
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Вештачката интелигенција (ВИ) може да ги остави без работа сите луѓе, изјави сопственикот на социјалната мрежа X, компанијата Тесла Илон Маск. Тој ова го истакна на настан во официјалното седиште на британската Влада, Ланкастер Хаус, во Лондон. – Тешко е да се каже точно кога, но ќе дојде момент кога работата нема да биде потребна. Можете да работите поради лично задоволство, но вештачката интелигенција ќе биде во состојба да направи сè. Не знам ...
Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да се пласира во следната фаза, односно во полуфинлето на турнирот во Ираклион, во Грција. Имено Лина беше поразена и тоа убедливо од Сиња Краус од Австрија, со 0:2 во сетови. Во првиот сет противничката беше подобра и го доби со 2:6 во гемови, додека во вториот Лина се обиде да направи нешто повеќе, но бадијала, и овој сет беше загубен со 4:6. Интересно е тоа што Лина е далеку подобро пласирана ...
Македонските кадетски кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција забележаа синоќа победи над соодветните селекции на Косово во рамки на 2. коло на ФИБА развојниот турнир „Заедно до 16“ што се игра во Скопје. Во пресметката на женските селекции, македонските кошаркарки забележаа убедлив триумф над Косово со 73-24 во дуел во кој избраничките на селекторот Горан Крстевски имаа апсолутна доминација на паркетот во СРЦ „Кале“. ...
Израелските војници се пробија во предградието на градот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. – Се наоѓаме на врвот на битката. Имавме импресивни успеси и ја поминавме периферијата на градот Газа. Постигнуваме напредок, рече Нетанјаху. Во објавата на социјалните мрежи премиерот додава: – Ништо нема да не’ спречи. Ќе одиме напред. Ќе напредуваме и ќе победиме, а тоа ќе го направиме со божја помош и со помош на нашите херојски ...
На Граматиката работев дома, во Прилеп, до крајот на август. Многу време за пишување немав, зашто целта ми беше што побрзо да им се даде „Македонската граматика“ на училиштата. Потоа, на 24 јануари 1946 година се појави првата македонска Граматика. Имаше голем одек како кај нас, така и пошироко. Имаше неколку рецензии кои го означија појавувањето на мојата граматика како историски чин… Вака во своите сеќавања за создавање на ова капитално дело ...
Треба ли една држава да ги дава на друга држава под концесија своите најголеми национални богатства? Треба ли да направи се за да самата ги користи можностите на својата територија? Овие прашања се наметнуваат низ светот со години. Најчестиот одговор е дека големи богатства и системи се даваат на други држави ако ептен во домицилната земја има потреба од тоа. Во Македонија се наметнаа овие прашања повторно минатиов период откако Владата соопшти ...
Европскиот одбор за заштита на податоците донесе обврзувачка одлука со која забранува да се користат личните податоци на корисниците за насочено рекламирање на „Фејсбук“ и „Инстаграм“. – Се воведува забрана за обработка на лични податоци за насочено рекламирање врз правна основа на договор и легитимен интерес низ Европската економска област, објави Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), пренесува France 24. Наредбата доаѓа откако Мета ...
Голема прашина се дигна околу вработувањето на Миликие Халими за директор на државното претпријатие „Аеродроми“. Те, имала-немала универзитетска диплома, те завршила ли Педагошки или Економски факултет, те како претходно станала инспекторка во Царинската управа со средно медицинско училиште… Наскоро прашината ќе слегне, а поранешната градоначалничка на општина Арачиново и кадар на владеачката партија СДСМ ќе седне во фотелјата и ќе треба да се ...
Власта е растрчана околу градење на патишта низ Македонија. Се потпишуваат и плаќаат скапи договори за нови сообраќајници, се надгледуваат веќе започнатите патишта, се даваат ветувања дека се ќе се изгради и дека Македонија ќе има одлична патна инфраструктура. Арно ама, вчера до јавноста стигна ладен туш – градењето на автопатот Кичево – Охрид не оди како што треба. И таа лоша вест ја соопшти лично премиерот Димитар Ковачевски. -Недозволиво е ...
Денес повторно имаше тепачка меѓу пратеници на власта и опозицијата во Собранието во Албанија, објавија албанските медиуми. Пратениците од демократската партија претходно влегоа во салата, ги собраа сите столчиња, натрупувајќи ги пред собранискиот под. Тие ги обвинуваат социјалистите дека им е ускратено уставното право да формираат истражни комисии или да назначуваат претставници на опозицијата во Комисијата за изборни реформи. Отворено изјавија ...
