
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Задоволни дечиња, неодоливи аплаузи, ентузијастички актери, простор за развивање на имагинацијата и талентите... Сето ова го одбележа 12-тото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ кое се одржа под мотото „Следи ја светлината“. Годинава публиката имаше можност да погледне 12 претстави со околу 100 учесници од 10 театри од 9 земји. Фестивалот започна со театарска работилница со наслов „Митови и легенди за Битола“ под ...
Почина Катина Иванова. Талентираната македонска актерка издиша за последен пат на 72-годишна возраст. Веста за смртта ја споделија од Македонскиот народен театар. Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова. Замина нашата колешка Катина Иванова, актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно ...
Сакате да го носите омилениот фустан без прерамки и во постудените летни денови? Во продолжение ви предлагаме стилски трик кој ќе ви покаже како да го направите тоа, а истовремено да ви биде ем топло, ем да изледате модерно и шик. Искомбинирајте го со едноставна бела или впечатлива кошула и не се плашете дека ќе погрешите. Бројни блогерки веќе го имаат пробано овој модерен изглед и добиле само комплименти. Инспирирајте се од следните модни ...
Во Србија се роди бебе тешко 6,42 килограми и долго 68 сантиметри. Мајката Сузана Кучина се породи изминатиов викенд со царски рез и на овој свет го донесе синчето Павле. Семејството воопшто не очекувало дека бебенцето ќе се роди толку големо. „По ултразвукот докторот рече дека има околу 4,2 кг“ – открила мајката. Ова е трето дете на Сузана, а прво од бракот со нејзиниот сегашен сопруг. Таа има 7-годишен син и 5-годишна ќерка од првиот брак. ...
Сиара е повторно во блажена состојба. Славната пејачка ја откри убавата вест со видео од својата силуета. Во него, музичката ѕвезда стои покрај базен и бавно танцувајќи се врати на левата страна и го покажува пораснатото стомче. „Кога ќе ме погледнеш така, правиме уште едно дете“ – се зборовите кои ги пее Сиара во песната поставена на видеото. View this post on Instagram A post shared by Ciara (@ciara) Ова е нејзино трето дете со сопругот Расел ...
Поголемиот син на Емина Јаховиќ порасна и наполни 15 години. Српската пејачка го одбележа овој ден, споделувајќи порака со посвета и фотографии од неговото детство. „Мојот прекрасен прв син Јаман, моето добро срце, моето храбро срце, мојата цел. Толку брзо стана маж, заштитник на нашето семејство, сила и мудрост. Среќен роденден Јаман 08.08.2008“ – напиша Емина во описот на фотографиите. Јаман е првото дете на Емина со поранешниот сопруг Мустафа ...
Рами Кади „нурна“ во времето на стариот Холивуд за да создаде колекција висока мода која зрачи со безвременска грациозност. Либанско-американскиот дизајнер нè враќа во класичната епоха, соединувајќи ги минатото и сегашноста низ креациите од колекцијата „Film Noir“. Неговите модни дела преплетуваат елеганција и софистицираност за да ги освојат припадничките на понежниот пол кои се стремат кон женствен изглед. „Капејќи се во безвременскиот шарм на ...
Жерар Пике и Клара Чиа Марти се редовно следени од шпанските папараци. Овојпат, тие беа уловени на улиците во Барселона, додека се упатуваа на ручек во ресторан. На фотографиите, 36-годишниот фудбалер и неговата 26-годишна девојка се држат за раце и уживаат во разговорите. Пике започна врска со Клара по разделбата со Шакира. Раскинувањето на познатиот спортист и славната Колумбијка беше проследено со огромен интерес од јавноста, бидејќи тој беше ...
Девојка дизајнираше и направи тетоважа во чест на татко ѝ, кој има Алцхајмерова болест. Откако ја дозна неговата дијагноза, Изабел Прент нацрта тетоважа за која се инспирирала од заедничките спомени. Тетоважата ја содржи неговата година на раѓање и има два брана, бидејќи тој ја научил да едри. Погледнете видео од моментот кога Изи ќе му ја покаже тетоважата на татко ѝ: @isabel.no.uh #endalz ♬ original sound - ISABEL View this post on Instagram A ...
Семејството Бекам го користи секое слободно време за да отпатува некаде. Овој пат, Викторија и Дејвид за своја дестинација за авантура ја избраа Мускока. Во Канада, 49-годишната дизајнерка и 48-годишниот поранешен спортист пристигнаа со двете деца Круз и Харпер. Тие скијаа на вода, се дружеа со пријателите и уживаа во убавата природа. И се разбира, не пропуштија да споделат фотографии од патувањето. View this post on Instagram A post shared by ...
