзување на претставници на организации на македонската дијаспора во Германија од македонска и албанска етничка припадност и дискусија и размена на идеи за можностите за вмрежување, потенцијалот за идна соработка за заеднички проекти во иднина кои би биле финансирани од ...
Не. Ја мразиме американската надворешна политика затоа што ни ги уништува земјите. Кои сме тоа „ние“? Македонија, и секоја друга земја во која Соединетите Американски Држави интервенирале. Американските политичари се обидуваат секое прашање да го претворат во сценарио „ние (САД) против нив“ и секогаш ги обвинуваат „другите“. Но да го погледнеме ова сценарио: Дознаваш дека некој те мрази или е лут на тебе за нешто што си направил. Што е првото ...
Американскиот Стејт Департмент во годишниот извештај за состојбата со човековите права во Бугарија, ги критикува властите за ускратувањето на човековите права на етничките Македонци. Се посочуваат 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права, за кои се вели дека властите во Софија ги игнорираат. „Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација ‘Илинден’, ...
Извештајот е важен, тоа е еден од најрелевантните извештаи за правата на човекот во светски рамки, затоа е од значење вклучувањето во него на проблемите на македонското малцинство во Бугарија, вели претседателот на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков во изјава за „Локално“, коментирајќи го Извештајот на американскиот Стејт Департмент за почитувањето на човековите права во Бугарија, особено во делот на етничките Македонци. Според Стојков, ...
Веќе 60 години македонското малцинство во Бугарија е подложено на систематска дискриминација, асимилација и маргинализација. Тоа на Македонците им предизвика безброј страдања и ги претвори во граѓани од втор ред во државата во која што живеат и во земјата во која што се родени. Таквата политика не само што е срамна, туку е и недозволива за цивилизирана и правна држава, дури и гротескна за Европската унија. Истата антимакедонска политика сега ја ...
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла обидите на Софија – Гораните да ги декларира како “бугарско малцинство“ на Косово. СМК повторува дека на Косово не живеат Бугари туку Македонци! СМК бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово! СМК најостро ја осудува анткмакедонската пропаганда на Софија меѓу ...
Во рамките на програмата “Факти за нашата земја“ се разговараше за македонското малцинство во Грција и неговите прашања Осмиот дел од онлајн-програмскиот серијал со наслов „Факти за нашата земја“ на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа беше емитуван на 28 април 2022 година. Гостин на осмата програма беше Павле Воскопулос Филипов, член на Президиумот на “Виножито“ која е политичка партија на македонското малцинство во Грција. Во ...
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) го честитаат 6. Мај – Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово. СМК и СМИР посакуваат унапредување на положбата и правата на припадниците на Македонско-Горанската заедница на Косово, како етнички Македонци. СМК и СМИР очекуваат Владата на Косово да ја поддржи Македонско-Горанската заедница на Косово во целосната интеграција на косовската држава и ...
Делегација на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) деновиве престојуваше во Грција, во посета на Мкедонското движење за унапредување на мајчиниот јазик “Крсте Мисирков“. Македонското движење неодамна аплицираше за членство во оваа неприфитна организација. Потпретседателот на ФУЕН Госта Тофт оваа посета ја оцени како необичен работен ден. На Фејсбук страницата на оваа организација беше напишано дека делегацијата на ФУЕН беше во ...
Завршија и последните избори во Србија /претседателски, парламентарни и локални за Белград и уште неколку општини/ кои се одржаа на 03. 04.2022 година. Познати се резултатите. За претседател на Србија, повторно е избран досегашниот претседател, Александар Вучиќ. Следи конституирање на Собранието на Србија и избор на нова влада. За Собранието на Србија, кое брои 250 члена, беа пријавен 19 политички партии – коалиции. Седум мнозински политички ...
Црногорската заедница во Република Албанија ја прославува 4-годишнината од основањето, и оваа година беше многу богата година со активности и средби во рамките на програмата на Црногорската заедница во Република Албанија. Главните активности беа одбележувањето на трагедијата на Медова на 6 јануари, Денот на независноста на Црна Гора на 21 мај, Денот на Свети Владимир Дуклески на 4 јуни, Денот на формирањето на државата 13 јули итн. Post ...
