
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик – електронското банкарство. Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено преку НЛБ мКлик – мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство. Имено, опцијата за аплицирање за Клик кредитите е достапна преку НЛБ Клик – електронското ...
Сите ние се трудиме повеќе или помалку да балансираме со парите кои ги заработуваме и оние кои ги трошиме, односно сакаме да ги потрошиме. Секако, оваа наша финансиска “дисциплина” може да избега од контрола ако се појават некои непланирани трошоци. За жал, трошоците нѐ “посетуваат” непоканети. Па, кој не би сакал екстра финансии за да ги оствари своите желби? Во оваа дигитална ера ФД Монимакс Финансиско нуди онлајн кредити кои финансирањето го ...
Станбениот кредит на Халбанк АД Скопје сега е со ново намалување на каматните стапки и уште подобри услови, со што клиентите добиваат извонредна можност да купат стан, куќа, деловен простор или да извршат рефинансирање на изложеноста во други банки по поволни услови. Халкбанк АД Скопје на своите коминтенти им нуди можност да земат кредит во висина до 300.000 евра, со фиксна каматна стапка за првите 10 години која, за првите 5 години изнесува ...
За помош за побрзо закрепнување од пандемијата КОВИД-19, Европската инвестициона банка (ЕИБ) обезбеди 100 милиони евра на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ). Овие средства ќе бидат достапни под поповолни услови како непосредна поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) и средните компании. Поддршката е дел од иницијативата Тим Европа и финансискиот пакет на ЕИБ за поддршка на обновувањето по КОВИД-19 на Западен Балкан. ...
Поголемата финансиска вклученост воопшто, особено поголемата финансиска вклученост на жените, несомнено може да донесе голем број економски придобивки за целото општество. Но, за жал, достапните студии и податоци на глобално ниво, како што е Анкетата на ММФ за финансискиот пристап, укажуваат на релативно широк јаз меѓу половите во пристапот до финансии. Ова е сложен феномен што треба да се реши на холистички начин, со политики коишто се вон ...
Побарувачката за готовина е зголемена во Германија во пандемиската 2020 година и покрај широкиот спектар на опции за плаќање, покажа истражувањето на централната банка. Вкупната вредност на издадените банкноти во 2020 година пораснала за 9,5 проценти, објави во неделата Бундесбанк. Тие исто така забележуваат дека побарувачката нагло скокнала на почетокот на пандемијата, во март. „Претпоставувам дека луѓето во пандемијата собирале готовина затоа ...
По успешното потпишување на договор со Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) на С. Македонија, со кој се даваат големи поволности на Старт-ап компаниите ( повеќе за поволностите ), УНИБанка продолжува со засилена поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси. На презентацијата за настанот “Недела на Start-Up и Мали и Средни Компании” организиран од ГС1 Македонија и ЦИКП, УНИБанка детално ќе го претстави новиот концепт “Мој ...
Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец мај 2021 година. Вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 31,12 проценти, но тоа не ги спречи дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат висок пораст на вредноста на своите акции. Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Тутунски комбинат АД Прилеп. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец мај изнесувала ...
Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 472.874.001 денари и е намален за високи 31,12% во однос на претходниот месец април. Класичното тргување изнесува 391.653.595 денари и бележи намалување во однос на април за 26,14%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 386.785.791 денари и обврзници во вредност од 4.867.804 денари, додека пак нема забележано ...
Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2020 година. Во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје оствари добивка по оданочување од 31,7 милиони денари, покажуваат основните финансиски податоци на компанијата за 2020 година објавени на Македонската Берза. Вкупните приходи на Развојната банка на Северна ...
Машката популација има полесен пристап до финансиите. Четириесет и пет отсто од вкупниот број индивидуални кредитокорисници се жени, додека 55 отсто се мажи, а во однос на обемот на кредити само 38 отсто од вкупно одобрените заеми отпаѓаат на жени. Ова, како што соопшти Народната банка, го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во видеоразговорот за „Еуромани”, со кој започнаа активностите од програмата на големиот Глобален форум на ...
Депозитите во мај имаат месечен раст од 1,2%, додека кај кредитите растот е 0,8 проценти. Податоците на Народната банка на годишно ниво покажуваат дека депозитите забележале раст од 7,1%, а кредитите од 5,6 проценти. Од Народната банка наведуваат дека растот кај депозитите е поизразен кај корпоративниот сектор, додека кај кредитите растот е позабележителен кај секторот домаќинства. Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се ...
Групата од петнаесет западноафрикански држави усвоија нов план за лансирање на единствената валута во 2027 година, откако претходниот план беше нарушен од пандемијата на коронавирусот. Новата стратегија беше договорена од шефовите на држави на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), соопшти Жан-Клод Каси Бру, претседател на Комисијата ECOWAS, на прес-конференција по Самитот во Гана. Земјите се надеваат дека единствената ...
Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт и понатаму купува акции од Комерцијална банка АД Скопје и градежниот бизнис го заменува со инвестирање во акции од најголемата банка во земјава. Ова правно лице, чиј сопственик е филантропот Ванчо Чифлиганец во текот на вчерашниот ден извршило купување на речиси 49 илјади акции обични акции. Банката, преку Македонска берза информираше за оваа ценовно сензитивна купопродажба. Во соопштението се вели: ...