Големо невреме зафати делови од Словенија, меѓу кои и градот Менгеш. Сите единици за спасување беа на терен за да им помагаат на оние лица кои беа во опасност. Пожарникари-доброволци спасија 22 деца заглавени во поплавената детска градинка „Гобич“, а драматичните фотографии од овој момент го обиколија регионот. На нив, добродушните мажи ги носат в раце децата завиткани во ќебиња. „Ги известуваме родителите дека успешно ги евакуиравме сите 22 ...
Синчето на Мартина Михајловска наполни една година. Македонската манекенка и нејзиниот сопруг Виктор Илоски направија голема роденденска прослава за малиот Матиас. Парот објави фотографии на Instagram на кои позира со славеникот Матиас и 4-годишната ќеркичка Алана. „Моето момче, мојот најголем благослов. Среќен роденден. Те сакам бесконечно Матиас“ – напиша Мартина, која кај нас е нарекувана и „македонската Ева Мендес“. View this post on ...
Гинекомастијата е често пореметување на ендокриниот систем, при кое се случува неканцерозно зголемување на градите кај лица од машки пол. Дојките и кај двата пола се подложни на хормонални влијанија. Секако овие влијанија се одразуваат во помала мера кај машката популација, така што и кај нив може да се појават истите болести како и кај женските гради, но многу поретко. Дојките кај мажите се рудиментен орган. Градени се од масно ткиво, мало ...
Мерјем Узерли ужива во убавините на Дубровник. 39-годишната турска актерка, која кај нас се прослави со улогата на Хурем Султан во „Величествениот“, го посети Јадранот по повод роденденот на бизнисменот Мехмет Корутук. Таа не пропушти да сподели со своите фанови фотографии и видеа од убавините на Хрватска. View this post on Instagram A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) View this post on Instagram A post shared by Meryem ...
Јелена Розга синоќа ги разигра и распеа битолчани. 45-годишната пејачка одржа енергичен концерт на ракометното игралиште во Градот на конзулите. За овој настап, хрватската музичка ѕвезда избра едноставна модна комбинација со која стави акцент на долгите, тонирани нозе и изгледаше одлично. Нејзиниот стајлинг се состоеше од краток тексас шорц, црна маичка и елегантни сандали на високи потпетици. „Бижутерија“, „Ти си жеља мог живота“, „Гинем“ и „Ко ...
Бела Хадид долги години водеше исцрпувачка борба со Лајмска болест. 26-годишната девојка, која е една од најбараните манекенки во светот, сподели информации за нејзината здравствена состојба и откри дека конечно е здрава по 15-годишно невидливо страдање. Хадид објави и фотографии направени низ годините додека траело лекувањето. Малата верзија од мене која страдаше ќе се гордееше со пораснатата јас за тоа што не се откажав од себеси. Ѝ благодарам ...
Драган Стојиќевиќ е хирург од Србија кој предупредува за последиците од лупењето на кожата поради изгореници од сонце. Српскиот доктор укажува дека отстранувањето на едниот слој на кожата може да доведе до инфекција, лузни, хипо или хиперпигментација. Стојиќевиќ вели: „Оваа кожа се третира како секоја изгореница – со мелем кој служи за лечење на изгореници. Вишокот кожа, доколку започне да се одвојува може да се исече со стерилни ножици. ...
Група полицајци се собраа пред основно училиште за да го поздрават и испратат синот на нивен покоен колега на првиот училиштен ден. Таткото на малиот Рајли бил убиен на должност на 18 декември 2021 година. Па, кога Рајли требало да тргне на училиште, неговите колеги знаеја што треба да направат за да му покажат дека има голема поддршка. Тие застанаа во две редици пред училиштето во Луисвил, Кентаки, и го поздравија Рајли додека се упатуваше на ...
Традицијата на користење на растението Алое Вера за здравствени потреби е стара со векови. Уникатните здравствени придобивки на оваа билка биле препознаени и од страна на Маите, Старите Грци, Египјаните и други цивилизации кај кои користењето на листовите од билката било применувано во третмани за лекување и одржување на здравјето и убавината. Современата наука, медицината и козметологијата денес ги имаат потврдено неверојатните придобивки на ...
Никогаш не сте престари за да си ги реализирате соништата. Доказ за тоа е Марг Берг, која со стил го прослави 90-тиот роденден. Бестрашната бабичка си го исполни сонот да лета со падобран, скокајќи од авион заедно со инструктор. Возраста не ја спречи да ужива гледајќи го светот одгоре. „Беше прекрасно. Како да бев птица. Беше убаво да видам сè одгоре“ – рекла таа по слетувањето. Берг за медиумите објаснила од каде ја добила идејата за оваа ...
