Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Џастин Трудо (54) ја посети Норвешка со своите синови, 19-годишниот Ксавиер, познат како Ксав, и Адриен. Таму му се придружи на постариот син во неговата серија видеа во кои пробува и оценува различни јадења. Снимката од нивната заедничка дегустација беше објавена на 5 ноември. Главната ѕвезда на дегустацијата беше „Салма“, норвешки лосос со квалитет погоден за подготовка и консумирање како сашими. Ксав претходно веќе го пробал овој ...
Мајкл Џеј Фокс имаше посебна поддршка на церемонијата во Холивуд, кога неговиот најстар син Сем (37) се појави покрај него. Сем ретко се појавува во јавноста, па неговото присуство привлече внимание, особено поради впечатливата физичка сличност со познатиот татко. Настанот беше организиран по повод добивањето ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд од страна на водителите на емисијата „Гуд морнинг Америка“, Џорџ Стефанопулос и Робин ...
Принцот Вилијам и неговиот 13-годишен син Џорџ отпатувале во Шпанија со редовен комерцијален лет, за да го гледаат натпреварот меѓу Барселона и Астон Вила во Лигата на шампионите. Таткото и синот биле забележани на трибините на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона на 3 ноември, а нивното патување привлече внимание и поради начинот на кој стигнале до Шпанија. Според магазинот „Пипл“, на социјалните мрежи се појавила и видеоснимка на која се ...
Поранешната шефица на филмската продукција на „Ворнер брос“, Памела Ејбди, за првпат јавно се појави по заминувањето од студиото и откри дека засега не брза со нов ангажман. На гала-вечерта на организацијата „Жени во филмот“ (Women in Film), во Беверли Хилс, таа беше во друштво на некои од најпознатите холивудски актерки, но вечерта ја одбележа и нејзиниот остар говор за положбата на жените во филмската индустрија. – Станува сè потешко, а не ...
Сопругата на Мет Дејмон, Лусијана Баросо, имала мозочна аневризма и била оперирана само една недела пред доделувањето на Оскарите во 2024 година. Актерот дури сега откри дека станувало збор за сериозна и застрашувачка здравствена ситуација, поради која двајцата ја пропуштиле церемонијата, иако филмот „Опенхајмер“ во кој тој глумеше, беше еден од најголемите фаворити и таа вечер освои седум статуетки. – Имавме навистина страшна ситуација кога ...
Насловена како „extraORDINARY: Fashion and the Poetics of the Everyday“, изложбата што ќе ја одбележи пролетта 2027 година во Институтот за костими при њујоршкиот музеј „Метрополитен“, наместо на екстравагантните креации и високата мода, ќе стави фокус на секојдневни парчиња што речиси секој ги има во гардеробата – фармерки, бели маици, дуксери, кожни јакни и палта. Идејата е да се покаже како модните дизајнери ги менуваат познатите форми, ...
Стара снимка од 2025 година повторно привлече внимание откако Клои Кардашијан ја објави оваа недела. Краткото видео со Кајли и Кендал Џенер од минатата година кое сега предизвика жестока дискусија на социјалните мрежи, Клои Кардашијан годинава го вклучи во роденденската честитка за својата сестра Кендал. На снимката двете сестри се прегрнати и се забавуваат на вечерна прослава, кога Кендал почнува да ѝ повторува на Кајли: – Бакни ме, бакни ...
Крис Џенер е многу загрижена за здравјето на својата ќерка Ким Кардашијан. Во најновата епизода од реалното шоу „Кардашијанс“, емитувана на 5 ноември, таа признава дека дијагнозата на Ким ја плаши, но не сака дополнително да ја вознемирува. Ким претходно откри дека има езофагитис – воспаление на слузницата на хранопроводот. Прегледите покажале и одредени неправилности во ткивото, поради што еден лекар предложил да се отстранат со хируршка ...
Една од најпознатите македонски евергрин-песни, „Чија си“ на Славе Димитров, има интересна приказна за својот настанок. Мелодијата била создадена во Битола во 1969 година, но речиси две години останала без текст и наслов. Денес, токму нејзиното име е наслов на новата авторизирана биографија за композиторот, пејачот и музичкиот продуцент, напишана од Максим Ристески. Димитров ја компонирал музиката во родната Битола, а потоа ја оставил ...
