
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Во вестите на ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за најавената истрага во врска со обрасците за патни исправи во процесот на промена на лични документи на граѓаните. „Истрагата е побарана од новиот технички министер Панче Тошковски. Можам да потврдам дека не се работи за никаква саботажа во МВР и ќе дадам конкретни примери зошто тоа не е така. На самиот ден на примопредавање стигаат во МВР ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска се обрати на чествувањето на 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, од каде што се испраќа единствена порака: „Јазиците се важни!“. – Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик, е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието. Заштитен, недопирлив, единствен. Изминатиот период Институтот ...
Денес во разговор за ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за денешниот допис од Комитетот за патни исправи на Европската Унија објасни дека во тој допис никаде не пишува дека може да се користат старите валидни патни исправи „Таму во дописот никаде не пишува стриктно дека може да се користат патните исправи. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментот сите земји членки да ...
“Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна: “Како што е познато, Северна Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот. Затоа, мојата претседателска ...
Премиерот Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Украина во РС Македонија, Н.Е. Лариса Дир. На состанокот беше изразена постојаната силна поддршка која Северна Македонија ја покажува кон Украина, во услови на тешки моменти за украинскиот народ, кој веќе две години храбро се бори за својата слобода. Премиерот Џафери нагласи дека, Република Северна Македонија и нејзините граѓани, стојат цврсто покрај Украина и ќе продолжат да го прават тоа ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од работната група од Министерството за култура и дека денеска постапила по него. „Во Извештајот е наведено дека издаденото конзерваторско решение не е во согласност со Правилникот што е постоечки по Законот за заштита на културно наследство и затоа предметот го враќаме назад кај ...
Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и проф. Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК. Рокот за собирање потписи започнува во ПЕТОК (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок). Поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради изјавите на г. Димитар Ковачевски, кои создаваат непотребни тензии кон новинарите, особено во предизборен период. Негативниот и агресивен политички говор кон новинарите ги зголемува ризиците од напади кон новинари, а воедно и го нарушува правото на граѓаните да бидат правилно информирани. Појаснуваме дека на партиската трибина одржана на 19ти февруари Ковачевски се ...
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се извини по изјавата што ја даде на партиската трибина. Тој на новинарите им се извини поради неговите ставови и се оправда дека не сакал да се повтори 2016-та година. – “Јас ги прифаќам сите реакции и од ЗНМ и од другите институции и на самиот настан кажав дека сум веднаш подготвен да се извинам, се извинив и на самиот настан, еве извинување и денеска. Имав долг разговор со претседателот на ЗНМ во ...
Денес, 21 февруари е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО, во 1990 година. Во 2000 година, овој датум е промовиран како ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови во светот. Честит ден на мајчиниот јазик. – Јанез Берник, Запис, 1964, масло на ...
Комитетот за патни исправи на Европската комисија ќе покаже разбирање за проблемот со патните исправи за македонските граѓани во рамки на Европската унија. Ова денеска го изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, повикувајќи ги повторно пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да покажат разумност и разбирање за нашите граѓани и да ги изгласаат ...
Уставниот суд и Mисијата на ОБСЕ во Скопје склучија Меморандум за разбирање со кој се овозможува промоција и унапредување на принципите на владеењето на правото и основните права и слободи на граѓаните. Мисијата на ОБСЕ се приклучува кон славењето на 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд кој се одбележува оваа година и по тој повод ќе ја поддржи меѓународната конференција во март на која се предвидени учесници од 15-тина делегации, вклучувајќи ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков ...
ФЗОРСМ решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица ги донесува согласно законските прописи и правилници, информираат оттаму после реакциите на јавноста за лекувањето на Леонид. “Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на ...
На 26 февруари во 20:30 часот во Националната опера и балет ќе се одржи Kомеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници. Концертот е под покровителство на Владата. Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Ќе настапат солистите од Националната опера и балет: Сандра Митровска, сопран; Марика Поповиќ, ...
Министерството за култура го најави почетокот на градежните работи на објектот, откако Министерството ги презеде правата за реконструкција и адаптација од Град Скопје. На настанот ќе присуствуваат: министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Билјана Блажевска управител на фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Бујар Муча проектант од „Мегарон инженеринг“, Љубин Макровски надзорен инженер од ЕОС Е.Е., Горан Герасимовски градоначалник ...
“Продолжуваме посветено да ги исполнуваме препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион, и во таа насока е изготвениот Предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значање”, се наведува во денешнот соопштение на Министерството за култура. “Со Предлог-законот кој Владата го утврди на денешната седница се предлага заострување на режимот на заштита ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место. МВР апелира сите учесници во сообраќајот ...
По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата Министерството за образование и наука и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ објавуваат конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз. Учениците до трето одделение можат да се пријават со ...
Оркестарот на Филхармонијата в четврток со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот има наслов „Хармонија“, а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва од Венецуела, Шпанија. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската ...
„Интимност и интерконекција“ е насловот на биеналната изложба „Зимски салон 2024“ што ќе ја отвори Друштвото на ликовните уметници на Македонија в четврток (22 февруари) во 20:00 часот во Националната галерија – објект Чифте амам. Ова е една од најзначајните групни изложби и претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор. Годинава селектор на делата е Оксана Карповец, кураторка од Украина, чиј концепт ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков ...
Во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата, се одржа првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година, со Акциски план 2023-2026 година. На настанот освен членовите на Националното координативно тело беа присутни претставници од Државен завод за статистика, Агенција за млади и ...
Изложба „Кобалт Синергија“, на 23 февруари, 20:00 часот, Галерија МКЦ На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, со проекција на видео ролна и две видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија Буклеска. За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров. Јакимовски на денешната прес конференција рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо е тоа што во него се вцртани три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот ...
Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје и претседателката на партијата Нова алтернатива, на претстојните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица. Денеска во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 Арсовска најави дека партијата на претстојните парламентарни претседателски избори ќе настапи со сите капацитети што ги има партијата. Нова алтернарива ќе оди со свои листи во сите 6 изборни единици, а кој ќе биде кандидат за ...
Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска посети две пациентки со цистична фиброза кои во примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести. „Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза кои во четвртокот го примија лекот Трикафта. Ме информираа дека сега животот им е поубав. Пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, модуларната терапија дава брз ефект. Подобро дишат, имаат ...
Контролите на Државниот просветен инспекторат над работата на основните и средните училишта во државата во изминатите неколку месеци, потврдуваат дека Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите надлежности и обврски во областа на образованието. Тоа е резултат на несовесно работење на градоначалникот кој наместо на квалитетот на наставата и интересите на учениците, фокусиран е на политички игри кои ги спроведува токму преку образовните ...
Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце. Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, ...
„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред ...