Според ексклузивната објава на спортскиот новинар за трансфери, Фрабрицио Романо, Евертон веќе се согласиле за трансферот на Џек Грилиш од Манчестер Сити. Играчот ќе замине во новиот клуб на позајмица, а планот е сите медицински прегледи да бидат завршени во текот на наредните 24 часа. Минатата година Грилиш не постигна особени резултати во Сити, по што клубот се одлучи на негов трансфер ова лето. Играчот кој своевремено вредеше 100 милиони ...

Од трансфер вреден 100 милиони фунти, до позајмица во Евертон. Така некако изгледаше кариерата на Џек Грилиш во Манчестер Сити. Иако тој во клубот пристигна како сензационален трансфер, играчот не покажа особени резултати во изминатата сезона, по што Сити се согласи да го пушти на позајмица во Евертон за наредната сезона. Играчот кој е познат по својот боемски начин на живот, често можеше да се види како пие алкохол и се забавува во ноќни ...

Најавите се остварија. Џек Грилиш, кој некогаш важеше за најскапиот фудбалер во Англија следната сезона ќе го носи дресот на Евертон, и тоа како позајмен играч на Манчестер Сити. Со ова офанзивецот на Манчестер Сити, со кого има договор, ќе се обиде да си ја оживее кариерата ако се знае дека минатата сезона беше многу лошо за него. Секако дека Грлилиш и тоа како ќе има амбиции да се врати и на голема врата во селекцијата на Англија на СП 2026. ...

Фудбалскиот клуб Евертон го официјализира ангажманот на англискиот репрезентативец Џек Грилиш, кој пристигнува од Манчестер Сити на едногодишна позајмица. Во договорот е вклучена и опција за целосен откуп на неговиот договор во висина од 50 милиони фунти – сума која е двојно пониска од рекордните 100 милиони што „граѓаните“ ги платија на Астон Вила за неговиот потпис во 2021 година. Грилиш, кој во претходните четири сезони одигра 157 натпревари ...

Џек Грилиш го комплетираше потписот со тимот на Евертон. Крилниот фудбалер на Манчестер Сити кој беше скапо платен, ќе игра како позајмен на „Гудисон“ следната сезона. 29-годишниот Грилиш може да остане во Евертон и по завршувањето на идната сезона, со оглед дека има клаузула за евентуален откуп од 50 милиони фунти. Грилиш мина четири сезони во Манчестер Сити, кого го купи за 100 милиони фунти од Астон Вила. Со тимот освои седум трофеи, сметајќи ...

Управата на Манчестер Сити е сериозна во својата намера да го доведе Родриго од Реал Мадрид, јавија многу европски и светски медиуми. Се вели дека Пеп Гвардиола е голем љубител на бразилскиот напаѓач, а сега се создава и простор за него во тимот. Џек Грилиш заминува во Евертон, а и Савињо е слободен да си замине. Родриго целиот преоден рок се поврзува со заминување од Реал, а Мадриѓаните ќе го пуштат за обештетување од околу 100 милиони евра. ...

Крилата Џек Грилиш и Савињо нема да играат за Манчестер сити во претстојната сезона. Грилиш, кој е најскапото засилување во историјата на клубот, ќе оди на позајмица во Евертон, додека Бразилецот Савињо, кој во Сити дојде лани од Жирона, ќе настапува во дресот на Тотенхем, можеби и не како позајмен, туку ќе биде откупен. Петлите понудија 50 милиони евра за 21-годишниот Савињо, но Сити одби. Грилиш, кој во Сити дојде во 2021 година од Астон вила ...

Евертон напредува во преговорите за потписот на Џек Грилиш. „Карамелите“ имаат намера да го позајмат оваа сезона од Манчестер сити. 29-годишниот англиски репрезентативец, кој беше отстранет од првиот тим на Сити и не беше во составот за последниот натпревар од Премиер лигата против Фулам, како и за Светското клупско првенство во САД. Извори потврдија за Би-би-си, дека договорот за Грилиш, кој наводно заработува 354.000 евра неделно во Сити, сè ...