Американскиот претседател Џо Бајден се закани дека ќе стави вето на пакетот помош за Израел ако тој не вклучува помош за Украина. Белата куќа предупреди дека Бајден во овој случај ќе одбие да го потпише предлог-пакетот за воена помош за Израел од 14 милијарди долари поддржан од Републиканците. Предлог-законот ја исфрла помошта за Украина и парите за други фондови, а се повикува на Законот за намалување на инфлацијата, пренесуваат американските ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон според кој Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, пренесуваат руските агенции. Како што е наведено во придружните документи, усвоениот закон е изработен со цел да се воспостави паритет во однос на обврските во областа на контролата на нуклеарното оружје. Законот влегува во сила од моментот на неговото официјално објавување, објави „Спутник“. ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на експресен начин се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во грчки Хераклион. Нашата најдобра тенисерка претпладнево ја совлада 21-годишната италијанска квалификантка Софија Рокети, 485. на ВТА-листата. Ѓорческа славеше со 6-3, 6-1 за еден час и 13 минути игра. И во двата сета отвораше со брејк, правејќи водство, кое противничката не успеваше да го стигне. Следна ривалка за 29-годишната ...
Телескопот со Х-зраци на НАСА ја открива спектралната „рака“ на одамна изгубената супернова која се протега од космичките сенки, додека фрла нова светлина врз сложениот танц на наелектризираните честички во небесниот спектакл. Во хипнотизирачко космичко откритие, ново лансираниот телескоп на Х-зраци на НАСА го постави својот нишан на спектралниот остаток од супернова во облик на рака, 16.000 светлосни години од Земјата. Невиденото набљудување ...
Директорот и уште тројца службеници на индонезиска фирма чиј сируп против кашлица е поврзан со смртта на над 200 деца се осудени на затвор. Тие се осудени на двегодишна затворска казна и парична казна од 1 милијарда индонезиски рупии (63.056 долари). Фирмата Афи Фарм е обвинета за производство на сирупи за кашлица кои содржат вишок на токсични материи. Адвокатот на компанијата рече дека тие негирале невнимание и дека фирмата размислува дали да ...
Германскиот весник „Билд“ објави манифест од 50 точки, насловен „Германија, имаме проблем“ во кој го привлекуваат вниманието на хаосот во кој моментално се наоѓа светот, особено од почетокот на војната во Израел, но и хаосот со мигрантите. Во манифестот се бара од мигрантите да бидат љубезни, да се ракуваат, ножевите да ги остават дома и дека девојчињата имаат право да се капат во базен со костим за капење. Што вели манифестот? 1. Член 1 од ...
Во светот обично ретко која нормална држава ги дава на други држави под концесија своите најголеми национални богатства. Матичната држава се обидува сама да ги користи своите ресурси, треба да е целосно во зорт за да го даде тоа на друга држава. Ова е еден вид на непишано правило – насока. Колку ова се почитува во Македонија? Трите месеци коишто Владата и ги даде на грчката фирма ППЦ – Архиродон за да основа заедничко акционерско друштво за ХЕЦ ...
Судскиот совет стана орган чиешто работење ја разочарува македонската јавност. Во последно време имаше крупни грешки, недоречености и скандали. И наеднаш политиката, судството, па дури и странските дипломати во земјава си поставија задача работите таму да се сменат. Почнаа да стасуваат и најави за бројни проекти со цел овој орган да почне да функционира како што треба и со самото тоа да се почне со оправање на урнисаното судство во Македонија. ...
Бернард Ботинг од Англија има 98 години и на Лотаријата со поштенски кодови освоил 685.000 фунти, што е околу 795.000 евра. Бернард и неговата сопруга Дорис одлучиле заедно да играат на лотаријата пред неколку години. Неговата сопруга починала пред пет години, на 93-годишна возраст, но тоа не го спречило Бернард да се надева на голема победа. Тој повторно си ја пробал среќата и веројатно не очекувал да победи дури три пати. – Се изненадив кога ...
Полека доаѓа време на избори. Полека многумина пратеници, министри, директори… ќе се збогуваат од удобните државни фотелји. Ќе ги нема и бајаги високите плати. Ама, многумина од нив ќе можат да си побараат апанажа, односно, да примаат плати и натаму во одреден период без да одат некаде на работа. Така било според закон. Колку такви функционери ќе има засега е неизвесно, но искуствата покажуваат дека секогаш ги има десетици и десетици. Некои ...
