
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Новоизбраниот претседател Доналд Трамп повторно предизвика бурни реакции со неговите изјави за припојубање на Гренланд кон САД. Ако новоизбраниот претседател навистина биде решен да го контролира најголемиот остров на светот, тој би можел да обиде да го купи ако автономната територија прогласи независност од Данска. Тој исто така би можел да ја разгледа опцијата Гренланд да стане територија на САД слично на Порторико или да го вклучи во договор ...
Лицата биле затекнати при обидот да земат 30 илјади денари од штипјанец, а се сомничат и дека во текот на декември минатата година со умисла запалиле автомобил на сограѓанка Триесетдневен притвор им е определен на две лица од Штип кои се осомничени дека сториле две кривични дела – изнуда и предизвикување општа опасност. Осомничените, како што информираат денеска од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип, во последните неколку дена од старата ...
Гугл пребарувањата за тоа како да се откаже и избрише профил на Фејсбук, Инстаграм и Тредс забележале експлозивен раст во САД откако извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг, најави дека компанијата ќе го укине процесот на проверка на факти од трети страни, ќе ја ублажи политиката на уредување содржина и ќе ги повлече претходните ограничувања поврзани со количината на политичка содржина во корисничките фидови. Експертите овој потег го гледаат ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека го хранеле со токсична храна за време на неговото апсење на Австралија Опен во 2022 година. „Кога се вратив дома, почнав да имам здравствени проблеми. Сфатив дека во тој хотел во Мелбурн ме хранеле со храна која ме отрула. Направив некои откритија кога се вратив во Србија. Никогаш никому не го кажав ова јавно, но открив дека во телото имам многу високи нивоа на тешки метали. Имав олово, многу високи ...
ОВЕН Бидете внимателни денеска ако чувствувате дека некој се обидува да манипулира со вас или да ја искористи вашата добрина за себични цели. Поставете граници и опстојувајте за своето спокојство. Важно е да се грижите за сопствената благосостојба, дури и ако тоа бара да кажете „не“. Вечерта е погодна за семејна забава. БИК Денот е идеален за напредување на професионално поле, сѐ додека сте флексибилни и прилагодливи. Внимателно разгледајте ...
Во ова ексклузивно интервју, тие ни ја откриваат инспирацијата зад нивниот бизнис, нивните цели, и како успеваат да ја зачуваат традицијата во модерното време. Како ви дојде идејата да започнете ваков бизнис? Дамјан: Од почетокот, кога заедно со Сара учевме да ткаеме, нашата најголема желба беше да имаме сопствен дуќан. Сакавме јавноста да види како се изработуваат народните носии, како изгледа процесот на ткаење на разбој, бидејќи вакво место ...
Директорот Мемеди вели дека на Клиниката се работи со полн капацитет и оти се обидуваат максимално да направат правилна тријажа и потешките пациенти да ги задржат на болничко лекување Зголемен број на пациенти со респираторни и цревни инфекции има на Детската клиника во овој период, вели директорот Реџеп Мемеди. Според Мемеди, во овој период од годината доминираат сезонските вируси што се сè почести. „Вака е скоро секоја година во овој дел од ...
Адвокатите на Трамп рекоа дека одложувањето е неопходно „за да се спречи сериозна неправда и штета врз институцијата на претседателството и функционирањето на федералната влада“ Врховниот суд на Њујорк денеска го одби барањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за одложување на пресудата, закажана за утре, во случајот со исплата на пари на порноактерката Сторми Даниелс за да молчи за наводната афера со републиканецот, рече судски ...
Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Филипче јавно да се извини и за, како што тврдат, загрозувањето на македонските национални интереси, за криминалот и корупцијата и грабежот и богатењето за време на ковид-пандемијата Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче, јавно да се огради од неговиот претходник Зоран Заев кој тврдел дека Македонците и Бугарите биле ист народ. Оттаму исто така, го повикаа Филипче и да се извини за ...
Неговата влада синоќа издаде соопштение во кое го повтори правото на Гренланд на самоопределување, додавајќи дека „со нетрпение очекува да воспостави контакт“ со администрацијата на Трамп Премиерот на Гренланд Муте Егеде, кој се залага за негова независност, денеска изјави дека Гренланд мора да остане обединет откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека сака да ја преземе контролата врз територијата, која е дел од ...
Заменик министерот и државниот секретар на Министерството за социјална политика, Ѓоко Велковски и Фатмир Сабриу, денеска го презентираа третиот јавен повик за грантови за развој на социјални услуги, поддржан од Светската банка. Повикот е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги и вклучува услуги во домот и заедницата. Целта е проширување на опфатот од 41 на најмалку уште 20, над 60 општини. Велковски ги повика општините да аплицираат ...
Демонстрантите пред зградата на владата кренаа транспаренти на кои пишуваше: „Не сакаме крајно десничарска Австрија“ и „Никогаш повеќе е сега“ Неколку илјади луѓе протестираа денеска во Виена против формирање влада предводена од екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО). Демонстрантите пред зградата на владата кренаа транспаренти на кои пишуваше: „Не сакаме крајно десничарска Австрија“ и „Никогаш повеќе е сега“. Многу слогани беа ...
63 Научниците проучувале повеќе од 1.000 намирници и ги идентификувале 100-те најздрави, меѓу кои конкретно издвоиле еден зеленчук кој придонесува за здравјето на срцето, боранија. Боранија се млади, незрели плодови на различни видови обичен грав. Оваа храна се издвојува по содржината на сапонини, фитонутриенти кои „помагаат во врзувањето на „лошиот“ холестерол (ЛДЛ) и жолчните соли во цревата и ја спречуваат нивната апсорпција“. Ова го ...
Швајцарските научници денеска објавија дека измислиле батерија од печурки која може да напојува сензори во оддалечените региони на земјата. Научниците од Швајцарската федерална лабораторија за наука и технологија за материјали (Емпа) соопштија дека станува збор за биоразградлива батерија која користи метаболизам на два различни типа на габи за производство на електрична енергија. Како што е наведено, механизмот работи на тој начин што квасната ...
Триесет и деветтиот американски претседател почина на 29 декември на 100-годишна возраст во родниот град Плејнс, Џорџија. Претседателот во заминување Џо Бајден одржа говор на државниот погреб во националната катедрала во Вашингтон Сите пет живи американски претседатели беа фотографирани заедно на погребот на Џими Картер. Триесет и деветтиот американски претседател почина на 29 декември на 100-годишна возраст во родниот град Плејнс, Џорџија. ...
Ако вашиот интернет често паѓа или не можете да се поврзете на Wi-Fi, постои изненадувачко решение кое може да ви помогне за да ги избегнете фрустрации додека го гледате омилениот филм. Станува збор за огледала. Огледалата ја рефлектираат светлината и можат да влијаат на сигналот за Wi-Fi. Секое огледало има тенок метален слој, обично алуминиум или сребро, поставен на стаклото. Овој одраз може да предизвика „мртви зони“ – области на просторот ...
Луѓето често мислат дека возењето во лифт е досадно или предолго, но чекањето станува поподносливо кога ќе се погледнеме во огледало, што служи како привремена окупација за побрзо поминување на времето. Многумина мислат дека огледалото е само место каде што можете лесно да го проверите вашиот изглед или да се фотографирате, но всушност игра позначајна улога во целокупната удобност на лифтот, почнувајќи со предности како што се: Психолошки фактор ...
18 Конзумирањето чаша млеко дневно го намалува ризикот од рак на дебелото црево за речиси една петтина, покажува најголемата студија од овој тип спроведена досега. Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд велат дека го пронашле досега најсилниот доказ дека калциумот штити од развојот на оваа смртоносна болест. Тимот исто така откри дека пиењето чаша вино секој ден го зголемува ризикот од развој на рак на дебелото црево за 15 проценти. ...
Во однос на тоа какви се сигналите од Софија и комуникацијата меѓу неа и претставници на Софија, шефицата на државата рече дека дијалозите меѓу нив се пристојни, одмерени но и со резерва, a дека меѓу граѓаните нема проблеми „Фрустрации се во прашање“. Вака претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ја искоментира изјавата на лидерот на бугарската партија Преродба Костадин Костадинов, за припојување на Македонија и на украинската област ...
Првата презентација на iPhone се одржа на 9 јануари 2007 година на конференцијата Macworld Expo во Сан Франциско. Домаќин на настанот беше тогашниот извршен директор на Apple, Стив Џобс, а презентацијата брзо стана една од најпознатите во историјата на технологијата. Џобс го направи овој момент незаборавен со својата харизма и впечатлив стил на презентација. Тој ја започна презентацијата со легендарната реченица: „Денес Apple повторно ќе го ...
Скулптура на коњ во движење е поставена на покривот на една висококатница во швајцарски Цирих како дел од планот на градот да додаде уметничка вредност на своите населби. Скулптурата, насловена „Нескротениот хоризонт“, дизајнирана и создадена од уметникот роден во Цирих, Ив Нецамер, е направена од метал и има подвижни зглобови кои ѝ овозможуваат да ја движи главата, да ги крева задните нозе и да имитира мал кас на по подлогата. Цирих гради ...
На социјалната мрежа Икс беше објавено видео на кое се гледа споредба на областа пред и по пожарот. На едната страна се прикажани улиците на Пацифик Палисадес на Гугл стрит вју, додека на другата страна се прикажани снимки од тие улици по пожарот Пет лица загинаа, а повеќе од 1 000 згради се уништени во пожарите што беснеат низ Калифорнија. Повеќе од 130 000 луѓе беа евакуирани. Ураганските ветрови разнесуваат жар низ воздухот, а огнот голта ...
Ѕвездата на хит-серијата „Пријатели“ Лиза Кудроу во телевизиско шоу откри дека неодамна пронашла белешка од нејзиниот покоен колега Метју Пери во сад за колачи кој ѝ го подарил на снимањето. Пери, кој го играше Чендлер Бинг во хит американскиот ситком, почина на 28-ми октомври минатата година од „акутни ефекти од злоупотреба на кетамин“ на 54-годишна возраст. Додека се појавуваше во „The Drew Barrymore Show“, сега 61-годишната Кудроу ...
Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан ...
Се стравува дека откако Трамп ќе ја преземе функцијата, помошта за Украина значително ќе се намали и дека Трамп ќе изврши притисок врз Киев да се согласи на отстапки Европската Унија е подготвена да продолжи да обезбедува воена помош за Украина дури и доколку САД престанат, изјави денеска шефицата на европската дипломатија Каја Калас, пренесоа француските медиуми. Калас ова го изјави 11 дена пред новоизбраниот американски претседател Доналд ...
Стримувањето филмови и преземањето на датотеки, остава поголем дигитален отпечаток од едноставно испраќање пораки или читањето на вести. Меѓутоа некои апликации се поефикасни, додека други можат да трошат податоци и батерија преку задачите во позадина, дури и кога не се користат. Важно е да се знае дека различните апликации можат да се користат за исти активности, кои трошат податоци на различни начини. Кога станува збор за потрошувачката на ...
Настан за паметење проследен со долги аплаузи од страна на публиката донесе новогодишен класичен концерт на приватното музичко училиште „Пијанофорте” од Скопје. Посветени кон поширокото општествено влијание, и демонстрирање широк дијапазон на хуманите квалитети и културни вредности, музичкото училиште за вистински успех го смета тоа што високите резултати на нивните ученици и на целиот наставен кадар се постигнати во една позитивна, топла ...
Компанијата „Топлина“ од охридското село Подмоље на 2 јануари 2025 година потпишала договор со Електрани на Северна Македонија во вредност од околу 1,15 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во рудникот Брод-Гнеотино за потребите на РЕК Битола. Станува збор за постапка со преговарање без објавување оглас. ЕСМ ја правдаше итноста со раскинувањето на претходниот договор за истата намена со „Марковски компани“ која, според Електрани, не ги ...
Поранешниот член на One Direction трагично загина во октомври по пад од тераса на хотел во Аргентина, а оттогаш се шпекулира што довело до тоа. Лијам Пејн бил сам во својата соба во моментот на смртта, а токсиколошките тестови подоцна утврдиле дека бил под дејство на психоактивни супстанци. Поради овој случај бил прегледан целиот персонал на хотелот, а сега е потврдено дека причина за смртта е „политраума“, што значи дека лицето се здобило со ...
Фил 1. Месото се сечe на мали коцки, се става во длабок сад и му се додава солта и вода за да се обари (подвари). 2. Месото се става да се исцеди. 3. Во сад се става месото, свинската маст и зачините, убаво се измешуваат состојките и се остава да се стојат најмалку 3 часа. Тесто 1. Се замесува средно меко тесто. 2. Од тестото се формираат пастрмајлиите. 3. На приготвените пастрмајлии се става филот рамномерно распореден и веднаш се ставаат да ...