Во просториите на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ – Велес, денес се одржа крводарителска акција на која активно учествуваа вработените од оваа установа. Акцијата помина успешно, при што беа собрани вкупно 23 единици крв. -Во реализацијата активно учествуваа и двајца волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст Велес. Изразуваме благодарност до сите крводарители за нивниот хуман гест, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина, ...

Жителите на делови од Неготино се соочуваат со проблем со квалитетот на водата за пиење, откако Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ соопшти дека водата има мирис и вкус од непознато потекло. Веднаш е издадена забрана за нејзина употреба за пиење, а на терен се вршат вонредни проверки и анализи. Според информациите објавени на официјалната страница на претпријатието, загадувањето е забележано во неколку улици, и тоа: Индустриска, Маршал ...

„Двојното самоубиство, кое што се случи во Велес, пред два дена е резултат на нефункционалноста на институциите. МВР не успеа да ја заштити нашата сограѓанка Росица иако таа пријавувала повеќе пати насилство над неа. Од октомври, минатата година, жртвата доживувала физички напади, закани, уцени, палење на автомобил за што не добила соодветна поддршка и помош. Системот потфрли“, рече Благојка Коцевска претседателка на Форум на жени на ОО на СДСМ ...

Седумдесет и четири годишен маж од Чашка вчера вечер, во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека бил измамен за голема сума на пари откако бил доведен во заблуда од непознато лице по телефон. Поточно, како што пишува во билтенот на СВР Велес, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати 14.000 евра за да и биде направена операција. -Како што е пријавено, откако се ...

На врвната карикатура не и се потребни преведувачи и толкувачи, визи или пасоши да ги преминува границите. Тоа одамна го докажа творештвото на велешкиот и македонски карикатурист Миле Манчевски кој со право се наоѓа на листата на Македонски културни амбасадори. Избор од четири децениско творештво на „Милман“, вчера вечер, беше изложено во Ликовен салон во Велес. Со него врвниот карикатурист одбележа 40 години творење. „Манчевски е дел од ...

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот ...

Во просториите на Општина Градско се одржа првата информативна сесија во рамки на проектот „Економска инклузија и правда за жените во Западен Балкан“ (EWI), кој има за цел да ги зајакне економските права на жените и да создаде поволни услови за развој на женското претприемништво. На сесијата присутните имаа можност да се информираат подетално за придобивките што ги нуди програмата, вклучително и можноста за финансиска поддршка од 2500 евра за ...

„Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот многу сонце и ведро време без никаква облачност. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, локално и под 5 степени а на високите плани температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, со што е можна појава на слаб мраз и слана. Токму ова е поради влијанието на силниот Антициклон (Поле на висок ...

Спроведување на зелени политики во коишто ќе доминира изградба на нови паркови, засадување на нови дрвореди, чист воздух и спас на езеро „Младост“ како и решение на сообраќајниот метеж на велешкиот асвалт се првите ветувања на кандидатката за Градоначалник на Велес, Маја Хеско, од партијата СДСМ со коалицијата коишто беа соопштени на денешната прес конференција и со кои ја бара довербата на Велешани за претстојните осми Локални избори. Во своето ...

Ученици од основните и средните училишта од Велес денеска беа дел од младинската работилница „Велес како зелен град“, организирана во Младинскиот центар Велес, во соработка со Општина Велес, по повод Европската недела на мобилност. Работилницата траеше еден час и собра 45 ученици кои преку интерактивни активности се запознаа со концептот на одржлива мобилност и размислуваа за тоа како нивните секојдневни избори – пешачење, возење велосипед или ...

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода педесет и седум годишниот Р.А од велешко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот 29 годишен син. Како што соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, настанот бил пријавен вчера, во 22:30 часот по што Р.А бил задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе ...

Претставата „Синиот портокал“, едно од најзначајните и најизведувани дела на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес, ќе биде прикажана по 103-ти пат на малата сцена на театарот. Психолошкиот трилер, под режисура на Дејан Пројковски, и овојпат ќе донесе интензивна сценска атмосфера и провокативни теми за психичкото здравје, етиката и општествените предрасуди. -Во оваа изведба, улогата на Доктор Роберт, која длабоко и посветено ја носеше ...

Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип. Мамките се фрлаат на целата територија на државата, со исклучок на населените места, водените површини и планинските врвови над 2.000 метри надморска височина. Во оваа кампања фрлени ќе бидат околу 450 илјади вакцинални мамки. Кампањата е предвидено да заврши на крајот на септември годинава поточно на 28 Септември – Светски ден за борба против беснило. ...

Граѓаните и граѓанските организации се најчести извори на новинарите во медиумските производи на теми од јавен интерес. Првите им ги дојавуваат проблемите со кои се соочуваат додека вторите ги актуелизираат во локалните заедници и да се решат. Овој начин на соработка веќе петта година препознаен е и од Институт „РЕСИС“ којшто иницира и помага во развојот на Медиумите на заедницата со цел да се создадат независни и непрофитни платформи за ...