За да купите пристоен стан од 80 квадрати во Германија, треба да заработувате 8.000 евра месечно нето, пишуваат германските медиуми. Според написите, ниту изнајмувањето станови веќе не е евтино. Киријата се зголемува секоја година во речиси сите германски градови. Не се гледа крајот на недостигот на станови во Германија. Состојбата се влошува особено во урбаните средини. Во Берлин, на пример, секоја година се градат околу 13.000 нови станови, ...
Кој ги води успешните држави напред? На кого таквите држави во иднина ќе се потпираат? Одговорот е лесен – талентираните лица се водачи кон подобрата иднина на една земја. Како е во Македонија? Има ли место за талентираните во раководните структури на земјата? Се мисли ли, и се помагаат ли младите таленти да се доразвијат? А, нашава држава е полна со таленти во разни области. Има и многу деца, ученици кои освојуваа разни медали по знаење низ ...
Американскиот милијардер, основач на Тесла и сопственик на „X“, Илон Маск го нарече шеф на Фондот за отворено општество Џорџ Сорос мизантроп, кој во основа го мрази човештвото на фундаментално ниво. Маск најави дека ќе ја тужи фондацијата „Сорос“. – Сорос во основа го мрази човештвото и ги поддржува плановите кои ја нагризуваат структурата на цивилизацијата. Се чини дека организацијата на Сорос не сака ништо помалку од уништување на западната ...
43 кинески воени авиони биле забележани околу островот Тајван во последните 24 часа. Ова го соопштува Министерството за одбрана на Тајван, и се додава дека се забележани и 7 бродови. -37 авиони ја минале демаркационата линија, се додава во соопштението. Во текот на изминатата година, Пекинг ги засили воените активности околу Тајван, кој го смета за своја територија. Според локалните медиуми, бродови и авиони биле забележани помеѓу 06:00 часот во ...
Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија. Ова го потврди првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. Иако денес беше последниот ден за поднесување писма со намери до Меѓународната фудбалска федерација за организација на Светските првенства во 2030 и 2034 година, Инфантино го потврди она што практично веќе беше познато. Што се однесува до Светското првенство во 2030 година, потврден е интересот на Мароко, Португалија ...
Американските командоси на теренот во Израел помагаат да се лоцираат повеќе од 200 заложници, кои беа киднапирани од членови на Хамас од Појасот Газа за време на прекуграничен напад на 7 октомври, изјави американскиот помошник секретар за одбрана Кристофер Мајер. Тој најави дека главната задача на американските специјални сили е да му помогнат на Израел „да ги идентификува заложниците, вклучително и оние кои се државјани на САД“. – Ние активно ...
Минатата година, за прв пат по речиси 170 години, во Шведска не е забележан грабеж на банка. Со оглед на високо насилната природа на организираниот криминал во оваа скандинавска земја, претходната реченица звучи прилично неверојатно. Сепак, одговорот е едноставен, нема смисла да се ограбуваат шведските банки, бидејќи нема повеќе готовина во филијалите и трезорите. Шведска во моментов е најнапредната земја во светот кога се работи за ...
Париската полиција денеска отвори оган врз жена која наводно се заканувала во возот, што е последен безбедносен инцидент во земја која го подигна нивото на безбедност поради терористички закани, откако исламски екстремист овој месец уби професорка во средно училиште. Според „Фигаро“ жената носела исламски превез, абаја, а покрај заканите изговарала и зборови кои го оправдуваат тероризмот. Полицијата соопшти дека засега нема информации за ...
Пленарната седница на албанскиот законодавен дом вчера попладнето почна тензично, со физичка пресметка меѓу пратеници на опозицијата и на мнозинството. Расправијата ескалираше кога пратеникот Бледион Налбати од Демократската партија физички го нападна Вулнет Сина од Социјалистичката партија, пишува „Косова прес“. Претседателката на собранието, Линдита Никола побара од пратениците на Демократската партија да седнат во своите фотелји и седницата ...
„Се работи на решение за корекција на функционерски плати“; „Работна група го подготува предлогот“; „ Се бара решение кое нема да падне на Уставен суд“; „За недела-две ќе биде готово“… . Ова се најавите и ветувањата на власта кои долг период јавноста ги слуша околу намалувањето на драстично зголемените плати на функционери. Ама… Најавите за ново законско решение со кое треба да се „амортизираат“ последиците од скандалозното зголемување на ...