Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во Скопје, по кратко боледување, почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во периодот 1990–1992 година. Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе ...
Педесет и деветгодишна жена била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 јуни околу 11:50 часот. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт кај Д.А. (59). Притоа не биле забележани видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Таа треба ...
Сите економски показатели покажуваат дека имаме позитивен тренд и во делот на извоз и откупот на земјоделските производи, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска седница одговарајќи на повиците на опозициски пратеници за негова интерпелација. Министерот нагласи дека позитивниот тренд се забележува и кај извозот на земјоделски производи, па така во 2025 извозот на земјоделски ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред 3 децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.С. (23) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Несреќата се случила на 28 мај 2026 година околу 23:00 часот на улица „34“ во населбата Илинден, кога дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (23), и мопед управуван од П.С. ...
Организаторите на аргентинската радиостаница „Вортерикс“, која своите емисии често ги пренесува и преку интернет, направија неверојатен гаф кој стана вирален хит во светот. Во емисија за вонземјани по грешка наместо уфолог, поканиле уролог. Иако имињата на овие професии се разликуваат во една буква, изразот на лицето на несреќниот лекар уште од самиот почеток покажувал дека нема поим зошто е таму. Збунетоста кулминирала кога водителот на ...
Мариус Борг Хојби, синот на норвешката принцеза Мете-Марит, нема да биде пуштен од притвор за да ја посети својата болна мајка во болница, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на одлука на апелациониот суд. Судот заклучи дека „сè уште постои голема веројатност Хојби да направи и други кривични дела ако биде пуштен“, објави норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРТ. Извештајот дојде откако понискиот суд во Осло во понеделникот (8.јуни) ...
Мариус Борг Хојби, синот на норвешката принцеза Мете-Марит, нема да биде пуштен од притвор за да ја посети својата болна мајка во болница, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на одлука на апелациониот суд. Судот заклучи дека „сè уште постои голема веројатност Хојби да направи и други кривични дела ако биде пуштен“, објави норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРТ. Извештајот дојде откако понискиот суд во Осло во понеделникот (8.јуни) ...
Во основно училиште во скопското село Црешево, починала 57-годишната В.Ѓ., вработена во училиштето, откако ѝ се слошило додека била на работа. Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 11:35 часот, по што на местото интервенирале полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција со цел да се утврдат ...
На Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици заради организирано учество во гаснење на пожари на отворен простор и шумски пожари, посочи денеска директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што истакна на прес-конференција тие се потребни за пополнување на работните места возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и ...
Меган Маркл сподели нови семејни фотографии за да го означи почетокот на летото. Една од фотографиите привлече посебно внимание, онаа на која нејзината ќерка, принцезата Лилибет, носи маица посветена на пејачката Бијонсе. На маицата на малечката Лилибет, која неодамна го прослави својот петти роденден, пишува: „Б е за Бијонсе“ и има илустрација од познатата пејачка. Меган покрај објавата на Инстаграм напиша: „Влегуваме во лето“. Објавата ...
Институтот за судска медицина утврди дека во парчињата салама што ги најдоа деца во Расадник, Кисела Вода, во близина на детско игралиште, има присуство на инсектицидот метомил (во јавноста познат како ланате). Станува збор за високо токсичен инсектицид, одамна забранет за употреба и за увоз во земјите на ЕУ и во Македонија, поради неговата енормна токсичност и можност за злоупотреби, најмногу со цел да се трујат животни, алармира Јавното ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) одлучи значајно да ги намали цените на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизација и ликвид ПАП цитологија. Мерката директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита. Цената за ХПВ генотипизација се намалува од 5.500 на ...
Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт изненади голем дел од присутната публика откако неочекувано се појави на премиерата на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“. Свифт се качи на сцената во театарот Долби, облечена во долга вечерна тоалета, и на пијано ја изведе песната „Го знаев тоа, те знаев тебе“ („I Knew It, I Knew You“), која, како што изјави, ја напишала специјално за новото продолжение на популарната анимирана серија. Таа ѝ се ...
Со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Армијата го одбележа 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, единица која го продолжува наследството на првиот воен лет реализиран во 1992 година. На свеченоста присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, високи армиски претставници, поранешни команданти на единицата, претставници на дипломатскиот и ...
Потенцијално трагичен инцидент го одбележа пријателскиот натпревар меѓу Унгарија и Казахстан во Дебрецин, откако специјална телевизиска камера се откачи и падна директно на теренот од височина поголема од 20 метри. Инцидентот се случил во 26. минута од натпреварот на стадионот „Наѓердеи“, кога камерата поставена на сајли над тревникот одеднаш почнала да испушта чад. Според првичните информации на унгарските медиуми, најверојатно дошло до ...