Елизабет Харли освојува со изгледот и на крајот од шестата деценија од животот. 58-годишната актерка со синот Демијан присуствуваше на настан на Мајорка посветен на германскиот бизнисмен Марсел Ремус. Елизабет изгледаше сензационално во црвена креација со висок шлиц и длабоко деколте. Нејзиниот син носеше син костум. Демијан е син на Елизабет од врската со бизнисменот Стив Бинг. Тој го одрече татковството тврдејќи дека имал кратка врска со ...
Криси Тиген и Џон Леџенд ги отворија вратите на нивниот прекрасен дом во Беверли Хилс. За „Architectural Digest“, 37-годишниот модел и 44-годишниот пејач ја покажаа куќата која ја претворија во магичен дом за нив и за нивните деца. „Секоја куќа којашто сме ја имале некогаш го рефлектира моментот во кој сме биле во нашите животи, како поглавје во книга“ – рече Криси за септемвриското издание на списанието. „Ова место нè привлече со светлината и ...
Габриел Хенрики поседува гласовни способности кои можат да го импресионираат секого. Талентираниот Бразилец се пријави на аудициите на „America’s Got Talent“ и одушеви со својот вокал, а особено ја освои Софија Вергара. Славната актерка не остана рамнодушна на настапот и го испрати 27-годишниот дечко директно во настапите во живо, притискајќи го златното копче. Слушнете ја неговата изведба на „Run to You“ од Витни Хјустон: Види повеќе » ...
Хигиеничарки од Индија добија 1,2 милиони долари на лотарија. Единаесетте жени, кои заработуваат само неколку долари дневно, заедно собраа 3 долари за да го уплатат добитното ливче, бидејќи одделно не можеле да си го дозволат тоа. Откако ќе исплатат данок на државата, тие ќе поделат џекпот од 700 илјади долари, што е огромна сума на пари за нив. Најголем дел од добитничките ќе ги искористат парите за да ги исплатат долговите и кредитите земени ...
Џастин Трудо и Софи Грегоар се разведуваат. Бракот на канадскиот премиер и поранешната водителка завршува по 18 години заеднички живот. Веста за разделбата ја соопшти Трудо преку официјално соопштение. „Здраво на сите, Софи и јас би сакале да го споделиме фактот дека по многу значајни и тешки разговори одлучивме да се разделиме. Како и секогаш, ќе останеме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг за сè што имаме изградено и што ...
Тејлор Свифт знае како да го награди трудот и добрата работа. 33-годишната музичарка им даде бонуси со вкупна вредност од 55 милиони долари на сите луѓе кои работат за неа на турнејата „The Eras“. Камионџии, танчари, техничари за звук... сите добија парични награди од дарежливата пејачка. TMZ објави дека пред нејзиното шоу викендов таа им подарила по 100 илјади долари на возачите на камионите ангажирани од неа. Нејзиниот татко им ги поделил ...
Талија Соди блесна во креација специјално дизајнирана за неа од македонскиот дизајнер Златко Јовановски. 51-годишната актерка, позната по улогата на Росалинда, носеше корсет инспириран од креација која таа ја има носено во 1992 година. „На моја огромна чест и задоволство, Талија носи моја креација направена специјално за неа. Овој корсет е направен од плиш кадифе во розева боја и надолу продолжува во форма на подвезици. Аблемите се рачно ...
Почина актерот Ангус Клауд. Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ издиша за последен пат на 25-годишна возраст во семејниот дом во Калифорнија една недела по погребот на неговиот татко. Тој се прослави со улогата на дилерот Феско во ТВ серијата на HBO. „Со најтешко срце, денес мораме да му кажеме збогум на неверојатен човек. Како артист, пријател, брат и син, Ангус беше специјален за сите нас на многу начини“ – пишува во соопштението од семејството, ...
Денес, Httpool на Aleph, водечкиот светски провајдер за дигитално огласување кој покрива над 50 држави, го објави своето интернационално партнерство со Pinterest, платформата за визуелна инспирација. Ова партнерство му овозможува на Httpool на Aleph да нуди решенија за огласување на Pinterest на својата мрежа на клиенти ширум Балканот. Httpool на Aleph ќе овозможи достапност и управување на огласувачи во земјите од регионите каде Pinterest се ...
Криси Тиген и Џон Леџенд ги одведоа децата во парк во Беверли Хилс, а нивните игри беа овековечени од неуморните папараци. 37-годишниот модел и 44-годишниот пејач се забавуваа со Луна, Мајлс и Ести, додека нивниот новороден син Рен не беше со нив. Криси ја роди Ести во јануари годинава, а минатиот месец таа го изненади светот соопштувајќи дека семејството им се прошири со уште едно дете родено од сурогат-мајка. Во паркот, семејството се ...