Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
За разлика од вчера кога во Скопје имавме ведро време и што е најбитно чист воздух денес во истото Скопје граѓаните дишат загаден воздух. Градска редакција со нови фотографии од Скопје. Скопје, според IQAIR се наоѓа на шесто места не градови со најзагаден воздух или 158 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички или AQI, на прво место е Сараево со 299 AQI. Скопската општина со нај загаден воздух е Центар 172 AQI потоа Кисела Вода 167 AQI, Гази ...
Димитар Ковачевски поднесе до Собранието оставка од функцијата претседател на Владата. Според најавата на претседателот на Собранието Талат Џафери, оставките на Ковачевски и на собранискиот спикер треба да бидат констатирани на утрешната собраниска седница. Со оставката на Ковачевски, во оставка е целата Влада. Ковачевски функцијата премиер ќе ја врши до изборот на техничката влада в недела на 28 јануари. -Талат Џафери е искусен во водењето ...
Од тоа да ја снема техничката влада, нема да учествуваме во неа па се до тоа нема да гласаме за техничкиот премиер, вчера од седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ конечно „излезе бел чад“. Тие преку нивниот потпретседател, воедно и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски ги објавија кандидатите за министри и дополнителни министри во техничката влада. Од сите објавени имиња, тоа што се издвојува е Ѓоко Велковски, како кандидат за ...
Копаоник и Јахорина се најскапите зимски центри во земјите од регионот, со цени често повисоки отколку во значително развиените алпски скијачки центри. Што се однесува до цените, „второлигашот“, но и квалитетот на понудата го предводат скијачките центри Колашин, а на четиричлено семејство му е потребна значителна сума пари за седумдневен зимски одмор и скијање во било кој центар на Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Љубителите на ...
Љубовта, грижата и поддршката на бабите и дедовците имаат благотворно влијание врз внуците. За тоа сведочат бројни научни студии. 1. Ризикот од депресија е намален. Емоционалната блискост меѓу бабите и дедовците и внуците го намалува ризикот од депресија кај децата. Во студијата објавена во списанието „Геронтолог“, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. А кога научниците од Бостонскиот колеџ ги анализирале податоците што ги собирале 19 ...
Жељко Гргуриќ, момче родено 2008 година исчезна во Загреб. Жељко е висок 170 сантиметри, има кафена коса и очи. Во моментот на неговото исчезнување тој носел црни тренерки, црно-бела маица, црна јакна и бели патики, пишува Индекс. Преку Фејсбук апел за помош во потрагата испратила бабата на 15-годишното момче, која вели дека неодамна бил во Дуги Село со другарка кај негов познаник и дека бил виден како влегува во бело комбе против негова ...
Папата Франциско предупреди на перверзните опасности кои доаѓаат од вештачката интелигенција и го повторил повикот за нејзина регулација на светско ниво. Тој тоа го кажал по повод Денот на социјалните комуникации на Римокатоличката црква и признал дека и самиот бил жртва на монтирани фотографии, создадени со помош на вештачката интелигенција, пренесува „Reuters“. Поглаварот на Римокатоличката црква исто така зборувал за „когнитивното ...
„Девојката не почина од компликации по операцијата за намалување на желудникот“ – тврди турскиот хирург Серкан Бајил кој ја оперираше Британката Морган Рибеиро, заради која авион принудно слета во Белград, а, за жал, почина по 4-дневна кома. Откако во сите светски медиуми беше пренесена веста за трагичната смрт на 20-годишната Морган Рибеиро, која била на операција за намалување на желудникот во Турција, а на враќање почина во Србија, се ...
Вонредниот надзор во Македонска навигација откри низа сериозни прекршувања и непочитувања на законски одредби и на подзаконски акти во делот на обезбедувањето. Не се почитувани процедурите за обезбедување во М-НАВ, не е почитувана програмата за обезбедување, ниту пак се почитувани одредбите на Националната програма за обезбедување на воздушниот сообраќај. Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), подготви прелиминарен извештај по ...
Во техничката влада која треба да ја предводи Талат Џафери, а која Собранието треба да ја избере в недела на 28 јануари, Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер задолжен за европски прашања, додека Артан Груби останува вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Висок владин функционер за „Слободен печат“ ја потврди информацијата и според објаснувањето, ротацијата на Груби и Маричиќ на првото вицепремиерско место е дека ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово напиша на фејсбук дека му се родил син.Ова е трето дете на Османи по ќерката Елиза и синот Мали. -Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас сме среќни да го објавиме доаѓањето на нашето трето дете Луан. Неговото име симболизира сила и храброст,се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство. Раѓањето на Луан ја зајакнува мојата ...
Во оваа фаза се анализира состојбата на цевките во нивниот надземен и подземен дел во општина Гази Баба, откако претходно речиси два месеца се правеа испитувања во општина Ѓорче Петров. Продолжуваат испитувањата на двата главни магистрални цевководи, со што после 60 години од нивната изградба треба да се утврди во каква состојба се, со оглед дека преку нив стигна водата до сите потрошувачи во Скопје. Започната е третата фаза од реализацијата ...
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкуфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“. Компанијата соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите на ...
Во акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 мерки, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број изречени мерки, 20 се за непочитување на брзината на движење, 13 за возење без возачка дозвола, пет мерки за поминување на црвено светло, 15 мерки за користење на мобилен телефон… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чаир, Карпош и Кисела Вода. Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Максут Садик“, „Стојко Јовановски“, „Џон Кенеди“ и „Пере Тошев“, додека од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците „Џон Кенеди“ и „Серава“, во општина Чаир. Како што соопштија од ЕВН Македонија АД, во ...