А1 Македонија со гордост го најавува партнерството со 26. издание на Скопје филм фестивал, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе филмски откритија, авторски средби и заеднички доживувања пред големото платно. Како генерален партнер, А1 го поддржува новото поглавје на фестивалот, со уверување дека силните партнерства создаваат нови можности за културата, за творците и за публиката. Свеченото отворање ќе биде во знакот на „ИДИОТ(И)“, во режија на ...
Филмот „Мојот син“ на авторот Маријан Стевановски од Куманово ја освои наградата Гран при (Grand Prix) на Интернационалниот фестивал „Камера 300“ во Битола, како и плакетата „Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот. Во конкуренција од 92 филма, остварувањето беше прогласено за најдобро на фестивалот, чие доделување на наградите се одржа на 30 октомври во Домот на културата во Битола. Авторот ги потпишува текстот, сценариото, режијата и ...
„Сестра, брат и шахта”, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при” (Tokyo Grand Prix). Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот” на Манчевски во Венеција во 1994. Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита ...
Со доделување на нововостановената награда „Златна Скополија“ на полските филмски автори Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ) беше отворено 26. издание на Скопскиот филмски фестивал. Признанието, кое годинава се доделува за првпат, е наменето за исклучителен придонес кон светската кинематографија. Шумовска е режисерка, додека Енглерт е снимател и режисер. По доделувањето на наградата, публиката го ...
Со црвен тепих, гламурозни модни комбинации и бројни познати гости, во Македонскиот народен театар беше отворено 26. издание на Скопскиот филмски фестивал. Годинашниот фестивал, кој се одржува од 4 до 9 ноември, се враќа со обновен концепт и силно меѓународно присуство. Меѓу специјалните гости е и српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, а во Скопје пристигнаа и бројни европски филмски автори. На свеченото отворање за првпат ...
Скопје Филм Фестивал денеска (5 ноември) нуди програма со култниот филм на режисерот Душан Макавеев, средба со двајцата истакнати полски филмски автори и премиера на македонскиот кандидат за наградата „Оскар“ – филмот „17“ во режија на Косара Митиќ. Филмскиот ден започнува во 13 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, со проекцијата на „Љубовен случај или трагедијата на поштенската чиновничка“ на Макавеев, во рамките на програмата „А1 Кинотека“. ...
Започнувајќи од 2023 година Филозофското друштво на Македонија ја доделува наградата „Константин Философ“ за животно дело. Оваа година Конкурсот за наградата беше распишан на 26 март, а пријавувањето траеше до 1 октомври 2026 година. Комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р во пензија Иван Џепароски, дописен член на МАНУ (претседател), проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев и проф. д-р Трајче Стојанов (членови), едногласно одлучи ...
Ако електричарот, водоинсталатерот или продавачката не ве разберат што сакате да кажете со филмот, имате проблем, порача српскиот актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ на мастер-класот што го одржа во рамките на годинашниот Скопски филмски фестивал. Како што истакна Бјелогрлиќ, секој што прави филм треба да си постави три клучни прашања: за што е филмот, кому е наменет и на кој начин се прави. – Кога правите филм, мора да си го ...
Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз прашањата за слободата на поединецот, медиумските манипулации и комплексите на современото семејство, надополнета со селекција од најдобрите европски краткометражни филмови. Програмата започнува во 13:00 часот со специјална проекција на 5 „EFA Shorts” краткометражни филмови. Во 17:00 часот во Кино „Фросина” ќе ...
Демократските игри во Србија не завршуваат со победата на изборите. Тие допрва почнуваат! Но српските студенти и демократската младина имаа(т) една огромна предност во споредба со, на пример, некогашните македонски протести викани „Шарена револуција“: не дозволија да им се закачат крлежи од типот на одамна смирисаната македонска „интелектуала“ и, особено, политиката да им ги украде протестите и перфидно да ги пренасочи во сопствена насока. На ...
Има и легенди и сведоштво за тоа како настанал најмаркантниот лозунг на студентските протести во Франција во 1968 година. Во легендите се спомнуваат наводни автори како Херберт Маркузе, Ернесто Че Гевара и други. Сведоштвото, пак, вели дека синдикален лидер од фабриката „Рено“ тогаш им рекол на студентите: „Мора да бидеме реални, не треба да го бараме невозможното“. Истиот ден, студентите отпечатиле летоци и на ѕидовите на факултетот Сенсие ...
