
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Градоначалникот на Општина Пустец, областа Мала Преспа, Пали Колефски на 23.06.2022 година учествуваше на првиот состанок на постојаните тела на првите прекугранични заштитени области на Балканот, Комитетот за управување со паркот Преспа (ППМК) и Работната група за управување со води (WGWM), одржан во Пили, Преспа, Грција. На состанкот се разговараше за можностите за соработка во рамките на зачувувањето на биосферата и природните вредности на ...
Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири ...
Руските сили сега го контролираат разурнатиот град Северодонецк во источна Украина, изјави неговиот градоначалник. „Русите целосно го окупираа Северодонецк, нашата војска се повлече на поподготвени позиции“, изјави Олександр Стрјук за украинската телевизија. повеќенеделното силно руско гранатирање го претвори градот главно во урнатини. Многу цивили се засолниле во огромната хемиска фабрика „Азот“, но Стрјук рече дека единствениот излез сега е ...
Светот се соочува со „катастрофа“ поради сè поголемиот недостиг од храна, нагласи денеска преку видео линк генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, за време на состанокот на Г7, економски најразвиените земји, во Берлин. Тој го наведе конфликтот во Украина како дополнително нарушување на глобалното снабдување со храна, што веќе било загрозено со климатските промени, пандемијата од Ковид-19 и големите економски разлики ...
Американскиот претседател Џо Бајден не може да се дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили“ и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф. Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира ...
Туризмот во Албанија, кој беше еден од најтешко погодените сектори за време на пандемијата, се чини дека брзо закрепнува. Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, на албанска територија во април 2022 година влегле 832.920 лица, што споредено со истиот месец минатата година значи зголемување за 78,6 отсто. Сметам дека двете години од пандемијата треба да се исклучат како компаративна основа, бидејќи секоја споредба со ...
Резултатите од Балканскиот барометар и Секјуриметар покажуваат дека 76 отсто од граѓаните на Западен Балкан ја поддржуваат соработката во регионот, а дека поддршката за европската интеграција опаѓа во споредба со претходните години – сега таа е 60 отсто. Исто така, 60 отсто од компаниите сметаат дека интеграцијата на шесте балкански земји би имала позитивно влијание врз нивниот бизнис, а 49 отсто од граѓаните сметаат дека економскиот раст е ...
Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски и претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски остварија средба и со корчарскиот митрополит Јован. На средбата посебен акцент беше ставен на канонското признавање на МПЦ-ОА, за што митрополитот изнесе искрени честитки и благослов до македонските верници. Тој најави дека се очекува набрзо да се воспостават канонски односи меѓу Албанската автокефална ...
Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денеска беше на работна посета на Универзитетот “Фан С. Ноли“ во Корча, каде разговараше за проширувањето и конкретизирањето на соработката на Универзитетот “Фан С. Ноли“ со универзитетите од Република Македонија беа во центарот на средбата што ја реализираше амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Данчо Марковски со раководните органи на Универзитетот “Фан С. Ноли” во Корча. Дискусиите се фокусираа ...
Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денеска во просторите на Округот Корча оствари средба со Нертил Јоле префект на Округот Корча, на средбата беше присутен и Васил Стерјоски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). На средбата се разговара за можностите за меѓурегионалната соработка меѓу Македонија и Албанија во области како што се: економија, земјоделство, социјална здравствена услуга, туризам и култура. Заедно ...
Министерството за надворешни работи на Македонија најостро ги осудува вчерашните написи “Македонија е Бугарија”, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница. Таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и ...
Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло. Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот. Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот. Нападот се случил во ноќниот клуб Лондон паб, популарен геј клуб во ...
Албанија продолжи да увезува големи количини руска пченица од почетокот на војната во Украина, што ги зголеми стравувањата дека некои од купените парцели можеби се украдени од украинските магацини, објави веб-страницата „Егзит“. Србија, сојузник на Москва, и Русија продолжуваат да бидат најголеми снабдувачи на пченица во земјата, и покрај тврдењата дека трговците на големо се обидуваат да ги диверзифицираат своите извори. Податоците за ...
Македонскиот премиер Ковачевски од Брисел изрази незадоволство поради бавниот тек на евроинтеграцијата и порача дека францускиот предлог е неприфатлив за земјата. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски од Брисел порача дека францускиот предлог, во сегашната форма е неприфатлив за него. „Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата и за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија. ...
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски денеска учествуваше на тркалезната маса во која се дискутираше за претседавањето на Албанија во Советот за безбедност односна тема на дискусија беше: „𝐀𝐥𝐛𝐚𝐧𝐢𝐚 𝐦𝐞𝐦𝐛𝐞𝐫 𝐨𝐟 𝐭𝐡𝐞 𝐔𝐍 𝐒𝐞𝐜𝐮𝐫𝐢𝐭𝐲 𝐂𝐨𝐮𝐧𝐜𝐢𝐥: 𝐭𝐡𝐞 𝐞𝐱𝐩𝐞𝐜𝐭𝐚𝐭𝐢𝐨𝐧𝐬 𝐨𝐟 𝐭𝐡𝐞 𝐫𝐞𝐠𝐢𝐨𝐧’𝐬 𝐜𝐨𝐮𝐧𝐭𝐫𝐢𝐞𝐬 𝐨𝐧 𝐭𝐨𝐩𝐢𝐜𝐬 𝐨𝐟 𝐜𝐨𝐦𝐦𝐨𝐧 𝐢𝐧𝐭𝐞𝐫𝐞𝐬𝐭“, која беше организирана од ...
