
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



1827.- Во Виена умрел Лудвиг ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Компонирал девет симфонии, од кои најпознати се Третата, Петтата и Деветтата симфонија, како и клавирски сонати, гудачки квартети и друго. Роден бил во Бон, на 17 декември 1770 година. 1868.- Роден е Ахмет Фауд Паша, кој како Фауд Први во 1922 година станал првиот крал на Египет. Претходно додека Египет бил под британски протекторат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе започне да дува силен ветер од северен правец кој ќе продолжи и во текот на ноќта што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе ...
Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до ...
Денеска е Светски ден на танцот 1429.- Жан д’Арк (Јованка Орлеанка) на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан. Во 1430 година била заробена, а една година подоцна, во Руан, била запалена. Во 19. век, таа била прогласена за француска национална хероина. Родена била во 1412 година. 1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски војсководец. Војничката слава ја стекнал во војните против ...
Денеска сите очи на ракометните гурмани ќе бидат вперени во СЦ „Јане Сандански“. Тука за првпат оваа сезона силите ќе ги одмерат двата најголеми конкуренти за титулата, Вардар 1961 и Пелистер. По четири кола во плеј-офот имаат перфектен скор „четири од четири“, па победата на оваа средба ќе значи голем чекор кон посакуваната цел – трофејот. „Црвено-црните“ лани им го одземаа двата трофеја на битолчани, кои беа близу, но не ги искористија своите ...
Селекцијата на Мароко беше најпријатното изненадување на Мундијалот во Катар пред неколку месеци, каде што стигна до четвртото место, продолжи да игра одлично, откако синоќа пред 65.000 гледачи во Танжер во пријателски меч го совладаа големиот Бразил (2-1). Ова беше прва победа во историјата на Мароканците, а само втора на една африканска селекција во пресметките со „кариоките“. Софијан Буфал по половина час игра го донесе домаќинот во водство ...
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски посакува победа на утрешниот дуел против Фарски Острови, без разлика што станува збор за пријателски меч. Македонската репрезентација после стартната победа во квалификациите против Малта, утре ја пречекува селекцијата на Фарски Острови во пријателски меч.Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат се од себе за да стигнеме до позитивен резултат. Треба да бидеме ...
Во групата „Ц“ каде што игра и македонската А репрезентација, Англија во својот прв домашен натпревар од квалификациите за ЕП 2024 ја совлада Украина со 2:0.На стадионот „Вембли“ избраниците на селекторот Герет Саутгејт стигнаа до триумфот со головите на Кејн во 37 минута и Сака во 40 минута. Англија по втората победа во квалификацискиот циклус води во групата со шест бодови, пред Македонија со три. Украинците се нашиот следен противник, ќе ги ...
Вардар славеше со 31-24 против Еурофарм Пелистер во вечното македонско дерби во рамки на 5.коло од ракометниот плеј оф. „Црвено-црните“ одиграа фантастичен меч, кој го одбележа и еден поголем инцидент помеѓу навивачките групи во првото полувреме. Страстите секогаш се високи кога меѓусебе играат Вардар и Пелистер, па така беше и овој пат во „Јане Сандански“. Дербито почна со изедначен ракомет, а првиот инцидент беше кога голманот на битолчани ...
Актуелниот македонски ракометен првак Вардар 1961 направи исчекор кон одбрана на титулата откако вечерва во Скопје го совлада Еурофарм Пелистер во големото македонско дерби со 31-24. По натпреварот на Фејсбук се огласи голманот на Вардар, Борко Ристовски. -Тоа е таа екипа !!! ЕКИПИШТЕ , напиша Ристовски на Фејсбук. Ракометното дерби го одбележаа инциденти во првото полувреме кога натпреварот беше прекинат во 17 минута, при резултат 6-6, откако ...
Во пресрет на пријателскиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Фарските Острови на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, своите очекувања на прес – конференција ги изнесоа селекторот Благоја Милевски и играчот од средниот ред Елиф Елмас. „Натпреварот против Фарските Острови не смее да биде поразличен од кој било друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за да стигнеме до ...
По големото ракометно дерби меѓу Вардар и Пелистер кое го одбележаа и големи инциденти, полицијата уапси дваесетина Чкембари, кои за време на притворот, а и потоа најголемата, ако не и единствена помош ја добија од своите најголеми ривали – Комити. Вардаровите навивачи покажаа голема доблест придржувајќи се на навивачки кодекс дека војната и ривалството се само за на трибина, а дека по завршувањето на мечот се заборава сѐ и дека во тие моменти ...
Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, има договор со италијанскиот калчолигаш Рома до 30. јуни 2024 година, но постојано се шпекулира дека може подолго да остане на „Олимпико“. Пред неколку дена, Мурињо имал состанок со клупските челници и за време на истиот им го презентирал планот кој би се реализирал доколку бидат исполнети сите некови побарувања. Португалецот јасно ставил до знаење дека сака да бидат ангажирани најмалку три ...
Македонската репрезентација избори победа над Фарски Острови (1-0) на дуелот кој се одигра во Скопје и на тој начин овој „прозорец“ го заврши со два триумфи со оглед на тоа што претходно славевме над Малта (2-1). Бојан Миовски беше човек на одлука на вечерашниот меч и тоа со погодокот во 81 минута. Селекторот Благоја Милевски е задоволен од прикажаното, залагањето на играчите, односно смета дека ова е добра подлога за тоа што не очекува во месец ...