Многу луѓе не можат да го започнат денот без првата шолја кафе. Сепак, кафето има потенцијални ризици поради неговата висока содржина на кофеин. Затоа, наместо со кафе, утрото можеме да го започнеме со овие поздрави алтернативи. Зелен чај Познат по своите антиоксидантни својства, зелениот чај содржи помалку кофеин од кафето. Комбинацијата на амино киселини и кофеин може да го подигне нивото на нашата енергија и да ја поттикне целокупната ...
Денеска, во полициска станица, во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По ...
Од 1 март стартува заедничкиот пазар на труд меѓу Македонија, Албанија и Србија. Протоколите се потпишани на состанокот на лидерите од регионот во Скопје. Ова значи дека за нешто повеќе од еден месец, работниците слободно ќе се движат низ трите земји, односно ќе бараат работа и ќе се вработуваат без вообичаената процедура за странски работници. Иницијативата за слободен проток на луѓе и стока веќе станува сè поголема реалност меѓу земјите од ...
Од 19-ти до 28-ми јануари во Берлин, Германија, се одржува традиционалниот саем ,,Зелена недела”, кој датира од 1926 година. Станува збор за глобален форум за храна и хортикултура, на кој 1.400 изложувачи на производи од 61 земја земаат учество, а бројот на посетители на саемот изнесува околу 300.000. Македонија со десеттина компании се претстави на нашиот штанд, а присутните имаа можност да дегустираат македонски вина и пиво, како и ...
Граѓаните кои го користат патот од Визбегово накај Шутка тврдат дека подолг период на патот се излева отпадна фекална вода од канализационите шахти, пред отпадот за старо железо и објектот за продажба на половни авто делови. За проблемот, како што велат, се жалат и вработените во објектите лоцирани покрај патот, но досега никој не реагирал. Често поминувам оттука за да ги избегнам гужвите кога одам кон гробиштата „Бутел“. Не можам точно да ви ...
Пошта на РСМ информира дека нејзиното име е злоупотребено во измамничка кампања преку социјалната мрежа Фејсбук, со лажна веб страница која испраќа пораки и апелира до граѓаните да бидат внимателни. Од Пошта истакнуваат дека не стојат зад објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари. – Повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа фејсбукСе работи за измамничка кампања која го ...
Обединетото Кралство е земја која многу се потпира на обновливите извори на енергија од ветер, како и на гасот. Во последните години обемот на гас е сличен во однос на побарувачката, а овие два извора се главните енергетски столбови на земјата. Сепак, земјата активно работи на своите планови за модернизација и проширување на својот нуклеарен капацитет. Граѓанскиот нуклеарен патоказ е план за проширување на нуклеарната енергија во земјата, со ...
Последните фотографии од Доналд Трамп направени во Њу Хемпшир станаа вирални на социјалните мрежи. Најголемо внимание привлече неговиот тен – многумина пишуваат дека не им е јасно дали Трамп претерал со пудрата или кремата за самопотемнување. „Што се случува со лицето на Трамп? Нормално, тоа е портокалово, но оваа боја изгледа болно“, „Молете се за шминкерката на Трамп“, „Што се случило овде?“, „Изгледа како да стоел со часови со ...
Се јавуваат три можни сценарија за пожарот во трговскиот центар во Белград сместен во Блок 70. Наспроти првичните сомнежи дека избувнал од греалка, сега се отвораат и нови претпоставки. Како што пишува „Блиц.рс“ меѓу Кинезите се слушаат приказни дека пожарот избувнал во една продавница, по што се проширил на уште три продавници. Очигледно, поради количеството на запалива стока, не поминало многу време додека пожарот почнал да се шири.Пожарот ...
Во земјава има недостиг од 7.500 до 8.000 медицински сестри, а заедно со фармацевтите, рендген-технолози, лаборанти околу 11.500 стручни медицински работници. За да се надмине овој проблем неопходно е итно донесувањето на Законот за сестринска дејност кој ќе ја регулира оваа професија во однос на образованието, работните задачи и одговорностите, вели претседателката на Унијата на медицински сестри, Гордана Бешлиовска. И националниот ...
Да живее Синдикатот и да живеат работниците и работниот народ на Република Северна Македонија, рече премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар околу вонредната прес-конференција на Сојузот на синдикати на Македонија кои побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема Работничкиот дом. Ковачевски рече дека тој е член на Синдикатот од 1999 година и оти 100-процентно е на ...
Лидл денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Северна Македонија, логистичкиот центар во близина на Куманово. Ова досега е највредна инвестиција на Лидл во земјава со вкупна вредност од 80 милиони евра, којашто ќе отвори повеќе од 150 работни места. Според планот на компанијата изградбата на логистичкиот центар да започне во следниот период, додека во моментов се одвива тендерската фаза за избор на генерален изведувач. ...
Во време на испитна сесија, кога најголем број од студентите ги користат просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ за учење, снемало струја, а како што енофицијално дознава Градска.мк причината се неплатени сметки кон ЕВН. Директорката на оваа институција, чиј основач е Град Скопје, Снежана Стојчевска во телефонски разговор рече дека струјата ќе биде пуштена утре и дека причина за ова исклучување е тоа што Град Скопје не ...
Утре оставки на премиерот, министрите и претседателот на собранието.Изборот на техничка влада и нов претседател на собранието на 28 јануари информира на последната средба со новинарите претседателот на собранието и предложениот мандатар за формирање на техничката влада Талат Џафери. Според него се ќе се одвива според законите и досегашните практики за формирање на техничката влада која ќе ги организира изборите. „Според роковникот кој е ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има обрасци за патни исправи, откако омбудсманот Насер Зибери во неделата во интервју за Радио Слободна Европа рече дека граѓаните се жалат до Народниот правобранител дека МВР не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи и кажа дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи. -Има обрасци за пасоши, една нова количина ќе стигне в ...