Не постојат законски пречки за реализација на идејата за отворање македонски културен клуб во Бугарија. Македонците од Бугарија имаат легитимно право да бараат помош од Македонија како нивна матична држава. Отворањето македонски културен клуб и центар е само еден конкретен пример дека Македонците од Бугарија може легално да си побараат помош од Македонија за потребите на споменатиот проект. Токму отворањето македонски културен клуб и центар ќе ...
Овој текст е пишуван пред две години. Тогаш УКИМ беше апострофиран како центарот на злото во високото образование, а јас мислев и сѐ уште мислам дека рибата смрди од главата, а главата на образованието, од сите степени, е Министерството за образование и наука. Секако, над таа глава има друга, Владата. И така се вртиме во круг на некадарни, но континуирани уништувачи на македонското образование, а спроти нив, реномирани имиња во својата работа. ...
Во следните два дена во рамки на Советот на Европа ќе имам бројни средби во кои што ќе разговарам со бројни пратеници од сите европски држави. Ќе разговарам за интересот на Македонија, за потребата Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствено. Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува ...
Во следните два дена во рамки на Советот на Европа ќе имам бројни средби во кои што ќе разговарам со бројни пратеници од сите европски држави. Ќе разговарам за интересот на Македонија, за потребата Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствено. Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува ...
По повод 80-от роденден (21 јуни) на познатиот и признат македонски иселеник Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија излезе од печат монографијата „Ова е мојот живот“. Ова моногравско дело е издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј уредник е Душан Ристевски, а рецензенти се : Д-р Науме Радически и д-р Димитар Пандев. Монографијата „Ова е мојот живот“.е публикација на на 520 страници на македонски и на англиски ...
Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Бугарија ја киднапирала Европската Унија. Тој рече дека денеска имал опсежни разговори со лидерите на Србија и Македонија за учество на претстојниот Самит на ЕУ. Денес опширно разговаравме со лидерите на Србија и Македонија за претстојниот Самит на ЕУ – напиша Еди Рама на Твитер. „Изгледа како уште едно „Не, извини!“. Она што на крајот ќе го слушнеме. Целата Унија, киднапирана од Бугарија, не е добар ...
Бугарската офанзива од позиција на членка на Европската Унија за национално обезличување на Македонците продолжува на Косово. Откако во 2017 година, со помош на уцени кон Владата на Република Албанија, Бугарија успеаја да вметне непостоечко бугарско малцинство во Албанија, на ред е Косово. Со децении, во областа Гора во Косово живеат Македонци, но сега за потребата на бугарските интереси тие треба да станат Бугари. За да се реализира оваа ...
Почна дванаесто издание на Балканскиот филмски и кулинарски фестивал во Поградец, за 5 дена и ноќи, ќе бидат прикажани филмови изработени од разни балкански земји како Албанија, Македонија, Романија, Хунгарија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Косово, Црна Гора, Словенија. Поградец е “Главен град“ на Балканот благодарение на овој настан што го организира годишно од Ено Милкани и Герта Кирку, со поддршка од Општина Поградец и други спонзори. ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Владата на Република Финска, Сана Марин. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи и соработката меѓу двете земји, перспективите на Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ, новонастанатите политички и економски текови во Европа, како и апликацијата на Финска за членство во НАТО. На средбата претседателот Пендаровски ја поздрави тенденцијата за унапредување ...
Влатко Стефановски, легенда, светско, а наше во саботата вечер, за прв пат во својата богата кариера настапи во Тирана, Албанија. На сцената, виртуозниот гитарист и автор, во својот оригинален стил донесе беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци, во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас. А, за се она пред настанот и по настанот за координација и поврзување на сите битни сегменти за да се понуди „кавијар” од ...
Македонските партии и организации во Бугарија потпишаа заедничка платформа за обединување на тамошното македонско движење, со што, како што истакнуваат го завршија процесот на надминување на последните внатрешни поделби и противречности што траше во изминатите две години. Во продолжение ги пренесуваме интегрално целите наведени во платформата. Заедничка платформа за единство на Македонско движење во Бугарија Согледувајќи ја важноста на целите ...
Центристичката коалиција на францускиот претседател Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во Француското национално собрание, само два месеци откако тој беше реизбран за претседател На крајот од вториот круг од вчерашните избори, кандидатите на Макрон освоија 245 места, пред левичарската коалиција Нупес и екстремно десничарскиот Национален митинг, кои направија историски пробив од 89 места. Премиерката Елизабет Борн рече дека ...
Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе се отворат клуб и културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера, соопштуваат од организацијата на Македонците од Бугарија, ОМО “Илинден“-Пирин. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот. Веќе ...
Во навечерието на неделата кога Црквата Божја го слави споменот на Сите Светии одеднаш, Бигорската Обител се украси со чесни мошти на уште еден член од свештениот собор на Небесната Црква. Имено, недобројниот светителски хор, кој со еднодушие и со неискажлива радост и славословие постојано се насладува од Божествената красота на лицето Божје, денеска го почести нашето братство со благодатната посета на светата Христова Маченица Сабина Римјанка. ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими надбискупот Пол Ричард Галагер, ватиканскиот секретар за односи со државите. На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање, и беше изразено задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво. На средбата се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување ...