• Саше Љолес

Светската ракометна федерација (ИХФ) информираше дека втората „вајлд-карта“ за настап на следното Светско првенство за жени ќе ја добие репрезентацијата на Хрватска.
Оваа одлука ја разочара македонската селекција, чија федерација беше една од четирите кои аплицираа, а во игра беа уште Литванија и Словенија.
ИХФ објаснува дека уште важи правилото за немање конкретни критериуми за добивање на специјална покана, но предвид секогаш се земаат неколку фактори како развојот на ракометот, популарноста на спортот во државата-апликант, неодамнешните резултати на националниот тим и придонесот за глобален развој.
Овој пат одлуката беше донесена во корист на Хрватска, која ќе настапи на Светското првенство, a домаќини ќе бидат Германија и Холандија.