Заврши мартовскиот статус во квалификациите за ЕВРО 2024 во групата – Ц. Селекцијата на Англија веднаш покажа дека е кандидат за прво место. По двете победи, со Италија на гости и завчера против Украина дома, Англичаните ги победивте и се најдоа на прво место на табелата. По мечот со Украина, на прашање на новинарите дали во јуни Англија ќе игра со Малта (16 јуни) и Македонија (19 јуни), ќе одмара некој од ѕвездите, селекторот на Англија ...
Францускиот стручњак Зинедин Зидан наскоро може да се врати во Реал Мадрид. Според „Defensa Central“ францускиот тренер поставил две барања до раководството на „Кралевите“ за негово враќање. Зидан го сака фитнес специјалистот Грегори Дупон во својот тренерски штаб. Друг услов на тренерот е да го задржи играчот од средниот ред Еден Азар во тимот. Педесетгодишниот Французин го водеше мадридскиот тим од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година. Заедно ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека го поканил својот руски колега Владимир Путин оваа година да ја посети Кина, пренесоа руските агенции. „Го поканив претседателот Путин да дојде во Кина оваа година, кога ќе може“, рече Си за време на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин во Москва. Кинескиот претседател рече дека Пекинг ќе продолжи да ги става руско-кинеските односи како приоритет. Си рече дека двете земји се „соседни ...
Околу половина од Американците веруваат дека кривичната истрага против поранешниот претседател Доналд Трамп е политички мотивирана, но големо мнозинство, исто така, веруваат дека наводите се веродостојни, според најновото истражување на јавното мислење. Дводневната анкета на Ипсос за Ројтерс, покажа дека 54 проценти од испитаниците – вклучувајќи 80 проценти од републиканците на Трамп и 32 проценти од демократите – веруваат дека политиката стои ...
Професорката Мирјана Најчевска објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност. „За секој застарен предмет е крив судијата кој ја води постапката. Секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност со забрана за вршење било каква професија која има врска со правото и секако со протресување на имотната состојба пред и по застарувањето“, вели Најчевска. ...
Руската морнарица утрово „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим анектиран од Москва, објави гувернерот на градот кој е поддржан од Кремљ. „Црноморската флота одби напад со беспилотни летала врз Севастопол“, напиша на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол поддржан од Русија.„Дроновите се обидоа да навлезат во нашиот залив, нашите морнари пукаа кон нив од малокалибарско оружје, во функција беше и ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши државната посета на Москва и утрово ја напушти Русија. Неговиот авион полета од московскиот аеродром Внуково-2 по преполната дводневна програма разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Русија е првата земја што Си ја посети по неговиот реизбор за трет мандат во Кинескиот национален народен конгрес (парламент) на 10 март. Пред заминувањето на кинескиот претседател, на аеродромот се одржа ...
Руското Министерство за надворешни работи реагираше на најавите дека Велика Британија може да и достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниум.„Москва нема да остане без одговор за намерите на Британија“, се вели во соопштението на МНР. „Оваа одлука нема да остане без сериозни последици и за руско-британските билатерални односи и на меѓународно ниво, каде што првичната реакција на мултилатералните структури веќе укажува на целосно ...
Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, и покрај стравувањата дека овој потег би можел да придонесе за финансиските превирања по низата банкарски неуспеси. Федералните резерви ја големата основната стапка за 0,25 процентни поени, истакнувајќи го банкарскиот систем „здрав и сигурен“, пренесува Би-би-си. Но, исто така, предупредија дека последиците од неуспесите на банките може да му наштетат на економскиот раст во ...
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во интервју за Тас изјави дека Западот не сака руска и кинеска независност и дека ќе се обиде да ја разбие Русија на помали и послаби држави. „Верувам дека порано или подоцна ситуацијата ќе се стабилизира и комуникацијата ќе продолжи, но искрено се надевам дека дотогаш значителен дел од тие луѓе (западните лидери) ќе се пензионираат, а некои ќе бидат мртви“, рече тој. Медведев, кој е ...
Цената на златото од 1982 долари за унца утрово во 8.30 часот му се приближи на досега ннајвисокото ниво од август во 2020 година, но еден час подоцна падна на 1.975 долари за унца. Порастот на вредноста на златото доаѓа во време кога банкарскиот сектор е под закана, а Централната америкнаска банка продолжи да ја зголемува основната каматна стапка со образложение дека банкарскиот сектор е здрав. Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат ...
Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ. Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот на Луксембург, наведува Евростат. ...
Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од Ковид-19, покажуваат податоците на Евростат. Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. ...
Социјалните мрежи ги преплавија лажни фотографии од наводно апсење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Тајмс.На истите се гледа како Трамп се бори со полицајци и бега од нив, како Меланија Трамп и Доналд Трамп Помладиот викаат во знак на протест поради апсењето.Елиот Хигинс, основачот на истражувачката група Белингкет, ги објави на Твитер оригиналните лажни фотографии, кои се креирани со помош на вештачка ...
Бројот на приведените за време на протестите против пензиската реформа во Франција се зголеми на 457, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. Досега се повредени 441 полицаец и жандар, додаде тој, заблагодарувајќи им се на органите на редот и на пожарникарите за нивната работа за време на демонстрациите. Демонстрациите беа многубројни и на места прераснаа во судири, особено во Париз, до доцна во ноќта, истакна ...
Бројот на случаи со туберкулоза во нашата земја континуирано опаѓа, но болеста се уште е присутна. Ова го потврдија за МИА од болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“ и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Директорот на болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р Бесник Зеќири, вели дека во Институтот, годишно имаат во просек по 10 до 12 деца.Според најновите податоци на Светската здравствена ...