
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на социјалните мрежи објави информации за состојбите на теренот и т.н. 30-часовен Велигденски прекин на огнот што го прогласи Путин вчера. Тој се потпира на извештајот од командантот на украинските одбранбени сили, генерал Сирски, за сосотјбата на фронтот до 6:00 часот наутро. Од извештајот се дознава дека во различни насоки на линијата на фронтот, се забележани 59 случаи на руско гранатирање и пет ...
Српските студенти и синоќа продолжија со блокирање и сите главни влезови во зградата на РТС, како и сите споредни влезови, јавуваат српски медиуми. На блокадата беа присутни и студенти од Нови Пазар кои за време на велигденските празници дојдоа да им помогнат на колегите од белградскиот универзитет. Толпата скандираше „Пумпај, пумпај“, „Студенти, студенти“, „Кој не скока е дете“, дуваа во рогови и свирче и вувузели. Заедно со екс-ју хитовите од ...
Канада е пред федерални избори, каде премиерот Марк Карни се бори за шанса да продолжи да ја води земјата, додека растат тензиите со САД. Главната конкуренција на поранешниот централен банкар е Пјер Полиевре, лидер на конзервативната партија во Канада, чиј политички капитал опадна бидејќи односите меѓу САД и Канада се нарушија поради заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Си-Ен-Ен. Канаѓаните не гласаат директно за премиер – ...
Предлогот за целосен и безусловен прекин на огнот во траење од 30 дена останува без одговор од Русија веќе 39 дена. Соединетите Американски Држави го поднесоа овој предлог, Украина одговори позитивно, но Русија го игнорираше, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи. „Доколку Русија сега, веднаш, е навистина подготвена да се вклучи во формат на целосен и безусловен прекин на огнот, Украина ќе делува соодветно – ...
По два последователни неуспеси, вчера конечно беше конституирано косовското Собрание, со што се отвори патот за полагање заклетва на новите пратеници избрани на изборите на 9 февруари. Но, обидот за избор на претседател на Собранието пропадна двапати по ред, јавуваат косовските медиуми. Претседавачот на седницата Авни Дехари рече дека на консултативните средби меѓу политичките партии е постигнат договор едногласно да се одобри извештајот на ...
Колегиумот на ЦИВИЛ нарави пресек од 140 и повеќе медиумски блок прилози во рамките на рубриката ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ. Почнувајќи од 2 септември минатата година, секој работен ден, Редакцијата поставува прашање на кое одговараат десетици, а некогаш и стотици граѓанки и граѓани. Колку е значаен овој секојдневен прилог говори и фактот дека од одговорите на прашањето поставено на 25 март, произлегоа критики до пратениците кои решија да одат на ...
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Оваа година, Велигден, покрај православните, на ист ден го слават и католичките верници. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански), но годинава датумите се совпаѓаат. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се за вети дека ќе ја продолжи војната во Газа, сред растечкото противење на тековната воена кампања на Израел, јавува Си-Ен-Ен. Во претходно снименото видео во саботата вечерта, Нетанјаху рече дека Израел нема „нема избор“ освен да продолжи да се бори „за сопственото постоење до победата“. Долгогодишниот израелски лидер повика на „истрајност и издржливост“ со цел да се уништи Хамас и да се вратат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата X дека предупредувањата за воздушен напад „се шират низ“ земјата. Опишувајќи ја ситуацијата како „уште еден обид на Путин да си игра со човечки животи“, Зеленски вели: „Шахед дроновите на нашето небо го откриваат вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечкиот живот“. Не е јасно дали Зеленски овде се осврнува на неодамна објавеното „велигденско примирје“ на Путин. I have ...
Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април. Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи. Семејствата на настраданите на последниот протест искажаа незадоволството од задоцнетата ...
На Фејбук страницата The Late Show with Stephen Colbert се појави сатирчно видео за милјадерите и нивните чудни навики. Стивен Колберт, комичар, писател и продуцент го наследи шоуто што се емитува на ЦБС, од Дејвид Летреман во 2015 година. Карактеристично за шоуто и за Колберт е што има многу повеќе политички наративи од претходно. Колберт се декларира како демократ. Во 2024 година, тој беше модератор на добротворен настан претседателската ...
Рускиот Врховен суд во четвртокот ја укина забраната за владејачките талибанци во Авганистан, група која пред повеќе од две децении беше означена како терористичка организација, пренесува Си-ен-ен. Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, додека трупите на САД и НАТО беа во последните недели од повлекувањето од земјата по две децении војна. Потегот на рускиот суд беше дипломатска победа за талибанците, кои беа ставени ...
Судењето на речиси 200 лица, меѓу кои и новинари, уапсени за време на антивладини протести по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, започна во петокот. Десетици лица, меѓу кои и новинари, се појавија пред суд во Истанбул, обвинети дека присуствувале на забранети демонстрации и не се придржувале до наредбите на полицијата за растурање на протестите што се случија поради затворањето на опозицискиот градоначалник на градот, Екрем ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да ја признае руската контрола врз Крим како дел од предлогот за ставање крај на војната во Украина, јави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани функционери. Предлогот вклучува и воспоставување прекин на огнот долж сегашните линии на фронтот. Неименуван функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека планот им бил претставен на европските и украинските претставници кои се ...
Во ноќта на 19 април, украинските одбранбени сили успешно соборија 33 од 87 руски беспилотни летала, додека дополнителни 36 исчезнаа од радарот. Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина го објави ова на Фејсбук, објавува Укринформ. Почнувајќи од 21:00 часот на 18 април 2025 година, руските сили започнаа напад врз Украина, распоредувајќи ракети лансирани од копно и воздух, заедно со беспилотни летала за напад. Рускиот ...