„Утрово, среда, 17 септември, во Македонија имаме зголемена облачност но сеуште со релативно високи минимални утрински температури на воздухот. Облачноста најава е за продор на поладен воздух од север кој ќе биде проследен со засилен, повремено силен ветер и локално со брзина од над 60 км/час,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во утринските часови. Сподели: Поврзано: ...

На вчерашниот крвав и трагичен настан во Велес, во којшто со повеќе убоди во телата нанесени од триесет и девет годишниот Илија Стефановски одземени се животите на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (77) години, му претходеле неколку обиди за лична заштита од страна на велешанката. Според информации од Основното јавно обвинителство Стефановски на 10 април, годинава, бил осомничен и против него бил поднесен обвинителен предлог за два ...

Во официјално соопштение за трагичниот настан во Велес, којшто се случи попладнево, Секторот за внатрешни работи излезе со официјално соопштение за јавност. Во соопштението пишува: „Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска ...

Крвавата драма се случила попладнево во Велес кога момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа и нанело повеќе убоди од нож а потоа и на нејзиниот татко. Потоа момчето си пресудило и на себе си, дознава Дума.мк. -Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе ...

Со спортско едукативна работилница на тема „Здрави деца, среќни деца“ и учество на велешката детска градинка, на Детско игралиште „Дворови“, утре, вторник, 16 септември започнува Европската недела на мобилност во Велес. Тим од Општина Велес е организатор на манифестацијата коишто во соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании во наредните шест дена утврди програма составена од едукативни ...

Сообраќајната незгода се случила во петокот, на 12 септември, околу 13:00 часот на улица „АСНОМ“ во Велес, кога патничко возило марка „бмв“ со штипски регистерски таблици излетало од улицата и влегло во канцеларија на Осигурителна компанија. „Возилото управувано од Р.У (27) од Велес излетало од коловозот и удрило во објект на правно лице. Во несреќата била причинета само материјална штета,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска. Во незгодата ...

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година. Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за ...

Со тридневен престој во Велес на поранешни акцијаши сега ветерани од граѓански здруженија од Македонија, Србија и Словенија, домаќините од ЗГ „Велешки акцијаши“ и Сојуз на здруженија на акцијаши ветерани на Македонија го одбележаа јубилејот 40 години од одржување на МРА „Бабуна 85“. Одбележувањето се одржуваше во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ поточно на истото место кадешто пред 40 години беа сместени акцијашите учесници на оваа ...

По успешната реализација на пет проекти во рамките на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“, волонтерите од Општинската организација на Црвен крст – Велес организираа еднодневна едукативно-рекреативна екскурзија. Целта на екскурзијата беше посетата на Смоларскиот водопад, еден од највпечатливите природни бисери во Македонија, како и прошетка низ Струмица, каде што волонтерите имаа можност подобро да се запознаат и да ...

Малолетно лице било физички нападнато од тројца други малолетници во село Клуковец, велешко, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес. Според дневниот билтен, на 14 септември околу 20:00 часот, триесет и девет годишниот Р.И. од село Сливник пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од група врсници. Од СВР Велес велат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со ...

Осум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк. Со својот препознатлив стил и хумористично-саркастичен тон, Коки повторно успева низ кратки реченици да пренесе длабоки пораки и критички осврт кон секојдневието и општествените појави. Животот е своевиден маратон во кој сите трчаме по времето, а стигнуваме…до годините. -Кога народот и служи на државата, тогаш државата е силна, но кога државата им служи на ...

„Под влијание на значително поладен воздух од север,денес, понеделник, 15 септември, во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурите ќе се ...

Поранешниот акцијаш сега ветеран од Словенија, Ненад Лауко со неговата сопруга Бојана, како поддржувач, веќе пристигнаа во Велес. Тие се први од словенечките акцијаши ветерани коишто ќе учествуваат на организираната Средба во Велес за одбележување на четири деценискиот јубилеј на првата младинска работна акција организирана од тогашната младинска организација, Општинската организација на сојуз на социјалистичка младина на Титов Велес. Ненад и ...

Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот ...

Велешанецот Зоран Дуков, долгогодишен планинар и љубител на алпинизмот, оваа сезона го реализираше својот најголем планинарски сон – го искачи Мон Блан, на 4808 метрим кој е највисокиот врв во Западна Европа и „круна“ на Алпите. Во разговор за Дума.мк, Дуков откри дел од искуствата, подготовките, но и опасностите со кои се соочил при оваа сериозна алпинистичка авантура. -Алпите се желба за секој што се занимава со овој спорт – па така и за мене. ...

Триесет и шест годишната велешанка М.М вчера, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, велешанката била пријавена бидејќи физички ја нападнала 65 годишната мајка на нејзиното момче во нејзиниот дом во градот. -При нападот, 65-годишната жена се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница Велес, соопшти портпаролката на СВР ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1029
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1028
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
0.0
85%
1028
weather icon

Софија

15ᴼ / 7ᴼ
1.54
44%
1029
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.62
55%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
57%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1024
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
59%
1025
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 16ᴼ
1.59
79%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
37%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976