Планот на претседателот Доналд Трамп да распореди војници во Чикаго е злоупотреба на моќта, изјави демократскиот гувернер на американската држава Илиноис, пренесува Би-би-си. Нема вонредна состојба што го оправдува испраќањето на Националната гарда во Илиноис и американскиот претседател „се обидува да создаде криза“, рече Џ.Б. Прицкер во соопштението. Трамп веќе распореди околу 2.000 војници во Вашингтон, каде што локалната самоуправа е исто ...

Скопје, 24 август 2025 – Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, во соработка со Католичката црква во Скопје, денеска ќе одржи свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина. Настанот ќе ги обедини дипломатите, украинската заедница и пријателите на Украина во заедничка порака на слободата и отпорноста. Програмата ќе започне напладне во Католичката црква во Скопје со интонирање на химните на Украина и Северна ...

Кијив, 24 август 2025 – Украина денес го одбележува 34-от Ден на независноста, во услови на војна што трае веќе четири години од руската целосна инвазија во 2022 година. И покрај загубите, Украинците дома и во дијаспората остануваат посветени на слободата и ја прославуваат годишнината со достоинство и отпорност. Во Кијив, поради безбедносни закани не се одржуваат големи јавни настани. Претседателот Володимир Зеленски и првата дама Олена ...

Првата дама на Турција, Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да проговори за децата што страдаат во израелската војна во Газа. Како што пренесува Би-би-си, турската прва дама ја пофали поддршката на првата дама на САД за децата погодени од целосната инвазија на Русија во Украина, барајќи од Трамп да „ја прошири застапувањето“ и на Палестинците. Во писмо објавено од турското претседателство во саботата, г-ѓа Ердоган рече дека Газа станала ...

Со изложба на фотографии од реализирани настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“.Настанот синоќа финишираше со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата од 16. март. – Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, кој претходните две недели им се посвети на младите и на нивното ...

Кијив, 24 август 2025 – Со свечено обраќање, исполнето со надеж, утринава на Плоштадот на независноста, претседателот Володимир Зеленски ја потврди непоколебливата посветеност на Украина која ја одбележуваат сила, безбедност и мир. Под морето од сино-жолти знамиња, тој ја претстави визијата за иднината во која идните генерации ќе ја слават независноста ослободени од војна и страв. „Ние градиме Украина доволно силна и моќна за да живее во ...

Во чест на вековната историја на украинската државност и државните симболи на независна Украина, со Указ на Претседателот на Украина во 2004 година е прогласен Денот на Државното Знаме на Украина, кој се одбележува секоја година на 23 август. Следниот ден, на 24 август, Украина го одбележува Денот на Независноста – најголемиот државен празник. Тој е прогласен во чест на исклучителниот историски настан – усвојувањето во 1991 година од страна ...

Денешниот Саем на градоначалници за четири години отчет, а во пресрет на локланите избори во октомври, Мицкоски го искористи за себе промоција на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека СДСМ реши да врати со серија прес конференции во текот на денот кои ќе покажат дека 4 години локална власт на ВМРО е 4 години катастрофално владеење. Каква реалност презентира СДСМ? „Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години ...

Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи. Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали ...

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во ...

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека тоа што е извршено намалување на бројот на советници во одредени општина нема етничка основа како што го претставува опозицијата од албанскиот политички блок. Тој се произнесе по ова прашање по барање на новинарите од настан во Тетово. – Јас ценам дека ова нема етничка основа, иако албанската опозиција се обидува тоа да го користи за нивните дневни ...

Законодавното собрание на Тексас даде конечно одобрение за новата изборна мапа што ќе им овозможи на републиканците да освојат до пет дополнителни места во Конгресот на САД за време на парламентарните избори оваа година, на половина од тековниот мандат, пренесува Бета. Претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно изврши притисок врз републиканските претставници во Тексас да спроведат такво прекројување со цел да го одржат своето сегашно тесно ...

Последните настани во САД отвораат сериозни прашања за иднината на американската демократија. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет официјално одобри Националната гарда која е распоредена во главниот град на САД, Вашингтон, да носи огнено оружје. Станува збор за околу 2.000–2.300 гардисти, кои досега главно обезбедуваа логистичка поддршка и видлива присутност, но сега ќе бидат вооружени со пиштоли M17. Одлуката следи по наредбата на ...

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) вели дека има магацини полни со храна, лекови и хигиенски средства во Јордан и Египет, но помошта е блокирана да ги внесе во Газа. „Додека гладот е потврден во Газа, имаме магацини полни со храна што чекаат да им биде дозволено да влезат“, соопшти агенцијата во објава на X. „Гладот во Газа може да се запре. Свртете ја тековната катастрофа – преплавете ја Газа со масовно зголемување на помошта ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска беше дел од церемонијата во главниот град Кијив, по повод Денот на националното знаме на Украина. „Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот“, рече Зеленски. Денот на националното знаме на Украина се слави секоја година на 23 август. Овој национален празник официјално беше востановен во 2004 година од претседателот Леонид Кучма во чест на вековната историја на градењето на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Чикаго и Њујорк, градови управувани од демократите, ќе бидат следните што ќе бидат ставени под контрола на федералните сили, како главниот град Вашингтон, со цел борба против криминалот. Трамп минатата недела изјави дека криминалот во главниот град на САД е надвор од контрола и распореди припадници на Национална гарда и федерални агенти на улиците на Вашингтон. – Ќе ги направиме нашите ...