Студентите во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат продолжија да ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и на Кошутњак во Белград. Студентите и граѓаните и утрово ги блокираат влезовите во објектите на РТС на улиците Таковска и Абердарева, како и студијата на Кошутњак, онеспособувајќи ги вработените да дојдат на работните места. Студентите во блокада ги блокираат зградите на јавниот сервис од 14 април во ...
Најмалку 64 луѓе биле убиени во израелските напади врз Газа во петокот, а бројот на жртви продолжува да расте, пишува Ал Џезира повикувајќи се на медицински извори. Светската програма за храна на Обединетите нации издаде итно предупредување дека „На Газа сега и е потребна храна“ бидејќи стотици илјади луѓе се изложени на ризик од глад. Дописникот на Ал Џезира од Газа вели дека луѓето се „ментално скршени“ поради израелските бомбардирања и не ...
Здружението Инженери на Република Македонија, преку соопштение апелираа до пратениците и Министерството за енергетика, да ги отстранат некоректните одредби по предлог законот за енергетика, за да се обезбедат фер, прецизни и транспарентни фактурирања, исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка на електрична енергија. „Граѓаните не смеат да бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за нивниот ...
Во смртоносното пукање во кампусот на Државниот универзитет на Флорида во Талахаси убиени се двајца мажи, кои не биле студенти, а уште пет лица се ранети Полицајците го застрелаа осомничениот напаѓач, кој сега е хоспитализиран. Ова е шесто масовно пукање на Флорида оваа година. Според Би-би-си, властите го идентификувале осомничениот како 20-годишниот Феникс Икнер ,студент на ФСУ и посинок на заменичката на шерифот, Џесика Икнер, кај кого ...
Пишува: КОРТНИ К. РАДШ / Project Syndicate Масовното навлегување на Big Tech врз лостовите на државната власт под американскиот претседател Доналд Трамп создава опасна нова структура на моќ – која не е ограничена само на САД. Заканите на Трамп против земјите – сојузници на САД и противници – кои се осмелуваат да ги регулираат нивните дигитални пазари и комуникациски системи не се само случај на економско малтретирање. Наместо тоа, тие се обид за ...
Полицијата уапсила голем број луѓе во Пакистан во последниве недели по повеќе од 10 напади на толпа на продажни места на американскиот синџир за брза храна KFC, предизвикани од антиамериканските чувства и противењето на војната на нивниот сојузник Израел во Газа, соопштија официјални лица.. Како што пренесува Си-ен-ен, полицијата во поголемите градови во исламската држава, вклучително и јужниот пристанишен град Карачи, источниот град Лахоре и ...
Косово ризикува да влезе во политички ќорсокак доколку избраните пратеници не успеат да го конституираат деветтиот законодавен дом на косовското Собрание до крајот на април. Имено, Косовското Собрание влегува во се подлабока институционална криза, откако вчера пропадна и вториот обид за конституирање на новиот законодавен дом, а се очекува третиот обид да се случи веќе утре ( 19 април), пишуваат косовските медиуми. Во пресрет на изборите во ...
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, по кого беше распишана потерница, е убеден дека нема да заврши во затвор бидејќи претпоставува дека актуелната криза во Босна и Херцеговина ќе се реши со некаков политички договор, а најави дека и да биде конечно осуден, ќе ја продолжи својата политичка кариера,пишуваат српски регионални медиуми, пренесуваЦивилМедиа. Додик во интервју за бањалучкиот весник „Глас Српске“ призна дека неговата ...
По изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека „вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е првото, но не и единственото барање на нејзиниот пат кон полноправно членство во ЕУ“, провладините кругови ја искористија можноста да го претстават ова како „чин“ што покажува дека уставните измени нема да променат ништо на патот на земјата кон Европската Унија. Но, вистината е дека овие уставни измени се многу ...
САД ќе се откажат од обидите за посредување во мировен договор меѓу Русија и Украина во рок од неколку дена, освен ако нема јасни знаци дека може да се постигне примирје, предупреди американскиот државен секретар Марко Рубио. „Нема да продолжиме со овој потфат со недели и месеци“, рече Рубио, додавајќи дека САД имаат „други приоритети на кои треба да се фокусираат“. Коментарите на Рубио доаѓаат само неколку часа откако Украина го направи првиот ...
Што прави, пак, нашата влада за да покаже дека има јасен геополитички избор? Деновиве по вторпат во ОН остана воздржана околу резолуција, која рутински беше усвојувана досега,а во која има дел со поддршка за Украина и се залага за соработка на ОН со Советот на Европа, во чиј опис на работа е главно заштита на човековите и малцински права и кој се смета како предворје на ЕУ и како услов да се биде членка на Унијата. И да нема таква тежина ...
Додека американскиот претседател Доналд Трамп очекува да го слушне одговорот на Русија на предлогот за прекин на огнот оваа недела, Русија смета дека е нереално да се зборува за целосен прекин на огнот во оваа фаза. На новинарско прашање поставено за време на средбата помеѓу американскиот претседател и италијанската премиерка Џорџа Мелони, уште колку време му треба на Владимир Путин да одговори на неговиот предлог за прекин на огнот пред да ...
Србија се појави како клучна цел на руската кампања за дезинформација меѓу земјите од Западен Балкан, според истражувањето на Центарот за информации, демократија и државјанство (CIDC) на Американскиот универзитет во Бугарија. „Концентрацијата на дезинформации во Србија е 6,3 пати поголема од просекот во земјите од Европската унија“, објаснуваат за Радио Слободна Европа (РСЕ) авторите на студијата, Јакоб Удо-Удо Јакоб и Георги Ангелов, пишува ...
Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прв пат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување. Како што се ...
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак. Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се прекине емитувањето програма од РТС. Пред ...