Официјално, Ибсен Елези ќе биде единствениот противкандидат на историскиот лидер Сали Бериша, во трката за функцијата претседател на Демократската партија, избор што го спроведуваат приврзаниците на Бериша. Во трката за претседател на ПД формулар доставија двајца кандидати, Сали Бериша и Ибсен Елези. Документите Елези ги достави до изборна комисија пред два дена, бидејќи во сабота, 7 мај, беше крајниот рок за поднесување на формуларите. Бериша ...
Албанскиот Институт за статистика објави дека во првите три месеци од годинава, споредено со истиот период минатата година, за над двапати е зголемен албанскиот извоз во Македонија. Според ИНСТАТ, во периодот јануари-март во Македонија извесена е стока во вредност од околу пет милијарди лека (122 лека = 1 евро). Според ИНСТАТ, во споредба со истиот квартал од 2021 година, извозот е зголемен за околу два милијарди леки. Во првиот квартал од оваа ...
Според најавите на албанските туроператори, годинава се очекува земјата да ја посетат над шест милиони туристи. Албанија, речиси во текот на целата календарска година ја посетуваат странски туристи, но летната туристичка сезона, кога туристите се најбројни, официјално почнува во кон крајот на мај и трае пет месеци. Првиот чартер пристигнува на 26 мај а последниот на почетокот на ноември. Бројките се охрабрувачки, очекуваме над 20 отсто повеќе ...
Пропадна првиот круг на гласање за нов претседател на Албанија, предвиден за утре попладне, откако претставниците на парламентарните групи не постигнаа договор за консензуален кандидат. Денеска до 16 часот беше крајниот рок за доставување предлог- кандидатури со потписи на 20 пратеници, но официјално не е поднесена ниту една. По утрешната посебна пленарна седница во 17 часот страните ќе ги продолжат разговорите, а вториот круг на гласање треба ...
Во 2001 година, УНЕСКО ја усвои Универзалната декларација за културен диверзитет и во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН, во својата резолуција 57/249, го прогласи 21 мај да биде Светски ден на културниот диверзитет, за дијалог и развој. Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој се одржува секоја година на 21 мај, со што се одбележува не само културното богатство во светото туку и меѓу културниот дијалог за ...
Додека во огромното мнозинство избирачки места заврши гласањето извори од Демократската партија за Македонски весник “Илинден” дознава дека значително води Сали Бериша. Во повеќето избирачки места поранешниот премиер Бериша доби неколку пати повеќе гласови од другиот кандидат Ибсен Елези. Се чини дека овој тренд ќе биде ист за сите овие избирачки места, објавувајќи го очекуваниот резултат. За шеф на Демократската партија ќе биде избран Сали ...
Поранешниот претседател повеќе од еден месец беше префрлен од болницата „Шефќет Ндроќи“ во болница во Германија на поспецијализирано лекување, но според тамошните лекари, поранешниот претседател паднал во кома и претрпел мозочна смрт неповратна за поранешниот претседател. Лекарите ги советувале членовите на семејството да донесат одлука поради изгубените надежи дека ќе се разбуди. Нишани беше хоспитализиран во поранешниот Санаториум во Тирана ...
Во Министерството за култура денеска се одржа свеченото донирање на фототеката “Докле“ од областа Гора на националниот музеј на фотографија “Маруби“. Станува збор за повеќе од 20.000 филмови снимени во текот на 50 години, на Сафет и Ѓилзаде Докле, кои го опфаќаат целиот општествен, културен, уметнички и економски живот, духовна и материјална култура на Кукс и областа Гора. Извонредно и страсно дело, кое високо го пофалија министерката Елва ...
Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 18. 05. 2022 година донираше комплет од весникот “Илинден“ во библиотеката на Собранието на Република Албанија. Во врска со тоа, тој изјави: „Ми претставуваше чест и задоволство денес во Собранието на Република Албанија да се сретнам со г-ѓа Лидра Бушати, директор на издавачката служба и Собраниската библиотека. Донирав комплет од македонскиот весник “Илинден“ и други ...