Осигурителниот пазар порасна за 5 отсто во првите три месеци годинава, а продажбата на полиси (бруто полисирана премија БПП) достигна 2,69 милијарди денари (43,7 милиони евра) што е за 1,7 милиони евра повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните збирни податоци на Агенцијта за супервизија на осигурување (АСО). Во вкупната продажба на полиси 11 компании за неживотно осигурување учествуваат со 2,27 милијарди денари (37 милиони евра), а ...
На 15 јуни 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да остане непроменета, на нивото од 1,25%, со што монетарната политика и натаму има релаксиран карактер. ...
Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските вредности, Комерцијална банка преку уште едно спонзорство застана на страната на вистинската уметност. И оваа година Банката со големо задоволство ја дава својата поддршка на Камерниот оркестар „Скопски солисти“ за реализација на концертот кој ќе се одржи на 19 јуни во Домот на АРМ. Концертот насловен како „Подиум на млади“ ќе биде под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ, а ...
Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека филијалата Бит Пазар, на ул. Решад Џафер бр. 13, Скопје, продолжува да биде достапна за клиентите со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот. Целосната мрежа на филијали на Стопанска банка АД – Скопје можете да ја погледнете на следниот линк. ...
Под слоганот „Иднината е светла’’ Халкбанк прославува 10 години постоење на македонскиот банкарски пазар. Изминатиот период создадоа препознатлив бренд, висок квалитет на услуги препознавајќи ги потребите на корисниците, воведоа нови технологии, развиваат еко свест, се приклучија во борбата против климатските промени и стекнаа голем број задоволни клиенти. Халкбанк е најбрзорастечката банка која им се приклучи на големата банкарска тројка во ...
Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем економски раст. Со цел да се отстранат економските лузни од пандемијата, треба да се зајакне отпорноста на економиите и да се стимулира ...
Износот на исплатени штети покриени со неживотни осигурувања порасна за 9,5 отсто во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани. Вкупно се исплатени 15 милиони евра за обештетување, а најмногу штети исплатиле „Триглав Осигурување“, „Сава Осигурување“, „Халк Осигурување“, „Уника“ и „Еуролинк“. Најголем раст на исплатени штети, има кај дополнителното здравствено осигурување – 92% повеќе од првото тромесечје лани. Граѓани, компании и ...
Оваа година направивме одредени промени во стратегиските цели на Народната банка, со оглед на тоа што во последниот период се случуваат динамични глобални промени, коишто имаат одраз и врз нас како централна банка. Главните процеси што ја дефинираат нашата нова стратегија се: глобализацијата, технолошкиот напредок и иновациите, финтек-индустријата и надворешните шокови – сите овие процеси се вградени во одделни аспекти на поединечните цели во ...
Македонска берза ги објави податоците од статистичкиот билтен кој се однесува за периодот од 01.05 – 31.05.2021 година, кога вкупниот промет изнесувал 472.874.001 денари, односно бележи намалување за 31,12% во однос на претходниот месец (април). Класичното тргување изнесувало 391.653.595 денари и е намалено во однос на април за 26,14%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 386.785.791 денари и обврзници во вредност од ...
Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 02 јуни 2021 година, на шалтерите на А.Д. Пошта на Северна Македонија е достапна услугата за уплата на дневен промет на трансакциска сметка. За користење на услугите преку Пошта, потребно е клиентите еднократно да потпишат образец – Согласност за користење на услуги во Пошта, кој е расположив на шалтерите во филијалите на Банката. Овој документ ја изразува согласноста на клиентот ...
Народната банка денеска организира нова работилница од веќе отпочнатиот серијал е-работилници за новинари, која ќе биде посветена на нејзината супервизорска функција. Во рамки на работилницата ќе се говори за мандатот на Народната банка во однос на супервизијата на банките и штедилниците, што е, а што не, задача на супервизијата, што опфаќа вонтеренската, а што теренската супервизија, контролите на супервизорските процеси, супервизорските мерки ...
Додека сите очекуваат каматните стапки да станат негативни, се чини тие сега може да одат само нагоре. Ковид пандемијата и антикризните мерки што ги наметна на глобално ниво ги менуваат околностите на полето на монетарните политики и полека како да не воведуваат во период на растечки каматни стапки. Дали привршува периодот на ниски каматни стапки? Кога ќе започне овој тренд, нема точни прогнози, но факт е дека инфлаторните притисоци и ...
Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 31.12.2020 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало во 2020 година. Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни ...
Банките во Хрватска остварија профит од 1,1 милијарда куни во првиот квартал од оваа година, што е приближно иста сума како и во првите три месеци од минатата година, објави во понеделникот Хрватската народна банка (ХНБ). „Работењето на банките во првиот квартал од 2021 година резултираше со профит од 1,1 милијарда куни, што е скоро еднакво на профитот остварен во истиот квартал од 2020 година. Индикаторите за профитабилност се зголемија во ...
Цените на нафтата во Лондон скокнаа на највисоко ниво од март – на 71 американски долари, поради зголемените очекувања за зголемена побарувачка на гориво за време на сезоната на летни патувања во САД. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,48 долари во споредба со претходното затворање и изнесуваше 70,80 долари. Во претходна трговија, цената достигна највисокото ниво во текот на работниот ден по 8 март од 71 американски долари. На ...
НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за сите кредити за физички лица во период до 30.6.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот. Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 ...