Гислен Максвел, поранешната соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, во интервју со американските власти изјавила дека долго дискутираниот „клиентски список“ всушност не постои. Според објавените транскрипти од разговорот со заменик-генералниот обвинител Тод Бланш, Максвел рекла дека не била сведок на никакво несоодветно однесување од страна на поранешните американски претседатели Доналд Трамп и Бил Клинтон. Таа исто така ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ ДИК го донесе упатството за бројот на советници Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје. ДИК продолжи со работата по преостанатата четврта точка од дневниот ред на 130. седница. Денеска беше кажано дека од правната служба на ДИК било добиено писмено известување со мислење по барање на членот на ДИК, Дитмире Шеху… ИЗЈАВА НА ДЕНОТ „Најсилната ...

Естонскиот премиер Кристен Михал на денешната заедничка прес-конференција со финскиот колега Петери Орпо во Талин изјави дека Естонија е подготвена да учествува во мировна операција во Украина со најмногу една чета војници. Претходно, и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц изјавија дека поддржуваат распоредувањето мировни сили во Украина по завршувањето на војната, како ...

Италијанската јавност е шокирана по откривањето на група на Фејсбук (Facebook), во која се споделувале интимни фотографии на жени, често снимени без нивно знаење. Фејсбук ја отстрани групата „Моја жена“ (Mia Moglie), која имаше околу 32.000 членови, кои споделувале фотографии од разголени жени, жени кои спијат или во интимни моменти. Чести коментари под фотографиите биле пофалби за тајното снимање. Мета, матичната компанија на Фејсбук, ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје. ДИК продолжи со работата по преостанатата четврта точка од дневниот ред на 130. седница. Денеска беше кажано дека од правната служба на ДИК било добиено писмено известување со мислење по барање на членот на ДИК, Дитмире Шеху. За четвртата точка – предлог упатство за пополнување на образец на листи за членови на совет ...

Во изборен контекст, избирачки материјал претставува сета официјална документација, обрасци, технички и безбедносни средства што се користат за спроведување на изборите. Според Изборниот законик на Република Северна Македонија, избирачкиот материјал се дели на: Невидлив (осетлив) избирачки материјал Ова се материјали со висок степен на безбедност, кои се користат на денот на изборите и чие злоупотребување може да влијае врз изборниот процес. ...

Администрацијата на Трамп ќе знае во рок од две недели дали ќе има мир во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на 21 август во интервју за емисијата „Тод Старнс Шоу“, предупредувајќи дека ако не, тој „ќе заземе поинаков такт“, пренесува Кијив Индипендент. Овие коментари се најновите во низата рокови што Трамп ги постави за војната во Украина – ниту еден од нив не беше проследен со акција кога дојдоа и поминаа. „Ќе знаеме во ...

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ситуацијата во Појасот Газа ја опиша како „катастрофа предизвикана од човекот, морално обвинение и неуспех на самото човештво“ “. Неговата изјава уследи по објавувањето на извештајот на Меѓународниот систем за безбедност на храната (ИПЦ), во кој првпат официјално е прогласен глад во делови од палестинската енклава. Гутереш на платформата Икс објави дека условите во Појасот Газа ...

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник. Како што информира МЕРМС, од формирањето на ресорното министерство до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии. Причините ...

Албанија е европски шампион во производство на обновлива енергија, со 99,3 проценти, по што следува Норвешка со 99,1 отсто, објави албанската владина Агенција за медиуми и информации (MIA- Media and Information Agency). – Овој показател е важен факт, во време кога енергетските предизвици се од витално значење на нашиот континент, а управувањето со ресурсите е приоритет на самата Европска Унија. Албанија и Норвешка водат со речиси 100 проценти ...

Со распишување на локалните избори течат роковите и за поднесување листи на кандидати од политчките партии и независните иницијативи. Листите на кандидати за советници и градоначалници ги доставуваат овластените претставници на предлагачите до Општинските изборни комисии (ОИК), односно до Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). Крајниот рок за поднесување е 13 септември до 24 часот, односно 35 дена пред изборите. По приемот, ОИК веднаш ...

Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните избори за 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. -Пристигна 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на денешната заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Кијив, истакна дека сојузниците на Алијансата и Украина заедно работат на безбедносните гаранции за Украина, за да бидат сигурни дека Русија нема повторно да нападне. – Солидни безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и во моментот работиме на тоа, посочи Руте. Додека Зеленски истакна оти Русија прави се ...

Апелациониот суд во Њујорк ја отфрли пресудата од околу половина милијарда долари против претседателот Доналд Трамп во случајот за граѓанска измама што го покрена државниот обвинител, пренесува Си-ен-ен. Одлуката од четврток, која не беше едногласна, го остава Трамп сè уште одговорен за измама. Судиите ја потврдија неговата одговорност и ја отфрлија казната за да може случајот да продолжи за понатамошно жалбено разгледување. Главната ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
83%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Злато

166450.52