Штом беа објавени првите трејлери за новиот филм на Стивен Спилберг, „Ден на разоткривање“ (Disclosure Day), со кои се потврди дека се занимава со вонземјани, интернетот буквално експлодираше од шпекулации. Публиката беше убедена дека режисерот конечно ни носи продолжение на неговото ремек-дело од 1977 година, „Блиски средби од трет вид“, по речиси пет децении. Сите овие шпекулации отидоа дотаму што студиото мораше смело и јасно да изјави во ...
Силна бура што го зафати јужниот дел на Холандија однесе човечки живот и предизвика голема материјална штета. Во градот Бокстел загина возач откако дрво паднало врз неговиот автомобил, додека леден град оштетил бројни камперски приколки и шатори во покраината Северен Брабант. Општинската комунална служба во Бокстел соопшти дека несреќата се случила во вторникот попладне, кога силните ветрови урнале скапано дрво врз возило во движење. Возачот ...
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...
Маж од општина Карбинци вршел полови дејствија врз малолетно девојче и ѝ пренел заразна болест, соопшти полицијата. Б.Т. (33) од село во општина Карбинци е лишен од слобода на 8 јуни 2026 година. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп порача денеска дека иранската страна премногу одолговлекувала во преговорите со Соединетите Американски Држави и дека, наместо да постигне договор кој би бил добар за неа, сега ќе „мора да плати“. Преку објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп упати сериозни тврдења за состојбата на иранските сили, посочувајќи дека нивната војска е во состојба на потполн неред. „Иранската ...
Дигиталните свидетелства од оваа година се воведуваат за учениците од прво до трето одделение, а од следната година ќе бидат воведени и за учениците од четврто до шесто одделение, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. – Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи во некое училиште, можеби во рурална средина или во училиште со послаба техничка опременост, ...
Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движиме напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. – И двете земји имаат многу да добијат од овој процес. Сакам да ве уверам дека имаме ...
Собранието, во рамките на денешната 104. седница, ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Фетаи не дојде во Собранието да ја образложи оставката. Министерот за здравство Азир Алиу откри дека Фетаи повеќе од два месеца не доаѓал на работа во Владата, а потоа се појавија фотографии од негово приватно патување во Тајланд. Во април годинава премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Фетаи лично му пренел оти во ...
Единици на украинската војска го нападнаа и го оштетија рускиот танкер „Вест Хоризонт“ (West Horizon) во Црното Море, соопшти Генералштабот на армијата на Украина. Како што се прецизира во военото соопштение, погодено е пловило кое и припаѓа на руската „флота во сенка“ и кое се користело за транспорт на нафта и нафтени деривати со цел да се заобиколат меѓународните санкции. Според тврдењата на украинската војска, потврдено е сериозно ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), со поддршка на вработените во дејноста денеска одржаа заедничка прес-конференција во паркот „Жена борец“ поради ставањето на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри на дневен ред на денешната 104. собраниска седница. Претставниците на секторот и вработените упатија силен и недвосмислен ...
Во раните утрински часови на 10 јуни 2026 година, полициски службеници од СВР Велес привеле 43-годишен маж од велешко, откако бил затекнат при обид за кражба во црква. Инцидентот се случил околу 02:30 часот на подрачјето кај наплатната станица Сопот на автопатот Скопје–Велес, на место викано „Ветерско“. Според информациите од полицијата, лицето Д.М. (43) од село Бузалково, со живеалиште во Скопје, било забележано како излегува од патничко ...
Откако помина неколку години во центарот на вниманието на јавноста поради приватниот живот, актерката Сиена Милер (44) конечно ја пронајде среќата со својот 15 години помлад партнер, Оли Грин (29), со кого има две деца. Сега двајцата го направија следниот чекор – се свршија. Оваа вест доаѓа само еден месец откако познатите актери го добија своето второ дете, иако сè уште не го откриле неговиот пол или името. Милер предизвика гласини за ...
Во последните денови, по должината на брегот на Солун, на морската површина се забележуваат сè поголеми кафеаво-зелени наслаги. Станува збор за природен феномен предизвикан од зголемено размножување на фитопланктон – ситни морски организми кои нормално се присутни во водата, но во одредени услови можат нагло да се размножат. Според информациите, високите температури, ветерот и зголемената количина на хранливи материи во морето придонеле за ...
Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставија официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа, но не добија одговор. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето е упатено до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до ...