Популистичките партии добиваат рекордна поддршка во Европа. По Втората светска војна популистичките и авторитарните партии никогаш немале толку силна поддршка од гласачите во Европа како во последните години, покажуваат резултатите на неколку нови истражувања. Екстремно десничарските, крајнолевичарските и популистичките центристички партии добија просечно 32,6 проценти од гласовите на последните парламентарни избори во 31 европска земја, ...
Олкава простотија речиси и да не сме виделе досега не само на македонскава таканаречена политичка сцена туку и во јавниот збор, вклучувајќи ги тука и медиумите, се разбира. Не само што рамништето на пристојност, културно однесување и елементарен обид за нормален дијалог се одамна збришани од вокабуларот и однесувањето на главните „актери“ на таа сцена туку тоа веќе се граничи со крајна непристојност и провинцијализам од најдолен вид. Оттука и ...
Зошто ЕУ ги толерира нашите владетели кои создаваат услпви да горат деца во дискотеките (шупи) и болниците (лимени контејнери)? ЕУ знае дека македонските политичари се длабоко корумпирани, но токму тие корумпирани политичари беа единствените кои беа подготвени да го сменат името, да потпишуваат договори и да ја одржуваат Македонија како послушна колонија. За Брисел, владеењето на правото во Македонија е неважно, сè додека владетелите ги ...
Гледам сите овде знаат што и како се случува во Србија. И што и како ќе се случува понатаму. Суријата „експерти“, политиканти и историканти прават споредби со македонското сценарио на онаа таканаречена „Шарена револуција“, а на која што – барем според манирите и резултатите! –повеќе ѝ одговара називот „Шарена променада“. Со што апсолутно не сакам да го намалам нејзиното значење за современата македонска историја. Други пак ни мавтаат со ...
Укради милиони, избегај од државата, сокриј се некаде додека да стивне бурата, а потоа врати се како ништо да не се случило. Помини малку време во домашен притвор, одмори се, почекај да истечат законските рокови и продолжи да се браниш од слобода. Ако, пак, имаш доволно имот за гаранција, можеби и воопшто нема долго да останеш зад решетки. Дали ова станува новиот рецепт за избегнување на притворот во Македонија? Дали ова е пораката што нашето ...
Веројатно не само јас туку и некој друг, ако не и пошироката јавност, многу би сакале да бидеме просветлени за што, како и по кои тоа важни прашања одлучувала „нашата“ (навидум) „висококотирана“ претставничка во дувлото на нато (малите букви се соодветни на злосторничката реалност на таа „организација“)? Или пак нејзините детски мечти за седењето на важни маси и одлучувањето за круцијални за светот прашања е само невешт извадок од нејзината ...
Лидери на шест од вкупно осум партии застапени во Шведскиот парламент-Риксдаг се жени. Во Норвешка на чело на шест од вкупно девет парламентарни партии се исто така жени. Гледано во целина, во нордискиот регион во Северна Европа, вклучувајќи ги и Данска, Финска и Исланд, лидерските позиции во околу 50 проценти од парламентарните партии им се доверени на жени. Тешко би можело да се поверува дека меѓу нив би можела да помине каква било дебата ...
Економската размена меѓу Македонија и Русија по почетокот на војната во Украина (февруари 2022 година) претрпе големи промени во обемот на размена. Особено проблем предизвика драстичниот пад на македонскиот извоз, на македонски производи традиционално извезувани во Русија. Според официјалните податоци, извозот кој во 2021 година изнесуваше околу 48,3 милиони евра, падна на само околу 11,8 милиони евра во 2023 година. Најмногу настрада извозот ...
СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ 6.000 НОВИ ДРВЈА / Почна акцијата за засадување 3.500 садници низ градот Град Скопје започна голема акција за засадување 3.500 садници на повеќе локации низ градот, а до крајот на сезоната за садење се очекува бројот на нови садници да достигне 6.000. Акцијата опфаќа обновување на постојното зеленило и раззеленување на парковите, булеварите и другите јавни површини во сите скопски општини. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ...
Mладите брачни парови до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје, односно 60% од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на градот, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Мерката ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во службените гласила, а барањето за ...