Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач со автомобил забрзал, а потоа удрил во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“. Како што јави ФАЗ, полицијата потврдила дека се работи за намерен напад Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека возачот, барател на азил од Авганистан, кој со својот автомобил влета во група луѓе во Минхен „не може да се надева на милост“ и мора да ја напушти ...

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, сепак, додаде дека ќе има посебен руско-американски сегмент во преговорите Украина ќе биде вклучена во преговорите за окончување на војната – соопшти Кремљ по реакциите на украинскиот претседател, но и на шефовите на дипломатиите на дел од земјите на ЕУ, дека меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе има „непосредни преговори“ за војната во Украина. „На еден или друг начин, се ...

„Промените во светот покажуваат дека за да спречите идна војна мора да се подготвувате за таа војна. И, инвестициите коишто се прават сега со зголемени буџети за одбрана, со зголемување на производството на воена опрема, мислам дека се јасно во таа насока“, вели заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за „360 степени“ дадено на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во ...

Апликацијата Rakuten Viber од вчера постепено воведува нова функција за запознавање внатре во апликацијата која ќе им овозможи на корисниците да запознаат нови луѓе. Функцијата Viber dating, која се воведува во чест на претстојниот празник на љубовта, претставува пионерски потег меѓу апликациите за размена на пораки, бидејќи им овозможува на корисниците иновативно и интуитивно решение за запознавање и поврзување во безбедно опкружување, соопшти ...

Психолошкиот трилер „Пред да заспијам“ (Before I Go to Sleep), со Никол Кидман во главната улога, како новитет на „Нетфликс“, ги освојува гледачите со својот пресврт… Овој напнат трилер, со Колин Фирт, Марк Стронг и Ен-Мари Даф, покрај Кидман, е режиран од Рован Џоф. Приказната, по сценарио на Џоф, ја следи Кристин – жена која секое утро се буди без сеќавање. Таа е жртва на брутален напад, но не знае кој ја нападнал – а мора да ја открие ...

Во чест и спомен на шеснаесетте настрадани во автобуската несреќа, која се случи на денешен датум во 2019-та година, попладнево во Гостивар се одржа Комеморативен собир организиран од општината. Најблиските семејства, роднини, пријатели, претставници на локалната самоуправа се собраа во малиот градски парк кај симболично засадените 16 дрвца, да им оддадат почит на непроболените, жртви во трагедијата. Беа запалени свеќи и кандилца, а на спомен ...

На коментарите на Трамп засега нема реакција од Канада, која оваа година претседава со Г7 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Русија да се врати во Групата седум (Г7), оценувајќи го за погрешно протерувањето на Москва од Групацијата. „Би сакал да се врати. Мислам дека нивното протерување беше грешка. Видете, ова не е прашање дали ја сакаме или не ја сакаме Русија. Тоа беше Г8. Мислам дека и Путин би бил среќен да се ...

Во денешното дигитално време, заштитата на приватноста значи умепноста во разбирањето, како компании како Мета ги собираат вашите податоци и како да го ограничите нивниот пристап. Иако собирањето податоци на Мета често се поврзува со Фејсбук и Инстаграм, опсегот е многу поширок. За среќа, постојат чекори што можете да ги преземете за да се заштитите од нивниот постојан надзор – барем додека не се воведат посилни регулативи. Неодамнешните ...

Во интервју за ТВ 24, првиот вицепремиер и министер за животна средина вели дека никој не може да го оспори фактот што и државниот грб и националната химна потекнуваат од, како што рече, комунистичко време и не ја одразуваат реалноста онака како што треба Немаме договор, но разговараме за сите отворени прашања, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити прашан дали постои договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на државниот грб. ...

Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!? Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци. Пораката е едноставна, но ефективна: Вистинското место ...

Македонскиот народен театар и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје, денеска, потпишаа Меморандум за соработка со кој на студентите од Универзитетот ќе им се овозможи учество во тековните проекти на МНТ, како дел од нивната практична работа, соопштија од МНТ. Како што се наведува во соопштението, Меморандум за соработка е потпишан во согласност со изразената желба на двете институции за развивување партнерски односи, како и ...

Иако мозочната магла не е клиничка дијагноза, таа е чест симптом на анксиозните нарушувања. Разбирањето на нејзините физиолошки и психолошки корени може да помогне во намалување на стравовите и во развивање стратегии за управување. Што е мозочна магла? Мозочната магла е состојба на ментална конфузија која може да се манифестира преку: Тешкотии со концентрацијата и фокусот Заборавеност, како на пример каде сте ги оставиле клучевите Чувство на ...

„Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе се рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија“, изјави денеска градоначалникот на Тетово, откако во власта повторно го актуализира прашањето за промена на државниот грб Градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса кое е дел од коалицијата „Вреди“, Билал Касами, денеска изјави дека ...

Зајакнување на вештините на учениците, поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките – математика, технологија, инженерство и техника, е главна цел на „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, кој денес беше отворен во просториите на Титан УСЈЕ. Се работи за целосно опремен центар со компјутери и најнови машини за 3Д печатење, кои ќе можат да ги користат учениците од основите училишта. ...

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (13 февруари 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во ова издание донесуваме: – Незадоволството од цените на прехранбените производи дома беше причина да провериме како е во непосредното соседство – исти продукти купивме во Грција, Бугарија, Србија, Косово и Македонија и ги споредивме цените; – По телефонскиот разговор Трамп – Путин за ставање крај на војната во Украина прашање ...

Нова студија на Универзитетот во Калифорнија покажа дека говорот на омраза се зголемил за 50 отсто во месеците откако милијардерот Илон Маск го купил X, поранешен Твитер. Студијата којашто вчера беше објавена во списанието Јавна библиотека на науката, користеше вештачка интелигенција за да собере случајни објави на X кои содржеа термини или фрази кои се поврзани со англискиот говор на омраза. Студијата го опфаќа периодот од купувањето на X ...

Денешниот свет е во постојан контакт со технологијата – од утринското проверување на известувањата до ноќното скролање пред спиење. Секојдневно сме преплавени со пораки, известувања, електронски пошти и социјални мрежи, што создава зависност од дигиталниот свет. Додека технологијата ни го олеснува животот, таа истовремено предизвикува замор, стрес и намалено внимание. Но, што ако ви кажеме дека решението не е толку комплицирано? Дигиталниот ...

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмидт, предупреди на „екстремен ризик“ од терористи кои користат вештачка интелигенција (AI) и ги повика владите на поголем надзор врз приватните технолошки компании. „Мојот вистински страв не е она што го споменува мнозинството кога зборуваат за вештачката интелигенција – јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмидт за BBC, споменувајќи ја Северна Кореја, Иран или Русија како земји кои би можеле ...

Од денес до недела, Гевгелија ќе биде домаќин на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, каде осумте најдобри екипи по првиот дел од сезоната ќе се борат за престижниот трофеј. Натпреварите започнуваат денес со четвртфиналните дуели: ТФТ – Гостивар (13:00), Пелистер – Чаир 2030 (15:30), Куманово – Кожув (18:00) и дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички (20:30). На прес-конференцијата одржана вчера, сите екипи ...

Мета штотуку објави вест која ќе загрижи многу корисници на социјалните мрежи. Компанијата официјално потврди дека нивната вештачка интелигенција ќе има пристап до приватните пораки на корисниците на сите Meta платформи, вклучувајќи ги Instagram, Facebook и WhatsApp. Оваа промена доаѓа како дел од воведувањето на асистентот Meta AI во приватните разговори. Кога некој во разговор ќе му се јави на асистентот Meta AI користејќи ја ознаката ...

За разлика од кусиот коментар на Борисов, изјавата на македонскиот премиер преку објава на Фејсбук жестоко ја нападна лидерот на партијата Има таков народ (ИТН), Слави Трифонов, кој е дел од владејачкото мнозинство во Бугарија Апсолутна провокација е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со внесувањето на Бугарите во македонскиот устав, оценува лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Претседателот на партијата која има најмногу места во ...

По повод Денот на вљубените, МТЕЛ подготви специјална промотивна понуда за сите нови корисници на mCONNECT постпејд пакетите кои ќе склучат договор на 24 месеци. Понудата вклучува одлични попусти и ексклузивни подароци! Промоцијата е достапна до 28 февруари 2025 година и важи за сите нови mCONNECT договори склучени во овој период. Како дел од оваа промотивна понуда, корисниците добиваат: 10% попуст на mCONNECT S, 15% на mCONNECT M и 20% на ...

За утре се најавува умерено до значително облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и температура до 11 степени Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд е прогонозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите во планинските делови од земјата ќе бидат од снег, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде ќе има врнежи од повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во текот на ...

Прекршувањата на безбедноста се случуваат секој ден, а најдобар начин да се заштитите е да се осигурате дека вашите лозинки се силни, уникатни и дека редовно ги менувате. Најновото истражување откри дека десетте најчесто користени лозинки се појавиле во најголем дел од случаите кога била нарушена безбедноста – а резултатите се загрижувачки. Иако често се расправа дали долги и сложени лозинки се навистина потребни, едно е сигурно – постојат ...

Општина Гостивар ќе црпи искуства и практики од италијански општини за справување со климатските промени и зачувување на животната средина. Гостиварската општина е единствена од Македонија која е дел од проектот ИПА Адрион – Natured во кој се вклучени десетина балкански општини како и Унијата на општини од Италија како лидер. Проектот предвидува мерки за животна средина и креирање локални политики и планови за ублажување на влијанијата од ...

Шефот на Пентагон, на своето прво патување во странство откако беше потврден на функцијата, на состанокот со сојузниците на Украина во седиштето на НАТО во Брисел денеска изјави дека Вашингтон нема да распореди војници во Украина според ниту мировен договор што бил договорен и дека Белата куќа не го гледа членството на Украина во НАТО како дел од решението на конфликтот Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), Пит Хегсет, ...

Од бугарското Министерство за надворешни работи нагласуваат дека прашањето за правата на Бугарите во Република Северна Македонија не е билатерален спор меѓу двете земји, туку е прашање кое влијае на темелните европски вредности и стандарди и ги повикуваат властите во Скопје да се воздржат од реторика која поттикнува поделби и омраза Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска преку писмено соопштение вели дека изразува длабоко ...

Пораката преку заедничко соопштение ја испратија шефовите на дипломатиите на Франција, Германија, Полска, Шпанија, Италија и Велика Британија кои се состанаа во Париз по телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, кои се согласија „веднаш“ да започнат непосредни преговори за Украина Министрите за надворешни работи на неколку земји-членки на Европската Унија денеска во Париз одржаа состанок на кој ја ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб. -Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски. Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада. ...

Берлинале, 75 тиот Меѓународен филмски фестивал во Берлин, кој се одржува од 13 до 23 февруари, започнува овој четврток со светска премиера на филмот „The Light“ од Том Тиквер. Германскиот режисер, познат по филмот „Трчај, Лола, трчај“ (1998) и серијата „Вавилон Берлин“, се враќа со драма во која глумат Ларс Ајдингер и Николет Кребич. Филмот го прикажува семејството на средната класа, чие секојдневие целосно се менува кога во нивниот живот ќе ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
36%
1019
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
48%
1021
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
0.51
47%
1022
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.7
47%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
0.0
57%
1023
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
6.26
53%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
23%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
28%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
50%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
46%
1021
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
11.32
47%
1014
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75